ГЛАВНА СТРАНИЦА

 
БЕСПЛАТНО СЕМИНАРСКА РАБОТА - СОЦИОЛОГИЈА
 

ЈУДЕИЗАМ

JudeizamГледањето на етничка вероисповед во јудеизмот, но со нагласени универзални димензии, чиј монотеизам е поддржан од еврејските законодавци и пророци, се заснова врз библиската претстава за богоизбраништвото на евреите. Библискиот текст соопштува за многу етнички култови, без да ја прекинува нишката на еднобожието, поддржано со една од Десетте Божји Заповеди. „ Јас сум Господ Бог твој, да немаш други богови освен Мене... Бог им наредува на евреите: „Разурнете ги сите места, каде народите, кои ќе ги завладеете, служеле на своите богови по високи планини и ридови и под секое разгрането дрво; Разурнете ги нивните жртвеници и соборете ги нивните столбови, изгорете ги со оган нивните нечепнати шуми и скршете ги статуите на нивните богови, избришете го и нивното име од она место" .
Библијата го познава и безбожието , но верата е таа која господари и, која ја определува култната и културната насока на библискиот етнос. Библискиот автор ги регистрира безбожието и многубожието, но основна останува нишката на еднобожието, насочена кон сите луѓе. Во таа смисла карактеризирањето на библискиот монотеизам како јудеизам е мошне условно. Тој монотеизам е насочен кон сите луѓе. Етносното во јудеизмот има провиденцијални димензии, кои ја исклучуваат етничката вредност.
Во Библијата религиозното е даденост на човечката и на етничката суштина. Со него е сврзана целата култура; тоа ја одразува и социјалната раслоеност. Жртвениот систем има определен статус, кој се сврзува со паганскиот култ во неговата комуникативна и сигнификативна функција. Тоа е вид култура, чии функции имаат пред се сигнификативен карактер. Чистиот јудеизам меѓутоа во својата верска суштина, се разликува од култната обредност и системот на паганските свештеници меѓу многубошците. Формиран како божествена религија, повторно по Божја заповед, паралелно со својата светогледна концептуалност, ја формира својата литургиска појава. Формата и големината на храмот, неговата внатрешна распределба се издиктирани од Божјата уста преку зборовите на пророците. Свештенството е претворено во сталеж и облеката, која тоа ја носи, елементите по него, кои имаат сигнификативен карактер, се дадени од Бога. Оценуван од човечка гледна точка, јудеизмот во вистинската смисла на зборот е теократски верски систем, кој ги моделира дури формите на општествената свест и општественото битие. Тој момент кај јудеизмот е мошне суштински. Во историски план имено тој ја разликува еврејската заедница од нејзината хетерогена верска и етничка средина. Верата и култот кај евреите се колку содржина на лична изјава, толку и на општествена, на етносно формирана свест за етничко и верско единство. Кај евреите етногенетичност и вера се неделиви. Кај тие две компоненти верата е силата, која ја моделира етносната припадност, а не спротивното. Имено верата, затоа што таа не е само Богодарувана, но и непрекинато одржувана преку пророците. Така јудеизмот е прифатен како етничка вероисповед, а евреите - во богоизбран народ, од чии средини ќе произлезе Спасителот на човештвото. Токму нишката за Спасителот, кој ќе биде Спасител не само за евреите, но и за сите луѓе, го одржува универзализмот или сечовечноста на почетната Библиска вероисповед. „ Девица ќе зачне и ќе роди Син, и ќе му го наречат името Емануил".
Би било погрешно да се смета, дека јудеизмот како прифатена етничка вероисповед, најдобро и целосно го оправдува предметот Етнологија на религијата. Тоа прашање, како што ќе видиме и кај христијанството, и кај исламот, говори за задоцнетост за разгледување на религијата во контекст на етничкото формирање, на формирањето на етничката култура и др. Но кај јудеизмот тие моменти не можат да бидат одминати, затоа што еден народ, кој постои испрекинато во продолжение на илјадалетија, без да ги заборави своите етнички корени и верската припадност, кај него тие се многу карактеристични. Тоа распрснување се случува по разрушувањето на храмот во Ерусалим во 70 г. од н.е. и конечно- во 132-136г. за време на востанието под водство на Вар Кохба, кога римјаните применуваат сурови репресивни мерки спрема евреите. Најнавредливото е тоа, што на местото на разрушениот храм во Ерусалим, е изграден храм на Јупитер Капитолијски. Евреите се востановуваат во различни делови на тогаш познатиот свет, патуваат по трговски зделки, но нивното единствено адресно место останува религиозниот центар -Синагогата. Како луѓе на перото пак тие непрекинато работат врз толкувањето на библиските текстови и така се појавуваат двата неколкутомни корпуси на Вавилонскиот и на Ерусалимскиот Талмуд. Тие текстови и, се разбира, редица други творби, сврзани со нивната етничка и верска припадност, ги зачувуваат евреите како етнос и јудеизмот како светоглед и како култ.
Пред големата дијаспора центар на верскиот и на етничкиот живот на евреите е Ерусалимскиот храм. Неговото неколкукратно разрушување и неколкукратно обновување е факт, кој се потврдува не само од писмените споменици, но и од археолошките откритија. Последните откриени пронајдоци, изградени од Ирод на местото на соборениот пред него Ерусалимски храм, е познато како зид на плачот, пред кој евреите одат и ја излеваат маката по изгубената поради нивниот грев храмова и државна духовна сила.
Јудеизмот има и лична изјава. Ортодоксниот евреин поставува кутија врз рамката на влезната врата, наречена мезуза, со текстови, земени обично од Тората - Мојсевото Петокнижие. При секое излегување од домот и враќање во домот тој ја допира мезузата со рака, по што ги бакнува прстите, кои се допреле до свештените текстови, поставени во неа. Тие, кои ја знаат содржината на текстовите во мезузата, ги изговараат полугласно во вид на молитва. Истото се однесува и на филоктирија (phylaktirion) или тефилина. Тоа е исто кутија со молитви. Од почеток филактирии или тефилини биле носени од првосвештениците, поставени над челото или преврзани врз едната рака. Подоцна тие тефилини се прифаќаат и од обичните евреи, приврзани на челото и на раката за време на сон, а потоа стануваат неопходен атрибут за сите во време на богослужба.
Текстовите, поставени во филактирија, се исто од Тората, а имено од книга Излез, гл.13, стихови 1-10; 11-16 и книга Второзаконие, гл.6, стихови 4-9 и гл.11, стихови 13-21. Филактиријата и мезузата се симболи на етнорелигиозна и етнокултурна заедница, која ги прифатила вредностите на Библијата како незаменлив закон и на храмот, во чија Светиња на Светињите се чувал ковчегот на Заветот, а подоцна Свитканиот пергамент на Тората - Мојсевото Петокнижие со натпис пред тој најсвештен дел на храмот: Да лифне ата омед - помни, пред чие лице стоиш. Станува збор за целосна етноверска и етнокултурна позиција, која се формира под силното влијание на верското мислење. Говориме за целосна позиција, а не за гранични ставови на етнорелигиозно мислење. Уште повеќе, дека за јудеизмот етничките верувања се надвор од библиската религиозност како општочовечки светоглед пред нејзиното етнизирање кај Мојсеј и нејзиното прифаќање како етносна религиозност. Би било многу недокажано меѓутоа да се смета, дека јудеизмот со целиот свој конзерватизам, поддржан од пророците и подоцна од свештеничкиот сталеж, не трпи никакви промени во култен однос. Тоа прашање може да изгледа незначајно, но од гледна точка на етносната верска насоченост, тоа не е без значење. Евреите по последното соборување на Ерусалимскиот храм и нивното распрснување, нивната етнокултурна изјава во поголем или во помал степен навлегува во полето на етносот, кај кого тие одат. Врз нејзиното формирање влијание врши и географскиот фактор, и етничката средина. Затоа не остава впечаток, дека раселените во африканскиот континент евреи кои со векови живееле таму, не се разликуваат по надворешен вид од локалното население. Она, кое го сочувало нивното етничко сознание за соприпадност кон еврејството, е религијата и религиозниот култ, извршуван на еврејски јазик, а како појава, т.е. како „свештен театар", според упатствата на Талмуда. Повторно се зафаќаме до проблемот религија-јазик, а тоа значи до улогата на тие два фактори при формирањето на етносот, дури на неговото институализирање како етнорелигиозна и етнокултурна појава.
Јудеизмот постои во контакт со безброј многу етнички култови и божества, за кои библиските автори пишуваат. Неговите адепти се во контакт со етноси и верски системи, во историски план, и по периодот на библиската писменост. Тие култови се множат не само поради множењето на етносите, но и поради нивното синкретизирање. Но и кај едниот, и кај другиот случај, верските претстави и култната обредност заземаат суштинско место во социјалниот и во духовниот живот на општеството. Се разбира, евреите и нивните сродни етноси не се сите следбеници на чистиот јудеизам. Не се малку доказите на самите библиски автори за преминување кон паганството и приспособување со потврдената ритуалност во култот спрема едно или друго божество. Во истото време претставниците на јудеизмот, главно пророците, се подбиваат над етничките верувања. Карактеристичен е заемниот однос меѓу пророк Илија и паганските свештеници на Ваал при принесување на жртвено животно. За него раскажува авторот на трета книга Царства, глава 18. Пророк Илија се подбивал со вааловите пагански свештеници и со целиот пагански пантеон. Откако вааловите пагански свештеници ја поставиле жртвата врз жртвеникот и сите нивни молитви кон Ваал да го запали жртвеникот и да ја прифати жртвата им остануваат залудни, авторот подвлекува: Попладне Илија почна да им се подбива и велеше: викајте повисоко, затоа што тој е бог; можеби се замислил или е зафатен со нешто, или е на пат, а можеби и спие, - тој ќе се разбуди. И тие почнаа да викаат високо и по својот обичај да се бодат со ножови и копја, така што крв течеше од нив". Слични моменти од етнологија на религијата се мошне интересни. Веќе стана збор, дека грчкиот филозоф Ксенофан говори, дека ако животните имаа раце и можеа да ги прикажуваат своите богови, тогаш тие ќе ги претставеа како самите себе. Користејќи ги тие зборови на филозофот, некои автори многу избрзано го објавуваат за атеист. Што да кажеме за зборовите на кардинал Николај Кузански (1401-1464), кои нашле место во неговиот трактат De visione Dei, VI, 185f. Тука тој пишува:„ Човек може да суди (за Бога) само по човечки. Кога човекот те претставува со лице (на човек), тој не те бара надвор од човечкиот вид, затоа што начинот на мислење е ограничен во област, која е внатре во човечката природа. Во своите размислувања тој не може да излезе надвор од сопствената природа. Затоа лавот, ако претставуваше сликовито, ќе те претстави со лице на лав, бикот - со лице на бик, орелот - со лице на орел". Што би кажале за тукушто цитираните зборови на библискиот автор и на германскиот кардинал?! Погледнати површно и одвоено од контекстот на излагањето, напишаното и од библискиот автор, и од Николај Кузански како мисла далеку го надминуваат реченото од Ксенофан. Но оценети од позициите на етнокултурното и етнорелигиозното видување на општеството, крајно јасни стануваат барем две работи:
1)Историјата не познава општество, кое не „пали свеќа" на некакво божество и
2)дека религиозноверските конфликти, судири и заедничко постоење се засведочени и тоа имено во Библијата, чија историска автентичност сериозната наука не ја демантира. Ако се зафатиме меѓутоа до доктриналноста на религиозните верувања, тогаш без никакво двоумење треба да го доразвиеме веќе споменатото, а имено, дека паганските религии се култови, а не светогледни системи. Јудеизмот е светогледна религија. Нејзината блискост во надворешно-култната изјава со етничките религии, се заснова врз традицијата, која доктриналниот јудеизам не ја отфрла со оглед на тенденцијата за претопување и постепено верско асимилирање. Во истото време избистрената доктриналност на јудеизмот не е кодифицирана. Т.е. пред евреинот нема дефинирани верски позиции, какви што морални позиции, во дефинитивен вид, Мојсеј дава на својот народ - Десетте Божји Заповеди. Само една од нив има доктринален карактер - дека Бог е еден и се останато е негово Творение и второ, дека Бог е невидлив, со други зборови Тој нема и не може да има никакви материјални димензии. Со други зборови, јудеизмот не ја познава догмата како филозофска „теорија" на верското мислење. Во истото време не треба да се смета, дека Библијата е туѓа на секаква доктриналност спрема верата во едниот Бог. Доктриналноста, која се изразува пред се во Неговата единственост, продира во секој библиски ред. „Верата во еден-единствен Бог исклучува почитување и богослужба на женско божество, кое е вообичаено за паганскиот свет кој ги опкружува евреите. Исклучени се и чувствените култови, сврзани со... двојки богови и богињи (Ваал-Анат или Астарта). Тој единствен Бог е семоќен и свет. Затоа во богослужбата библиските патријарси и нивните семејства бараат прочистување, помирување и осветување - не магично ритуално, но со цел за духовно издигнување". Тоа е единствената догма кај јудеизмот - верата во еден-единствен Бог, кој е Вечно Постоечки и не прикажан.
Во етнолошки план се поставува прашањето за богослужбениот култ во јудеизмот. Едвај ли може да има сомнение, дека евреите откако го почувствувале влијанието на етничките култови кои ги заобиколуваат, а некои од нив целосно преминале кон нив, дека не биле под влијание од нив во култот кон својот Бог Јахве и особено во изградувањето на култните места и градби. Во Библијата има многу податоци за различни светилишта, жртвеници и др., без меѓутоа да е откриена нивната форма и обем. Тие биле на различни места - до дрвја, до извори, на места каде што Бог ја покажувал својата благонаклонетост, на височини и др. За јудеизмот меѓутоа имало само три свети планини. Тоа е пл. Синај , на која Мојсеј ги добива Десетте Божји Заповеди од Бога. Сион, каде бил изграден Ерусалимскиот храм, место, сврзано со принесувањето жртви на Исаак. И планината Кармил, која била претворена во светилиште од многубошците. Но откако пророк Илија ги победува паганските свештеници, тој тука издигнува жртвеник на Јахве.
Многубројните култни градби, изградени и користени од приврзаниците на јудеизмот во голем степен „конкурираат" на етничките светилишта што се однесува до обединувањето на етносот и давање можност на верските претстави да ги изјават своите комуникативни, сигнификативни и др. функции. Верските претстави на евреите се изјавуваат и како етноинтегративен и верскодиференцирачки елемент, или накратко речено, како етноформирачки елемент.
Јудеизмот имал релативно оформен богослужбен ритуал, извршуван во храм. Првото спомнување за храм во библиските книги, е во I Царства, гл. 1, стр.9 . Се среќава исто и како Дом Господов. По форма првите храмови, градени од адептите на јудеизмот, не се разликувале суштински од останатите градби, освен по својот поголем размер. Во подоцниот период меѓутоа храмовите по обем, а во извесен степен и по распределба, се градат слични со дворците . Во тој однос тие подражавале на многубошците и градените од нив култни градби-светилишта.
Најсвештеното култно место за следбениците на јудеизмот и најсвештениот предмет во него, се скинијата и ковчегот на Заветот. Во верски и во етнолошки поглед тие имаат исклучително значење за евреите. Скинијата и ковчегот на Заветот ја потврдуваат колку верската вредност, толку и етничкото самосознание на евреите како богоизбран народ. Тие се видливиот, реалниот знак на тоа избраништво. Скинијата е белег за неделивоста на Бога од својот народ за време на патувањето низ пустината; за време на патувањето Мојсеј невидливо, но реално зборува лице во лице со Бога. Т.е. Бог преку својот пророк Мојсеј го води и заштитува израелскиот народ.
Мојсеј и скинијата, како и ковчегот на Заветот, се нов елемент во верскиот систем на јудеизмот. Во тие свештени работи јудеизмот ја гледа интегративната сила на Бога, која се изразува преку нив. Текстот, кој ќе го цитирам, говори имено за силата на верата, со други зборови за врската етнос-религија. „ И рече Господ на Мојсеј: тргни оттука и народот, кој го изведе од Египетската земја, и оди во земјата за која му се заколнав на Авраам, Исак и Јаков, велејќи: на твоето потомство ќе ја дадам, и ќе испратам пред тебе еден (свој) Ангел и ќе избркам хананејци, аморејци, хетејци, ферезејци (гергесејци), евејци и јевусејци, (и тој ќе ве одведе) во земјата, каде тече мед и млеко;... А Мојсеј зеде и си го постави шаторот надвор од логорот... и го нарече скинија на собранието; и секој, кој го следеше Господа, доаѓаше во скинијата на собранието, кое се наоѓаше надвор од логорот. И наведнат Мојсеј излегуваше, за да влезе во таа скинија, цел народ стануваше и секој стоеше пред влезот на својот шатор и гледаше по Мојсеј, додека влезе во скинијата. Кога пак Мојсеј влегуваше во скинијата, облачниот столб се спушташе и застануваше кај влезот на скинијата и (Господ) зборуваше со Мојсеј. И целиот народ го гледаше облачниот столб, кој стоеше кај влезот на скинијата; и целиот народ стануваше и секој се поклонуваше кај влезот на својот шатор. Тогаш Господ зборуваше лице во лице со Мојсеј, како да зборуваше некој со својот пријател"14. Зборовите се обични, а по стил можат да служат за пример на пишување. Човекот си го претставува Бога мислејќи како самиот него, но духовно стоејќи многу високо. Тој ветува и ги исполнува своите ветувања. А луѓето, кои се убедени, дека Бог е тој, кој ги заштитува, Му оддаваат почит. Критички расположениот спрема содржината на тој библиски фрагмент, и спрема целиот библиски текст, ќе ги отфрли верските моменти, но тој едвај ли би можел да се посомнева во неговите квалитети како код и како парадигма, кои се моделираат од следбениците на јудеизмот, ги поткрепуваат духовно и ја потврдуваат нивната етносна припадност; тој едвај ли може да најде доволно убедливи докази да одрече, дека религијата не е оној првичен импулс, кој ја пробива граничната линија меѓу био видот човек и останатите био виодови. А ако тие ставови се однесуваат кон јудеизмот, за да ги отфрлиме, ќе треба да ја демантираме целата историја на евреите како етнорелигиозна и, поопшто кажано, како етнокултурна група.
Скинијата, како и храмот подоцна, се симбол на Божјото присуство меѓу луѓето. Додадена кон поопштите културни појави, таа има не само сигнификативна вредност, но e пред се, комуникативен израз. Предметот на верата на евреинот, не е некаква апстрактна претстава; Бог не е ниту разлеан во реалноста, т.е. не станува збор за вид себожие, за пантеизам, ниту го набљудува своето творење без да зема однос спрема неговото битие - деизам. Бог во јудеизмот е таму, каде човекот го повикува. Скинијата, храмот се места, каде човекот, сам или во заедница, може да влезе во контакт со предметот на својата вера, имено затоа што тие места, му се посветени. Инаку Бог е насекаде. Може ли човек да се скрие на тајно место, каде јас не би го видел? - вели Господ. Не исполнувам ли јас небо и земја..." Или: „Така рече Господ: небото е мој престол, а земјата- подножје на моите нозе; каде тогаш ќе изградете дом за мене, и каде е местото на мојот покој."16 Следејќи ја таа општобиблиска доктриналност, Давид ќе изјави: „Каде да отидам од Твојот Дух и од Твоето лице каде да побегнам? Ако се вознесам на небото, Ти си таму; ако слезам во пеколот, и таму си Ти. Ако ги земам крилјата на зората и се преселам покрај море - и таму Твојата рака ќе ме поведе, и Твојата десна рака ќе ме запре" . Во TOJ текст и поетичноста не може да се игнорира, затоа што извира од една преполнета душа. А душата - тоа е самиот човек. Тие зборови на Псалмопејачот цар Давид не ли се во синхрон со реченото од филозофот Аристотел, во неговиот трактат „Поетска уметност", дека „поезијата е посериозна и пофилозофска од историјата". Тој библиски текст, во врска или без врска со зборовите на Стагирит, погледнат од позицијата на етнологија на религијата, не го оправдува само називот на оваа научна дисциплина; тој го открива и нејзиниот филозофски и општокултурен карактер. Затоа што колку и да е зависен од она, кое физички го одржува неговото био, човекот е човек не само, бидејќи патува во времето и пространството, а можеби најмалку затоа е човек, затоа што и останатите живи организми, сознаваат или не сознаваат, тие исто патуваат во времето и пространството, а затоа што создава нешто, кое влијае врз својот создател, позитивно или негативно, но влијае. „ ... Човекот, пишува Леон Батиста, се раѓа не да постои во жална неактивност, туку да работи над големи и грандиозни работи" . Оваа мисла не ли се синхронизира со кажаното од Исус Христос: Бидете совршени, како што е совршен вашиот небесен отец". Во таа смисла би можел да кажам, дека човекот ја создал и својата религија, и своите богови. Но дури да прифатиме сличен став како основна позиција, која не само во тенденцијата е атеизам, ќе треба да одговориме на прашањето: добро, но ако е така, зошто религијата не исчезна во следните години, кои според некои се милиони? Одговорот може да биде еден - човекот не ги создава Бог и религијата, туку спротивното - Бог е тој, кој ги создал човекот и религијата. Оваа позиција a priori прифатена, е во границите на разумот, а не надвор од нив. Дури тогаш, кога религијата навистина го занемарува Бог-човек и се изгуби во раскажуваното, во митологијата, човекот и тогаш ја зачувува идејата за божјото совршенство, пренесувајќи го врз посебни од него луѓе, животни и предмети. И тогаш, кога човекот се загубил во густите нечепнати шуми на незнаењето, сочувува искричка од првата врска меѓу себе и Почетокот на секој почеток, кое тој го нарекол Бог. Во Библијата оваа митолошка ниша е пополнета со содржината на верата во вистинскиот Бог, т.е. сочувана е искрената линија човек-Бог. Митското, без да е туѓо на библискиот автор, тоа не е основното во неговата мисла; таа е задржана на рамништето, кое и денешниот човек го прифаќа како најразумно и филозофски докажано. Светот постои, затоа што има свој Создател -часовникот, телевизорот и др. ги има, затоа што имаат свој конструктор. И, ако сепак може да се каже, дека и часовникот, и телевизорот се дело на единствен човечки разум, тогаш светот е создаден од единствен Бог, кој што е Севишен , пред кого нема друг Бог , и по него нема друг Бог. Овој основен верски постулат во јудеизмот наоѓа човечки израз во мислата, дека Бог не се собира во никаков храм. Храмот е симбол и изјава на претставата кај човекот за Неговото присуство насекаде.
Ковчегот на Заветот кај евреите има не само симболично, но и реално етноинтегративно и етноформирачко значење. Од формална гледна точка тоа е обичај, карактеристичен за многу древни народи , но неговата конкретна вредност за евреите се определува од позицијата, дека во него се чуваат Десетте Божји Заповеди, кои Бог ги дал на евреите преку Мојсеј. Оттука присуството на оваа свештена реликва во скинијата, а потоа во изградениот Соломонов храм, говори за значењето, кое и е придадено за формирањето и потврдувањето на етнорелигиозната идентичност на Еверовите потомци, подоцна нарекувани евреи. Во египетски документ од XIV в. пр. н.е., евреите се наречени хабиру (Бит. 14,13). Тоа се таблиците од Тел - ел - Амарна. Имено, Хабиру веројатно има заедничко потекло со името haever-Евер, при што „ха" е определен член, а „у"-то заменска форма. Во етнологија на религијата овој факт не буди никаква недоумица, откако слични реликви симболи поседуваат исто етноинтегративна карактеристика, например, свештениот црн камен Кааба во исламот.
Во библиските книги бог не еднаш е нарекуван „Свет". Таа дефиниција на еврејски е акадош, а на грчки ауго^. Замислувајќи се врз семантиката и дури врз етимологијата и на едниот, и на другиот збор се гледа, дека тие се сврзуваат со „светлина" и со „чистота". Свето е чистото, како и спротивното - чистото е свето. „Чист е зборот Господов" и „Тој го спомна Својот свет збор..."26 Светоста и чистотата се посебен код и парадигма, кои евреинот ги следи. Девијацијата од нив води до проклетство, кое минува преку лагата, обвинувањето итн. За да бидат заштитени од злото јудеизмот им дава на своите следбеници симболи и парадигми, кои тие треба да ги следат, ако не сакаат да се лишат од божествената закрила. Таков еден симбол и парадигма за јудеизмот е празникот Шатри - суккот. И не само тој. Бог му кажува на Мојсеј да „ги соопшти на синовите израилеви... Господовите празници, на кои треба да се свикаат свештени собранија. Еве ги моите празници: шест дена можете да вршите работа, а седмиот ден е сабота за одмор свештено собрание; никаква работа не вршете: тоа е Господовата сабота во сите ваши живеалишта. Ете ги господовите празници, свештените собранија кои треба да ги свикувате своевремено во првиот месец, на четиринаесеттиот (ден) од месецот, вечерта е Пасха Господова. А на петнаесеттиот ден од истиот месец е Господовиот празник Бесквасници; седум дена јадете бесквасни лебови; во првиот ден имајте свештено собрание; не вршете никаква работа; и преку седумте дни принесувајте жртви на Господа; во седмиот ден исто така да има свештено собрание; не вршете никаква работа... Кога ќе дојдете во земјата, која ви ја давам, и почнете таму да жнеете жетва, првиот сноп од жетвата донесете го на свештеникот; тој ќе го крене тој сноп пред Господа, за да придобиете благослов; на вториот ден од празникот свештеникот да го крене; и во денот, кога се крева сноп принесете како сепаленица на Господа шилеже, без недостаток; и заедно со него за лебов принос две десетини од ефа пченично брашно, измешано со елеј, како жртва на Господа, за пријатна миризба, и за изливање кон Него четврт ин вино; никаков нов леб, ниту сушени зрна, ниту сурови не јадете до денот, во кој ќе принесете дар на вашиот Бог: тоа е вечна наредба во вашите родови по сите ваши живеалишта. Изберете си од првиот ден по празникот, од денот, во кој го принесувате снопот за очистување, седум полни седмици, до првиот ден по седмата седмица избројте педесет дни, и тогаш принесете му на Господа нов лебов дар: од своите живеалишта принесувајте, како прв плод на Господа, два леба за кревање, кои треба да бидат од ефа пченично брашно и квасни испечени. Заедно со лебовите донесете седум јагниња без недостаток, едногодишни и од крупниот добиток еден бик и два овена без недостаток; да биде тоа за сепаленица на Господа и лебов дар и изливање кон нив, во жртва за пријатна миризба на Господа. Пригответе исто од козјото стадо еден јарец како жртва за грев и две шилежиња за мирна жртва (заедно со лебот од првиот плод). Свештеникот треба да го принесе тоа, очистувајќи го пред Господа, заедно со очистените лебови од првиот плод и со двете шилежиња и тоа ќе биде светиња на Господа... И свикајте го народот во тој ден имајте свештено собрание, никаква работа не вршете: тоа е вечна наредба по сите ваши живеалишта во вашите поколенија. Кога жнеете жетва во својата земја, не ја дожнивајте својата нива докрај... и останатото од твојата жетва не го собирај: остави го за сиромавиот и дојденецот... И рече Бог Господ на Мојсеј... кажи на синовите израилеви: во седмиот месец, на првиот (ден) од месецот, имајте одмор, празник Труби, свештено собрание (имајте); никаква работа не вршете и принесувајте жртва на Господа... И на деветиот (ден) од истиот седми месец, во денот очистување, имајте свештено собрание; смирувајте си ги душите и принесувајте жртва на Господа; никаква работа не вршете во тој ден, затоа што тоа е ден за очистување, за да се очистите пред лицето на Господа, вашиот Бог. А секоја душа, која не се смирува во тој ден, ќе биде истребена помеѓу својот народ. Ако некоја душа врши некаква работа во тој ден, таа душа ќе ја истребам помеѓу нејзиниот народ. Никаква работа не вршете: тоа е вечна наредба во вашите поколенија, по сите ваши живеалишта; тоа за вас е сабота за одмор и смирувајте си ги душите од вечерта до деветиот (ден) на месецот; од вечерта до вечерта (на десетиот ден од месецот) празнувајте ја вашата сабота. И рече Господ на Мојсеј... кажи на синовите израилеви: од петнаесетиот ден на истиот седми месец е празник Шатри, седум денови за Господа; во првиот ден да има свештено собрание, никаква работа не вршете; преку седумте дни принесувајте жртва на Господа; на осмиот ден да имате свештено собрание, и принесувајте жртва на Господа: Тоа е оддание на празникот и никаква работа да не вршите. Тие се Господовите празници, на кои треба да се свикуваат свештени собранија, за да принесувате жртва на Господа, сепаленици, лебов дар, заклани жртви и изливања секое во својот ден, освен Господовите саботи, освен вашите дарови и сите ваши оброци и се, принесувано по ваша грижливост, што давате на Господа. А на петнаесетиот ден од седмиот месец, кога ги собирате земните производи, празнувајте го празникот Господов седум дена... во првиот ден земете си вејки од убави дрвја, гранки од палми и гранки од широколисни дрвја и од речни врби, и веселете се пред Господа, вашиот Бог, седум дни... тоа е вечна наредба во вашите поколенија; празнувајте го во текот на седмиот месец. Во сеници живејте седум дена... , за да знаат вашите поколенија, дека Јас во сеници ги населив синовите израилеви, кога ги изведов од Египетската земја... " .
Не е моја работа да се задржам на социјалната страна на празничниот и на обредниот систем во јудеизмот, но како факт таа не може да биде одмината. Освен спомнатите празници има и други, за кои се говори во други стихови и книги на Библијата. Не може да се одрече меѓутоа, дека сите тие претставуваат знаков систем, кој формира еден етнорелигиозен и етнокултурен код, кој останува неизбришлив и до денес. Тешко ми е да кажам, дали тие празници и сврзаните со нив ритуали се затечена за Мојсеј ситуација и тој само верски ги санкционира, или Мојсеј го поставува нивниот почеток како заповед на Севишниот Бог. Која од двете ситуации да се прифати, е сеедно, ако во содржината на тој празничен и обреден систем не се види симболот на верското единство, кое дејствува врз етносната интегративност, непрекинато поткрепувајќи ја идејата за богоизбраноста на тој народ - еврејскиот.
Карактеристичното за јудеизмот е, дека е присутно единство меѓу историјата на етносот и историјата на верата во Бога. Родовиот корен води кон Ное, чиј дом е спасен од Бога од големиот потоп. А тој е спасен, затоа што ја сочувал верата во едниот творечки почеток - Бога. Во библиски план етнос и религија заемно се преплетуваат и дополнуваат. Токму поради тоа празникот е претворен во етнорелигиозен елемент, а култот во парадигма на социјален однос и парадигма спрема своето сопствено етнорелигиозно и етнокултурно Јас. Интересното е, дека сите тие симболи и парадигми водат кон или најмалку потсетуваат за Бога на доброто и на љубовта. Тој не сака да се пролева човечка крв, затоа што човекот е Негов лик и Негова сличност, но сака да исчезне гревот и неговиот носител. Прочистувањето од гревот е резултат од раскајување и измолување на прошка од Бога. Таа е етнорелигиозната карактеристика на јудеизмот, која суштински се разликува од другите религиозни култови - пагански и оние, кои макар и доцна, се однесуваат кон светските и дури кон универзалните религии.
Но да се задржиме поподробно на еврејските празници. За некои од нив, ако не за сите, има искажани различни мислења, кои се однесуваат до етимологијата или до семантиката на нивните називи, за нивната врска со празничниот и култниот систем меѓу другите етноси кои ги заобиколуваат евреите и др. Ако не кај сите случаи, тогаш кај повеќето од нив, се говори за претставници на рационални етички школи, како да барањето на нивната смисла и содржина, етимологија и семантика, во самиот библиски текст, не се заснова на разумна основа.
Објавувањето на саботата за ден за одмор е извршено од Мојсеј по изведувањето на евреите од Египет и по определувањето на местото за населување во градовите Бецер, Рамет, Голен и др. Во овие градови можеле да се населат оние кои извршиле ненамерно убиство, за да не бидат убиени во знак на одмазда . Мојсеј не објавува ниту еден празник од свое име, а го санкционира со името на Бога. Затоа што Тој склучил Завет со нив на планината Хорив ; Тој ги иселил од Египетската земја и затоа не друг, а Бог заповедува евреинот да го чува саботниот ден и да го празнува. Шест дена да работи и да ги врши сите свои работи, а во седмиот ден - саботата целосно да ја посвети на Бога . Според библискиот текст Мојсеј не ја избира самоволно саботата; овој ден е избран „ затоа што во шест дена Господ ги создаде небото и земјата, морето и се што е во нив, а во седмиот ден се одмори; затоа Господ го благослови саботниот ден и го освети". Етимолошки Шаббат значи „ одмор од работа, но во случајот законодавецот прави двојна врска со Бога - еднаш, бидејќи самиот Тој се одморил по шестдневното создавање на светот и вторпат, бидејќи наредува и луѓето, откако се труделе шест дена, седмиот ден да биде за одмор, посветувајќи го целосно во служба на Бога. Тука Мојсеј ги преплетува и тоа многу умешно, социјалните односи со верата. И тие двете-социјалните односи и религијата - ја формираат психологијата на етносот, поткрепувана потоа од јудеизмот како светоглед и како култ.
Кај јудеизмот празнично-обредниот систем како код, се покажува многу силен, затоа што доаѓа од Божјиот глас, предаден на народот преку пророците. Тој ги формира не само верските претстави, но ги регулира и социјалните односи и дури односот на евреинот спрема земјата. Во седмиот ден Бог се одморил од се, сторено дотогаш; во седмиот ден одмора и човекот и тој одмор, кодифициран и во Талмуда, ги опфаќа сите негови дејности. Бројот седум се зачувува и спрема седумгодишниот циклус, кога земјата се остава да одмори и во која година робот треба да биде ослободен. Робот треба да биде ослободен и при нанесена телесна повреда, например избивање на заб, повреда на око и др. . Дури, ако волот на еден стопан го прободе робот или робинката на друг стопан, тие добиваат определено обештетување, а самото животно го убиваат со камења . Овие Богодарувани празници на евреите со тек на времето се претворени во веселба или пак обединети со некоја паганска свеченост. На овие своеволија јудеизмот како верска доктрина, реагира остро негативно. Бог, говорејќи преку устата на пророк Осија, изјавува: „.. .Ќе ја прекинам... секоја веселба, празниците... и новомесечијата... саботите... и сите свечености...". А преку пророк Исаија изјавува: „Не принесувајте веќе суетни дарови: Кадењето е непријатно за мене; новомесечија, саботи и празнични собранија не можам да трпам: беззаконие и празнување! Мојата душа ги мрази вашите новомесечија и вашите празници ". Изгледа, макар да нема конкретни докази, ако не сите, тогаш некои од празниците не евреите биле поставени во истите денови, во кои се празнувале и паганските празници и на тој начин, како што ќе видиме понатаму кај христијанството, се добивало ново верско натоварување. За јудеизмот тоа е само претпоставка, која меѓутоа не е без никаква основа. Во случајот се има предвид околноста, дека новомесечието например, никаде во Библијата не се говори за него како Богоопределен празник, се сврзува со саботата, но не во позитивна смисла, а како спротивна на Бога веселба 42. Во секој случај меѓутоа, без оглед на неговата содржина, новомесечието било празнувано од евреите и тоа се вклучува во нивниот етнорелигиозен стереотип.
Празнично-обредниот систем во јудеизмот е многу тесно сврзан со политичката историја на евреите. Тој нема апстрактно-верски карактер, а е една религиозна форма на претставување на јудеизмот како етнички верски систем. Секој еврејски празник има определена политичка основа, кај која религиозното не е „гарнитура" , туку придружен настан. Најголемиот празник во јудеизмот е Пасхата. Во науката има различни мислења за значењето на зборот и на коренот, со кои тој се сврзува 43. Во случајот овие мислења имаат место при истражување на етимологијата на зборот „пасха". Историски погледнато меѓутоа Пасхата како празник, е сврзан со излегувањето на евреите од Египет и нивното насочување кон Синај. Настанот, со кој се преплетува тој празник говори, дека станува збор за празник на евреите како етнос, на кои Бог им дава знак за нивното избавување од египетското ропство 44, а не за празник на посебното семејство. Неговото празнување во семејството има интегративна вредност. Самиот библиски текст го генерализира настанот. За тоа говорат следните места од гл.12 на кн. Излез. Во стиховите 3 и 4 се спомнува за жртвеното јагне, кое секое семејство треба да го принесе како жртва. Ако семејството е малубројно, дозволено е едно жртвено јагне да се користи од две семејства. Стих 6 меѓутоа ја сврзува жртвата со целото општество, кое „...да го заколе целото собрание на израилското општество...". Т.е. жртвата се пренесува во одделните семејства или родови, но е по повод настанот, кој го обединува целото еврејско општество. А тоа е нивното ослободување од египетското ропство.
Следењето на историјата и суштината на празниците меѓу еврејското општество ја потврдува тезата за нивната етносна насоченост и припадност. Култната страна се остварува по востановено правило - канон, изложен во некоја од библиските книги. Второ, сите празници се директно сврзани со етносот и имаат нагласено интегративно-диференцирачки карактер. Со други зборови тие немаат апстрактно-верска вредност. Трето, едвај ли може да се одрече, дека во култната изјава се преплетени и некои пагански форми, чие отстранување не ќе можело да се одрази позитивно врз целите, кои се следат, макар што се се претставува како Божјо востановување и според тоа нарушувањето на посочените барања, не било дозволено. Но сето тоа ја нагласува врската етнологија-религија, разгледувана во аспектот етнологија на религијата. Т.е. повторно се објаснува врската меѓу нив. Нивното проучување не се движи во самостоен план.
Многу често во истражувањата ќе се сретне мислењето, дека не само во митологијата, но и во религијата, особено во култот, недостига линејноста. Се се движело во затворен круг. Слично мислење би било образложено, ако мит, религија и др. се разгледуваат само откај нивната материјална страна, без да се бара она, кое можеме да го наречеме метаматеријално, и кон кое човекот, без оглед на својот духовен развој, потсвесно се стреми. А тоа ќе рече, дека кругот може да постои и веројатно треба да постои, но овој круг се поткрепува од нешто, кое е над него. И тоа е, кон кое човекот, исполнувајќи ги обредите во нивниот цикличен план, се стреми без да сознава. Дури ако се прифати, дека даден ритуал има фолклорен почеток, во тој случај и тогаш цикличноста е формата, но не и содржината. Тоа, се разбира, не ја исклучува околноста оваа првична линејност да избледела до тој степен, што да е заборавена. Но токму тогаш се појавува прашањето: зошто човекот продолжува да се движи во тој затворен бесмислен круг? Нешто избледува и исчезнува тогаш, кога човекот ќе ја разбере неговата празнина и ќе најде нешто друго, кое ќе го замени. Кај јудеизмот затворениот круг, цикличното е живецот, кој ја одржува свежа врската меѓу човекот и Бога. Празникот Шатри, Пасха или некој друг, е верски и етнички код, кој ја зачувува жива врската како меѓу посебните претставници на етносот на евреите, така преку верата во Бога, се одржува не само пламенот на минатото, но и живиот оган на иднината. Ако кај јудеизмот недостасуваше имено тоа, тогаш фолклорниот елемент, каков што неспорно постои во секоја култна изјава, во идните времиња би бил театар, достоен за сожалување. А имено во тие „театарски претстави" - религиозните култови се извишувала, а се извишува и денес, човечката мисла за пишување на поезија и на музиката што ја придружува. А свештената книга на јудеизмот - книгите на Стариот Завет содржат многу места, кои се примери на поетско мислење. Кога се зачитуваме во Псалмите на цар Давид, си го поставуваме прашањето: Зар авторот на тие дела не бил обземен од религиозен опиум, или токму затоа што бил опијанет, напишал таква возвишена поезија? И ненамерно сакаме таков опиум и во таква голема доза да примат и современите поети, за да почнат да пишуваат како библискиот цар Давид. Таа библиска поезија е сврзана, пред се, со верата во Бога, но таа не е одвоена и од она, кое се нарекува етнос. Токму преку поезијата, преку историјата, преку култот и др., кај јудеизмот се сочувува непрекината врската Бог-човек, Бог-општество, Бог-човештво. Религијата е етносна потреба, чија суштина на таа потреба ја има димензијата да го сочува и одделниот човек на нивото на човечкото достоинство кое му е дадено. Библискиот автор го прашува Бога, што е човек па го помниш и син човечки, па го посетуваш. Си го понижил со мало нешто спроти ангелите, со чест и слава си го овенчал. А кога човекот го заборави или не обрнува внимание на своето човечко достоинство, тој се претвора во црв, во хула за луѓето и е презиран од народот. Кај сите библиски текстови стои името на Бога - обраќање, пофалба, молитва, факт, кој без никакво сомнение говори за неделивоста меѓу етнос, меѓу човек и религија. Но таа не е центар на животот ниту за одделната личност, ниту за етносот како целина. Центар не се ниту храмот, ниту свештените места, ниту жртвите; тие се средство за воздигнување кон центарот - Бога. Според тоа тие не се и симбол или само симбол, како што е например Ковчегот на Заветот, чуван во Светиња на Светињите на храмот. Тие си остануваат „скала" за искачување и приближување кон Постоечкиот. Но не може да се одрече и околноста, дека храмот и подоцна синагогата за претставниците на јудеизмот се симбол и центар на народното и национално достоинство. За нив тие се единствените места, каде што тие застануваат пред самиот себеси и преку богослужбениот обред и молитвениот текст, се враќаат во својата историја со надежта, дека се, што се извршува во храмот или во синагогата, е нов поттик кон нивното целосно лично и национално постоење. Верата во едниот Бог го прави тоа, кое јудеистот е, и што сака да биде. Кај адептите на јудеизмот токму тие верски работи се особено карактеристични. Без нив не би можела да се објасни околноста, дека тие, бидејќи се во дијаспора во сите делови на земјата, го придобиле надворешниот израз и дури психологијата на народот, меѓу кој тие живеат, поседувајќи или немајќи висок општествен статус, нивниот поглед секогаш е насочен кон Ветената земја. Тој момент е запечатен во молитвените текстови, во кои етничка и верска припадност се неделиви. Ако има некаков компромис во верските претстави, тогаш компромис е направен пред тоа или истовремено со тоа и во неговите етнички претстави. Но прашањето е дали адептите на јудеизмот прават верски и етносни компромиси. Библиските и небиблиските текстови не даваат основа да се смета, дека евреинот е подготвен за компромис со својата етничка и верска припадност. Библиските податоци за отстапување се поскоро расветлување во историски план на проблемот за доброто и злото, следејќи ја нишката на пророштвата за доаѓањето на Месија, чиј почеток е Давидовиот род. Во подоцнежните текстови и особено по појавата на исламот има податоци за евреи, кои прифаќаат друга вероисповед, а според тоа и туѓата етничка
припадност. Слични податоци можат да бидат посочени и за други периоди, но во случајот е важен не особениот факт, туку процесот, кој јудеизмот како верска доктрина го потврдува.
Тоа не значи, дека во јудеизмот недостига криза во верските претстави и скршнување кон други култови. Библиските автори без да се акцентираат врз тие моменти, мошне јасно ги нагласуваат. Но тие го нагласуваат и тоа, дека секогаш, кога евреите забораваат, дека се Богоизбран народ, кому му е судено да ја сочува идејата за Месија, и од кој народ ќе произлезе Спасителот по тело, биле казнувани од Бога и враќани повторно на вистинскиот пат.
Библиските автори се или пророци, или такви, кои ја расветлуваат историјата на евреите. Но и едните, и другите се личности, кои се движат не само по гребенот на брановите, но проникнуваат во длабините на обичните социјални односи. Таму тие го откриваат отстапувањето од чистата вистина, но и местото на нераскинливата врска меѓу вера и засебен човек и во поширок план, меѓу вера и општество. Во случајот не станува збор за фолклорни мотиви, кои сами по себе говорат за неделивата врска меѓу вера и општество, а за формирањето на социјални односи, кои поткажуваат за нарушена состојба меѓу верски принципи и човечки заемни односи.
Не станува збор и за социјална основа на верското, а токму за спротивното - за одделување на едното од другото. Тој раздвојувачки процес е под нишанот на библиските писатели. Во него тие го гледаат издигнувањето на ѕидот на социјалната нееднаквост - нешто, кое противречи на основната идеја на јудеизмот - идејата за еднаквото достоинство на сите луѓе. Во грчката митологија богот Херкул ги чисти авгиевите штали за добиток, за да ја покаже вредноста на секој труд. Еврејскиот пророк на преден план го истакнува човекот, затоа што е ореол на Божјите созданија; тој стои малку пониско од ангелите, но е овенчан со чест и слава . Врз тие доктринални ставови се гради и нивната критика спрема јунаците на денот и оние, кои со своите дејства се пример за останатите. Пророк Осија, измачен од духовната пропаст, која ги опфатила сите слоеви на општеството, ќе ги изрече зборовите: „Чујте ја проповедта Господова, синови Израилеви; ...Господ има суд со жителите на оваа земја, бидејќи нема ниту вистина, ниту милосрдие, ниту богопознание на земјата. Клетва и измама, убиство, кражба и прељуба премногу се распространија, и крвнина оди по крвнина ". Пророкот изјавува, дека тој народ ќе биде истребен, затоа што нема знаење, бидејќи срцето му е обземено од блудство и од пијанство, ги почитува идолите итн. Тоа е расказ за социјални заемни односи, кој по внатрешна наситеност е оригинален. Во него присуствува не само човечкото, не само фолклорното, но и доктринално-верското. И тие се така преплетени, што нивното разделување ги лишува од внатрешна содржина.
Уште посилен во своите изобличувања спрема злото меѓу општеството е пророк Михеј. Во основата на неговата критика стои филозофијата на јудеизмот, заборавена од народните водичи. Затоа тие го мразат доброто и сакаат злото, ги дерат кожите на луѓето „и телото од нивните коски". Сред општеството се движат пророци и гатачи , а „неговите главатари судат за подароци, неговите свештеници учат за плата, неговите пророци претскажуваат за пари... Затоа, поради вас Сион ќе биде разоран како нива, и Ерусалим ќе стане купиште урнатини...". Секаков коментар кон тие зборови е излишен, затоа што нивната вистина е засведочена и од секојдневноста, и од историјата.
Верата во Бога, сред адептите на јудеизмот, се одржува од живата совест на општеството - пророците. За пророк Исаија израилскиот народ е лозје на врв планина. Тоа лозје е исчистено од камења, направена му е ограда и е издигната кула по неговата средина. Тоа лозје е домот израилев, кој не дава никакви здрави плодови. Јазикот е средство за навлегување во длабините на проблемот вера и народ и дури на одделниот човек. Заклучокот е категоричен и во него нема никаква симболичност. А тој е: „Тешко вам, кои притурате куќа кон куќа, кои присоединувате нива кон нива, така што за другите не останува место, божем само вие сте населени на земјата... тие многубројни домови ќе бидат пусти, тие големи и убави куќи - без жители " .
Во јудеизмот доктриналното и етичкото тргнуваат од една општа основа и служат на една општа цел - верата во Бога. Одделниот човек, одделниот етнос се носителите на таа општа цел, која се заснова врз основни постулати, а имено, дека верата во Бога е „вградена" кај човекот -таа недостига кај останатите биогени видови; таа е неговата духовна суштина. Затоа човекот секогаш е во верата или ја бара верата. Тој, оставен на крстопат, лишен од знаење и морал, се оддалечува од вистинскиот пат на верата во Бога и тргнува по патеки, кои не се ништо друго, освен сурогати на вера. Лишувајќи се сам од вистинскиот Бог, човекот си создава богови, затоа што нема ништо, кое да е ништо. Се е нешто и се пополнува со нешто. Дури тоа „нешто" да е апсолутно „ништо", од гледна точка на здравата човечка мисла. Така се појавуваат етничките култови, за кои кај библиските автори, како што веќе беше посочено, има многу податоци. Тие автори пишувајќи за непрекинатата борба меѓу верата во Бога и безбожноста, која се изразувала во поклонувањето на измислени култови, ја засведочуваат вечната вистина за предпочетната борба меѓу доброто и злото. Тие повторно и повторно го нагласуваат непрекинливото единство меѓу верата во Бога и моралот. Колебањата во верско-доктриналната скала се одразуваат врз етичките вредности и дури во социјалните односи, чија морална карактеристика се заснова главно врз недостигот на морал, отколку врз определен морален кодекс. Старозаветниот пророк, поаѓајќи од верските принципи на јудеизмот, ја жигосува аморалноста. Токму затоа многу од нив се убивани, изгонувани, затворани и др. .
Пророците се стражари на доброто сред претставниците на јудеизмот. Кај нив Јахве не е само единствениот Бог, патеките кон храмовите на Кого не треба никогаш да тревосаат; Тој е симбол на доброто и на вистината, на моралот и на законитоста. Беззаконието, недостигот на морал, се резултат од неинформираност. Аморалноста според библиските писатели е беззаконие, кое е заговор против доброто, кое добро не е ништо друго освен Творецот Бог.
Библијата е неисцрпен извор не само за етнолошки истражувања, но и за истражување во областа на етнологија на религијата во сите нејзини аспекти. Библиските автори дури сведочат за почетни знаци на ереси, но повторно во етнолошки план. Доволно е да се спомне за две такви појави, за т.нар. рехавити и самарјани. Рехавитите се тие, кои се искажуваат против туѓите религиозни верувања и особено против оддавањето божествени почести на Ваал. Рехавитите се вид аскетска секта спрема јудеизмот. Тие не поседувале имоти, не сееле житни посеви, не одгледувале лозја и не пиеле вино. Нивната мечта била враќањето кон времето на вистинското богопознание и богослужење, какво што тие го сметале времето на Мојсеј. Рехавитите живееле претежно во шатори, постојано патувајќи меѓу народот, жигосувајќи ја неговата верска и духовна распуштеност. Според пророк Еремија рехавитите биле вистински адепти на јудеизмот.
Споредувајќи ја дејноста на пророците меѓу претставниците на јудеизмот со таа на рехавитите од гледна точка на нивното место во општеството со оглед на неговиот културен просперитет, без никакво сомнение се разбира, дека нивните цели се едни и исти, но средствата, кои тие ги користат, се различни. Додека пророците гледаат напред, тогаш тоа „напред" минува преку, и е во зависност од верската доктриналност на јудеизмот, рехавитите го поминуваат одењето напред преку погледот назад кон Синај, т.е. преку чистата вера на Мојсеј и мирното ветре, придружувајќи ја запалената капина 62. Можеби токму таа скриена социјална ангажираност на рехавитите е причината за нивното постепено стивнување. Или поточно кажано, недостигот на социјална ангажираност на нивните верски принципи, индивидуализирање на верската доктриналност, станува причина за стишување на нивната дејност. Слична асоцијалност на верски принципи има и кај други религии дури и во христијанството, например столбништвото - појава, која постепено стишува.
Не подалеку од рехавитите во својата социјална изјавливост одат и самарјаните. Тие се сметале за чувари на законот, на обрежувањето, на саботите, на саботните години и др. Во истото време влијанието на паганската средина не можело да не се почувствува во нивната религиозна обредност. Соопштенија за тоа има во IV книга Царства, гл.17. Тука, редум со податоците за самарјаните, дека „тие го почитуваа Господа и на своите богови им служеа по обичајот на народите, од чија средина се иселија "63, со други зборови за сочувување и на паганските обичаи, авторот соопштува за изработувањето на ликови на пагански божества од различните етноси, т.е. станува збор за директно сведоштво за етносната суштина на религијата. „... Секој народ, читаме таму, си направи и свои богови и ги стави во олтари по светилиштата, какви што самарјаните си беа направиле - секој народ во градовите каде живееше; вавилонци направија Сукот-Бенот, кутијците го направија Нергал, ематците го направија Ашим, авијците ги направија Нивхаз и Тартак, а сепарваимците ги изгореа своите синови во оган во чест на Адрамелех(а) и Анамелех(а), богови сепарваимски.
Каков е култот кон тие божества, библискиот автор не соопштува. Изгледа, дека по својата суштина тие по ништо не се разликувале од сите останати пагански култови - крвни или бескрвни жртви, некаков вид свештен молитвен театар и др. Уште повеќе, дека недостигаат конкретни податоци за постоењето на суштинска разлика во жртвениот систем на древните народи, како и за формите на нивните богослужбено-молитвени собранија. Недостигаат конкретни податоци и за култната разновидност кај едно или друго општество, како и за формите на синкретизмот, каков што има не само во елинската епоха, но како што покажуваат библиските текстови, и многу порано. Кај сите случаи меѓутоа изворите соопштуваат за етносната припадност за спомнување или за прифатен религиозен култ.
Исто така штедливи тие се и спрема обредот погреб. Во Библијата нема ниту едно сведоштво за горење на трупот, но не еднаш се говори за положување на трупот. Но не завршува се до тука. Многу се сведоштвата за оплакување при погреб 66. Има сведоштва и за погребна процесија , и за изградувањето на погребен споменик. Може да се претпостави, дека како што раѓањето е сфаќано откај неговата сакрална страна, така и на погребот му е придавано сакрално значење. Недостигот на подробни податоци за самиот погребен ритуал не говори за негово одделување од верските претстави на приврзаниците на јудеизмот. Уште повеќе, дека кај јудеизмот животот и смртта се разгледуваат во линиски план. Смртта е само граница меѓу овдешното и ондешното, а не крај на човечкото битие, на неговата душа воопшто. Таа позиција кај јудеизмот има верско-доктринален карактер. Бог ја испитал добрината и верата на Јов, одземајќи му се. И кога се убедил, дека тој не отстапува од Него, двојно му вратил се, само синовите и ќерките му биле толку, колку и порано. Затоа што тие, кои Бог ги примил кај Себеси и оние, кои дополнително се родиле, исто стануваат двојно, како што биле удвоени неговите стада и богатства. Поаѓајќи од тој став, не без основа може да се претпостави, дека кај погребниот ритуал имало молитви, упатени кон Бога за покојникот. Имајќи ја во предвид доктриналната карактеристика на јудеизмот меѓутоа изгледа смртта била сфаќана како простување на починатиот со живите. Оттука и оплакувањето на покојникот и изградувањето на надгробен споменик, имале воспитна вредност за тие, кои остануваат тука -споменикот да ги потсети живите за достоинствата на починатиот. Јаков изградува споменик на Рахил, која починала при раѓањето на Венијамин, еден од основачите на израилевите племиња. Самата смрт е жална за живите, бидејќи се лишени од помошта на покојникот.
Јудеизмот се потврдува како етносна вероисповед. Неговите верски и култни симболи потсетуваат за Заветот меѓу Бога и избраниот народ од него - јудеите; обредниот и жртвениот систем на јудеизмот има директна врска и кон одделни историски моменти од животот на етносот. Оттука и неделивоста меѓу етносната и верската идентичност. Отстапувањето од верата, од нејзините симболи и др., води до избледување на етносната припадност. И токму затоа пророците се толку стриктни во исполнувањето на своите обврски да ги опкружуваат и штитат евреите од воодушевување од паганските култови кои сожителствуваат со нив.
Но етносно-верската припадност на јудеизмот има и друга страна. Верата кај него не е само етносно одржувачка сила; таа е и негова ограда и преграда за навлегувањето на други етноси сред богоизбраниот народ. Јудеистот не мисионерствува сред останатите етноси, затоа што верата му е Богодадена на него самиот како богоизбран народ. Тој не го присилува дури туѓоетничкиот роб да ја прими неговата вероисповед, затоа што тоа исто е нарушување на верскиот принцип за богоизбраништвото на евреите. Обрежувањето, симбол на склучениот Завет меѓу Бога и еврејскиот народ има вредност и значење само кај етничкиот евреин.
Обрежувањето, како што беше посочено, постоело и кај други етноси, практика, која продолжува и до сега, но кај нив тоа има друга вредност. Кај племето нанди, кое живее во Британска Источна Африка, „кога на едно девојче му претстои да биде обрежано, тоа ги добива од своите сакани и почитатели во заем големите ѕвонци, кои тие обично ги носат на своите нозе, но по тој свечен повод можат привремено да ги отстапат на девојката. Бендисаното девојче често добива по 10 или 12 ѕвонци и ги носи сите, кога ја извршуваат болникавата операција врз неа. Штом завршат, таа ги става и растресува камбаните над својата глава... Ако разбереме зошто војниците нанди обично закачуваат ѕвонци на нозете, ние веројатно ќе разбереме зошто девојчињата ги носат истите звонци при обрежувањето " . Сето тоа говори, дека не може да има никакво сомнение во етносно припаѓачката суштина на јудеизмот, како и во неговата најважна социјална улога - моделирање на етносното сознание на евреите.
Но како што се нагласува таа етнодиференцирачка суштина на јудеизмот, не може да се избегне и прашањето за неговата социјална улога, која од своја страна има две насоки: социјална улога во смисла на моделирање на сознанието на своите адепти или, дека самиот тој како верска доктрина е социјално зависен, т.е., дека религијата воопшто е социјално зависна . Која од двете насоки да се прифати, е вистинито. Затоа што, како што не еднаш беше нагласено, религија има само таму, каде што има луѓе. За нив е таква неопходност, каква што неопходност е дури најниската култура, чии траги се откриваат по ѕидовите на пештерите, кај археолошките раскопини и др. Сама по себе меѓутоа религијата не е само култура, но и над културен феномен, затоа што ги оплодува и формира различните форми на култура. Нејзината симболика се претвора во симболика на сестраната култура, која човекот ја твори и која во силен степен влијае врз својот творец. Во верско-доктринален план јудеизмот го одрекува пластичното и иконографското претставување на богови и богињи. Но тој не ја одрекува возвишената проза и поезија, великолепната култна градба - храм или синагога, затоа што на Сесовршениот треба да му се посветува најсовршеното, кое човекот како божји лик и Божја сличност може да го создаде. И животното, кое тој го принесува како жртва на Бога, треба да биде без никаков недостаток, макар секоја жртва да е „храна за огнот". Таа е формална и кон неа Бог не покажува добра волја.

Download СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » » 

Besplatni Seminarski Radovi - Бесплатно семинарска работа

SEMINARSKI RAD