ГЛАВНА СТРАНИЦА

 
БЕСПЛАТНО СЕМИНАРСКА РАБОТА - СОЦИОЛОГИЈА
 

МАГИЈАТА НИЗ ПРИЗМА НА ПРАВОСЛАВНОТО ХРИСТИЈАНСТВО


Зборот окултизам потекнува од латинскиот збор "occultus", што значи: нешто скриено и недостапно за мнозинството. Во сферата на окултизмот влегуваат различни необјасниви појави и дејствија, коишто се предизвикани од таинствени, нефизички сили.

Магијата по научна дефиниција е некој вид на необична моќ за која се смета дека му овозможува на човекот без соодветни природни средства да постигне дури и на далечина окултно, анормално влијание кое има принудувачко дејство.

Религијата и магијата се слични само привидно, поради оние две заеднички тези дека материјалната стварност не е единствената стварност, и дека постои извесна врска, взаемност меѓу материјалниот и духовниот свет. Заради тоа неупатените луѓе во проблемот, ги изедначуваат. Меѓутоа тие се и на психички и на етички и на догматски план, сосема спротивни една на друга. Религијата моли, магијата заповеда. Религијата прави од човекот послушен син Божји, магијата прави вообразен господар на светот, узурпатор на Божјите права и тутор над Божјата сила. Религијата сака да развие кај човек љубов кон другиот човек како кон брат, а магијата бара само корист и себичност. Религијата го врзува човекот со Бога, а магијата со демоните.

Врз основа на овие факти следи заклучокот дека религијата и магијата се не само суштински различни една од друга, туку се баш и спротивни. "На религијата разбрана како обожување и молитва, магијата е баш спротивна која што е атеистична" (Бергсон).

А Духот јасно зборува дека во последните времиња некои ќе отстапат од верата, слушајќи измамливи духови и ѓаволски учења" (1 Тимотеј 4:1)

Кога верата исчезнува, нејзиното место го зазема суеверието. Во тој поглед, човечката душа не ја поднесува празнината. Човекот е создаден според образот Божји (Бит.1,27), и од почетокот е насочен кон својот Творец. Но, кога ќе го загуби Бога во своето срце, настанатиот вакум бара да биде пополнет со нешто, а човекот ги прифаќа оние сурогати кои му ги нуди светот што го опкружува.

Заради тоа во ова наше безверно и еклектично време толку широко се распростанети некои, ако може да се каже, од некогаш одамна заборавени струи на окултните учења. Астрологија, хиромантија, магија, НЛО-феномени, екстрасенси, далеку источни култови, сето ова ги окупира умовите на милиони луѓе. Отсуството на цврста христијанска вера, отсуството на познавањето и поимањето на суштината на окултизмот и далеку источните религии, а исто така и активната пропаганда од најшироки размери од страна на некои одредени сили во светот го овозможуваат успехот на окултизмот во современото општество.

Во натамошното излагање претставен е односот меѓу Религијата од една страна и магијата од друга страна од повеќе аспекти, направена е анализа на магијата што е таа низ призмата на православното учешње и систематски е објаснета магијата.


2. Што е магијата односно окултизмот?

Зборот окултизам потекнува од латинскиот збор "occultus", што значи: нешто скриено и недостапно за мнозинството. Во сферата на окултизмот влегуваат различни необјасниви појави и дејствија, коишто се предизвикани од таинствени, нефизички сили. Окултните односно магиските техники се управуваат според следниве цели: 1) стекнување знаење недостапно на обични физички средства; 2) стапување во контакт со духови или натприродни сили; 3) стекнување вештини за манипулирање со тие духови или сили.

Магијата по научна дефиниција е некој вид на необична моќ за која се смета дека му овозможува на човекот без соодветни природни средства да постигне дури и на далечина окултно, анормално влијание кое има принудувачко дејство. "Магијата е, значи, наводно вештина, по која со помош на мистериозни постапки се предизвикуваат посакувани дејства на мистериозни сили кои се замислуваат во природата или над природата."

Магијата е обид на човекот насилно да потчини на себе се она што сака, да ја неутрализира секоја спротивна сила, да ја дознае иднината и постигне се што сака. Магијата е човечка измислица и техника која што се учи.


3. Библиското учење за појавата на магијата

Корените на магијата и на сите окултни учења се наоѓаат уште во древните времиња. Времето на нивното потекло тече паралелно со периодот од животот на Каин и неговите потомци. По братоубиството, бидејќи Бог го проколна (Бит. 4.8-16): "И си отиде Каин од пред лицето на Господа... потоа соѕида град...", "негови потомци биле "...Јувал, од него се народија гуслари и свирачи.... Товел кој беше ковач на секакви работи од бакар и железо". (Бит. 4.21-22). "А луѓето кога почнаа да се множат на земјата, и ќерки им се народија, тогаш синовите Божји, гледајќи ги ќерките човечки дека се убави, ги земаа кои што ги сакаа, за жени" (Бит. 6.1-2).

Според едно од толкувањата на тоа место, а кое го споделувале и многу отци и учители на Црквата , а исто така и според апокрифната книга на Енох, "синовите Божји" - тоа се духовни битија кои влегле во грешен сојуз со жените земни кои ги научиле на волшебништво и клетви. По ова кога "лошотиите на луѓето на земјата се големи" (Бит.6. 5-6). Како што бракот во Библијата не ретко означува соединување со Бога, истото во бракот на духовите со луѓето можеме да видиме симбол на новонастанатото многубожечко паганство (незнабоштво) со неговото поклонување на демоните, паганските богови, магија, астрологија и други видови на волшебништва.

Тука падниот човек се обидува да проникне во тајните на светот независно од волјата на својот Творец, да стане бог без Бога. Тука се јавува и повторува истото искушение кое го имала Ева во Едем (Рајот), кога Сатаната и се јавува во вид на змија и кога ја соблазни (излажа) да вкуси од забранетиот плод, ветувајќи и дека по тоа, таа и Адам ќе бидат како богови, кои го познаваат доброто и злото (Бит. 3,45). Но, нашите прародители наместо да станат "како богови", едноставно виделе дека се голи и се изложиле на големи несреќи заради предавството кон Бога и сојузот со Сатаната. Така било и во овој случај: добивајќи од забранетото (неблагословено) знаење, кое им го пренеле паднатите ангели од повисоките сфери, луѓето се повеќе потпаднале под влијание на Сатаната и уште повеќе се оддалечувале од Бога.
На луѓето тајните Божји им се откриваат според мерата на нивната духовна просветленост или кажано на друг начин, според мерата од задобивањето на Светиот Дух. Колку човекот повеќе се отвора и предава на Бога, толку повеќе започнува да живее со животот Христов, размислува, чувствува и твори подобно на Христа. како што е речено во Светото Евангелие според Јован "Ако некој Ме љуби Мене, ќе го пази словото Мое и Мојот Отец ќе го возљуби и ќе дојдеме при него и пребивалиште во него ќе направиме... за да бидат сите едно како што си Ти Оче, во Мене, и јас во Тебе, па така и тие да бидат во Нас" (Јн. 14,23: 17,21). Соединувајќи се со Бога, со Светиот Дух, со тој ист Дух човекот ги познава тајните Божји, ги прима силите и даровите со кои се користи само за добри дела во согласност со волјата Божја.

Паднатите ангели, врз основа на својата некогашна припадност на разните чинови на Ангелската хиерархија, во овој или оној степен биле посветени во тајните на битието. Овие познавања тие ги зачувале и по своето отпаѓање. Во согласност со ова демоните се обидуваат да го потчинат човекот под себе и да го врзат неговото внимание и интерес за себе (за демоните), откривајќи му на човекот некои „тајни" знаења и дарувајќи ги своите следбеници со натприродни способности. Совладувајќи ги тајните на магиските знаења, човекот станува способен да делува на луѓето кои го опкружуваат и на природните стихии, но притоа тој во потполност останува роб на нечистите духови од кои ги примил тие знаења. Во своето отпаѓање од Бога, демонските сили не можат ништо да создаваат, туку само да разурнуваат. Затоа и нивните следбеници во светот внесуваат разурнувачка и деструктивна сила, нанесувајќи на зло врз луѓето кои ги опкружуваат и погубно делуваат на материјалниот свет. Еве како за тоа сведочи книгата Битие: "И виде Господ Бог дека лошотиите меѓу луѓето на земјата се големи, и дека сите мисли и помисли во срцата нивни беа зли во секое време. И се покаја Бог што го беше создал човекот на земјата, па се огорчи во срцето Свое. И рече Господ: Ќе ги истребам луѓето што сум ги создал" (Бит.6. 5-7).

Ова се случило затоа што човекот во тоа општење со нечистите духови и користењето на нивните "дарови" (магијата, гатањето, астрологијата и др.) конечно паднал во разврат односно до крај отпаднал од Бога и се покажал неспособен да ја исполнува својата смисла и цел заради која беше создаден, не можел себе веќе да се реализира во доброто, љубовта и вистината, искачувајќи се по скалилата на духовниот развој кон конечно уподобување на Бога. Неговото понатамошно постоење станало - бесмислено.

Затоа Бог најпрво ги скратува деновите на човечкиот живот на 120 години (Бит. 6,3), а потоа, со понатамошното умножување на беззаконието го уништува и целото човештво кое било паднато во разврат, оставајќи ги само неговите најдобри претставници во ликот на праведниот Ное и неговите синови со жените нивни (Бит. 6,10).

Како што може да се види од горенаведеното, магијата, астрологијата и другите "дарови" на демоните, не само што не допринеле за процвет на човештвото и среќа на земјата, туку напротив, ја преумножиле омразата, безбожништвото, развратот и се што довело до пропаѓање на сиот древен свет.
По Потопот "тајните" на магиските и астролошките знаења не престануваат. По многуте сведоштва на старите, тие знаења биле грижливо скриени, а по Потопот повторно се понудени на човештвото кое се развивало. Ако ја разгледаме историјата на човечкиот род по Ное, можеме да видиме дека оние стари цивилизации, кај кои магијата, астрологијата и другите "тајни знаења" постигнуваат најголема распространетост и влегуваат во општествените структури, пропаѓаат и исчезнуваат од лицето на земјата, штом окултизмот го достигнал својот врв.

Со посебно внимание ќе се задржиме на историјата на Вавилон. Во текстовите испишани со клинесто писмо кои потекнуваат од него, а во светските музеи ги има околу половина милион, постојат сведоштва, дека вавилонските жреци ги наследиле овие знаења (особено во областа на астрологијата и поредокот на вселената) од некои луѓе-џинови кои се спасиле од катастрофа. Вавилонскиот историчар и жрец Берос исто така сведочи за тоа дека магиските знаења биле сочувани по Потопот. Конечно, сеќавањето на народот донесува сведоштва за првите творци на вавилонската традиција -народот Халдејски - кои завладеале со културата на некое вонземско знаење и биле први математичари, астролози, алхемичари, теозофи на земскиот свет, извршувајќи ја службата на волшебници, гатачи, и толкувачи на сонови при кралските дворови на древните владетели. Стародревното халдејско предание упорно тврди дека нивните први десет цареви биле дојдени од небото.

3.1. Односот на Библијата како Божјо слово (откровение) кон магијата

Да го разгледаме сега односот на старозаветната и новозаветната Црква кон магијата. Во великите кодекси на Мојсеј запишана е забрана со казна смрт за вршење на било каков вид на магесништво. "Не одете по оние што повикуваат духови на мртви, и до маѓесници не доближувајте се, и не дозволувајте да ве осквернат. Јас сум Господ, Бог ваш." (Левит 19,31) "И ако некоја душа тргне по оние што гатаат на животински црева, и по магесници, за да го следат нивното блудство, Јас ќе го свртам лицето Мое против таа душа и ќе ја истребам од народот нејзин" (Левит 20,6).

Во книгата Повторени Закони исто така читаме за строго предупредување од Господа против вршењето и занимавањето со било кој вид на волшебство и магесништво, кое во суштина претставува сојуз со демоните, и Бог ги протерува тие народи од нивната земја и ги определува за пропаст, а таа земја ја дава на Израилот кој Му е верен. "Кога ќе влезеш во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава, да не свикнеш да правиш гнасотии, какви што вршеле тие народи; да не се најде пред тебе човек што го тера синот свој или ќерката своја преку оган, заради очистување, или да претскажува, да гата, или како маѓепсник, чародеец, ни гледач на утробата, ниту, пак, што гледа по знаци, ни таков што повикува мртви; зашто, секој, што го прави тоа, е гнасен пред Господа, и токму поради тие гнасотии Господ, твојот Бог, ги изгонува од пред тебе. Биди непорочен пред Господа, твојот Бог; зашто тие народи, што ти ги наследуваш, ги слушаат гатачите и претскажувачите, а тоа Господ, твојот Бог, не ти го дал. Господ, твојот Бог, ќе ти дигне пророк од браќата твои, како мене - Него слушајте Го." (Повтор. Закони 18, 9-15). Светиот пророк Исаија, пророкувајќи го пропаѓањето на
Вавилон заради неговото безбожништво и погубното занимавање со магија и астрологија, во името Господово со иронија вели: "Стој си, пак, со твоите магии и со многуте баења, со кои си се занимавала од млади години: можеби -ќе си помогнеш, можеби - страв ќе предизвикаш. Ти си уморна од многу совети; нека излезат оние, што го набљудуваат небото, ѕвездобројачите и претскажувачите по новомесечјата, нека те спасат од она што треба да ти се случи. Ете тие се како слама: оган ќе ги изгори; на ја спасија душата своја од пламенот; не остана јаглен да се погрее некој, ниту оган, за да се поседи крај него."(Исаија 47,12-14).

Овде недвосмислено се укажува на немоќта на сите облици на магесништво пред Волјата и Силата Божја и неодминливата казна за оние кои се занимаваат со магија и астрологија или прибегнуваат кон помош од окултисти. Во судирот на маговите и магесниците со пророците и другите духоносни мажи, синовите на темнината претрпуваат пораз. Така, во книгата Исход (7,9) читаме како магесниците (мудреците египетски) и волшебниците, противејќи се на Мојсеја, правеле многу чудеса пред фараонот со помош на волшебства, но не успеале да се спротистават на силата Божја и на крајот од краиштата биле принудени да признаат дека Мојсеј ги поразил.

Во книгата Битие (41), се зборува за триумфот на праведниот Јосиф над жреците и мудреците (магесниците) Египетски кои не успеале со помош на своите магиски вештини да го протолкуваат сонот на фараонот. Направедниот пророк Валаам, подмитен од идолопоклониците за да му наштети на Израилот, под Божја интервенција е принуден да му служи на еврејскиот народ. Светиот пророк Даниил исто така многупати ги посрамил халдејските мудреци и жреци (Дан. 25).

Сето ова се објаснува со тоа дека чудата и пророштвата на синовите на светлината се вршат со Силата Божја, Светиот Дух, а жреците, магесниците и астролозите кои им се спротиставуваат се користат со волшебничка вештина преку која делуваат демонските сили, и природно е тие да претрпат пораз заради нивното спротиставување на Бога.
Во Новиот Завет, исто како и во Стариот, можеме да го видиме истиот и непомирлив став кон сите видови на магии, како и постојаната победа на силата Божја во судирот со волшебништвото. Така, светиот апостол Павле го изгони демонот кој пророкуваше од слугинката што ја претскажуваше иднината (Дела Ап. 16-18), иако таа ја објавуваше вистината кога одеше зад апостолите и кога говореше "Овие луѓе се слуги на Севишниот Бог! Тие го навестуваат патот на спасението." Но, Апостолот не ја сакаше ниту вистината од нечистите усти на демоните, давајќи пример за односот кон демоните дури и кога тие привремено ја објавуваат вистината. Бидејќи, зад сето тоа (што го прават демоните) стои само една желба - да го вовлечат човекот во општење со нив, за да ја добијат неговата доверба и тогаш да го погубат. Истиот тој апостол Павле со слепило го казнува Елим - маѓесникот кој се спротиставува на евангелската проповед и се обидувал да ги одврати луѓето од вистинската вера (Дела Ап. 13,8-11). И на крајот од книгата Дела Апостолски дознаваме дека под влијание на апостолската проповед "многумина од оние, кои правеа магии, собирајќи ги книгите свои, ги гореа пред сите" (Дела Ап. 19,19). На овој начин тие се одрекле од сојузот со демоните и посведочиле за непомирливоста помеѓу верата во Христа и магијата.

Во Библијата е речено дека во последните времиња ќе се случуваат необични чуда и ќе има зачудувачки феномени како демонстрација на антихристовата сила. Овие чуда ќе бидат имитирање на Христовите чуда и чудата на Неговите ученици. Свети Василиј пишува дека ѓаволот е лишен од создавачка сила, и може само да имитира (подражава) и да краде. Тој е крадец и го краде нашето. Значи од христијанска гледна точка овие појави кои имитираат чуда имаат демонска суштина и насоченост. Довербата во нив и вниманието кон нив се особено погубни. Почетокот на опасноста е во незаконското навлегување во светот на духовите за кој што човекот апсолутно не е подготвен.
Светите Отци зборуваат дека иако од една страна нашето тело се спротивставува на духот, тоа сепак од друга страна ја чува душата од прерано стапување во духовниот свет, зашто така би се изложиле на големи опасности. Влегувајќи во овој свет нашата душа, која не е очистена од страстите и гревот, според законот на сличноста, неизбежно ќе се најде во близина не на духовите на светлината, туку на духовите на мракот и злото, односно на демоните. Затоа Бог ни дал „завеса"- односно тело; додека се уште не сме го поминале патот на борбата со гревот, додека нашето срце не е очистено од страстите, додека нашата личност не се утврдила во односот кон Бога - центарот на се што постои, до тогаш непосредниот контакт со духовите за нас е погубен, како што за детето е погубна шумата полна со диви животни.
Во наши денови лицата кои се занимаваат со окултизам, хипноза, јога и други магиски учења на луѓето им предлагаат по пат на одредени ритуални дејства и системи на тренинзи да стекнат некакви одредени таинствени „дарови", способности и натприродни сили. Меѓу останатото, ветуваат дека ќе ги научат да влијаат на другите, да потчинуваат туѓа волја, да „лечат" од болести итн. А за возврат од своите следбеници бараат, дури и овие без да знаат, да се одречат од Христос и да се насочат на потполно други „духовни битија", чии што посредници се и самите окултисти.

3. 2. Односот на Црквата кон магијата низ мислењата и правилата од Светите Отци


Во гревовите против првата заповед е и магијата. Луѓето, оставајќи ја верата во силата на Бога, веруваат во тајни зли сили, зли духови, и се трудат да дејствуваат со помош на нив. За гревот на магијата е виновен оној кој веру-ва дека обичните појави имаат некаква тајна моќ.

Во Номоканонот (Зборникот на црковни правила и одредби) е кажано сосема јасно: "Оние кои одат кај магесници или сами гатаат или ѕвездословат (т.е. се занимаваат со астрологија) шест години да не се причестуваат според првото правило на Трулскиот собор и според осумдесетото на свети Василиј Велики, а свештеникот кој го прави истото, да се расчини".

Тука се среќаваме со очигледното укажување на свеста на Црквата за демонското потекло на сите видови на волшебништво, магесништво, вклучувајќи ја и астрологијата, како и на недопуштањето за општење на верните христијани со оние кои се занимавале со тоа, како и строги педагошки мерки за сите кои од било какви причини одлучиле да стапат во сојуз со бесовите.

Светите Отци на Црквата во текот на целата нејзина историја исто така посветувале големо внимание на борбата со гатањето и астрологијата. Заради недостаток на простор во натамошниот текст ќе се задржам само на некои дела на Светите Отци и Учители на Црквата.

Така, Тертулијан во своето дело "За идолите" пишува: "Меѓу различните човечки занимања не треба да се заобиколат некои вештини или професии, блиски на идолопоклонството. За ѕвездословите (астролозите) не треба дури ни да се зборува, но откако еден од нив науми да се оправда себе си за тоа што и понатаму продолжува да се занимава со оваа професија, имам да кажам неколку зборови по тој повод. Јас нема да кажам, дека сместувањето на имињата на лажните богови на небо, и припишувањето ним некоја наводна семоќ, и одвраќањето на луѓето од принесување на молитви кон Бога со тоа што се наведуваат да веруваат дека нивната судбина е непроменливо определена од ѕвездите, дека сето ова е рамно и еднакво на поклонувањето на лажните богови. Но, јас тврдам дека ѕвездословецот (астрологот) во таков случај се уподобува на паднатите ангели, отпаднати од Бога заради опрелестување на човечкиот род... Ако магијата е казнива, а астрологијата е еден нејзин подвид, тогаш заедно со својот вид, на осуда подлежат и подвидовите на таа дејност. Така, од времето на објавувањето на Евангелието, софистите од секој вид, ѕвездословците, волшебниците, магесниците и бајачите треба да бидат неизоставно казнети".

Татијан во "Беседа против Елините", пишува: "Демоните ги направија луѓето жртви на своето отадништво. Тие, покажувајќи им го на луѓето распоредот на ѕвездите, како и оние кои фрлаат коцка, ја воведоа судбината која е туѓа на правдата, бидејќи ако некој е обвинител или обвинет, тоа наводно настанало според предодредувањето на судбината.... демоните ја измислија судбината. Како основа за тоа им послужило сместувањето на животните на небото. Бидејќи, тие ги удостоија со небеска чест ѕверовите со кои живееја откако беа симнати од небото, влекачи, водоземци, четвороношци кои живеат во шумите, и заради тоа, се мисли дека тие пребиваат на небесата и дека со посредство на распоредот на ѕвездите се обидуваат да ги убедат луѓето дека животот на земјата е далечен на разумот. На тој начин, тоа што некој е гневлив или трпелив, воздржан или невоздржан, богат или сиромав се случува според назначувањето на оние кои располагаат со раѓањето. Бидејќи, распоредот на Зодијакот е дело на боговите. Ако светлината на еден од нив е посилна, како што велат тие, тогаш тој ја одзема славата на другите, а кој сега е победен, може повторно да биде победник. Тие со задоволство се забавуваат со овие планети, како играчи со "коцка". Но, ние сме над судбината и наместо заблудените демони знаеме за еден непроменлив Господ, не се потчинуваме на судбината и ги отфрламе нејзините законотворци".

Свети Јован Дамаскин во своето прочуено дело "Точно изложување на православната вера", цитирајќи го свети Василиј Велики, ја дава следнава карактеристика на астрологијата: "Елините (незнабошците) зборуваат дека излегувањето, заоѓањето и приближувањето на ѕвездите, а исто така, и на сонцето и месечината управуваат со нашите дела, и со тоа се занимава астрологијата. Ние, пак напротив, тврдиме дека со нивна помош може да се има предзнаци за дождови и суши, за влажно или суво време време, а исто така и за ветровите и водата, но да бидат претскажувачи на нашето делување тоа никаки не може да се случи. Всушност, ние сме создадени од Творецот како слободни и самите сме господари на своето делување. Кога се што чиниме, би правеле под влијание на ѕвездите, тогаш што и да правиме би правеле по нужност. А, тоа што се прави по нужност не е ниту добредетел ниту порок. Ако пак, не би имале ниту добредетел ниту порок би биле недостојни било за награда било за казна, а согласно на тоа и Бог би бил неправеден, бидејќи на едните им дарува благост, а на другите маки. Дури и повеќе од тоа: ако се се движи и раководи според нужноста тогаш не би имало ниту Божјо управување во светот, ниту Божја грижа за созданијата. На крајот од краиштата тогаш не би ни бил потребен ниту разумот ако не сме господари на своето делување, и не би имале потреба да размислуваме за ништо. Меѓутоа, разумот несомнено ни е даден да размислуваме за нашето делување заради што и секое разумно битие во истиот момент е и слободно битие. Заради тоа тврдиме дека ѕвездите не се причина за ништо што се одвива во светот, ниту за настанувањето на она што настанува, ниту за пропаѓањето на она што пропаѓа, туку служат како предзнаци за дождовите и промените во воздухот. Некои можеби ќе кажат дека ѕвездите ако не се причина, тогаш знаците на војните и квалитетот на воздухот кој зависи од сонцето, месечината и ѕвездите на различни начини произведуваат различни темпераменти, навики и расположенија; но, навиките се производ на она што се наоѓа во власта на нашата волја, бидејќи тие се потчинуваат на разумот и се менуваат под негово раководство".

Минукиј Феликс во своето дело "Окатавијан", зборувајќи за римските гатања и претскажувања, пишува дека во ретки случаи овие претскажувања станале реални т.е. се овистиниле, а може да се објасни тоа "што меѓу изобилните лажни претскажувања има и онакви кои случајно биле паралелни со вистината", и дека волшебниците и ѕвездословците "на само што ги познаваат демоните, туку и со нивна помош ги вршат овие прелести кои наликуваат на чуда: под нивно влијание и дејствување тие и ги предводат своите магесништва и ги наведуваат луѓето во нив да видат она што вистински го нема, или спротивно, да не го видат она што постои. Првиот од таквите магови по своите дела и зборови е Состен (Остан)....", односно истиот оној кој како што веќе видовме се јавил како еден од првите распространувачи на ѕвездословието (астрологијата) во Елада (Грција)".

Свети Јован Златоуст во својата поука "За оние кои од болест се лечат со врачање" строго им напоменува дека не треба да одат кај Божјите непријатели, врачи и волшебници, бидејќи подобро е и да се умре отколку да се оди кај Божјите непријатели. И дека оние кои ги користат нивните услуги умираат пред време и заминуваат во вечна мака. Бидејќи, оној кој оди кај астролог "самиот себе се лишил од Божјата помош и занемарувајќи ја, се оддалечил себе од Промислата Божја, (заради што) ѓаволот како што сака управува и располага со (неговите) дела".

Преподобен Максим Грк кој целиот свој живот го посветил во труд за разобличување на астрологијата во еден од многуте текстови запишал: "Лажливото и безбожното учење на ѕвездословците и претскажувачите на човечката судбина според деновите на раѓање не е одозгора и не е со благодат на Светиот Утешител откриено на Халдејците, Хелените и Египќаните, туку (е откриено) од страна на најлукавите и полни со омраза кон човекот демони, за пропаст на оние кои ним им веруваат". Понатаму, зборувајќи за причините за поклопување на некои од претскажувањата на астролозите со реалноста, Максим Грк ги цитира зборовите на Августин Ипониски: ". тоа се случува не толку заради небесните знаци, отколку заради тајното влијание на сатаната на кого понекогаш незабележително му се потчинуваат човечките умови, односно тие претскажувања се исполнуваат со содејство на ѓаволот".

Според мислењето на преподобен Максим: "Со тоа блажениот отец (Августин) јасно покажал од каде потекнува ова демонско учење, и дека ѓаволот им открива на следбениците на вештината на ѕвездочитачите она што понекогаш се исполнува како вистинско претскажување, но под влијание на демоните. Кој од христијаните кои вистински и нелицемерно веруваат ќе се согласи да стекне знаење со таа сатанска прелест и да стапи во разговор со демоните? Зар тоа нема да биде само оној кој животот со бесовите си го претпоставил како вечен живот? Претскажуваат демоните, предвидувајќи го понекогаш и она што треба да се случи во далечната иднина, но во поголемиот број случаи тие лажат и заради тоа не треба да им се верува, дури понекогаш и да се исполнат нивните претскажувања". За причините кои ги побудуваат демоните да стапат во општење со луѓето преку посредство на астрологијата, овој светител зборува: знае селукавиот дека со посредство на прелеста од претскажувањето може лесно да не одвлече од Бога кон себе, чинејќи да веруваме дека ѕвездите владеат со нашето делување и расудување, а кога таа вера ќе ја прифатиме ние веќе ниту малку ќе внимаваме или сосема малку ќе внимаваме за своите прегрешенија оправдувајќи се со неизбежноста од влијанието на ѕвездите. Кога ќе надојдат неволји за тоа ќе го обвинуваме Бога, како создател на злото. Постапувајќи така ние неминовно ќе се лишиме од заштитата Божја, а тогаш на непријателот ќе му биде лесно со нас да завледее и да не приведе до дното на адот".

И така, гледаме дека светите Отци на Црквата еднодушно истапуваат против астрологијата разобличувајќи ја како подвид на магијата, како средство за општење со демоните, а астролозите ги споредуваат со "паднатите ангели и опрелестувачите на човечкиот род", и строго забрануваат општење со "Божјите непријатели". Особено внимание заслужува кажувањето на Татијан бидејќи тој го покажал безумството на астролозите кои на соѕвездијата им ставиле имиња на животни, на планетите имиња на лажни богови, а потоа од карактерите на овие последните почнале да ја изведуваат судбината на човекот или државите во зависност од распоредот на "небесните тела". Особено убедливо звучат доказите на Минукиј Феликс кој покажал дека некои претскажувања се овистинуваат од две причини:
1. заради случајно поклопување;
2. во текот на магиското делување на гатачите кои во низа случаи можат да ги сознаат идните случувања од демоните кои виделе или сознале нешто за тие случувања, или пак самите земале непосредно учество во нивната подготовка.
Сосема јасно свети Јован Дамаскин покажува дека преку небесните светила се даваат предзнаци само за временскте прилики, додека за човекот обдарен со слободна волја и разум, ѕвездите и планетите не можат да бидат чинители за предодредување на судбината.

И конечно, подвлекувајќи го сето тоа што е горенаведено, трудовите на преподобен Максим Грк во кои е истакнато искуството на светите Отци во борбата со астрологијата, покажуваат како со помош на астрологијата лукавиот демон се обидува да не оттргне "од Бога кон себе", за да може со нас полесно да завладее и "да не приведе кон дното од адот"


4. Религија и магија - антрополошки преглед

По прашањето за односот меѓу религијата и магијата, гледано од научно-историски аспект, најпрво дадов краток преглед на мислењата и проучувањата на извесни антрополози кои се обидувале да го осветлат овој проблем од нивен агол.

Највлијателна теорија за магијата развил англискиот антрополог Џемс Фрејзер (1854-1941). Фрејзер ги проучувал принципите, видовите и односот на магијата кон религијата и науката.

Магијата, според Фрејзер, настанува од наивниот мислен процес на човек кој се уште е немоќен да го сфати она подлабокото, внатрешните врски и односите меѓу појавите во светот . Магијската слика е градена врз основа на "набљудувачкото мислење", кое ја одликува примитивната свест, и "поимното мислење" на високо развиениот, цивилизиран човек. Според овој научник, мислените процеси врз кои се заснова магијата се сведуваат на два принципи. Првиот принцип е "законот на сличноста" кадешто сличното произведува слично, или каде последицата наликува на својата причина. (Ловецот пред да оди на лов најпрво гаѓа со стрела цртеж од животното кое што оди да го лови). Вториот принцип е "законот на допир или преносливост" каде што нештата коиедно со друго биле во допир продолжуваат да дејствуваат едно на друго. Под религија, Фрејзер подразбира смилостивување или придобивање на силите повисоки од човекот, за кои се верува дека владеат со судбините на човекот. Како и магијата, и религијата содржи два елементи: теориски - вера во виши сили и практичен - можност со труд, молитви, обреди и жртви тие сили да се смилостиват и задоволат.

Меѓутоа, веќе по објавувањето на првиот том - Златна гранка, во кој што ја изложил својата теорија во форма која и денес ни е позната, неговиот современик Роберт Марет станал еден од најострите, но и најпринципиелни критичари на неговата концепција.

Бројните Маретови забелешки упатени до Фрејзер, кога е во прашање проблематиката за магијата, воглавно, можат да се сведат на четири клучни: прво, дека неговиот опис на магијата е "премногу интелектуалистички" и со тоа поедноставен и погрешен; второ, дека е погрешно магијата да се гледа како примитивен еквивалент на природните науки кои се развиле подоцна; трето, магијата не е појава sui generis која претходи на религијата; и четврто, дека магијата не е исклучително негативно табу.

Еден друг антрополог, Едвард Причард, критикувајќи го гледиштето на Фрејзер смета: дека развојот на мислата минува преку стадиумите на магијата, религијата и науката; дека е погрешна фрејзеровата анализа на магиската симболика. За Причард е неприфатлива појмовната и историската диференцијација на магијата и религијата. Смета дека магијата е обавезно претходен степен, а дека религијата доаѓа подоцна. Истакнува дека магијата како систем на верувања и постапки, не е единствена и истоветна за сите народи и култури во светот.

Англискиот антрополог со полско потекло Бронислав Малинковски смета дека не постои ни еден народ без религија и магија, колку и да е примитивен. Не постои ни еден вид примитивни луѓе на кои им недостига научен став или наука. Според него, магијата, науката и религијата одат заедно. Малиновскиправи разлика меѓу магијата и религијата. Магискиот обред се изведува како средство кое води кон една цел, тој има одредена практична цел позната на сите кои го вршат. Магиското работење има цел која е од практичен карактер, па со самото тоа завртена е кон иднината. Религиското работење (акт) нема никаква друга цел, освен да ги чува и интегрира луѓето во заедница. Таа е завртена кон сопствената традиција, култура и минато.

5. Компарација помеѓу православниот пат на спасението и магиско -окултните духовни техники


Во следниот оглед ќе ги споредеме „техниките на духовен раст" на источните и окултните мистични учења со православниот пат на спасение. Во центарот на нашето интересирање се наоѓа прашањето со какви чекори и на кои начини се остварува спасението во Православието и кои се принципиелните разлики помеѓу овој пат и сите останати патишта.

Се чини дека е многу поважно да се покажат психолошките последици кои настануваат по контактот со тие учења, како и она што се случува со луѓето и на кој начин доаѓа до деформација на личноста поради нивното влијание. Негативните последици се најважен фактор кој не може да се порекнува и е сосема доволен аргумент при разгледувањето на овие учења и убедлив доказ дека не е потребно да се запознаваат читателите со нивната содржина за да немаат повеќе штета одколку корист. Искуството покажува, дека дури и незаинтересираното читање на окултна литература претставува процес на соединување со мрачните сили, невидливо труејќи и убивајќи ја душата на читателот.
Избравме ваков пристап според зборовите на Спасителот: „По нивните плодови ќе ги познаете. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка?" (Мат.7, 16).


5. 1. Видлив и невидлив свет


Денес сите сме сведоци на наглото ширење на окултни и магиски мистични учења меѓу луѓето кои потполно се неупатени во духовните односи. Критиката на тие идеи е можна единствено од некоја друга духовна позиција. Во нашиот случај - тоа е позицијата на Православието. Затоа природно е да видиме што кажува Црквата по прашањето на целите и средствата на оние достигнувања кои ни ги предлагат ориенталните и окултните системи. Овие системи во целост не упатуваат како да проникнеме ( мислено и чуствено) во невидливиот свет нудејќи ни клуч за спасение по тој пат. За патиштата на продор во невидливиот свет, подетално следува во наредните поглавија.
На секој православен христијанин му е познат Символот на Верата во кој што е речено: „Верувам во Едниот Бог Отец Седржител, Творец на Небото и земјата и на се видливо и невидливо". Веќе од овие зборови јасно се гледа дека покрај видливиот свет, познат на сите нас, постои и свет невидлив -недостапен на видот, слухот, допирот, мирисот и вкусот. Накратко, тој свет не е достапен на нашето сетилно спознавање. Неговата недостижност не би не интересирала, ако невидливиот свет нема никаква врска со нашата судбина.
Така, станувајќи православни христијани и верувајќи во Бога, ја полагаме на Него сета своја надеж во спасување од непостојаноста на времето и телесното постоење. Имајќи го во предвид карактерот на нашиот иден вечен живот, ние имаме однос и кон невидливото, бидејќи и самиот Бог е невидлив. Освен тоа, од вероучењето на нашата Црква ние знаеме за постоењето на позитивни и негативни дејства кои доаѓаат од невидливиот свет, за постоењето на ангелски и демонски битија (суштества) кои се борат за нашите души. Ваквата состојба не ни допушта да останеме рамнодушни пред фактот за постоењето на невидливиот свет, и делува разумно и сосема основано да се има стремеж да го запознаеме тој свет за да се заштитиме од неговото погубно влијание. Зар да се штитиме од климатските и другите влијанија од видливиот свет, а да се спротивставуваме на деталното и сериозно познавање на законитостите на невидливиот? Целокупната човечка цивилизација и култура која го опкружува нашето постоење во видливиот свет, се потпира на научните процеси на познавање на тој свет, на неговите особености и резултати кои од тоа знаење произлегуваат. Логично е да се претпостави, дека истото правило е применливо и во невидливиот свет, дека е можно да се разберат неговите влијанија и оние лошите да се оневозможат, влијаејќи на позитивно решение.
Признавањето на постоење на невидливиот свет е главна претпоставка за негово запознавање и прв чекор кон појаснувањето - поради што тој свет за нас е невидлив.

5. 1. 1. Зошто невидливиот свет е невидлив?


Според учењето на Црквата, причината поради која не го чуствуваме невидливиот свет, е гревопадот на првите луѓе, кој квалитативно ја изменил суштината на нивниот живот, а следствено на тоа, и на нашиот. Во склад со измената на суштината на животот се изменило и човечкото тело, како и неговите способности.
Свети Игнатиј Брјанчанинов, повикувајќи се на преподобниот Макариј Велики, пишува: „До падот човечкото тело било бесмртно, без болести, без неговата сегашна тромавост и дебелина, туѓо на гревовните и телесни чуствувања кои му се својствени денес. Неговите чувства биле неспоредливо пофини, дејствувањето широко, сосема слободно. Облечен во такво тело, со такви органи и сетила, човекот имал способност да забележува духови... Бил способен да комуницира со нив. При тоа, имал дар на Боговидение, дар на општење со Бога, бил сроден на светите духови... Со падот, се изменила душата и телото на сите луѓе. Во личен поглед падот претставувал воедно и смрт. Во таква состојба на умртвеност, од причина на крајна огрубеност и отромавеност, телесните чувства веќе не биле способни да општат со духовите, да ги видат, да ги чујат, или да ги почувствуваат" .
До гревопадот, човекот имал способност непосредно да го согледува духовниот свет; после падот тој дар го изгубил. Која е причината на оваа загуба? Свети Игнатиј вака објаснува: „По падот на првите луѓе, пред осудата и прогонувањето од рајот, Бог им „направи облека од кожа и ги облече" (Битие 3, 21). Кожната облека, според објаснувањето на Светите Отци (Свети Јован Дамаскин - „Точно исповедување на православната вера" книга 3 гл.1) ја означува нашата сегашна груба природа која заради падот се изменила: ја изгубила својата префинетост и духовност, задобила тежина и дебелина. Главната причина за промената на нашата природа е падот, но измената е направена по волјата на Семожниот Творец, според неискажливата Негова милост кон луѓето... Преку допуштената огрубеност на нашето тело сме станале неспособни физички да ги забележуваме духовите, во сферата во која сега се наоѓаме. Ќе го објаснам тоа. Заробени сме заради природната наклоност кон злото. Ова наклоност станала својствена на паднатата човечка природа; слична е на склоноста на демоните да прават зло: „помислите на човечкото срце се зли уште од младини" (Битие 8, 21). Но во нас доброто и злото се помешани: според паднатата природа, се стремиме кон злото, а борејќи се против тие стремежи, се трудиме во доброто. Демоните, напротив, секогаш се насочени кон злото. Кога ние би се наоѓале во физички допир со демоните, тие брзо би го развратиле човекот, непрекинато поттикнувајќи го на зло, непрекинато соучествувајќи во злото, заразени со примерите на престапничката и кон Бога непријателската дејност... За кратко време, по конечно насочување кон злото, луѓето би станале демонизирани; покајанието и подигањето од состојбата на падот за нас би станало неможно...
Премудроста и милоста Божја поставила преграда помеѓу човекот, отфрлен на земјата од рајот и духовите симнати на земјата од небото - а тоа е грубата човечка природа. Слично на ова и земните закони со затворски ѕидови ги одвојуваат злочинците од друштвото, за да не прават штета тие на друштвото и да не ги расипуваат другите луѓе".

5. 2. Целта на нашиот живот на земјата


Свети Игнатиј ги поврзува особините на нашето тело со целта на нашиот земен живот: „При размножување на човештвото, во неговата сегашна состојба на пад, телото служи на душата, на ист начин како што пелените служат на новороденото тело. Замотано со пелени телото на бебето добива правилен облик, додека пак, без пелени неговите екстремитети, заради мекоста би можеле да добијат погрден облик: така и душата, облечена во тело, сокриена и одвоена со него од светот на духовите, постепено се изградува себе си преку изучувањето на законот Божји, со христијанско живеење стекнува способност за разликување на доброто од злото (Евр. 5, 14).Тогаш на неа и се дарува духовно гледање на невидливиот свет, како и, ако се покаже дека тоа е во склад со целите на Божјото раководење со неа, сетилно гледање, бидејќи заблудата и соблазната за неа се многу опасни, а искуството и знаењето корисни. При раздвојувањето на душата од телото преку видливата смрт, ние повторно влегуваме во светот на духовите. Од ова се гледа дека за успешен влез во светот на духовите, неопходно е благовремено поучување во Законот Божји, и дека заради тоа преобразување е дадено извесно време на секој човек од Бога во неговото туѓинување на земјата. Ова туѓинување се нарекува - земен живот". Од погоре реченото сосема е јасно дека:
1) Господ не лишил од можноста за општење со невидливиот свет исклучиво заради наша корист;
2) Целта на земниот живот не вклучува во себе неопходност за познавање на невидливиот свет, а има за цел да не подготви за допир со него, кој во цела полнота ќе се покаже по смртта;
3) Допирот и општењето со невидливиот свет во нашето земно постоење може да биде опасно за нашата душа.

5. 3. Самоволното продирање во невидливиот свет е недопуштено


Од досега реченото јасно е дека било каков самоволен обид за продор во невидливиот свет и воспоставување контакт со него, може да има опасни, катастрофални и често непоправливи последици. Во нашата сегашна падната состојба, полнотата на знаење за се што постои не е корисна и ни се заканува со страшно погубување. Нужно е минимално знаење, кое го опфаќа она што е неопходно за нашето спасение, а никако она за задоволување на нашето љубопитство. Според тоа, ограниченоста на нашите можности за спознавање е одредена од самиот Господ, а е за наше добро: „Оти по нешто знаеме и по нешто пророкуваме; а кога ќе дојде совршеното, тогаш ќе исчезне делумното" (1 Кор. 13, 9-10), пишува апостол Павле, само кога човек ќе се научи да разликува добро од зло - сведочи Свети Игнатиј Брјанчанинов, задобива дар на гледање на духови, а кога тоа е согласно на Промислата Божја, што е исклучително, добива и дар на сетилно гледање.

5. 4. Правилен пат во познавањето на невидливото


Постепеноста на нашиот пат на познание, во идеален случај, и услови на нашето телесно земно постоење, може да биде поделена на три меѓусебно поврзани етапи:
1) етапа на изучување на законот Божји (со цел на стекнување способности за јасно разликување на доброто и злото и развивање навика да се прави добро).
2) етапа на духовно согледување на невидливиот свет;
3) етапа на сетилно гледање на невидливиот свет.
Овде треба да се констатира дека се многу малку оние кои го совладале првиот степен - степенот на праведноста. Што тогаш можеме да речеме за вториот и третиот степен? Сепак, заради целиот процес на вистинското познание ќе ги опишеме и особеностите и на вториот и третиот степен.

5. 5. Степен на духовно гледање


Добро ни е познато дека покрај јасното сетилно гледање со очи, човек може да го научи и ткн. „умно созерцување". Според учењето на Светите Отци, нашиот ум и срце се своевидни органи за гледање, но тие не ги примаат сигналите кои доаѓаат од материјалниот, вештествен свет, туку реагираат на мислите и чуствата (помисли и чуства од душевна и духовна природа, ако ја користиме светоотечката терминологија). При тоа важно е да се има предвид дека оние мисли и доживувања кои одговараат на умот и на срцето изгледаат како самостојно постоечки облици, способни однадвор да предизвикаат дејство на умот и на срцето, „влегувајќи" во нив. Ова се гледа од следниот цитат: „Нашиот ум има способност на мислење и способност на забележување; Со помош на првото тој стекнува поим за предметите, со помош на второто добива поим за ликовите на предметите. Ѓаволот, потпирајќи се на првата способност, се труди да ни соопшти гревовни помисли, а потпирајќи се на втората способност се грижи во нас да втисне соблазителни претстави"

5. 6. Три видови на влијание на нас од страна на паднатите духови


На едно место Св.Игнатиј говори за три видови на можни дејства на човекот од страна на паднатите духови во времето на нашето земно постоење. Тие се:
а) дејство преку помислите;
б) дејство преку фантазии;
в) дејство преку допир.


а) За дејството преку помислите
Светото Евангелие покажува дека ѓаволот прво положил во срцето на Јуда Искариот помисла за предавство на Богочовекот (Јован 13, 2), па дури потоа влегол во Јуда (Јован 13, 27).

б) За дејството преку фантазии
Дека преку фантазии ѓаволот го искушува човекот, се гледа и од искушенијата на Богочовекот: ѓаволот ги покажал на Господ сите земни царства и славата нивна „за момент" (Лука 4, 5) во мечтата (фантазијата). (Тука е очигледно дека под мечтаење се подразбира нешто слично на вообразување, илузија, халуцинација).
„Демонското фантазирање делува на душата многу штетно, будејќи во неа особена склоност кон гревот. Јавувајќи се често таа може да предизвика непоправливи погубни впечатоци" .

в) За дејството преку допир
За тоа како дејствува ѓаволот на човекот по пат на допир, читаме во Книгата за Јов (Јов, гл. 1 и 2) и во евангелската парабола за жената која ја врзал сатаната со необична неволја (Лука 13, 10-16). Од Книгата за Јов гледаме дека сатаната може да се допира до надворешните услови на живот -да ги менува, како уништувајќи го имотот и роднините, така и со разорување донесувајќи болест.
„После допирот со демоните се јавуваат телесни страсти и се развива болест на која не делуваат обичните човечки лекарства" .
Во таа смисла, ако во нашето постоење е оневозможено сетилното гледање на невидливиот свет, тоа е затоа што умот и срцето, па дури и телото, се отворени за неговото дејство на нас.

5. 7. Духовно гледање


Умот и срцето се поврзани со сферата на духот. Токму затоа забележувањето со умот и срцето на помислите и чувствата кои доаѓаат од надвор се нарекува духовно гледање. Но, и тие наши духовни очи се слепи. Тоа слепило не значи дека дека ние не сме способни да примаме помисли и доживувања кои ни наидуваат од надвор или да мислиме и доживуваме. Нашето духовно гледање може да се дефинира како способност на оценување и правилно толкување на помисли, доживувања и чувства. Токму со таа способност ние не владееме. Слично е со обичното гледање кога гледаме некои делови, но не сме во состојба да ја согледаме целината и да спознаеме што е суштината на предметот.
Св. Игнатиј пишува: „Со слепило се заробени нашите ум и срце. Заради слепилото, умот не може да ги разликува вистинските помисли од лажните, а срцето не прави разлика помеѓу духовните чувства и душевните и гревовни чувства, особено кога последните не се воочливо груби. Заради духовното слепило секоја наша активност се покажува како лажна, како што Господ ги нарекол книжниците (учените) и фарисеите „безумни и слепи" (Мат. 23, 17) „водачи на слепи" кои самите на влегуваат во Царството Небесно и не ги пуштаат другите да влезат во него".

5. 8. Услови на избавување од духовното слепило


Услов за прогледување и избавување од духовното слепило и стекнување на духовно гледање, е Божјата благодат која го осенува човекот. „Таа не се јавува по човечката волја, туку од допирот на Божјиот Дух со нашиот дух, по сесветата волја на Сесветиот Дух", пишува св. Игнатиј. Тоа пред се, значи ако не се вознесеше Спасителот на небо кај Бог Отецот после своето распетие, тогаш и Светиот Дух не би дошол кај нас, како што самиот Исус Христос зборува за тоа: „Подобро е за вас Јас да си отидам, оти ако не си отидам, Утешителот нема да дојде при вас; ако пак заминам, ќе ви Го пратам... А кога ќе дојде Он, Духот на вистината, ќе ве упати на секоја вистина"(Јован 16, 7-13). Природно, оној кој не Го примил Христос (Христос евангелскиот, а не измислен како во окултизмот) нема да Го прими ниту Светиот Дух, и некоја нехристијанска религија не може да ги даде даровите кои се стекнуваат само со дарот на Светиот Дух. Меѓу тие дарови е и избавувањето од духовно слепило. Погоре реченото покажува дека никаков наш личен напор не е начин, средство или метод на „загарантирано" духовно просветлување, како и тоа дека овие напори не донесуваат, сами по себе, неизбежен развој на на вакво гледање. Колку и да ја иситниме земјата и подготвиме тлото, ако во неа не посееме зрно, нема ништо да никне. Така е во овој случај: сите наши напори, методи, кои постојат заради самоусовршување, се подготвување на тлото; зрното мора да го посее некој друг. Ова е многу важно да се запомни заради нашите наредни разгледувања на различните методи на „самореализација" и „саморазвивање", кои изобилно ни се нудат на секој чекор. Кој е тој друг што го сее зрното?
Веќе видовме дека тој другиот може да биде лукавиот дух кој не заплиснува со лажни помисли, гревовни претстави, или донесува телесна болест. Тоа „семе" не води во пропаст. Само Господ, полагајќи во нас семе на спасение, а не плевел на гревот, може да ни даде вистинска прозорливост. Тоа семе е благодатта на Светиот Дух Кој нас, при светото крштение, не препородува за духовен и свет живот, како што е речено во „Православниот катехизис" на епископот Александар (Семенов - Тјан-Шански 24, с. 56).
Самото крштение не е доволно за стекнување на духовно гледање, зашто очистувајќи се од гревовите со светата тајна на крштението, човекот не се избавува од навиката на грешење, и набрзо неговата душа станува повторно помрачена од гревот. Тогаш е неопходно да се прибегне кон Светата Тајна Покајание за да може со неа човекот да се излечи од гревовните рани кои ги задобива во секојдневниот живот, кој за него станува поле за непрекината духовна борба и подвиг. Св. Игнатиј пишува дека при вистински духовен подвиг, благодатта Божја добиена на светото крштение, почнува да не исцелува малку по малку од духовното слепило.
Тој продолжува: „Како спротивност на состојбата на слепило ние почнуваме да влегуваме во состојба на гледање. Бидејќи во состојбата на гледање она што созерцува е - умот, затоа и гледањето го нарекуваме, според светите Отци, умно гледање, т.е. умствено. Бидејќи состојбата на гледање се задобива со Светиот Дух, така и гледањето го нарекуваме духовно, затоа што е плод на Светиот Дух. Тоа се разликува од обичното согледување. Согледувањето е својствено на сите луѓе; секој човек се занимава со согледување кога сака. Духовното гледање е својствено само на оние кои се очистуваат по пат на покајание; тоа се јавува не по волја на човекот, туку преку нашиот допир со Светиот Дух, значи по сесветата волја на Сесветиот
Дух".
Разликувањето помеѓу обичното согледување и духовното гледање, кое го воведува Свети Игнатиј, за нас е многу важно.
Денес сите знаеме за медитацијата како главно средство за саморазвој во источната мистична пракса. Медитацијата и духовното гледање (созерцанието), психолошки се многу слични процеси, и она што свети Игнатиј го кажува за созерцанието има непосредна врска и со медитацијата. Медитацијата и нејзините плодови не се духовно гледање во кое исчезнува духовното слепило; тоа е пракса на лажни ликови и чувства, кои уште посилно го заслепуваат духот, додека не падне во стапицата на необични и залудувачки доживувања, од кои што со тек на време, човек не сака да излезе. Во медитацијата нема присуство на Светиот Дух, како и покајание - најважните услови за духовно гледање. Без покајание нема очистување од гревовите, а во нечиста душа не се вселува Светиот Дух; речено е „Во лукава душа мудрост нема да влезе и нема да престојува во тело што му робува на гревот; зашто Светиот Дух на премудроста се оддалечува од лукавството, ќе се отстрани од неразумни умувања и се засрамува од неправдата што се приближува" (Мудр.Сол. 1, 4-5).
Повикувајќи се на други свети Отци, св. Игнатиј Брјанчанинов пишува за духовното гледање: „Изненадно тоа доаѓа, изненадно заминува, не зависи од нашата волја, зависи од подготвеноста: врата во духовниот свет е смирението". Според овој начин за стекнување на духовен вид, за избавување од слепилото, од лагите и заблудите, должни сме да постигнеме одредена внатрешна подготовка, која се изразува во поимите, особено важни за Православието, а тоа се покајанието и смирението.

6. Религија и магија - црковно гледиште
                (сличности и разлики)

Во продолжение го изложив црковното гледање на магијата, и нејзиниот однос со религијата (црквата), изразено преку размислувањата на еминентни теолози и апологети. Сметам дека магијата односно нејзините темни контури многу добро се осликани врз светлиот фон на црковното учење и верата во Бог. Најнапред го излагам ставот на апологетот проф. Д-р Лазар Милин.
Меѓу религијата и магијата сличноста е во тоа што, и едната и другата, за разлика од материјалистичката филозофија, признаваат дека физичкиот материјален свет не е единствена стварност, туку дека постои и надфизички, нематеријален свет. Тоа им е првата заедничка точка којашто ги одвојува од филозофскиот материјализам. Другата точка во која религијата и магијата принципиелно се согласуваат е тоа што и едната и другата тврдат дека постои врска меѓу сетилниот и надсетилниот свет.

Постојат извесни форми на религија во кои што магијата легално се практикува, како што се на пример, таоизмот, шаманизмот, фетишизмот, па и одредени облици на махајанскиот будизам.

Но и покрај наведените сличности, меѓу религијата и магијата постои голема разлика и тоа битна. Таа разлика меѓу нив се гледа во ставот кој религиозниот човек и човекот одаден на магијата го заземаат кон сетилниот и надсетилниот свет.

Религијата сака да не воведе во еден свет посветувајќи не. Магијата, пак, ја бара само нашата корист во овој свет, дури и по цена на нанесување најголема штета на другите. Религијата признавајќи ја нашата зависност, ги моли вишите (возвишените) битија. Магијата, потврдувајќи ја нашата моќ, не моли, туку заповеда. "Оче наш...да биде волјата Твоја" - тоа е во суштина ставот на религиозниот човек. Магесниците со своите дела сакаат: "Да биде волјата моја". Врачарот (гатачот) ја наметнува својата волја на Бога без оглед на човечката морална вредност. Тој сака да задобие власт над сонцето и дождот, над животот и смртта.

Во религијата човек се чуствува како син Божји, или слуга Божји. Во магијата човек не се чуствува ниту како син, ниту како слуга Божји, туку како суверен (независен), макар и вообразен, господар на светот. Магиската постапка е постапка на принудување.
Во религијата човек не смее да прави зло на другите. Магијата е строго егоистична. Во случаите на ткн. црна магија, редовно се прави штета на некој друг. Религијата го води човекот кон Бог и кон чуствување на светост, додека магијата, пак, го води човекот или кон демоните или кон несвесната природа и наместо чуство на светост развива кај него едно мрачно чуствување на окултност.

Како што се гледа, магијата ги развива кај човекот токму оние тежненија и оној став кој според заборовите од Библијата го земал сатаната во желбата да се прогласи за господар на светот. Во тоа е психолошката и етичката разлика меѓу религијата и магијата. Разлика толку голема, што тоа не е само разлика, туку директна психолошка и етичка спротивност.

Покрај овие две, постои и трета разлика. Таа е на идеен, филозофски план. Имено, религијата секогаш мора да бие заснована на вера во Бог (или богови). Притоа овде Бог (или боговите) се замислува како свесно - лично битие. Во филозофска смисла на зборот, религијата секогаш е заснована на теизам. Магијата, меѓутоа, не мора да биде заснована на тоа верување. Дури логички му е спротивна. Зашто, Бог не може да се натера на ништо, како што пробува маѓесникот со своите дела. Магијата е заснована на верувањето во постоење на непознати, невидливи, окултни сили без некоја лична свест, или ако на тие сили им се припишува свест, тогаш тоа се демони кои што маѓесникот со својата тајна вештина ги предизвикува да ја прават неговата волја.

Според тоа, на филозофско поле разликата меѓу религијата и магијата е таа, што религијата може да биде филозофски заснована само на теистичкиот поглед на свет, а магијата или на демонизам или дури на пантеизам, па дури и на некој вид на нематеријалистичен атеизам. Врз основа на овие факти следи заклучокот дека религијата и магијата се не само суштински различни една од друга, туку се баш и спротивни. "На религијата разбрана како обожување и молитва, баш е спротивна магијата која што е атеистична" - вели со право Бергсон.
Рускиот епископ Александр Милеант, пак, вака расудува:

Како дете кон мајка, така и човекот инстинктивно се стреми кон Бога -особено во тешките мигови на својот живот. Во Бога тој го гледа својот Небесен Отец, Кој му сака добро и Кој може да направи и невозможни нешта. Господ Исус Христос ветил: „Сакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори". Некој бара физичко исцелување, помош во работата, зацврстување на семејството, среќа за децата; некој -зацврстување на верата, стекнување молитва, исполнување со Светиот Дух -секој според мерата на своето духовно ниво. Бог ги прима молбите од секој оној кој Му се обраќа со искрена и силна вера.

Освен што молитвата ја привлекува кон нас Божјата помош, за неа е карактеристично и тоа што содејствува на внатрешниот раст на човекот. Причината за тоа е што молитвата не е монолог, туку е беседа во која Господ одговара на душата и ја озарува со благодатта на Светиот Дух. Озарувајќи го внатрешниот свет на човекот, Бог го учи да го бара не само материјалното, временото, туку, главно, вечното и вистински вредното. Човекот што беседи во молитвата со Бога, знае дека Бог е повисоко и семоќно Битие, полно со љубов, но и праведно, и дека пред Него треба да се стои со стравопочит. Со Бог не може да се манипулира, како со некоја слепа сила. Тој е - Отец Кого што треба да Го слушаме. Така личното молитвено искуство, коешто се јавува во почетокот како резултат на некаква конкретна потреба, содејствува на моралното усовршување на човекот и го води кон највисокото благо - кон Царството Небесно.

Сосема спротивна на таквата здрава религиозност, заснована на вера и послушност спрема Бога, е нездравата, „црна духовност" на магијата. Тука исто така постои елемент на натприродното и барање на помош - но таа не се бара од Творецот, туку од некои сомнителни духови или од таинствени нефизички сили. Ако здравата вера во Бога го облагородува човекот, тогашнездравата окултна вера духовно го нагрдува. Таа исцело е насочена кон земното, тривијалното и гревовното.

Целта на магиските знаења е чисто утилитарна: дознавање на тајните, успех во животот, покорување на нечија љубов, зацврстување на здравјето, стекнување био-енергија, ширење на својот потенцијал, одмазда на непријателот или, едноставно, „поигрување" со таинственото. Многумина ги заблудува тоа што сето тоа може да се достигне без каков и да е физички напор и без нарушување на граѓанските закони. Ако обраќањето кон Бога ја буди совеста во човекот и го поттикнува да се покае и да се промени, занимавањето со магијата, спротивно, не го поврзуваат со никакви морални обврски: земи и насладувај се! Оваа (навидум) слобода од моралните обврски очигледно е главната привлечност на магијата. Но, како што ќе видиме подоцна, услужливите духови воопшто не се алтруисти и човекот порано или подоцна ќе плати мошне скапо за добиените услуги. Само во почетокот се изгледа лесно и просто.


7. Историја на магијата

Окултизмот (магијата) е древен колку и самото човештво. Вкусувањето на забранетиот плод во рајот претставувал прв обид на човекот да добие извонредни знаења и способности по окултен пат (Битие, глава 3).

Магијата е наследена од нашите предци. Додека тие биле пагани, верувале во различни сили на природата. Се околу нив: дрва, карпи, реки, мочуришта, езерца, животни, се во нивната имагинација било живо и имало душа. Тие сметале дека овие појави ќе им донесат среќа или несреќа, па немајќи јасна претстава за Бог како Создател и владетел на светот, тие во овие појави гледале богови, од кои некои добри а некои зли.

Истражувањето на принципот на магијата во историјата е тешко затоа што траговите се губат во историската и географската распространетост. Магијата се сретнува не само кај примитивните, туку и кај цивилизираните народи, кај Асирците, Вавилонците, Египтјаните, Индусите, Грците, Римјаните и Евреите. Во античка Грција тесно е поврзана со прорекувањето. Познати се предскажувачите Калхас и Тиресиј, а уште попознати биле пророчиштата во Делфи и Додонлија. Кај старите Грци маѓесниците биле и народни лекари. Хипократ во своето дело "За светата болест", пишува за маѓесници кои со магични зборови лечеле болни, предизвикувале непогоди и други појави.

До елинистичкиот период магијата во Грција постоела во облик на суеверие. После Александар Македонски доаѓа до радикална промена. Магијата презема водечка улога во животот на народот. Маѓесниците ги преплавуваат градовите и селата нудејќи богатство и здравје на широките маси.

Од грчко-римскиот период магијата ја наследува и Византија. Во Византија Црквата и државата остро реагирале со закони и канони и строго ја забранувале магијата во било кој било облик.

Својот врв магијата го доживува во XIV век во окултистичката ерес на сатанизмот или црната магија, каде што магијата била професија и се учела во специјализирани училишта.

Овде доаѓаме до поново доба. Магијата во овие времиња се распространува не само во ниските општествени слоеви, туку и во ткн. висок, аристократски свет. Помешана со источни учења, со политика и секс, таа во поново време го достигнува својот најголем подем. Мноштво на институти за парапсихологија и училишта за езотерија се отворени во Европа и Америка.
Потресните новинарски извештаи за магијата, ја доведуваат во врска со ужасни злочини и оргии.


8. Видови на магија

Епископот Александар Милеант дава еден ваков список на окултни односно магиски учења или занимања: професионално претскажување, астрологија, хиромантија, нумерологија, одредени видови мистицизам, трансцендентална медитација, медиумизам или channeling, јога, екстрасенсно (нетрадиционално) лечење, лечење со биополе, ритуално кодирање, шаманство, сите видови бела и црна магија.

Според учењето на свети Никодим Светогорец маѓепсништвото се дели на повеќе видови, и тоа:

Магија, под која се подразбира повикување на ѓаволи, за да им откријат на луѓето скриени богатства, изгубени предмети и слично.

Гатањето е вториот вид на маѓепсништво со кое некои луѓе ја претскажуваат иднината преку цртите на дланката, што се нарекува хиромантија, и со помош на други предмети (зрна, карти, кафе итн.).

Баење, спиритизам, односно повикувањето на помош на ѓаволи во темни соби или на гробови, за да ги казнат оние што се во живот. Бајачите тврдат дека ги повикуваат душите на умрените од пеколот, исто како и гатачите од времето на пророк Самуил, за да го дознаат идното или за да се одмаздат на некого.

Во нашево време се практикува и следново баење: гаснење на јагленчиња, изговарање на посебни зборови заедно со молитви, за болни кои тврдат дека се "маѓепсани" итн.
Гатање или маѓепсување со посредство на свети предмети, како на пример гатање преку Псалтир, кое денес се нарекува отворање на правилата. Гатање со црковни предмети, како што се остатоци од свештенички одежди, црковен клуч, пепел од кадилницата, пишување на имињата на клепалото, на камбаната, на ѕидовите во црквата или нивно внесување во кандилата итн.

Магии, односно гатање на младите за да стапат во брак едни со други, или за да се разделат, преку повикување на помош на ѓаволот.

Гатање според внатрешноста на животните, кое се нарекува "иконоскопија". Во овој вид на гатање припаѓаат и толкувањето на соништата, зодијакот, лошите и добри часови, гатање според екстремитетите на телото, кое се нарекува и претскажување (зуење на ушите, треперење на окото, чешање на дланките).

Амајлии и талисмани, под кои се разбира носење на рацете или на градите некакви сатански знаци, врвци, клучеви; предмети или обоени парчиња платно, поради чување од болест, од опасност и од штета, бидејќи најнапред над нив се повикува силата на ѓаволот.

Демоноповикувачи се оние кои го гатаат повикувањето на ѓаволот. Тука се вбројуваат оние што палат оган пред куќите и го прескокнуваат пламенот, оние што се гатачи уште од детство, како и оние што гатаат според внатрешноста на животните, или ја земаат плодноста на говедата, кое е маѓепсништво што се практикува во нашиве дни.

Астрологијата е маѓепсништво кое се практикува уште од најстари времиња, па се до денес. Под астрологија се поима претскажување на претстојните настани преку движењето на ѕвездите, планетите, ветровите, облаците и другите природни појави. Астролозите тврдат дека секој човек има сопствена "ѕвездена карта". Повеќе за овој вид на окултизам следи во наредното поглавие.
Епископот Николај Протопапас, пак, прави ваква систематизација на магијата, гледана во нејзината потесна смисла, и според целта на постигнување и начините на практикување.

Магијата се дели на бела и црна. Со белата се пробува да се постигне нешто позитивно, а со црната штетно и погубно. И во двата случаи се врши призив на ѓаволот и се случуваат работи од кои разумен човек се ужаснува. Главните облици на магија се:

а) Имитирачка магија. Таа се заснова на сваќањето дека посакуваното нешто може да се постигне со едноставен симболичен акт. Односно за да се предизвика дожд доволно е да се истури малку вода, за да се излечи некој доволно е да се фрлат неколку каменчиња итн.

б) Преносна (преминувачка) магија. Тука делот се поистоветува со целината.
Ако се успее да се спали коса од напријателот се спалува и самиот непријател. Ако успее да ги закопа неговите нокти, го закопува него самиот. Ако ја прободе неговата кошула, го прободува него самиот итн.

в) Симпатијска и антипатијска магија. Се заснова на дејството на чуствата.
Чуствата на маѓесникот ствараат одговарачки ефекти на симпатија или антипатија кон одредено лице.

г) Заштитна магија која што со помош на амајлии дава поголема одбранбена сила од силата што ја има непријателот.

Треба, секако, да се напомне дека покрај ужасни има и смешни моменти. Покрај сатанисти постојат и измамници кои ја злоупотребуваат наивноста на народот, претставувајќи се како астролози и познавачи на иднината. Да се верува на такви значи да се биде жртва на измама.

Архимандритот Рафаил Карелин вака пишува на оваа тема:
Постојат два вида на магија: црна и бела магија. Црната магија има карактер на отворено зло, магија со чија што помош намерно се прави зло и штета на некого - болести, зло, смрт. Белата магија е зло скриено под маската на доброто. Меѓутоа и во едното и во другото дејствуваат исти сили. Во црната демонот го покажува своето лице, а во белата магија тој, според зборовите на св.ап.Павле, зема облик на ангел на светлината (2Кор. 11, 14).
Денес, особено во последно време се чести и очигледни одредени феномени кои личат на чудо. Како од голем бран европскиот свет е зафатен од окултни, воглавно индиски учења. Современите окултни и мистични текови кои на широко се извезуваат од југоисточните земји претставуваат духовна агресија.


8. 1. За астрологијата


Астролозите тврдат дека целта на нивното учење е да им помогнат на луѓето да постанат христијани, да се продлабочат и зацврстат во верата. Тие тврдат дека астрологијата припаѓа на природните науки и наоружувајки се со неа, христијаните можат подобро да ја сфатат да ја проучат и да ја препозна-ат својата религија. Значи, повеќемина астролози се залагаат за симбиоза по-меѓу Православието и астрологијата.
А ние тврдиме дека тие не можат да постојат заедно: или астрологијата мора да биде осудена како паганско учење и отфрлена или самото хри-стијанство соединето со астрологијата ќе биде изопачено и деформирано.

Што е православното христијанство? Тоа е пред се непоколебливо чу-вање на апостолското и светоотечкото Предание, верност на содржината и формата која свое потекло води од Божественото Откровение.

Православието е чистота на верата и цврстина на преданието. Веќе во првите векови еретиците - гностици кои се обидуваа да го усогласат христијанството со паганизмот тврдеа дека тие се духовни 'елитни' христијани наспроти останатите верници, кои ги нарекуваа профани и кои поседуваа тајни знаења со чија помош може да се сфати длабочината на христијанството и да се дешифрира целото Свето Писмо. Но, вистината за гностиците се состоела во тоа што Христос Го прогласија за еден од космичките еони, Кој слезе на земјата привидно во облик на човек.

Окултистите во нашето време - теософите, антропософите, исто така изјавуваат дека сакаат да им помогнат на луѓето да го сфатат Евангелието подобро од Црквата и завршуваат со тоа што Христос и Луцифер ги прогласу-ваат за двојници.

Ако човек праша астролог, кој живее во православна земја од која вера е, најчесто ке добие одговор: "православeн христијанин". Зошто тогаш Црквата на која тој формално и припаѓа ја негира астрологијата? Веројатно астрологот ќе одговори дека тоа е плод на незнаење и неинформираност, додека најдо-брите преставници на Црквата немале ништо против астрологијата.

Ако се праша астрологот за какви ги смета светителите Василиј Велики или светителот Јован Златоуст: за најдобри преставници на Црквата или за суеверни и необразовани луѓе. Зошто тогаш тие не се занимаваа со астроло-гија туку се трудеа да ја искоренат заедно со демонското наследство на пага-низмот? Зошто тогаш Црквата нив ги нарекува големи светители и вселенски учители?

Гласот на Православието се Вселенските Собори. На петтиот Вселенски Собор астрологијата беше осудена заедно со другите лажни учења. Познатиот астролог Јован Агирик поради своето погубно учење беше отстранет од Цр-квата и анатемисан. Ако астрологијата е вистинско учење кое се сложува со Православието зошто тогаш таа не влезе во црквеното Предание? Црквата никогаш не сокри ништо од тоа што и го пренесоа Апостолите. Ако астролози-те историјата на Црквата ја сметаат дека била време на незнаење, необразо-ваност и заблуда, тоа значи дека тие го негираат и самото Православие и со-здаваат нова религија, спекулирајќи со името Христово кое не им е многу важ-но.
Многу Свети Отци немаа само религиозно образование туку и философ-ско. Самата нивна борба против астрологијата зборува за тоа дека тие биле запознаени со ова учење и сведочеа дека астрологијата е една од многуб-ројните непријатели на Црквата. Да се сомневаме во нивната светост значи да се сомневаме и во Црквата, која по зборовите на Апостол Павле е столб и тврдина на вистината (1 Тим 3,16). Значи, астрологијата за да го оправда сво-ето постоење мора да ја уништи верата во Црквата, да го уништи Православи-ето и да создаде ново учење слично на гностицизмот и теософијата. Астроло-гијата го дискредитира православното учење, со други зборови го отфрла, за-ради тоа што дискредитираната религија не може да биде предмет на почиту-вање и на вера. Ако астролозите тврдат дека нивното учење е ново открове-ние на Црквата, тогаш пак доаѓаме до противречност. Астрологијата не е ново туку старо учење кое го имаа Вавилонците, поклониците на Астарта-божицата на небото и ѕвездите.

Зошто тоа учење постана популарно во наше време кога гледаме ката-строфален пад на моралот, бездуховност и егоцентризам? Дали овие појави не се во меѓусебна врска? Ние овде не се обидуваме да ја анализираме астрологијата како учење, туку сакаме да кажеме дека тоа е исто такво одре-кување од Христос како и поклонувањето на идолите.

По зборовите на пророкот Осија оние кои истовремено се поклонуваат на Јахве и на Ваал ползат на двете колена (1 Цар. 18, 21). Вистината е една. Таа не може да се промени и да го менува својот облик. Во Стариот Завет Бог го казни Авирон кој во светилиштето внесе туѓ оган. (3 Мојс. 16, 12-35).

Православието има своја мистика, тоа е внатрешната Исусова молитва за очистување на умот и срцето од грешни помисли. Православната мистика има љубовен карактер, таа е поврзана со аскетизмот, оваа мистика за цел има вечен живот како вечно Богоопштење и е заснована на љубовта према Бога. На земскиот живот таа гледа како на време на искушение и пат кон вечноста. Христијанскиот мистичар целта на своето постоење не ја утврдува во себе, туку во Бога. Тој умира за себе предавајќи ја својата душа на Божествената волја, како би ја добил препородена и преобразена, затоа христијанската ми-стика е смрт и воскресение на душата.
А окултистичката мистика има егоистичен и егоцентричен карактер. Таа бара сладострастие, задоволување на страстите, а пред се гордост, а исто така и опивање со демонски чувства, кои човекот ги смета за духовна со-стојба. Оваа мистика е преполна со грев и страсти, и ако понекогаш, на при-мер, во системот на јогата се бара вежба споена со воздржување, центар во неа останува самиот човек. Суштината на оваа мистика е служење на сопстве-ните чувства и доживувања, а средствата на кои се потпира мистичарот-окул-тист се поседување магиски знаења, сликовито зборувајки тоа се шифрите на пеколот. Човекот кој се утврдува во духовниот свет преку окултните знаења, а во видливиот свет за потчинување на другите кон својата волја, има агресија како 'Пророк' на окултизмот и астрологијата, и тој се занимава со претскажу-вање обични секојдневни работи бидејки за тоа се интересира неговиот му-штерија, а за друго не е ни способен. Во Библијата се зборува за големо без-умие на луѓето кои се одвратија од Бога и почнаа да му служат на златното теле (2 Мојс. 32, 1-8). Плутократијата го потпомага развојот не само на нихи-листичкиот материјализам, туку и мистичниот окултизам и морализам кој е ли-шен од Бога.

Астролозите премолчуваат многу места во Библијата, каде се осудуваат магијата и окултизмот, вклучувајки го и гатањето по ѕвездите, обидувајќи се да извлечат бесмислени заклучоци за тоа дека Христовото раѓање зависело од положбата на ѕвездите. Меѓутоа ученикот на Св. Јован Богослов, свештенома-ченикот Игнатиј Богоносец, за чии посланија дури и рационалистите признаа дека се оргинални, пишува дека Витлеемската ѕвезда за разлика од другите ѕвезди била ангелска сила. Ниту една ѕвезда не можела да застане над Вит-леем над местото над кое се роди Христос. Оваа ѕвезда го покажувала патот, ама никаде не се зборува дека таа ја предодредила судбината. Таа беше ан-гелска појава за исполнување на древните пророштва, а никако елемент на ѕвездената карта. Ниту еден од Светите Отци ова место во Евангелието не го толкувал во астролошка смисла. Астролозите тврдат дека Црквата своевреме-но, поради незнаење го отфрлила нивното учење, сведочејки со тоа дека тие самите не се во таа Црква. А во која Црква се тогаш? Светиот Дух не може да греши и да лаже. Но, според мислењето на астролозите, тајните и обредите на Црквата се само историска профанација и дека нема друга варијанта. Кога човековиот живот би можел да биде одреден преку ѕвездена карта на бебиња-та кои би се родиле во исто време и во ист крај, би имале ист карактер и иста судбина. Зошто тогаш луѓето кои ја здогледаа светлината под разни созвез-дија, кои се родија во различни земји и на различни меридијани загинуваат заедно, на пример во бродолом? Зошто двајца близнаци имаат различни способности, различни таленти, различни карактери и различна судбина?

Астролозите се обидуваат да дадат контра аргументи и да кажат дека ни двајца близнаци не се раѓаат истовремено, но како тогаш тие не пазат на со-ставувањето на звездените карти на луѓе кои се родени пред десетина годи-ни? Значи ако се следи нивната логика во првиот случај астрологот за да биде звездената карта точна, мора да седи на покривот на породилиштето и да чека детето да се роди (ако помине само минута ке се промени и небесната карта), а во другиот случај знаејки го само приближно местото и денот на раѓањето, тие смело составуваат таблици и го одредуваат според нив човеко-виот живот. Да направиме едноставен експеримент, да предложиме да се основа ѕвездена таблица на непознат човек и да се одреди неговиот тип и судбина. Грешката е неизбежна, бидејки демонската сила незнае за човекови-те мисли и не може да учествува во таков експеримент, и ќе залута на ѕвезде-ната карта како дете кое не ги знае поимите на географската карта на светот.

Зошто некои астролошки прогнози некогаш се остваруваат? Обично овие прогнози се даваат во многу неодредена форма така што ситуациите кои се наведени- непријатности, среќавања, победи, порази, обавезно се случуваат во некои прилики во животот. На пример потполно е возможно ближниот да ме излаже, возможно е и да се добие неочекувана помош, возможно е да се ма-чам поради болест, а потоа да оздравам или да умрам (ако оздравам нема да се жалам кај астрологот, ако умрам нема да можам да се жалам).

Но ние не сакаме да ја претставиме астрологијата како невина шега. Овде се вклучени и демонските сили кои имаат одредени информации за кон-кретен човек и незнаејки ја иднината можат само да претпоставуваат каква ќе биде. Меѓутоа демонот секогаш е лажливец и човекомразец, дури и кога очи-гледно зборува нешто што личи на вистина. Во Делата апостолски се зборува како опседнатата со бесови слугинка одејќи по апостол Павле и неговите со¬патници викала: „овие се Божји луѓе, нив слушајте ги" (Дела ап. 16, 16-17). Меѓутоа апостол Павле не го одобрил ова сведоштво, 'тој се вознемири во ду-хот' односно негодуваше како демон сведочи за вистината, и му забрани, по-сле што слугинката престанала да 'пророкува'.

Свештеномаченикот Кипријан Картагински во својата книга „Суетата на идолите" (3 век) пишува за римските конзули кои поверуваа на претскажу-вањата дека ќе победат појдоа во битката и беа убиени и заробени и за конзу-лот Цезар, кој ги отфрли претскажувањата кои му забрануваа да плови пред зимата во Африка, многу лесно доплови и победи. Во оваа книга Св. Кипријан претскажувањата ги нарекува лага, која ја помрачува вистината. Хри-стијанството не признава учење за 'судбината' зашто со се раководи проми-слата Божја, со почитување на човековата слободна волја. Тоа ја негира астрологијата како лажна окултна наука, која тврди дека човекот зависи од планетите, и која човекот не го смета за слободно суштество туку како еден од преметите т.е. го негира обазот Божји во човекот. Поради тоа Светите Отци на Црквата, а особено Св. Василиј Велики ја разобличуваа астрологијата како паганско учење во кое владеат судбината и неопходноста, каде што нема слободна човекова волја и каде што не постои разлика помеѓу доброто и зло-то. Црквата не ја прифаќа астрологијата во никаков облик, сметајќи ја суштински како еден вид на паганска магија.


9. Материјални средства

За остварување на желбите се користат разни необични нешта и средства без кои силата на магијата не може да дејствува на лицата и објектите. На прв поглед овие средства изгледаат смешно и детинесто. За магијата, меѓутоа, тие се основни принципи, бидејќи преку нив се пренесува силата. Така на пример оној кој сака да му нанесе зло на својот непријател, зема една кукла и ја даве со конци и ја прободува со игли. Жени кои сакаат да ги задржат своите мажи прават нивна фигура и ја ставаат во крило од лилјак. Оние кои имаат намера да излечат некоја болест употребуваат крв од петел, или коска од жаба или змиина кожа. Истотака се употребуваат и непознатиствари направени на магиски начин. Од магиската злоупотреба не се поштедени ни светите предмети: свеќи, крст, масло од кандило итн.

Амајлиите се прават на обреден начин според принципите на сродност и преносивост. Преносната магија функционира врз основа на уверението дека стварите кои еднаш биле во допир, одржуваат меѓусебно некоја таинствена врска. Симпатијската магија функционира врз основа на законот на сличноста и адекватноста. Односно, сличното дејствува на сличното, истите ствари прават исти ефекти.

10. Магијата денес

Магесници, шамани, повикувачи на духови на умрени и сл., - постоеле отекогаш, но најмногу во „подземјето". За нашата епоха е карактеристична се посилната популаризација и занимавање со разни форми на окултизам, за што сведочат низа сериозни современи истражувања. Така, еден од научниците од Чикашкиот Универзитет, од областа на споредбената религија и окултизмот, Mircea Eliade, забележува во својата книга „Occultism, Witchcraft and Cultural Fashions": „Како историчар на религијата, запрепастен сум од огромната популарност на магијата во современата Западна култура и субкултура. Притоа, занимавањето со магија претставува само дел од пошироката насоченост, односно од зголемениот интерес спрема семожни окултни, езотерични науки" (The University Press, Chicago IL 1976). Под влијание на модерното учење „New Age (Новиот век)", илјадници луѓе во САД се претставуваат како channelers (медиуми) и psychics (претскажувачи), и милиони луѓе им се обраќаат за совети и за услуги, читаат нивна литература... Некои од тие channelers се добро познати во уметничките и во телевизиските кругови. Во Европа, Канада, Бразил, Русија и во други земји исто така се забележува зголемен интерес спрема „светот на духовите".

Влијанието на окултните идеи почнало да навлегува дури и во сериозните науки, како што се психологијата, медицината, философијата, археологијата итн. Почнале да никнуваат псевдохристијански секти коиштошират древни окултни идеи, завиткани во псевдонаучна и псевдохристијанска терминологија.

Магијата во своите два вида (белата и црната) е особено раширена по целиот свет. Злоупотребувајќи го човековото трагање за смисла и психолошките безизлези на денечниот човек со потрошувачки менталитет, магијата успеала да се инфилтрира во сите друштвени слоеви. Во западниот свет таа е издигната на ниво на религија. Во книжарниците може да се сретнат посебни штандови на кои се нуди литература посветена на „New Age". Пред очите се шаренеат наслови како што се: „Вештерки во средниот век", „Древна египетска магија", „Историја на тајните друштва", „Тајните зборови на шаманите и зомбите на Хаити", „Енциклопедија на древните и забранети знаења„, „Од кабала до астралните светови: умствените енергии и тајните на интимните односи", „Книга на светата магија: неопходен црн извор на окултното знаење", „Современ речник на вештерките: се што ти е потребно за да можеш да се занимаваш со магија", „Достигнете го посакуваното со помош на окултна енергија", „Што е левитација и како се користи". Dr. Wаltеr R. Мап^, истакнат познавач на култовите во Америка, тврди дека 60 % од американците применуваат некакви окултни методи или се интересират за окултизам. Постојат повеќе од 3000 издавачи на окултни книги или журнали, чиј вкупен годишен приход се мери во милијарди долари. Дури и традиционалните журнали, коишто во принцип не се интересираат од оваа област, печатат статии за окултни техники, за астролошки знаменија, за лечење со кристали и сл.

Обожувањето на сатаната навлегло и во музиката. Многу музички групи упатуваат на концертите антихристијански пораки на младите. Во една таква песна се вели: "Рајот умира; војувајте заедно со сатаната затоа што тој е господ." Музичките групи понекогаш и на самите сцени вршат магиски обреди призивајќи демони за да им помогнат за успешност на концертот.

До контакт со окултистичките содржини се доаѓа и на друг начин - преку рок-музиката. На пример, хевиметалот негува отворен култ на ѓаволот иантихристовиот број 666; во многу други области, пораките на рокот се предаваат повеќе скриено и суптилно. Така, рок-групата „Лед Цепелин" има песна „Скали кон небото" (според многумина, најдобрата рок-мелодија на сите времиња), во која се пее за магиски инверзии и за свирачот, кој треба да се слушне за да се достигне хармонија. Тој таинствен свирач, фрулаш, не е никој друг, туку античкото „божество" Пан - со рогови и копита, слично на јарец (очигледно, самиот ѓавол). Скоро никој не знае дека водачот на „Лед Цепелин", Пејџ, е следбеник на британскиот црн маг Кроули и е сопственик на една од најбогатите библиотеки со окултистичка литература во Велика Британија.

„Супермодерни" - врачеви, окултисти, индиски магови - гуруа, лажни пророци и лажни христоси ги проповедаат отадестраната стварност (за стварноста од другата страна - Карлос Кастанеда), добрите или лоши констелации, престолнината на рајот во земјата на поинаквата светска влада (Махариши Махеш Јоги), „вистинските енергии" и „најкратките патишта кон апсолутната свест" (Гаријел од Вирцбург), и на крајот на краиштата, за скорото доаѓање на месијата (читај: лажниот месија, антихристот) и сеопштиот напредок (Мун).

Огромниот број на схоластичко-магиски книги и брошури, кои ги преплавија повеќето градови, претставуваат мрежа за гигантски лов на неискусни умови и срца. Некогаш во тие мрежи паѓаат дури и христијани, кои веќе имаат значително искуство во православното-црковно живеење.

За да ја оправдаат својата лекомисленост и љубопитност, гласот на својата совест, гласот Божји, кој забранува да се навлегува во демонската област, тие го заменуваат со гласот на паднатиот и лажлив (опрелестен) разум, кој за да се оправда себеси, под изговор на „разумни" причини го говори следново: „За да го поразиме непријателот, потребно е да го знаеме неговото оружје"; или „ако дознам нешто ново, можам да го предупредам ближниот за опасноста која се подготвува"; или пак: "современиотинтелектуалец мора да биде во тек зо збиднувањата и внимателно да го следи развојот на борбата на сите духовни фронтови".

Овој пристап, всушност, противречи на апостолското, светоотечко, православно-црковно учење. Сите Отци на Црквата, без исклучок, јасно ја поимале животно-важната чистота на умот и срцето, затоа секогаш повикувале на голема претпазливост и постојано внимание кога е во прашање таа чистота.

Во наше време голема популарност стекнало погоре спомнатото окултно учење „Новиот век", кој во себе содржи голем број стари окултни учења. Желбата да се создаде „нов светски поредок", во кој човештвото ќе биде соединето во една држава, со една војска, полиција, влада, еден правосуден систем, истовремено е и желба за создавање на една светска религија, таканаречена „религија на Новата Епоха" (New Age). Една од идеите кои се реализирани во таа смисла е институцијата „Обединети нации". Во зградата на „Обединетите нации" постои т.н. „Капела за медитација". Според учењето на следбениците на „Новата Епоха", човештвото има многу различни вери, кои сите учат за „истото". Во согласност со „демократскиот плурализам", забрането е на една вера да се смета подобра од друга, „Новодобците" тврдат дека сме излегле од астролошкото доба на Рибата во која доминирало „класичното", „фундаменталистичко" христијанство; сега е доба на Водолијата, во кое ќе доминира медитацијата, учењето за реинкарнација, парапсихологијата, средбата со вонземните цивилизации.

Некои современи секти-култови или никнале како резултат на „откровение" на духовите, или во себе носат елементи на окултизам и се користат со окултни методи. Меѓу нив треба да се споменат: Орденот на Розенкрајцери, учењето на Николај Рерих („Жива етика" или „Агни-јога"), заедницата на Белите браќа, заедницата на Е. Блаватска, движењето „Новиот век", заедницата Аум Синрике, Кришнаизам, Lucius Trust (Alice Bailey), Eckankar (Paul Twitchell), The Children of God (David Berg), Unification Church (Sun Mun), антропософското друштво Rudolf Steiner, Astara (Earlyne Chaney), заедницата („црквата") на мормоните (Joseph Smith со неговиот „angel Moroni"), Christian Science (Mary Baker Eddy) и други.

Еден од видовите на прикриен окултизам е широката река на ткн. научна фантастика, којашто е класичен вид на ментална магија. Читајќи ја научната фантастика, луѓето се навикнуваат демонското да го гледаат како „егзотично" и „забавно"; гледајќи ги филмовите, тие го примаат ѓаволскиот изглед и „вонземјаните" како нешто симпатично.

Некои мислат дека фантастиката го развива имагинарното мислење и го поттикнува развојот на интелегенцијата. Но способноста да се мисли во слики и фантазијата, често можат да го ранат умот и да го оддалечат од Бога. Светата Православна Црква, преку богомудриот св. Никодим Светогорец („Невидлива борба") вели: „Фантазиите се мост по кој демоните влегуваат во душите".

Денес е се попривлечна и таканаречената технотрона магија, која претендира на потполно владеење со „законите на природата" и апсолутното знаење; нејзините творци ветуваат создавање „рај на земјата", но рај без Бога и против Бога. Многу интелектуалци, свесно или несвесно, влегуваат во областа на првиот технотрон окултизам, кој е „гранична област на науката" и кој ветува дека сегашниот човек ќе еволуира во натчовек. Некогаш оваа појава има смешни видови. Така самонаречениот „главен научник" на современоста, Махриши Махеш Јоги, кој има и титула „негова светост", предложил „Вселенски Устав" заснован врз модерната физика и древните Веди. На своите наивни следбеници, трансцедентални медитанти, тој им се обраќа со изразите како „теорија на супергравитација", „беззонски и фермионски степени на слободата", „џилбертов простор", итн. За ова опсенарство од измамените се земаат големи пари, со оглед на тоа дека секое „повисоко ниво на медитација" (а на човекот му се ветува дури и дека ќе може да лебди), бара и повеќе пари. Јогата својата помош ја нуди и на светската влада, за да се „намали напнатоста" и да се зголемат „добрите вибрации".

Зад научната терминологија се крие демонска измама. Целта не е некаква „супергравитација", туку медитирање преку кое човекот директно сесудира со Божјиот закон. Хиндусите не веруваат во Света Троица, туку во безличното космичко божество, кое може да се достигне со напор на волјата. Според тоа, секоја медитација не е некаква релаксација, туку општење со лажните божества на хиндуизмот, а тоа, повторуваме, значи одбивање на Христа и неговото Евангелие. Во текот на медитацијата, порано или подоцна, доаѓа до „астрално патување", кога душата наводно излегува од телото и патува во царството на духовите. „Астрал" не е ништо друго туку поднебесјето, во кое, според сведоштвата на Апостолот, престојуваат злите духови. Медитацијата е директен пат за средба со нив.

Некој можеби ќе рече: „Но можеби со медитацијата се доаѓа во допир со добрите духови, ангелите?" Тоа никогаш не се случило. Ангелите ги гледале само духовно совршените луѓе, и тоа по долгогодишни подвизи на пост и молитви, пролевање на покајнички солзи, смирение итн. Притоа, тие не барале да ги видат ангелите, туку Самиот Бог ги удостојувал. Како што вели свети Исак Сирин: „Човекот колку и да се напрега за духовното да слезе кон него, тоа нема да се потчини". Ако пак човекот, мислејќи дека е достоен за виденија, продолжи да мечтае за тоа, му се јавуваат демонски илузии и тој самиот се измамува.

Имињата на современите окултни, спиритистички и магиски обреди и сега како и во минатите времиња имаат иста суштина, но се прикриваат со научни изрази, не говорејќи ништо за врски со некакви религиозни системи или духови.
„Екстрасенси", „биополе", „активно психичко поле", „психичка енергија", „астрал", „харизматска обнова", „микрокосмос", „микротеос", и слични други зборови се слушаат, а не се ни споменува за какви природи се работи.
Ништо што е духовно не е безлично: или е од Бога, или е од сатаната. Духовните појави, кои се од Бога, се одликуваат со совршено јасни и одредени црти: тоа е учењето за покајание, за вистинската вера, за смирението, за вечниот живот. Таму, каде што нема ништо од ова, таму дејствува демонскиот дух, без разлика со какви имиња да се прикрива.
Нивните духовни методи за разлика од христијанските, се јасни техники, повторување на одредени магиски формули, заколнувања, користења на одредени магиски предмети, вода „наполнета со биополе", користење одредени положби на телото итн.
Ѓаволот е татко на лагата и неговите слуги даваат на луѓето пред се потполно неправилен и лажен поглед на себе. Тие учат за скриените човечки можности, кои се наводно во луѓето и кои треба само да се откријат во себе си.

Преподобниот Исаија Нитриски во „Добротољубието" вели: „Чувај се од разговорот со еретиците, за да не се случи, сакајќи да ја одбраниш верата, некои од нивните погани и нечисти зборови да те ранат и самиот тебе. Ако најдеш книга која шири ерес, не посакувај да ја читаш, за да не се наполни срцето твое со смртоносен отров, но направи го тоа за што си посветен (т.е. држи се до твојата вера), ништо не одземајќи од тоа, ниту додавајќи било што".

„Чувај се од лажно нареченото знаење, кое како што вели апостолот, се противи на здравото учење" (1.Тим. 6,20) .

Мораме да знаеме дека секој налет на помисли доаѓа или од Бога, или од човекот, или пак од ѓаволот. Точното разликување на помислите, т.е. можноста без грешки правилно да се одреди какви мисли ни дошле, кога и од каде, можат да поседуваат само православните христијани кои достигнале духовно совршенство. Ние, грешници, поради својата паднатост, повеќе сме наклонети да примаме совети од „левата" страна, од ѓаволот. Но сепак, и нам ни е дадена можност да го разликуваме доброто од злото, и тоа врз основа на вечниот евангелски закон: "По плодот се познава дрвото" (Мт. 12,33).

Во светлина на гореспоменатото станува очигледно: потребата, макар и со „делче од свеста", потсвесно да се стапи во допир со окултно-мистичката литература, музика или сликарство - му противречи на заветот на Светите Отци, и очигледно е демонски наговор, кој мора моментно да се отфрла, да се отсече.


11. Причини за привлечноста на магијата

Што ги поттикнува луѓето од дваесеттиот век да се свртуваат кон такви ненаучни и сомнителни нешта, како што е повикувањето духови? Одговорот на ова прашање е дека науката, сама по себе, и материјалистичкото учење не можат да одговорат на повисоките човекови прашања.

Нешто во нас го бара повисокото, духовното, нешто во нас жеднее за одговор на принципиелните прашања: зошто живееме, постојат ли други светови и други, посовршени форми на постоење, што не чека по смртта, постојат ли нефизички сили коишто би можеле да му помогнат на човекот да ги совлада физичките закони и да стекне сигурна среќа. Овие прашања Достоевски ги нарекува „проклети" прашања, бидејќи се неизбежни и бараат да бидат одговорени, се до последниот (смртниот) час од овој живот. И ете, луѓето, не познавајќи го или игнорирајќи го христијанското учење, се обраќаат кон езотерични учења.

Тие учења претендираат на тоа дека нудат одговор на длабоките принципиелни прашања за постоењето и дека го знаат пристапот до нефизичките сили. Но, овие одговори се лажни, а рецептите - погубни. Најстрашно е тоа што тие го придушуваат стравот Божји во човекот и чувството за одговорност за своите постапки. Паднатите духови му дошепнуваат на окултистот-почетник дека не постои ниту судот Божји, ниту вечните маки, туку, напротив, дека таму е се лесно и пријатно. Затоа, „збогатувај се со знаење и примај ја во себе силата што ти се дава". И, навистина, понекогаш, како резултат на окултни занимања, на човекот му се откриваат необични способности - телепатија, способност да лечи со помош на „биополе" или да ги придвижува предметите („телекинеза"), итн. Но, како што ќе видиме, овие способности не се развиле во него самостојно, туку при содејство на нечистите духови, и затоа се мошне опасни и штетни. Навистина, за да не го исплашат почетникот, демоните го сокриваат своето присуство и се претставуваат: а) или како безопасни духови што талкаат наоколу, или б) забезлична нефизичка енергија, разлеана во космосот или сокриена во самиот човек.

Епископот Николај Протопапас прави ваков список за причините за привлечноста на магијата денес:
1) Желба да се спознае непознатото и идното. Секој човек има желба да го запознае светот кој што го опкружува. Овој порив е природен и спонтан. Оваа желба се манифестира во разјаснувањето на тајните на животот. Човекот сака да знае што го чека во иднината, дали ќе ги совлада пречките во животот итн. Така прибегнува кон магијата. Што се однесува до предвидувањата и предзнаењата, демонските сили можат да ги знаат само последиците на природните закони; како што еден лекар може да го знае натамошниот развој на една болест, или еден метеоролог предвидувањата на врнежите. Само Бог кој што ги испитува "срцата и утробата" ги знае тајните и иднината. Демоните како истенчени духови можат да ја знаат само сегашноста, но не и иднината, која зависи од промислата Божја и севкупните околности и човечката слободна волја.
2) Болката и болеста. Многумина заради искушенијата кои ги снашле, разочарани во медицината, прибегнуваат кон магијата со надеж за оздравување. Други, пак, ги искористуваат сите можни средства, но на крајот одат кај некој вражач кој што им ветува брзо и ефикасно излекување. Па така, болеста наместо да ги приведе кон Бог, ги оддалечува од Бог.
3) Желба за контакт со мртвите. Оние кои ги изгубиле своите блиски имаат неизгаслива желба повторно да воспостават контакт со нив, да го чујат нивниот глас и да дознаат несшто за нивната состојба. Магијата и ова го ветува. Преку спиритизмот се произведува впечаток дека вистински се слуша гласот на умрените личности. А во реалност тоа се гласови на злите духови кои ги имитираат гласовите на умрените.
4) Љубопитство. Со оглед дека денес многу се зборува за магијата, ова го предизвикува љубопитството кај некои кои имаат склоност кон мистиката и пробувањето на поинаков начин на живот и искуство.
5) Желба за одмазда. Од оваа причина многумина приоѓаат кон магијата, од желба да видат како страда оној човек со кого имаат нерасчистени сметки.
6) Несигурност и стрес. Современиот човек живее денеска живот полн со оптоварувања, зашто и средината во која живее е таква. Со желба да се ослободи од таквиот живот и да си олесни, тој приоѓа на магијата. Меѓутоа, магијата не само што не го ослободува од такво нешто, туку уште повеќе му ја одзема вољата и го наркотизира.
7) Оддалечување од верата. Чуството на духовна празнина води во духовни сурогати. Во таквите ситуации магијата се јавува како религиски феномен кој што ја заменува верата.


12. Дали магијата е делотворна?

Постојат многумина коишто не го прифаќаат проблемот на магијата во овие димензии како што ги претставивме. Обраќањето на внимание на магијата го сметаат за губење на време и тврдат декаа таа е застапена само кај еден број на измамници и суеверни луѓе. Кај првите таа е работа со добар приход, а кај другите страв. Меѓутоа, сите признаваат дека магијата се практикува, дека постојат храмови и жреци (посветени), обреди и жртви.

Бесомнежно, магијата се реализира со интервенцијата и дејството на сатаната. Ѓаволот, мразејќи го човекот како икона Божја, пронаоѓа разни методи со цел да го потчини. Еден од таквите најопасни методи е и магијата. Со својата сила (а по Божјо допуштање), ѓаволот прави некој да оздрави, но само навидум. Во суштина го лечи телото за да ја усмрти душата. А ја придобива човечката душа благодарение на човечкото нетрпение.
Св. Јован Златоуст говорејќи на таа тема вели дека од човекот зависи колку ѓаволот ќе биде ефикасен: "Ако ние сакаме тој е голем (т.е. моќен), ако ние сакаме тој е мал (т.е. немоќен)".

Слично вели и старец Пајсиј, современ светогорски старец: „Мрачните сили на темнината се немоќни. Луѓето ги прават моќни со своето оддалечување од Бога, бидејќи на тој начин му даваат право на ѓаволот".


13. Како да се заштитиме од сите магиски напади?

Како што вели санкт-петербуршкиот и ладошки митрополит Јован: „Пред се, треба да се вратиме во Црквата. Треба да ја очистиме светињата, човековата душа, од лажните вредности кои ја опоганиле и да ја воспоставиме во себе погазената и изобличена смисла на животот... Животот како служење на Бога, Кој не повикува кон Себеси: „Дојдете кај Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам" (Матеј 11, 28). Треба да одговориме на Татковскиот повик, да дојдеме со покајание, не сокривајќи го своето сиромаштво и срамот да пристапиме со вера и молитва, и тогаш Бог ќе ги исчисти нашите срца и во нив ќе воспостави мир и спокој на осмисленото постоење".

Нашата цел не е само заштита од злото, туку и вечно спасение во Царството Небесно. А тоа спасение е можно само во Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква, во нераскинливиот сојуз со Богочовекот Исус Христос, заради нас Распнат и Воскреснат.

Значи ако сакаме да го избегнеме налетот на злите сили, неопходни ни се:

1. Правилен православно - црковен живот и молитвено - литургиска
пракса ;
2. Редовно посетување на црковните богослужби, а особено на Светата Литургија, на која се причестуваме со Светите Тајни - крвта и телото Христови, со благослов на духовниот отец;
3. Што почесто срдечно, покајничко исповедање на гревовите пред искусен духовник, со кој треба да разговараме и да се советуваме за сите духовни и секојдневни проблеми;
4. Смирено чувствување на сопствената гревовност и немоќ, и искрена желба за напуштање на гревовниот живот: "Жртва пред Бога е скрушен дух, понизното и смирено срце - Бог не ќе го презре" (Пс. 50);
5. Трезвеност на умот, со молитва која ќе биде лишена од сите лажни виденија и чувства.

Заклучок

Од сето изложено се гледа дека религијата и магијата се слични само привидно, поради оние две заеднички тези дека материјалната стварност не е единствената стварност, и дека постои извесна врска, взаемност меѓу материјалниот и духовниот свет. Заради тоа неупатените луѓе во проблемот, ги изедначуваат. Меѓутоа тие се и на психички и на етички и на догматски план, сосема спротивни една на друга. Религијата моли, магијата заповеда. Религијата прави од човекот послушен син Божји, магијата прави вообразен господар на светот, узурпатор на Божјите права и тутор над Божјата сила. Религијата сака да развие кај човек љубов кон другиот човек како кон брат, а магијата бара само корист и себичност. Религијата го врзува човекот со Бога, а магијата со демоните.
Врз основа на овие факти следи заклучокот дека религијата и магијата се не само суштински различни една од друга, туку се баш и спротивни. "На религијата разбрана како обожување и молитва, магијата е баш спротивна која што е атеистична" (Бергсон).

Еве едно духовито споредување помеѓу религијата и магијата (Жозеф Вилбоа): Религијата го фрла детето во прегратка на неговата мајка, а другата го влече од мајчините раце, говорејќи: "Не! Потполно сам!"

Значи: " Магиското сфаќање не е религиско сфаќање". Меѓу нив постои битна разлика.


КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА (References)

1. Абашидзе Архимандрит Лазар, Савремена Магија.
www . pravoslavniodgovor . com/okultizam/savremena_magija.html
2. Велички Гаврил Епископ,( 2006), Како учи Православната црква за магиите и за другите видови суеверија, Брегалничка епархија, Штип.
3. Воробјовски, Јуриј, (2000) Западни пут у апокалипсу, Цетиње.
4. Димитриевич Владимир, (1997) Стаклене очи Индије, Цетиње.
5. Карелин архимандрит Рафаил, Окултна агресија, www.pravoslavni-odgovor.com/okultizam/agresija.html
6. Карелин архимандрит Рафаил, Астрологија и Православие. http://preminportal.com.mk/content/view/412/54/
7. Клеопа Старец (2005), Голем е Бог, Ѓаконија Штип.
8. Критика фрезерове концепције магије.
http : //teme . ј unis . n i . ac.rs/teme1-2007/teme1-2007-06.pdf
9. Magiskiot napad i sredstvata za zashtita od nego
www.top.mk/blog/42104/magiskiot-napad-i-sredstvata-za-zashtita-od-nego
10. Милин проф. Д-р Лазар (1976), Научно оправдање религије, Апологетика књига 1, Београд.
11. Премин портал, Духовност, свештеник Родион Петроградски, Астрологијата и магијата во светлината на православното учење.http://preminportal.com.mk/content/view/2174/54/
12. Премин портал, Духовност, Милеант Александр Епископ, Соблазие на
окултизмот.http : //www . preminporta l . com.mk
13. Протопапас, Николај Епископ, (2002) Црква и магија, Избави нас од лукавога, Београд.
14. Роуз отец Серафим, (2004) Светлост са запада, Београд.
15. Sveti Oci Sujeverje Klanjanje Davolu,
www.scribd.com/doc/13840974/Sveti-Oci-Sujeverje-Klanjanje-Davolu
16. Свето Писмо (2001), Скопје.
17. Скрипта, Kulturologija.(2011) http://www.scribd.com/doc/2894603/Kulturologija-skripta
18. Успение, (2003) периодика на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" с.Јанковец, Ресен, бр.5.

Download СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » » 

Besplatni Seminarski Radovi - Бесплатно семинарска работа

SEMINARSKI RAD