ГЛАВНА СТРАНИЦА

 
БЕСПЛАТНО СЕМИНАРСКА РАБОТА - СОЦИОЛОГИЈА
 

ОПШТЕСТВЕНА НЕЕДНАКВОСТ

Поим на општествената нееднаквост

Есенцијално прашање на човековиот род е да опстане како посебен ентитет во објективната стварност. Својата материјална егзистенција низ историјата човекот ја обезбедувал на различни начини во зависност од околностите и условите што владееле во природата и во општествениот живот. На почетокот природата е дарежлива, има готови плодови, големи можности за лов и риболов. Подоцна се наметнува нужноста од произведување на храна и на останатите животни потреби. Се јавува поделбата на трудот, поразвиените средства за работа овозможија појава на вишок на производи, но и нивно присвојување од страна на помал број на луѓе со што се устоличи и акомулацијата на капиталот. Поделбата на трудот и неговата специјализација, како и вишокот на производи го означи почетокот на општествената диференцијација и стратификација. Едни се зафатија со производство на храна, а други се ангажираа како производители на оружје, како рудари, трговци и војници. Поснаодливите и поодважните ја наметнаа експлоатацијата врз поголемиот дел од општеството, зашто примарна работна сила беше работната способност на човекот.
Тоа значеше, од своја страна, промовирање на една од карактеристиките на човековото општество во епохата на цивилизацијата – општествената нееднаковст која означува генерална состојба во која едни луѓе ги поседуваат највредните и најзначајните општествени ресурси а други поседуваат помал дел или не поседуваат ништо од нив.
Во сите човечки општества постои некаков вид на општествена нееднаквост, што посебно вреди за моќта и угледот. Моќта е степен кога поединците или групите можат да ја наметнат својата волја на другите, со или без одобрение на тие другите, додека угледот се односи на степенот на почитувањето или честа поврзана со општествената положба, карактеристиките на човекот и начинот на живеење. Богатството се однесува на материјалниот имот кој е дефиниран како вреден во одредени општества. Терминот општествена нееднаквост се однесува на постоење на општествено створените нееднавости.
Одредени општествени заедици имаат заединчки идентитети, интереси и сличен начин на живеење. Меѓутоа општествената нееднаквост може да постои и без општествените слоеви. Општествената нееднаквост може да биде резултат на различни причини: талентот, способноста, полот, расата, физичкиот изглед, националноста, богатството идр. Од друга страна нееднаквоста може да биде и резултат на општествената поделба на трудот. Според оваа логика можеме да заклучиме дека нееднаквоста е условена од биолошките и социјалните фактори. На пример, некои поединци од нивното раѓање се повеќе квалификувани, повеке талентирани или поинтелигентни од другите како нешто наследно. Нема сомнение дека овие особини може да им помогнат во општествената хиерархија. Така хиерархијата на општествените групи се заменува со хиерархијата на поединците. Помеѓу членовите на секој слој постои тенденција за развивање на сопствената субкултура, т.е одредени норми, ставови и вредности кои се карактеристични за нив како општествена група. Субкултурите на слоевите покажуваат тенденција да бидат многу различни кога можностите да се движат од еден слој во друг се многу мали. Таа може да биде усмерена према горе како на пример преод од радничка во средна класа, или обратно. Во затворените системи кои нудат мали можности за општественото движење, положбата на поединецот обично е препишана, условена со неговото раѓање и поединецот не може да направи ништо за да ја промени. За разлика од тоа, системот на стратификацијата во капиталистичкото општество може да послужи како пример на општественото движење или отворениот систем. Некои тврдат дека класната позиција е стекната со сопствени карактеристики и способности. Многу системи веруваат дека општествената нееднаквост е биолошки утемељена. Таа е природна или физичка, состевена од разлики во годините, здравјето, физичката спремност и особините на духот. Биолошките фактори се важни во многу стратификациски системи поради значењето кои им го придаваат различните култури. Таквите веровања служат за да го објаснат системот, да го оправдаат и легитимираат повикувајќи се на природата.
Во социолошкиот речник Гордон Маршал ја опишува нееднаквоста на следниов начин: Општествената нееднаковост претставува нееднаква награда или шанса за разлчни индивидуи во групата или за различни групи во општеството. Ако еднаквоста се промислува како правна еднаквост, еднаквоста на шансите или еднаквоста на резултатите, тогаш нееднаквоста е константна карактеристика на човековата состојба.
Некои социолози разликуваат два типа на нееднаквости меѓу луѓето, социјална диференцијација и социјална стратификација. Социјалната диференцијација има врска со разликите или нееднаквостите меѓу поединците, кај овој вид на нееднаквост не е потребна стратификација на општеството. Вториот тип на нееднаквост, социјалното раслојување се однесува на стабилна и трајна нееднаквост меѓу социјалните групи.
Оштествената нееднаквост или социјалната диференцијација (diferentio - разлика; socius – општество), се нарекува феномен на постоењето на разликите и нееднаквостите помеѓу луѓето, кои се условуваат од општествените фактори од економски, политички или културен тип.
Постоењето на вакви разлики помеѓу луѓето доведува до постоење на слоеви во општеството – а тоа се нарекува социјална стратификација (stratum - sloj; social – општествен).
Стратификацијата може да се дефинира како структурни нееднаквости меѓу различни групи на луѓе.
Поимот “стратум” во почетокот не бил употребуван во социологијата. Прво го употребува геологијата (наука за земјата) и тоа за да ги класифицира слоевите на земјината кора. Поимот “стратификација” во социолошкиот речник е воведен некаде после дваесетите години на дваесетиот век во САД каде започнуваат првите озбилни студии за структурата на слоевите во општеството. Можеме да видиме дека социјалната стратификација претставува слоевитост на човечкото општество. Ако сакаме ова да го дефинираме тогаш ќе кажеме дека социјалната стратификација претставува феномен на појава на различни и повеќе слоеви во општеството.
Овој термин во социологијата вообичаено се однесува на студиите на структурираната социјална нееднаквост т.е проучување на која било систематска нееднаковст помеѓу групите, која се појавува како ненамерна последица на социјалните процеси и односи. Кога ќе запрашаме зошто има сиромаштија, зошто некои групи луѓе (расни, етнички малцинства) имаат помали можности споредено со други групи или какви шанси има некој роден во работничката класа да достигне среднокласна позиција, ние тогаш поставуваме прашања за социјалната стратификација.
Во објаснувањето за човековата природа како основа се земала биолошката нееднаквост на луѓето. Оваа нееднаквост воспоставена е од самата природа и ја карактеризира разликата во годините, физичката сила, особините на човекот. Сепак општествената нееднаквост е многу побитна. Богатството, моќта, власта и угледот, тие кои што ги поседуваат не значи дека се заслужни за нив, но сепак имаат можност да ги користат привилегиите во однос на тие кои што не ги поседуваат. Изворите на социјалните конфликти се многубројни. Некои од структурна природа и произлегуваат од разликите во интересите и објективен социјален статус на различни социјални групи, класи и слоеви. Други видови на конфликти се различни во однос на социо-професионалните интереси на социјалните групи. Посебен вид на конфликт се јавува во организации каде што постои конфликт измеѓу групите или поединците. Во едно општество се уште може да дојде до религиозни етнички, културни и други конфликти.
Сопственоста и моќта се основите врз кои се темелат општествените нееднаквости. Нееднаквостите се релативно трајни. Во социологијата се дискутира за економската и културната стратификација. Ова е повисока или пониска општествена положба окупирана од страна на поединци или групи на луѓе.

Објаснувања за општествената нееднаквост

Разликите и општествените нееднаквости се објаснуваат преку три основни начини:

1. Преку Божјата воља – според првото објаснување, значи преку Божјата волја, разликите и општествените нееднаквости не беа случајни, него беа направени со Божјата волја и заповед. Ова се подпира врз фактот дека дури и во светите книги на големите светски религии како христијанството, исламот, будизмот, Бог одделува некои луѓе и привилегира давајќи им одредени овластувања и надчовечки сили. Такви беа пророците Мојсеј, Соломон, Авраам, Исус Христос, Мухамед, кои според нивната верска доктрина, можат да лекуваат дури и неизлечиви болести, да го оделат морето со еден заповед, да ја претворат водата во вино или да го оживеат мртвиот. Со овие “свети” објаснувања се оправдува дискриминацијата и човечката нееднаквост, каде што секој човек треба да се согласи со својот статус, статус на роб, слуга или сопственик.
Покасно со развојот на филозофијата и науката ова убедување се соочува со тешки критики од страна на филозофите и научниците на времето, кои иронично се подсмеваат на нивните оправдувања за човечката дискиминација и општествената нееднаквост.

2. Преку вродените природни разлики – ваквиот вид на социјална диференцијација се објаснува со природните разлики на луѓето, но не се разликува од првото објаснување затоа што не е позната вистинската причина на сите општествени нееднаквости. Според ова објаснување луѓето од моментот на нивното раѓање поседуваат различни индивидуални карактеристики, кои нив ги прават различни и во нивниот општествен живот. Вакви карактеристики се интелигенцијата, снаодливоста, генијалноста, духовитоста, благородноста, талентот, ревноста идр. Апологетите на ваквиот став мислат дека разликите во општеството се природни, нив ги ствара природата, така што сите луѓе не ги поседуваат горенаведените карактеристики. Некои луѓе се поинтелигентни, поснаодливи во животот или талентирани за секаков вид на работа, додека другите не ги поседуваат овие карактеристики. Со ова доаѓа до една општествена состојба каде што снаодливите и талентираните владеат, додека останатите им служат.

3. Преку општествената поделба на трудот – покасно кога филозофијата и социологијата ја достигнуваат нивната зрелост за ова прашање, доаѓа до појава на трето објаснување, кои всушност подразбира научно мислење за социјалната диференцијација. Според ова мислење, ниту Божјата сила ниту природните разлики меѓу луѓето не се причина за социјалната диференцијација, но вистинскиот виновник е самото општество. Науката конечно сфати дека сите разлики и општествени нееднаквости, се формираат како резултат на општествената поделба на трудот. Сега е јасно дека главниот виновник за сите форми на социјална диференцијација е општествената поделба на трудот. Во моментот кога луѓето почнуваат да ја делат својата работа така што некои работаат физича работа додека другите ментална, човештвото се соочи со феноменот на разлики и општествени нееднаквости. Во овој случај, некои луѓе почнаа да работат повеќе вредни работи, да заработуваат повеќе пари, да градат престиж, да поседуваат општествена сила, дедека останатите остануваат без овие вредности. Ова доведе до зголемување на разликите и општествените нееднаквости, кој како што знаеме предизвика раѓање на класите, кастите, сталежите и слоевите.

- Класи – класите се групираат врз основа на некои заеднички карактеристики а класната позиција се определува врз основа на распределбата на материјалните и духовните добра, влијанитето на угледот. Класите се големи опшествени групи кои настануваат врз основа на економската нееднаквост на луѓето. Постоењето на класите било воочено уште со нивното настанување, но нивната суштина и природа биле различно толкувани, а различно се толкуваат и денес. Дури и самиот поим за класите различно се определува. Многу социолози денес кога зборуваат за класите мислат, всушност на општествените слоеви.
Според професорот Сунај класите претставуваат општествени парцијални групи, кои се појавуваат како резултат на појавата на приватната сопственост и економската нееднаковст помеѓу луѓето.
Класниот сосотав значи пласман на поединците според ниванта економска положба во општеството, дека рангирањето може да се менува во согласност со промените на економскиот статус. Нееднаквата распределба на социјалните добра, моќта, богатството и престижот е постојан услов за класната разлика во општеството.
Според марксистичката теорија, класите настануваат во процесот на распаѓањето на првобитната човекова заедница, на преминот кон робовладетелските општествени односи. Тоа значи дека класите се историска појава и дека тие не постоеле отсекогаш. Во првобитното општество неразвиеноста на производните сили, постојаната и неизвесната борба за опстанок, не можеле да создадат поголеми разлики меѓу луѓето. Се произведувало толку колку што било можно за да бидат задоволени најосновните човекови потреби. Со појавата на вишокот од производи што било резултат на постепеното усовршување на средствата за производство и на првите големи општествени поделби на трудот (земјоделство, занаетчиство и трговија) се создале објективни претпоставки за појавата на приватната сопственост, а со тоа и на класите.
И во современата социологија, при определувањето на поимот и суштината на класите, не може да бидат одминати определбите што ги дале класиците на марксизмот.
Така, Маркс пишувајќи за разните групи во општеството, класите ќе ги определи на следниов начин: “Доколку милиони семејства живеат под економските услови за егзистенција и нивниот начин на живот, нивните интереси и нивното образование ги одделуваат од начинот на живот, интересите и образованието на другите класи и ним непријателски им ги противставуваат, доколку тие сочинуваат класа”. Значи, станува збор за такви општествени белези на луѓето што доведуваат до тоа тие да се разликуваат по начинот на живот, по интересите и по образованието. Според таквите белези тие и припаѓаат на една или друга класа.
Според Ленин класите се големи групи на луѓе кои во општеството меѓусебно се разликуваат според:
а) Своето место во историски определениот начин на производство, што значи дека класи се само групите што се носители на определени производствени односи, а не и разните други групи во општеството.
б) Својот однос кон средствата за производство, а кој однос во општеството, најчесто е законски утврден, и според кој луѓето се делат на сопственици и несопственици.
в) Својата улога во општествената организација на трудот која луѓето ги дели на организатори и управувачи, од една страна и извршители во процесот на трудот од друга страна.
г) Начинот на стекнувањето и големината на делот од општественото богатство со кој тие располагаат, при што сопствениците на материјалните блага го присвојуваат поголемиот дел.
За класите зборуваат и други социолози како што се Јозеф Шумпетер, Ралф Дарендорф, Жорж Гурвич и други. Сите тие нивното постоење го објаснуваат со различни причини. Како позначајно меѓутоа се издвојува сваќањето за класите на познатиот германски социолог Макс Вебер кој постоењето на класите го објаснува со различната положба што поединците ја имаат на пазарот, а со тоа и со разликите што се јавуваат меѓу нив во располагањето со материјалните богатства. Меѓутоа за Вебер положбата за поединецот во општеството па според тоа и неговата класна положба е резултат и на поседувањето определена моќ и углед во општеството. Значи според него поседувањето материјални богатства не е единствениот услов за класната поделба во општеството, со што тој ги удира и основите на таканаречената теорија на социјалната стратификација.

Касти – Кастите се главно поврзани со културите на индискиот подконтинент. Доаѓа од португалскиот што значи раса или чисто потекло. Секоја општествена формација на класното општество се карактеризира со свои специфични облици на класна поделба. Така на пример, за почетоците на класното општество е карактеристично постоењето на кастите, а за феудалниот период на сталежите. Системот на касти е форма на социјална стратификација во која кастите се организирани строго хиерархиски и се разделени меѓу себе едни од други со правила на “верска чистотија”. Во овој хиерархиски систем секоја повисока каста е релативно почиста во верските ритуали од пониската каста. Овие групи се јасно разграничени помеѓу себе со статусна хиерархија во која “чистото” е супериорно над “нечистото” како во однос на верските ритуали така и во однос на поделбата на трудот. Кастите кои што се среќаваат во стариот Египет, во Персија, на Далечниот Исток, а особено во Индија, биле строго затворени општествени групи кои настанале врз основа на строгата поделба на трудот на одделни занимања – едни се занимавале само со религиозни и управувачки функции, други – со војнички занимања, а трети – со производство, занаетчиство и трговија. Односите меѓу припадниците на кастите биле регулирани со посебни религиозни норми, додека припадноста кон определена каста се стекнувала со самото раѓање. Кастите се затворени социјални групи, бидејќи преминот од една во друга каста е невозможен.

Сталежи – општествен слој на кој му се припишани специфични права и должности, поддржани со силата на правната санкција. Најтипични примери се селаните, слугите свештенството и благородниците во постфеудалните држави на континентална Европа. За разлика од кастите кои беа општествено затворени групи, сталежите претставуваат малку поотворени општествени групи. Така, додека движењето од една каста во друга не е возможно, движење од еден сталеж во друг може да се деси, но многу ретко. За разлика од кастите, средновековните сталежи се одржувале со посебни правни правила, при што припадноста кон нив се стекнувала со раѓањето, и со наследувањето на имотните и другите права. Меѓутоа постоела можност сталешкиот статус да се стекне и на друг начин, со што сралежите се јавуваат како поотворени општествени групи. Такви сталежи биле, световното и црковното благородништво, третиот сталеж на граѓанството и сл.
Сталежите во средновековното Европско општество беа специфични издвоени групи кои извршуваа определени општествени задачи што произлегуваа од нивната оспособеност за определени професии. Тие имаа три значани карактеристики.
- Прво тие беа дефинирани со закон, секој сталеж имаше свој статус во општеството, прецизиран законски комплекс од права и должности, или привилегии и обврски.
- Второ, тие ја презентираа широката поделба на трудот и имаа дефинирани функции.
- Трето, феудалните сталежи беа политички групи кои поседуваа определена политичка моќ.
И покрај ваквите надворешни белези, кастите и сталежите го имаат својот корен во класната поделеност на општеството. Дури во капитализмот, каде што сите граѓани се изедначени во поглед на своите формални права, класите се јавуваат во својот чист вид, како класи.

Слоеви – Со поразвиената поделба на трудот, а со тоа и на дејностите, што поединците и групите ги вршат во современото општество, различните функции и улоги што ги имаат, условуваат и различни положби што тие ги заземаат во општеството. Како резултат на тоа, се се побројни и поразновидни разликите во нивниот материјален статус, начин на живот образование и култура во поседувањето политичка и друга моќ и сл. Таквите белези што ги поседуваат поединците овозможуваат и разликување на такви општествени групи кои денес се нарекуваат слоеви. Оттука се истакнува дека слојот е таква општествена група што ја сочинуваат поединци со слични општествени белези, а со тоа и со слична положба во општеството. Според тоа слоевите се делови од општеството кои се разликуваат меѓусебно според статусните белези и различните општествени положби што ги заземаат во него, а кои ги одвојуваат еден од друг. Во таа смисла во современото општество се јавуваат повеќе слоеви, слој на големосопственици, слој на ситносопственици, слој на државни и административни работници, слој на интелигенција, слој на ситни и крупни земјопоседници исл. Инаку, слоевите се, отворени општествени групи и поединецот со промената на статусните белези и општествената положба може да премине од еден во друг слој. Тоа преминување се нарекува меѓуслојна подвижност.


Видови на општествена нееднаковст

Социјалната нееднаквост (социјалната диференцијација) денес се објаснува со општествената поделба на трудот како основен извор за разликите меѓу луѓето, која доведува и до нееднаквост при присвојувањето различни делови од материјалните и духовните блага. Врз основа на тоа, поединецот или групата стекнуваат и различна моќ и углед во општеството, што социјалната диференцијација ја прави уште поизразена. Во тој поглед се прави разлика меѓу хоризонтална и вертикална социјална диференцијација.
Хоризонталната диференцијација произлегува од разликите меѓу луѓето и групите кои што се во врска со вршењето на определени функции во процесот на трудот и управувањето со општеството, со поседувањето одделно образование и знаења, политичката припадност, културните навики и потреби, со групирањето според местото на живеење (град – село) и сл.
Вертикалната диференцијација пак произлегува од разликите во поседувањето материјални блага, власт, моќ и углед што на поединците и групите им овозможува да присвојуваат и различни делови од материјалните и духовните богатства во општеството. Вертикалната диференцијација, всушност доведува до создавање различни слоеви и класи во општеството. Сепак треба да се каже дека овие два вида диференцијација, најчесто, се условуваат и надополнуваат.
Социјалната диференцијација и во минатото и денес може да биде посматрана од повеќе гледишта. Меѓу нив, секако, едно од позначајните е она кое тргнува од класната поделба на општеството, а со тоа и со постоењето повеќе слоеви во него.

Парадигми на социјалната нееднаквост низ историјата

1.Првата форма на социјалната нееднаковст се појавува во робовладетелскиот систем, каде што ропството е клучниот елемент кој ја идентификува социјалната нееднаквост таму. Иако во робовладетелското општество робовите се во поголем број, тие секогаш биле во служба на аристократските сопственици. Значи карактеристика на ропството е постоењето на рабовите, како и нивното приватно поседување од робовладетелите. Тоа е бездушен систем во кој еден човек поседува друг човек како своја приватна и неприкосновена сопственост. Робот без разлика дали тоа станал по своето раѓање или по пат на закон го губи потполно својот човечки идентитет и дигнитет и се третира како обично суштество кое од другите предмети во објективна стварност се разликува само по тоа што умее да зборува. Продажбата на робовите била нормална појава, како што е појавата на живата стока.
Ропството е екстремна форма на нееднаквост во која некои поединци ги поседуваат другите како нивен имот. Законските услови за сопственост на робовите беа различни во различни општества. Понекогаш робовите беа лишени речиси од сите законски права, а во некои држави неговата позиција е слична со онаа на останатите.
Во историјата на човештвото познати се три главни видови на ропство и тоа, традициоално ропство, античко ропство и источно ропство.
-Традиционалното ропство е таков вид на ропство каде што робовите живеат традиционално со другите членови на семејството. Тие служат како работна сила за да се обезбеди егзистенцијата на целото семејство. Робовите на овој период ги извршуваат сите физички работи потребни за опстанок на заедницата, почнувајќи од обработка на земјиштето, одгледување на добитокот, до обезбедување на водата и одржувањето на хигијената во домаќинствата.
- Античкото ропство е состојба на каде што робот е во целосна сопственост на неговиот сопственик. Во овој период робовите се сметаа како еден вид на орудие за работа, но тие имаа душа, па Аристотел робовите ги нарекува “алатки кои зборуваат”. Сопственикот може својот роб да го продаде, да го убије кога сака и каде сака. Важно е дасе знае дека во Античка Грција и во Рим, ропството се добива на два начина, со самото раѓање и со закон. Робови од раѓање стануваат оние чии родители се робови, а роб со закон се станува кога некој е фатен или неможе да ги врати позајмените пари.
- Источно ропство претставува вид на ропство кој се наоѓа во источниот дел на цивилизациите како што се Месопотамија, Египет, Персија идр. Тука робовите не се сопственост на поединец или на едно семејство туку се во сопственост на државата. Овие државни робови беа третирани како вид на “државна машина” со кои што ги спроведуваа општите национални интереси.

2. Феудалните слоеви се дел од европскиот феудализам, но исто така постоелево многу традиционални цивилизации. Тие се состијат од слоеви со различни права и обврски еден кон друг, а некои од нив биле санкционирани со закон. Во Европа највисокиот слој се состоеше од аристократијата и благородништвото. Свештенството формира уште еден слој, кој имаше понизок статус, но поседуваше многу привилегии.оние кои припаѓаа на овој слој, кој се нарекуваше третиот слој, се обичните луѓе, земјоделците, робовите, слободните селани, трговците и занаетчиите. За разлика од кастите, помеѓу слоевите дозволени се до одреден степен браковите и индивидуалната мобилност. Во феудалниот систем слугите не се сметаа како приватна сопственост на нивниот владател како што беше случајот со робовладетелството. Феудалците тука немаат право да го убијат робот, но го задржуваат правото да го продадат заедно со земјата. Робот во феудализмот не е сосема слободна личност, и неговата судбина е поврзана за феудалецот и за земјата на која што работи. Со текот на времето некои робови почнаа да изнајмуваат земја од феудалците, поради што се принудени да плаќаат данок за земјата. Овој долг кон феудалните сопственици може да се врати на три начина: изнајмување за пари, изнајмување за работа и изнајмување за стока. Во изнајмувањето за пари, робот му плаќа голема сума на пари на феудалецот за земјиштето. Со изнајмувањето за работа се подразбира физичка работа на робот за одредени потреби на феудалецот. Изнајмување во стока значи давање на одреден дел од стоката на феудалецот.

3. Во капиталистичкиот систем капиталистите го промовираат системот на граѓанските права, според кои сите луѓе беа еднакви пред законот. Но сепак и тука постои некаков вид на нееднаквост. Во капиталистичкиот систем, работникот е слободен да ја продаде својата работна сила када сака, на кого сака и колку сака. Денес состојбата на работниците во светот е сменета, затоа што се промениле и општествените односи во капитализмот. Денес состојбата на работничката класа во капиталистичкото општество, не е мизерна како порано. Напротив, состојбата на пролетаријатот се обновува , затоа што масовно се образува организирајќи се преку синдикати, здруженија, политички партии идр.
Во модерните општества на високоразвиените земји овој тренд во денешното време продолжува со воведување во производната игра на современи средства за работа кои го менуваат карактерот на трудот и на искористувањето на физичката и умствена работна сила на човекот (доминација на умствениот, а не на физичкиот труд, автоматизација и комјутеризација на производниот процес), порамномерно распределување на општественото богатство преку различни форми, како и поголеми можности за социјална мобилност на населението. Луѓето се повеќе се нееднакви меѓу себе според своите лични умствени и работни квалитети, а се помалку според големината на богатството и имотот.

Општествена стратификација

Како што објаснивме претходно, постоењето на различните и бројните општествени слоеви во социологијата денес се нарекува општествена стратификација. Некои од дефинициите на стратификацијата се. Општествен поредок кој е најблиску поврзан со
1. различната процена на улогите,
2. присуство – посебно во големите системи – на категории на општествени поделби на улоги,
3. постоење на хиерархија на категориите на улоги.
Или, системот на стратификацијата може да биде виден како систем на добра, награди и казни, распределени меѓу членовите на општеството согласно со начините на кои тие ги обавуваат своите функционално значајни улоги.
Општествената стратификација е таков облик на општествена диференцијација на поединците и општествените групи при која тие се распоредени во посебни социјални слоеви – стратуми, според определени нивни белези. Тие белези можат да бидат определени според според сопственоста, висината на приходите, животниот стандард, занимањето, образованието, начинот на живеење, социјалното однесување, положбата на поединецот во власта итн. Па сепак како најзначајни меѓу нив, покрај поседувањето материјални богатства, се сметаат поседувањето определена моќ и определен углед во општеството од кои најчесто зависи и поседувањето на другите такви белези. Моќта најчесто се сфаќа како способност на поединците и групите да ја наметнат својата волја во општеството преку неговите различни механизми. Угледот пак е одреден степен на почитување, чест која им се оддава на поединците и групите од страна на општествената средина во која тие живеат и работат. Тој углед зависи од општествената положба што тие ја имаат, од нивните други белези кои ги поседуваат, од нивниот начин на живот исл. Значи поимот на општествената стратификација е поврзан со поимот на општествениот слој, како почест облик на социјално групирање и диференцирање на луѓето во вертикална смисла.
За правилно разбирање на структурата на општеството постојат повеќе теории меѓу кои четири се сметаат како главни а тоа се: Функционалистичка теорија за стратификацијата, Марксистичка теорија за класната борба, Веберијанската теорија за стратификацијата како и теорија на циркулација на елитите.
Проучувањето на социјалната стратификација има три цели. Првата е да го утврди нивото до кое класните или статусните системи доминираат на општествено ниво на начин што тие се составни делови на модусите на социјалната акција. Втора цел е анализа на класните и статусните структури и на детерминантите на создавање на класите и статусите. На крај социјалната стратификација ги документира нееднаквостите во условите, можностите и начините на кои што групите ги одржуваат сопствените привилегии, а другите групи бараат пристап до нив.
Општествена стратификациона скала – во зависност од критериумите за разликување на одделните слоеви во општеството, се определува и изгледот на таканаречената општествената стратификациона скала, на која тие се вертикално и хиерархиски подредени од пониските кон повисоките положби што ги заземаат слоевите. Социолозите во зависност од своите конкретни истражувања и сфаќања за општествената слоевитост, направиле повеќе такви скали.
Една од наједноставните скали е онаа што прави разлика меѓу три основни слоеви во општеството, висок, среден и низок слој. Меѓутоа,постојат и такви општествени стратификациони скали кои разликуваат многу поголем број слоеви. Меѓу нив секако најпозната е скалата на американскиот социолог Лојд Ворнер според која во современото општество можат да се разликуваат шест стратуми. Таа скала би можела да се представи на следниов начин.

1. Висок слој
- Повисок висок слој
- Понизок висок слој


2. Среден слој
- Повисок среден слој
- Понизок среден слој


3. Низок слој
- Повисок низок слој
- Понизок низок слој

ЛИТЕРАТУРА

1. Aziri, Etem – Sociologjia, Arbëria-Desing, Tetovë, 2010.
2. Тоновски, Ѓорѓи – Вовед во социологијата, НИП Студентски збор, Скопје, 1995.
3. Giddens, Antony – Sociologjia, Çabej, Tiranë, 1997.
4. www.novamakedonija.com.mk 10.11. 2011
5. www.makdenes.org 10. 11. 2011
6. www.mtsp.gov.mk 10.11.2011

Download СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » » 

Besplatni Seminarski Radovi - Бесплатно семинарска работа

SEMINARSKI RAD