ГЛАВНА СТРАНИЦА

 
БЕСПЛАТНО СЕМИНАРСКА РАБОТА - СОЦИОЛОГИЈА
 

Глобализација

Глобализација е термин кој се користи за да ги опише промените во општествата и светската економија како резултат на драматично зголемената трговија и културна размена. Во специфично економски контекст се однесува речиси исклучиво на ефектите на трговската либерализација, односно слободната трговија. Помеѓу 1910 и 1950, по серија на политички и економски проблеми и колапси значењето и интензитетот на трговската размена беа сведени на минимум. Во поствоениот период на Втората светска војна, светската економија зајакна и драстично се зголеми, и сето тоа со помош на меѓународни економски институции и програми. Во периодот на 70-тите години ефектите на оваа размена станаа се повеќе видливи, односно се забележуваа и позитивните и негативните страни.

Под поимот "економска глобализација" македонската слободна енциклопедија "Википедија" подразбира слободна трговија и растечки односи помеѓу членовите на една индустрија во различни делови на светот со кореспондирачка ерозија на националниот суверенитет во економската сфера. Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ) ја дефинира глобализацијата како „растечка економска меѓузависност на држави ширум светот преку зголемен број и начини на прекугранична транскација на стоки и служби, послободен интернационален економски проток и побрза и поширока дифузија на технологијата“

Слободниот проток на стоки и капитал значи поголем избор за потрошувачите, повисоки животни стандарди и развој на економиите. Зголемениот обем на информации и нивната рамена доведува до поголемо разбирање на туѓите култури и до развој на вистинско мултикултурно глобално општество.

Но, за разлика од придобивките, критичарите на глобализациските текови истакнуваат дека развојот е за сметка на неразвиените земји. Учеството на најсиромашните земји во светскиот доход во последната деценија според истражувањата на престижниот универзитет "Колумбија" се намали од 2.3% на 1,4% како последица на експанзијата на глобализацискиот тренд. Дури и во развиените земји глобализацијата доведува до несигурност на работните места бидејќи поголемата мобилност на капиталот значи и негово лесно префрлање во подрачја каде цената на трудот е помала. Секако, не би можело а да не се напомене и ударот кој го трпат националните култури под "тиранијата" на американската култура пред се во телевизиските програми. Едно истражување на француското биро за филмска уметност и кинематографија истакна дека во француските кина дури 70% од проекциите отпаѓаат на холивудски филмови што за една култура каква што е француската е повеќе од поразителен факт.

Други критики на сметка на глобализацијата редовно испраќаат и еколозите кои велат дека корпорациите во нивната трка по профит и доминација на глобализираниот пазар ретко водат сметка за животната средина.

Сепак мора да се признае дека малку теми го поларизираа светското мислење така како што тоа го направи глобализацијата. Додека едни ја сметаат за пат кон иднината што ќе донесе невиден просперитет секому и насекаде, други во жестоки протести низ улиците ја обвинуваат дека е извор на нерешливи проблеми. Од каде потекнуваат овие огромни разлики?

Одговорот на ова прашање, иако не во вистинска смисла на зборот го дава сутдијата на нобеловецот Џозеф Е. Стиглиц.

Професорот на њујоршкиот универзитет "Колумбија" има интересен став за глобализацијата и придобивките како и негативните ефекти што ги предизвикува таа. Во своето дело "Глобализацијата и незадоволството од неа" Стиглиц прави разлика помеѓу корисната и штената глобализација. Своите полемики пред се ги врзува за Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка и фактот дека државите кои не се придржуваат до нивните директиви успејаа да ги почувствуваат бенефитите и позитивниот ефект од процесот наречен глобализација. За разлика од нив, помалку развиените земји, меѓу кои спаѓа и нашава сеуште се мачат во калот кој ММФ и Светската банка го направија форсирајѓи ги интересите на својот најголем акционер - Америка.


КОРИСНА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА


Од сите земји во светот, јужноазиските имаа најбрз раст и направија најмногу за намалување на сиромаштијата, а тоа го направија токму преку "глобализацијата". Нивниот раст се базираше на извозот - искористувајќи го глобалниот пазар за извоз и намалувајќи го технолошкиот јаз. Источноазиските земји ја искористија "глобализацијата на знаењето" за да ги надминат тие диспаритети. Но, додека некои од земјите во регионот остваруваа раст преку нивно отворање кон мултинационалните компании, други, како Кореја и Тајван, постигнуваа раст преку создавање на домашни претпријатија. Ова е главната разлика: секоја од најуспешните земји во глобализација самата ја одредуваше брзината на промените; секоја од нив водеше сметка придобивките да бидат рамноправно распределени; секоја од нив ги одби главните принципи на "Вашингтонскиот консензус" кои постулираат минимална улога на власта и брза приватизација и либерализација.
Во Источна Азија, Владите активно учествуваа во управувањето со стопанството. Индустријата за челик создадена од корејската Влада беше меѓу најефикасните во светот - многу подобра од конкурентите во приватниот сектор во САД (кои, иако се приватни, постојано добиваат заштита и субвенции од Владата). Финансиските пазари беа крајно регулирани. Истражувањата на Стиглиц покажуваат дека токму таа регулација промовираше раст. Дури кога овие земји, под притисок на Министерството за финансии на САД и ММФ, ја укинаа регулацијата, дојде до проблеми.
Во 60-те, 70-те и 80-те години, источноазиските економии не само што брзо растеа, туку беа и зачудувачки стабилни. Две од земјите што беа најпогодени од економската криза од 1997-98 година, во изминатите три децении немаа ниту една година со негативен раст - подобри перформанси од САД и од другите земји членки на Организацијата за економска соработка и развој ОЕЦД. Најважниот фактор што доведе до проблемите кои неколку земји од Источна Азија ги претрпеа во доцните деведесетти беше брзата либерализација на финансиските пазари и на пазарите за капитал. Накратко речено, земјите од Источна Азија имаа корист од глобализацијата затоа што направија таа да функционира за нив; дури кога потклекнаа под надворешните притисоци тии наидоа на проблеми. Доколку не потклекнеа на пртитисоците кои ги правеше САД со цел да ја заштити својата економија од конкуренцијата која се повеќе и го сепарираше и намалуваше профитот, азиските земји според Стиглиц за брзо време ќе успееа да формираат економски сојуз налик на Европската Унија што вистински ќе ги замрсеше сметките на "светскиот владетел". Повеќе од јасно е дека САД не сакаат уште едно име на листата на конкуренти на која веќе имаат еден силен опонент наречен ЕУ.
Глобализацијата може да резултира со огромни користи. Во земјите во развој, глобализацијата на знаењето доведе до подобро здравје, до зголемување на животниот век. Денес сме сведоци и на раѓањето на глобализирано граѓанско општество што почна да успева преку реформи како што е договорот за забрана на мините или простувањето на долгот за најсиромашните земји. И самото движење против глобализацијата ќе беше невозможно без глобализацијата.


МРАЧНАТА СТРАНА НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА


Но, ова не доведува до прашањето зошто дојде до контрадикторни ефекти. Одговорот може да се добие ако ги погледнеме економските елементи на глобализацијата што ги диктираат меѓународните финансиски институции, а особено ММФ.
Најпротивречните ефекти се јавија како резултат од либерализацијата на финансиските пазари и на пазарите за капитал. Кога ќе се промени мислењето на инвеститорите, парите се извлекуваат, оставајќи зад себе целосна економска пустош. На почетокот, ММФ тврдеше дека овие земји со право се казнети поради нивната лоша економска политика. Но, како што кризата се ширеше од земја до земја, штета претрпеа дури и оние што добија високи оценки од ММФ.

Либерализацијата на пазарите на капитал не донесе раст. Како може да се изградат фабрики или да се отворат работни места со пари што преку ноќ влегуваат и излегуваат од земјата? - беше прашањето што Стиглиц најчесто им го поставуваше на своите довчерашни колеги.

И Македонија е добра илустрација за таквата политика. Имено кога во државата влезе прилив на пари врз основа на продажба на некои капитални капацитети ММФ се погрижи средствата да останат во државните резерви како тие би си осигурале отплата на кредитот кој што Македонија го користи. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) нареди отпуштање на повеќе илјади работници од тогашното Електростопанство на Македонија,а нивниот план успешно го спроведе тогашната влада на Република Македонија и одговорните во ЕСМ. Како што пишува "Утрински весник"беа отпуштени самохрани мајки,роднини на загинатите бранители,лица кои факултетот го завршиле со просек 10.00 и сл.Многумина останаа без единствената парична помош која што влегуваше во нивното семејство,се заради болните идеи на ММФ која за единствена цел има целосно осиромашување на најсиромашните земји во светот и нивно колонизирање.ММФ им дава кредити со висока каматна стапка на земјите во развој, како Македонија, а за возврат бара и најчесто добива целосна контрола над буџетот на државата,отпушта вработени во јавната администрација за да парите останат во буџетот а одтаму да се преселат во нивните банки како отплата на земените кредити.ММФ воопшто не се грижи за економскиот развој на државата и нејзините потреби туку единствено ги гледа сопствените интереси.Така тие можат да спречат финансирање на проекти од државен и јавен интерес или доделување парична помош на талентирани уметници,истражувачи или лица кои освоиле највисоки места на различни натпревари. - пишуваат во својот коментар за неделникот "Капитал" членовите на антиглобализационата унија на Македонија.
Заради тоа ММФ е обвинувана од многу организации како причина за осиромашувањето и уништувањето на економијата на многу земји и главен виновник за големите разлики помеѓу богатите и сиромашните земји во светот.На сите антиглобалистички протести едно од основните барања е укинување на ММФ и спречување на нејзината глупава намера да владее со сиромашните земји.
За жал и Македонија е под целосна контрола на оваа групација која и во иднина планира нови отпуштања во Македонија во јавниот сектор пред се во здравството и образованието.Како парадокс е тоа што отпуштањата ќе бидат на национална основа односно ќе бидат отпуштани само Македонци, на чие место ќе се вработат Албанци како би го достигнале оној цензус од над 20% застапеност согласно Рамковниот договор. - енергични се од нашата антиглобализациона унија.

Голем број интелектуалци многу одамна се спротивставуваа на идејата за целосна соработка со ММФ,а еден од оние кои што уште во 1998 предупредуваа за негативните последици од соработката со нив беше и Благоја Самакоски, сопственикот на најреспектираната Македонска фирма за висока технологија и производител на првиот Македонски индустриски робот со што докажа дека на Македонија не и е потребна странска милост туку само давање на шанса на вистинските луѓе. Само после неколку години неговите предупредувања се покажуваат како точни. Во ваквите постапки на ММФ отвореноиот критичар на глобализацијата Стиглиц ја гледа нејзината темна страна.

Во некои свои изјави што ги пренесуваат весниците насекаде низ светот тој дури и смета дека плановите за развој на неразвиените земји кои ги креираат глобалните финансиски институции тенденциозно водат кон успорен раст што на високо развиените земји ќе им овозможи уште некое време (кое повторно го одредува ММФ) да уживаат во монополот кој им е овозможен.


УПРАВУВАЊЕ СО ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА


Џозеф Стиглиц смета дека во денешниот процес на глобализација имаме систем на глобално владеење без глобална влада. Меѓународните институции како Светската трговска организација, ММФ, Светската банка и други, обезбедуваат ад-хок систем на глобално владеење, но тој е многу далеку од глобална влада и не обезбедува демократска одговорност. Ова е веројатно подобро отколку воопшто да нема систем. Но, системот е структуриран на начин што не му служи на јавниот интерес и не обезбедува праведност.
Во меѓународната арена се слушаат само гласовите на финансиската заедница. ММФ поднесува извештаи до министрите за финансии и до гувернерите на централните банки. Една од главните точки во неговата агенда е да ги направи овие централни банки понезависни и помалку демократски одговорни. Тоа не би имало некакво влијание ако ММФ решаваше за прашања што ја засегаат само финансиската заедница, но неговите политики всушност влијаат врз секој аспект од животот. Тој ги принудува земјите да водат рестриктивни монетерни и фискални политики, го проценува соодносот меѓу инфлацијата и невработеноста, и во тој сооднос секогаш повеќе внимание и придава на инфлацијата.
Тоа што правилата на играта ги диктира ММФ (односно финансиската заедница) е проблем не само од аспект на вредностите, туку и на идеологијата. Доминантниот поглед на свет е оној на финансиската заедница, дури и кога доказите во негова полза се ретки. Всушност, убедувањата во однос на клучните прашања се толку цврсти што теориските и емпириските докази се сметаат за речиси непотребни.
Да се потсетиме повторно на позицијата на ММФ во врска со либерализацијата на пазарите на капитал. Како што беше истакнато, политиките на ММФ ги изложија земјите на сериозен ризик. Би можело да се помисли дека, со оглед на доказите за штетите, ММФ би можел да понуди изобилство докази во полза на исправноста на неговите политики. Но, такви докази немаше. Достапните докази укажуваа дека позитивниот ефект врз растот беше мал или воопшто не постоеше. Идеологијата му овозможи на ММФ да го игнорира отсуството на позитивни ефекти, но и целосно да ги занемари доказите за високата цена што земјите ја платија -потенцира Стиглиц.


А ШТО САКАШЕ САД ?!?


Декларирајќи се себе си како најголем борец против тероризмот САД направи потег кој од денешен аспект може да се карактеризира како тенденциозен или во најмала рака погрешен. Кога за време на кризите во Источна Азија глобалното внимание се сврте против таинствените банкарски центри, САД побрза да ги предупреди земјите во развој дека транспарентноста и отвореноста во врска со нивната економска политика се задолжителни елементи. Кога дојде на ред да се зборува за транспарентноста на ММФ и тајните банкарски центри министерството за финансии на САД експресно го смени ставот заборавајќи при тоа на "задолжителните елементи" за државите во развој.

Според Стиглиц тајната на ваквата "sunflower" политика на САД треба да ја откриеме помеѓу некои тешки финансиски криминали како што се избегнување на данок и перење пари што би биле единствена причина за нетранспарентност на ММФ. Со други зборови, по се изгледа дека тие само сакаа да го сокријат криминалот со кој големите сили "легално" го тероризираат светот во развој. Многу финансиски институции би можеле уште утре да бидат затворени поради бројни напуштања на легислативната рамка, но по се изгледа дека таквиот развој на настаните не им одговара на големите држави, а пред се на САД.

Нормално, ако се вратиме на фактот дека САД сакаше да се бори против тероризмот, а беше против транспарентноста на финансиските институции преку која ќе можеше да следи од каде се финансираат терористите се поставува она прашање "Што всушност сакаше САД?"

Има уште еден аспект од последиците на 11 септември што треба да се спомне. САД веќе беа во рецесија, но нападот уште повеќе ја влоши состојбата. А, со глобализацијата, погрешно водената макроекономска политика во САД , неуспехот да се креира делотворен стимулативен пакет има глобални последици. Земјите во развој на индустријализираните земји им велат: "Кога вие се соочувате со рецесија, го применувате рецептот од економските учебници: усвојувате експанзивни монетарни и фискални политики. Но кога ние се соочуваме со рецесија, вие инсистирате на спротивни политики. За вас дефицитите се во ред, за нас тие се недозволени" - завршува Стиглиц.
Џозеф Стиглиц (роден на 9 февруари 1943 година во Гари, Индијана) е американски економист и добитник на Нобелова награда за економија во 2001 година. Поранешен потпретседател и главен економист на Светската банка, тој е познат по своите критички погледи на глобализацијата и на меѓународните финансиски институции како Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Стиглиц е можеби најпознатиот современ економист со умерени левичарски убедувања. Џозеф Стиглиц од 1960 до 1963 година студира на Амхерст колеџот, а во четврта година се префрла на Масачусетскиот институт за технологија. Во 1967 година се стекнува со докторат на истата институција, а од 70-тите предава на Јеил, Станфорд, Оксфорд и Принстон. Денес Стиглиц е професор на Универзитетот Колумбија. За време на Клинтоновата администрација, во периодот од 1995 до 1997 Стиглиц е претседател на Советот на економските советници на Претседателот, за потоа од 1997 до 2000 година да работи во Светската банка како виш потпретседател и главен економист.Во времето кога веќе јасно почнуваат да се покажуваат негативните последици од политиката што ја спроведуваат ММФ и Светската банка кон неразвиените земји, Стиглиц почнува да станува сè покритичен кон таквата политика. Американската влада, а во прв ред секретарот за финансии Лоренс Самерс, реагираат до претседателот на Светската банка Џејмс Волфенсон да биде повлечен Стиглиц.Во тој период, во април 2000 година, во една своја статија за „New republic“, Стиглиц ќе напише:

„Ќе кажат дека ММФ е арогантен. Ќе кажат дека ММФ навистина и не ги слуша земјите во развој на кои треба да им помага. Ќе кажат дека ММФ е таинствен и дека не е подложен на демократска одговорност. Ќе кажат дека економските ‘лекови’ на ММФ често ги прават работите уште полоши – претворајќи ги застоите во рецесии, а рецесиите во депресии. И ќе имаат право. Јас бев главен економист на Светската банка од 1996 година до минатиот ноември, за време на најсериозната глобална економска криза во последниот половина век. Видов како одговори ММФ во тандем со Департментот за финансии на САД. И бев шокиран.“

Оваа статија беше објавена само една недела пред годишниот состанок на Светската банка и ММФ и предизвика силни реакции. Волфенсон, кој му даваше одредена заштита и поддршка на Стиглиц, под засилениот притисок од американската влада и грижејќи се за својот реизбор на чело на Светската банка, му дава отказ на СтиглицВо јули 2000 година Стиглиц ја основа Иницијативата за дијалог на политики, чија цел е да им помогне на земјите во развој да ги истражуваат алтернативите за своите политики и да овозможи пошироко учество на граѓаните при донесувањето на економските одлуки.Во 2002 година ја пишува својата книга „Глобализацијата и незадоволството од неа“, во која тврди дека ММФ ги става интересите на „својот најголем акционер“, САД, над интересите на посиромашните земји за кои е основан да им служи. При тоа, Стиглиц наведува причини зошто глобализацијата го предизвикува незадоволството кај нејзините противници, во прв ред при случувањата во Сиетл 1999 година и во Џенова во 2001 година. Оваа книга многу брзо стана бестселер и е преведена на повеќе од 30 светски јазици.Продолжувајќи со својот критичен однос кон глобализацијата во 2003 година ја објавува „Бурните 90-ти“, во 2004 година - „Новата парадигма за монетарната економија“, а во 2005 година - „Праведна трговија за сите“. Наскоро се очекува неговата најнова книга - „Да се направи глоболизацијата да проработи“.

Download СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » » 

Besplatni Seminarski Radovi - Бесплатно семинарска работа

SEMINARSKI RAD