ГЛАВНА СТРАНИЦА

 
БЕСПЛАТНО СЕМИНАРСКА РАБОТА - СОЦИОЛОГИЈА
 

Културната глобализација

Културната глобализација како карактеристика на современото општество го означува процесот на моделирање, стандардизирање и унифицирање на културните елементи од идеациска и материјално-техничка природа на планетарно ниво. Севкупното општествено функционирање е незамисливо без јазикот како сретство за комуникација, без митолошките, религиските елементи, без уметничките стандарди на вреднување, без научните и литературните постигнувања и сл., а тие како елементи на културата и општеството не можеа да останат имуни на процесот на глобализирање и унифицирање. Затоа културната глобализацијата како процес почна човекот и практично и научно да го засега како феномен.

Во историјата на човековато општествено живеење, во историјата на човековата мисла или во историјата на културата не се нови идеите за универзализација и унификација на односите во него и универзализација на културолошките процеси и вредности на сигнификација и интерпретација. Такви идеи носеле разните религиски движења во минатото. Што е првичниот христијански прозелитизам, што е арапско-исламскиот џихад во рамките на муслиманската традиција, каква е политичко-културолошката природа на инсистирањето на римските прокуратори да се поднесуваат жртви на Јупитер и да се градат храмови на римските божества, што е хиспано-американската колонизација во јужна-америка во 16 и 17 век; ако не се пројави на обидите за една историска културна унификација или глобализација кои донесоа и многу катастрофални последици и културоциди од непоимлив вид.

Идеите за културната глобализација во историјата го спроведувале и моќните императори и војсководци кои често сакале своите вредности и начини на општествено функционирање да ги универзализираат на простори во кои имало различен начин на општествена и културна организација и сигнификација. Доволно е само да се сетиме на Александар Велики, на Џингис Кан, на Османлиите, на Крстоносците, на Наполеон и на Хитлер, па да заклучиме дека елементите на културната глобализацијата отсекогаш егзистирали низ историските премрежја.

Универзализацијата на коине дијаликтот во стариот свет, научната глобализација на латинскиот јазик во времето на средновековието и покасно, унификацијата на аристотеловата логика како методолошка концепција податлива за истражување на сите научни области во средниовековието, универзализацијата на категориите на формалната естетика при уметничкото творење и многу други примери се само поволни историски пројави на обидите за глобализирање и општоважие на одредените културни елементи од идеациска природа.

Но денешните културни глобализациски тенденции наследија една комплексна гео-стратешка, гео-економска, гео-политичка состојба и техничко-технолошка подлошка. Во последната декада на XX век се случија суштински промени во реалните меѓународни односи. Се случи постепена прераспределба на политичката и економската моќ, безбедносните прашања добија сосема друга агенда, различна од ладновоената доктрина на биполаризмот, а центарот на политичката одлука се концентрираше во една држава која технолошки, економски и културно се најде во ситуација да диктира организациски, политички, економски, пазарни и културни модели на општествено однесување.

Новиот век и културната глобализација во него наследија еден динамизам на живеењето во кој кафето, пријателите, љубовта и комуникацијата станаа инстантни. Секој брза на одреден начин, исчезна леснотијата и лагодноста на животот. Се појавија нови високо-софистицирани облици на технолошко производство, од индустријализација се преминува кон компјутеризација, за да научно-техничките фактори станат движечка сила во политичките, културните и во економските сфери.

Така процесот на културната глобализација не можеше да остане не детерминиран определувачко-обврзувачки од гео-политичките промени и од научно-технолошкиот развој. Таа на нив ќе се темели како на алатки кои ќе и обезбедат континиум во нејзината перзистенција.

Одредба на културната глобализација

Глобализацијата на културните елементи од вредносно-идеациска и материјално техничка природа се разликуваат од процесите на глобализацијата во сферата на економијата и политиката, но ова разликување не значи дека овие тенденции немаат меѓусебни определувачки влијанија. Нивната меѓусебна депеденција е толку голема што денес на пример центарот на продукција на глобализациски културолошки елементи, поточно самиот Холивуд не може да функционира, ниту да се разбере без повикувањето на експланансите од економската и политичката глобализациска тенденција и нивните законитости на функционирање.

Така дидактички е сосема коректно да се разликуваат економска глобализација која представува слободна трговија и растечки односи помеѓу членовите на една индустрија во различни делови на светот со кореспондирачка ерозија на националниот суверенитет во економската сфера и претставува растечка економска меѓузависност на држави ширум светот преку зголемен број и начини на прекугранична транскација на стоки и служби, послободен интернационален економски проток и побрза и поширока дифузија на технологијата од политичката глобализација која представува процес на концентрирање на формите на управна и политичка доминација на одредени елити кои можат да стабилизираат и дестабилизираат региони и држави, кои можат да делуваат и организираат протекторатни и полупротекторатни влади и држави и елити кои се носители на геополитичките и империјалните тенденции. А врз основа на нивното влијание и општествено значење за севкупното функционирање во сферите на културата ние можеме да говориме за културна глобализација во смисла на унификација на културните вредности и културни елементи (јазик, мит, наука, обичаи, информации, легенди, религии, морал, вреднсти, уметност, филозофија) на носителот на глобализациско-унификацискиот прцес. Најчесто низ унификација на медиумската информација, низ стандардизација на обрзазованието по теркот на глобализаторот и по тенденциите за унификација на црквата и создавањето на новиот деизам.


Материјално-техничкиот аспект на културата и нејзината глобализација

Во социологијата постои едно оперативно определување на културата, поточно оваа социологизација на културните појави имплицира една парадигма во науката за културата која обврзувачки определува една позиција дека културата е своевидна целина или збир од материјално-техничките елементи, од духовно-вредносните елементи и организациските елементи кои сотворени го сотворуваат човекот како битие-во-култура. Поточно социологистичката парадигма обврзува културата да се разбере како целина од се она што човекот од разни интристични и инсентични причини и побуди створил и пренел низ живеењето во заедница.

Па затоа кога говориме за културната глобализација коректно и правилно е да напоменеме дека во неа се инволвирани и ширењата или глобализирањето на материјално-техничките елементи на културата. Материјално-техничките производи како разните превозни или кумуникациски средства, како разните медикаменти и производни капацитети и слично се културни елементи кои ја совладауваат и прилагодуваат природата, го развиваат производството и го прават по благопријатен животот. Дел од нив од една страна се фактори на глобализацијата, а другите се елементи на глобализацијата кои стануваат достапни до планетарни размери.

Така како причини за глобализација од материјално-техничка природа се јавуваат сите технолошки новитети во сферата на комуникациите, во сферата на медиумите и информатиката, во сферата на електониката, автоматиката и роботиката и во сверата на компјутеризацијата и развојот на индустријата на вмрежување итн.
Без сомнение, технолошките новитети, особено во областа на информациите и комуникацијата, одиграле и сé уште играат централна улога. Интернетот претставува симбол за глобализација во различна смисла. Глобализацијата на финансиските пазари, поместувањето огромни суми околу глобусот за време од неколку секунди не би било можно без оваа технологија, а истото важи и за организацијата на транснационално-интегрираното производство и многу други нешта.Енормното зголемување на трговијата како друг централен елемент на економската глобализација резултира од тоа што трошоците за транспорт рапидно се намалени, а стоките можат да се транспортираат побрзо. Ова особено важи за секторот на услужни дејности: производи како софтвер или бази на податоци можат за неколку секунди да се испратат од едниот на другиот крај на светот, низ канали за испраќање податоци.


Позитивните придобивки на културната глобализација

Културната глобализацијата е огромен општествен процес кој долго трае и се обновува во проширени размери, создава свои културолошки структури и јасни творби на единственост и на унијатство кои често може да ги воочиме под референците “светски систем на култура”, “културолошки глобален поредок” и слично. Но вредносното определување кон овој процес на културно воедначување не е еднозначно, бидејќи таа како процес има непоколебливи приврзацици и фанатични противници. Па следствено на тоа и две различни сфаќања на културната глобализација и тоа:

Афирмативно сфаќање на културната глобализација по кое глобализацијата на културните елементи е објективен, спонтан, планетарен општествено-културен процес на поврзување на државите, општествата и културите во една светска заедница на економски, политички, технолошко-информатички и културен план со цел да се постигне безбеден и бесконфликтен свет, слободен свет, демократско општество и достапност на придобивките од технологијата и науката на сите единки во светот и сл.

Навистина глобализацијата на материјално-техничките елементи на културата овозможи поголема можност за едукација, поголема можност и пристап до информациите, поголема можност за ползување на придобивките на популарните производи и сл., глобализацијата овозможи енормно големи капацитети за комуникација, создаде други видови на општествени заедници на кои социологијата доправа ќе треба да се рефлектира како кон предмети и проблеми на истражувањето, како на пример, блог-заедниците, заедницата на форумџиите, заедница на хакери и мн. други. Културната глобализација овозможи нови форми на литература, нови форми на уметност (сајберуметноста, сајбервизуализацијата), нови форми на размена на добра, едноставно создаде еден нов информатичко-информациски свет и култура на комуникација која продуцира разни нови поделементи.

Културната глобализација овозможи електронски сублимирање на сите културни придобивки во минатото, потично електронски издавање на сите книги и уметнички дела од богатата ризница на историјата на науката, филозофијата и уметноста. Така секој може да се запзнае со што сака, а научно истражувачката работа во целост се олесно со можноста преку новите технологии да се дојде до било која книга или студија.


Културната глобализација како американизација


За поголем број аналитичари и теоретичари културната глобализација е наметнат и вештачки форсиран процес на културно поврзување на државите, општествата и културите со јасна цел за доминација на носителите на процесот на глобализација преку создавање либерална економија, владеачка светска елита и централизиран систем на светска управа и одлучување и културна униформираност на вредностите и целите на општествата.

Овие противници на културната глобализација сметаат дека таа не е ништо друго освен американизација и стандардизација на националните култури по моделите кои суптилно ги наметнива американската култура. Секако, не би можело а да не се напомене и ударот кој го трпат националните култури под "тиранијата" на американската култура пред се во телевизиските програми. Едно истражување на француското биро за филмска уметност и кинематографија истакна дека во француските кина дури 70% од проекциите отпаѓаат на холивудски филмови што за една култура каква што е француската е повеќе од поразителен факт.Холивудските продукции се гледани низ целиот свет; и со ова се создава „американизација“ на културата, а исчезнуваат локалните и регионалните култури. Но денес како глобализацијата влегува во подлабока фаза се сличува во култирата еден таков повратен ефект, кога присебноста за такви мали култури расте, се интезивира. На пример феноменот на третото колено во САД денеска и сл. феномени се вбројуваат кон пропратните појави на глобализацијата, поради што исто така и поимот „глокализација“ влезе во социолошката дебатата.


Културата најекспликативно и диференцијално низ парадигмата на социологизмот се дефинира како севкупност од материјалните, организациските и духовните вредности, добра, творевини и продукти кои човекот ги произведува живеејќи во општествена заедница со сличните на него се со разни цели во смисла :да ја совлада природата, да ја прилагоди природата, да го развие производството, да го направи по благопријатен животот да го обезбеди опстанокот, да го означи и осмисли светот, животот и општеството, да го организира живеењето со другите слични на него.
Врз основа на оваа дефиниција на културата можеме да ги конкретизираме елементите на културата кои се основен-предмет проблем на социологијата на културата, но кои едновремено се подложни на глобализирање и американизрање во својата форма или модел онака како се манифестира во САД.


Јазикот или размената на симболите

Јазикот или размената на симболите предусловна културна примордијлност без која не се возможни ниту материјално-техничките, ниту организациските, ниту идеациско-вредносните добра во културата. Затоа симболот се смета за метафизички носител на културната реификација. Во процесот на културната глобализација англискиот јазик станува модел јазик со планетарно значење и употреба кои се корсити во науката, дипломатијата и интернет комуникацијата. Малите јазици како и нашиот се повеќе примаат термини од англискиот, не создаваат нови зборови и можно е во целост по извесен период да ја изгуват суштината личејќи само на фонетско-кирилично прилагоден англиски. Денес комуникацијата кај младата популација наликува токму на тоа кога на пример се прашуваат младите: каков ти е аутфитот, бај д веј како си и сл.

Во социологијата на културата спаѓаат и осмислувачките и означувачките елементи на културата чија познавателна и сигнификациска функција на означување на предметите и на нивно логичко класифицирање и придавање смисла и телос се исполнува во практикувањето на: виши јазични системи, митологијата, филозофија, религија, наука и уметност. Нивната глобализација е видлива и може да се почуствува на секој чекор. На пример, во науката систе позначајни истражувачки проекти се изведуваат во САД, а токму глобализациската унификација може да се види од еден факт на пример што абиогенетската теорија на геолошкиот факултет во Виена не се признава за научна поради противењето на научната заедница во САД. Во новите митологии кои медиумски се пласирааат глано глобално место завземаат митолошкиот систем како на пример на филмот на Лукас со наслов “Војна на ѕвездите” кои дури продуцираше така моќна митологија да многу граѓани се пишуваат на пописите дека припаѓаат на религијата која во филмот се тематизира и вообликува – џедаизам.

Од САД доаѓа и новата глобална религиска доктрина која се повеќе се шири, а тоа е неодеизмот како концепција која верува во Богот на разумот, а не Богот на објавата. Филозофијата на прагматизмот на Џејмс и Американската импресија од француската постмодерна станаат глобализациски модели кои укажуваат што е глобализациски тренд и модел во филозофијата. Во сферата на медиумите и информациите влијанието и вистинотворењето на SNN и сличните мегателевизиски корпорации е несомнено, тие го моделираат глобалнит тек на информации. Ако тие за нешто не известат, тоа не се ни случило.
Организациските елементи на културата со чија помош се определуваат тенденциите на социјалното поведение и општествените барања во однос на индивидуите и групите кои тенденции и барања се рекогнирани и изразени во разните: обичаи, норми, правила, закони и санкции кои представуват нормативниот аспект на организациските елементи, но дополнети и со аксиолошкиот аспект на организациската сфера на културата кои се исполнува во социо-културните елементи со чија помош се детерминираат аксиолошките можности и “требањето” во општественото живеење изразени во: вредности и идеали се подеднакво елементи на културната глобализација. Обичајот на славењето на св. Валентајн како ден на заљубените кој глобално се шири, унификацијата на правилата на општественото однесување и сл. се моделирани по начините кои телевисиски се глобализираат.

Download СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » » 

Besplatni Seminarski Radovi - Бесплатно семинарска работа

SEMINARSKI RAD