ГЛАВНА СТРАНИЦА

 
БЕСПЛАТНО СЕМИНАРСКА РАБОТА - МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА
 

“Евгениј Онегин ”- Александар Сергеевич Пушкин

 

PuskinAлександар Сергеевич Пушкин се родил во Москва на 6 јуни 1799 година во аристократско земјовладетелско семејство. Годината во која се раѓа, симболично го означува неговото поврзување со минатиот класицистички обоен век и новиот век, односно новата епоха во литературата, во која тој ќе заземе видно значајно место. Во Русија владеел терор, непросветеност, прогонство во Сибир и стрелања поради секоја неправедна мисла; Русија тонела во мрачниот феудализам, во оној остаток од феудализмот, кога сеуште беснеела експлоатацијата над селанецот-кмет и населението. Војната против Наполеон, со право наречена татковинска, водела кон потполно рушење на Наполеоновата империја и широко народно-ослободително движење во цела Европа, односно била поттик за идеите на западната буржоазија и француските енциклопедисти, што не останало незабележано и кај руските напредни луѓе кои бараат реформи како и укинување на кметството што довело до Декабристичкото востание, особено симпатизирано од Пушкин кој му посветил неколку песни на неговите учесници.
Уште во раното детство, поминувајќи многу време во татковата библиотека поради незаинтересираноста на неговите родители за неговото воспитување, Пушкин, научувајќи го францускиот јазик се среќава со француските класици, од чии идеи ќе биде вдахновен и во своето творештво и во општественото однесување. Големо влијание во неговиот развој извршила неговата дадијарка Арина Радионовна, којашто Пушкин подоцна ја опејува во многу стихови.
На дванаесет годишна возраст постапил во Царско-селскиот лицеј. Но наместо за двојранска кариера се определил за литературата, при што мошне блиски му биле револуционерните идеи на декабристите и нивниот слободарски дух, па во 1817 год. ја напишал песната “Слобода”. Со неа го предизвикал гневот на властодршците и чуварите на царизмот, па по наредба на царот бил интерниран најпрвин во Бесарабија, па во Одеса и на крај во селото Михаиловско во имотот на татко му, во еден вид, домашен притвор. Неговиот престој пак во селото Болодино, е периодот кога го напишал романот во стихови “Евгениј Oнегин”, како и трагедиите “Моцарт и Салиери”, “Камениот гостин”, па “Повестите на Белкин” и повеќе лирски песни.
Првиод период од неговото творештво започнува со неговата стихозбирка “На другарот стихотворец”, во која провејува елегично расположение, несреќна љубов, патриотски дух и револуционерност, како и огорченост против поредокот, со што особено ја разголува похотата и алчноста на спахијата во песната “Село”, една од најсилните песни во целата негова лирiка.
Второт период од неговото творештво го опфаќа времето што го поминал на југ. Во тоа време Пушкин бил восхитен од Бајрон (особено од неговиот роман во стихови “Дон Жуан”), кој пак бил под влијание на Русо, кој тврдел дека науката и цивилизацијата го искривуваат човековиот карактер, идеја која ќе стане девиза на европскиот романтизами која Бајрон мајсторски ја развил во “Чајлд Харолд”. Пушкин цивилизацијата ја гледал во нагласени и кобни противречности што ќе ги изрази во своето прво оригинално ремек-дело “Цигани”, и за разлика од Русо и романтичните-русоисти, смета дека човекот не може да ја најде својата слобода бегајќи во природата, туку во промената на односите меѓу луѓето, односно, во слободата на луѓето. Во таквиот Бајроновски дух спаѓаат и поемите “Кавкавскиот заробеник”, “Бахчисарајскот фонтан”, песните “Кон морето”, “19 октомври 1825”, “Демон”, “На А. П. Керн” итн.
По избувнувањето на востанието на декабристите, кое био крваво задушено, околу Пушкин во царскиот двор почнала да се создава атмосфера на клевети, обвинувања и понижувања, бидејќи претставувал опасност за царската власт со својата поетска дејност. Најпосле интригата сплетена околу неговата жена, го прекинала Пушкионовиот животен век, со што Пушкин бидува убиен во двобојот, бранејќи ја својата и честа на неговата жена во борбата против некој француски емигрант. Неговата смрт (1837 год.) била ненадоместлива загуба за руската и за светската литература.
Покрај споменатите поетски остварувања познати се и неколку прозни дела како неговата прва драмска творба “Борис Годунов” под влијание на Шекспир, а со сиже од националното минато, потоа историскиот роман “Капетанската ќерка”, поемата “Политва”, повеста “Пиковата дама”, како и неговиот прв поголем спев “Руслан и Људмила”, кои истовремено ги поставуваат и темелите на рускиот реализам.

Евгениј Онегин


Своето капитално дело “Евгениј Онегин”, Пушкин го напишал инспириран од епот “Дон Жуан” на Бајрон, што првенствено се однесува на формата на делото, односно роман пишуван во стихови, а без сличности во карактерот на двата јунака. Делото претставува приказ на руското двојранство од чија средина произлегол и поетот, но замислен врз една реалистична основа, запознавајќи не и со секојдневните настани од животот во руското двојранство и со секојдневните општествено-економски проблеми, што претставува белег на строга стварност и историски моменти од развитокот на руските друштва. Пушкин слободно преминува од објективно-наративен тон, на лирски отстапувања и во таа смисла го нарекол својот роман слободен. Типични карактери во типични околности, обични луѓе во приликите на секојдневниот живот, во атмосферата на средината која ги створила, се ликовите во пушкиновото дело. Тој зборува за нивните родители, за нивното воспитување и учење и на тој начин прави нивните карактери да бидат разбирливи. Всушност, со таквиот реалистички карактер тој ја обележува сликата на руската природа и неговите лирски изливи.
“Евгениј Онегин” се состои од осум завршени глави, кон кои обично се додаваат и две незавршени. Главите се разделени на помали делови кои имаат строфична форма, a секоја од нив, по правило, има четиринаесет стихови што е наречено онегинска строфа. Нарекувајќи го својот роман слободен роман, Пушкин сакал да ја истакне способноста на овој книжевен род, која дозволувала писателот во него да стави најразлични содржини; да го одрази внатрешниот свет на личните доживувања на писателот, и надворешниот свет на руската стварност, односно да изведе баланс. За да го оствари тоа, Пушкин морал да создаде роман со таков ритмичен тон, кој по својата разноврсност и природа најдобро би ги задоволувал потребите на слободното креирање, во кој главно лице се разбира, е Евгениј Онегин.
Онегин е човек што самиот живот ќе го турка напред, не по негова воља. Неговот татко му овозможил типично аристократско воспитување, во кое голема улога играле Француските воспитувачи, под чие раководство Онегин се здобил со школско образование и ги научил правилата за убаво “големосветско однесување”. Образованието кое го стекнал во суштина му ги давало сите права на културен човек; добро знаел да зборува француски, го познавал латинскиот јазик, површно бил запознаен со историјата и спорел за политичката економија на Адам Смит, за Овидиј, ја познавал и античката книжевност, авторитетивно се нафрлал против Хомер и таинствено замолчувал пред она што не го разбирал. Но, во неговиот воспитен систем имало еден недостаток; неговото образование е без “строг морал”, сред општествениот шум тој е научен лесно да се снајдува, не познава истраен, системски труд, ниту пак има знаење неопходно за социјализација.
На осумнаесет години тој го завршил своето образование и зачекорил во светот. Префинетите манири, вештото елегантно движење, беспрекорниот француски јазик, остроумноста, се тоа му обезбедило успех, па зачекорил во вртлогот на бурнот големосветски живот. Така поминал осум години.
Но, празнината на големосветскиот живот која не води сметка за сериозно духовно интересирање и работа, најпосле предизвикала во него разочарување, досада и хипокондрија, за што особено допринело и одушевувањето од бајроновата поезија која тогаш била во мода, со мотивот на разочарување и светска тага. Во животот на Онегин настанал пресврт, морална криза. Тој се одрекол од големосветскиот живот и се затворил зад ѕидовите на неговата соба, чувствувајки празнина, отсуство на разумна работа и охрабрувачки идеи од што Онегин со мака бара излез. Како паметен човек, тој морал да го осети на себе влијанието на идејното возбудување кое ги зафатило напредните друштвени слоеви во периодот пред кревањето на декабристите и така, тој се зафатил со книжевна дејност. Но, несвикнат на работа, на системски труд, упорната работа него му била мачна, а од неговото перо не излегувало ништо. Неуспех доживеал и при читањето на книгите, при што потонал во уште поголем мрак и скептично расположение. Од оваа состојба излегол поради смртта на неговиот вујко и потребата да се пресели во село, што внело многу новости во Онегиновиот живот – открил пред себе можности за нова непозната друштвена средина. Иако претставник на двојранството, се стремел кон некаква либерална реформа во обаласта на стопанството што е одек на декабристичкото движење во тој период, со што привлекувал омраза кај конзервативните спахии кои таа омраза ја пројавуваат преку интригата и озборувањето.
Досадата ја разбил новиот сосед Ленски, поет и мечтател, уште во оној пубертетски занес, кој иако на почеток досаден поради противречностите што владееле меѓу двајцата, нивните заеднички умни интереси, како што се актуелните прашања за друштвениот живот на напредните луѓе на таа епоха, ги зближуваат. Всушност Ленски е интересен за Онегин со својата нестабилна мисла и жар со кој поетот разговара за љубовта, за поезијата, која, впрочем, Евгениј и не ја разбира потполно. Нивните спорови биле во духот на декабристичките стремежи, со наполно определена политичка смисла.
Отменото движење на Онегин предизвикало восхит кај Ларини, а клукарство кај соседите. Во него се вљубува Татјана и се решава на невозможното: да му пише за тоа. Но, тој сосема студено го примил нејзиното признание, впрочем како што ја примал љубовта и на другите убавици.
Евгениј го избегнувал домот на Ларини, сметајки дека таму напразно би го губел времето. Уморен од досада кај Ларини, на именденот на Татјана, тој решил лекомислено да предизвика љубомора кај Ленски. Ладнокрвно ја примил поканата за двобој, непомислувајки дали тој е нужен, зошто во прашање е сепак честа и името, меѓутоа јасно се обвинувал и самиот себе. Ниту едниот, ниту другиот не го сакале тој двобој, но тврдоглавата натура и суетата тука го имале својот збор.
Пријателството на Онегин и Ленски се завршило во двобојот кој се случил подоцна. Во тој конфликт Пушкин открива пред се една внатрешна противречност во Онегиновото однесување: од една страна неговата небрежност спрема општеството во кое живеел, а од друга страна потполна зависност од јавното мислење и неговото сфакање за двобојот. Истата противречност се покажала и во Онегиновиот однос спрема Татјана, во одговорот на нејзиното писмо во кое и кажал дека не сака да го ограничи неговиот живот на еден таков домашен круг, дека неговиот живот имал посветли стремежи од еден брак за кои семејството ќе му било само препрека и ограничување. Тој не бил створен за блаженство и не бил способен да љуби. Но кога се сретнал со Татјана, кога таа била веќе мажена жена, Онегин, зашеметен од изненадата што јасретнува, обземен од јад дека таа е сега туѓа и студена спрема него, се заљубил во неа како дете и за неа јурел како сенка, па најпосле и пишал љубовно писмо. Писмото било исполнето со природен жар и страсен занес на Онегиновата љубов спрема Татјана што означило пресврт во животот и свеста на Онегин, негово одрекување од претходното тежнеење во животот за ненаква извонредна улога, во желба за лична среќа. Ја презрел својата поранешна гордост и целото свое битие го внел во таа љубов Но се сретнал со веќе изменетата Татјана, која ја одбила таа љубов.. Не му останало ништо друго освен да го продолжи својот живот, а животот без цел го сметал за бескорисен и празен, исполнет со незадоволство.
Наспроти Онегиновиот лик се става ликот на Татјана. Во нејзиниот лик најбитен е моментот поврзан со народното тло. Таа е селска госпоѓица. Нејзиното детство го поминала во селска тишина, во приликите на патријархалниот живот и со народни сказни, во атмосферата на селската слобода и ширина. Родителите многу малку се грижеле за нејзиното воспитување и образование, сето тоа нејзиниот татко и го препуштил на неговата енергична и самоволна жена. Во нивниот живот владееле старите навики. Меѓу господата и слугите, спахиите и селаните, имало голема разлика на културно ниво. Тие имале ист начин на живот и навики, верување, предрасуди и разонода. Таа патријархална блискост на народот и обичаите, ја одгледале Татјана во духот на руската душа. Таа од детството се запознала со ликовите на руското народно творештво, сликите на руската природа и живот. Градот не влијаел на неа. Љубовта спрема руското село се провлекувала низ целиот Татјанин живот. Пред нејзиното заминување во Москва, таа се збогувала и со своите пријатели и со долините, реките, потоците и шумите. Иако станала голема светска дама, богата и видена, таа останала верна на претходните селски симпатии и носталгии. Не можела да остане незапознаена со француските стремежи и француската револуција, но нејзините интересирања не биле во толкав обем, таа ја сакала – слободата на човековото битие.
Татјана притежнала кон наивност, како и секое младо наивно и невино суштество таа го чекала својот принц и го дочекува – суровиот Онегин. Се воодушевувала на романите на Ричардсон и Русо, особено оние во кои што се воспевала слободната љубов како највисок закон во природата. Љубовта ја поттикнала Татјана отворено да му ја изрази на јунакот на овој роман и чувствата што ги гаела и за кои кај Русо нашла веќе готов речник. Со тоа остро ги прекршила обичаите и правилата кои што владееле во благородничкото општество, но сепак верува во човечноста на луѓето и размислува со сопствен ум и воља. Таквиот потег го сметала за најважен настан во нејзиниот живот. Сите најубави покрети на нејзината душа ги поврзувала со таа љубов. Длабочината на чувствата на Татјана и нејзиниот озбилен став спрема љубовта, се спротиставуваат на Пушкиновата лекомисленост. За нејзината љубов дознала само нејзината дадилка, пред која Татјана го отворила своето срце. Се омажила без љубов за генерал, длабоко прикривајки ги чувствата спрема Онегин, како најголема драгоценост и својата непоколеблива верност умеела да ја усогласи со чувството на должност спрема својот маж. Кај неа импресионира нејзиниот озбилен промислен став спрема животот и луѓето, длабокото чувство за одговорност и гледање на животот како на морален подвиг.
Слично на Татјана, Ленски своето детство го поминал на село. Образование добил во Германија, каде ја научил Кантовата филозофија и Шилеровата и Гетеовата поезија и потпаднал под нивно влијание. Се вратил во Русија пренесувајќи ги своите романтичарски разбирања за книжевноста, со слободољубиви соништа, со пламен и необичен дух. Во Пушкиновите ракописи, оваа црта на Ленски е истакната многу, во неа Ленски добива карактер на политички агитатор. Наспроти Онегин, Ленски не го познавал големосветскиот живот, со неговите празни интереси, лекомислен став, желба за разонода, презаситеност, досада и Онегински скептицизам. Задоен со романтичните погледи на љубов и пријателство, тој го идеализирал ова чувство, давајки му најголемо значење во животот. Неговиот однос спрема Олга бил детска љубов, неговиот морал - солза, а и самиот бил моралист, тој одбирал претпазливо и од своите сакани поети што ќе и чита на Олга. Сфаќањата на Олга за животот биле пореалистични, љубовта ја ценела, но обмислувајки за неа. Нејзе не и биле туѓи моминските мечти, но постудено ги отфрлала и дури наоѓала место да се пошегува со нив. Нејзе и е туѓа брзата промена.
Сепак противречностите мегу карактерите на Онегин и Ленски ги довеле на крајот до двобој и смртта на Ленски. Љубовта на Ленски спрема Олга и неговото пријателство спрема Онегин, не го издржале искушението и со самото тоа откриле внатрешна слабост и романтична претераност. Восхитеното идеализирање на Олга, брзо му отстапило место на мрачното разочарување – требало само неколку пати Онегин да игра со Олга. Сепак кога Ленски го воочил двобојот, ја посетил Олга мислејки дека ќе ја збуни со неговото доаѓање, но таа со радост го пречекала, безгрижна и весела, баш таква каква што била. Убеден дека е љубен како и претходно, тој бил спремен да го одложи двобојот, но сепак се одлучил да се не откаже и да го казни Онегин. На тој начин Онегин станал во очите на Ленски развратник спрема неговата вереница, станувајки жртва на сопствената нерамнотежа и романтична одвоеност од реалниот живот, со што Пушкин го омаловажува романтичното одалечување од реалниот живот.
***
Не е романот само опис на руската стварност, туку во него се сретнува и личноста на самиот автор. Тој ја потцртува често сличноста меѓу себе и својот херој, или го остава Онегин и раскажува за себе и за своите лични преживувања. Авторот покрај другото не запознава и со културниот живот на Русија во тоа време, со поезијата до тогаш, со состојбата на Рускиот класичен балет и театар, со тогашното воспитание на дворјанството, со економската положба на тоа дворјанство, како и соодносот на господарот спрема слугата. Мајсторскиот подег на Пушкин, доаѓа до полн израз, при оцртувањето на разликите меѓу големиот бучен град и селото, при оцртувањето на празната разонода, на градското и монотонијата што владее сред селското дворјанство. Наспроти романтичарските слики, стојат реалистичките описи на руската природа. Реализмот наполно го наоѓа својот израз во предавањето на општествените проблеми, внатрешните проблеми на државата и со реалистично пророштво, наговестува напредок во техниката.
Значењето на пушкин не е ограничено во рамките на руската книжевност. Тој е светски писател. Кога зборува за руското двојранство, тој укажува на феудалните проблеми што треба да се решат не само во Русија туку и во другите феудални семји, а кога зборува за Онегин, тој зборува за современиот човек воопшто.
Пушкиновиот стил е класичен, а без херојот од романот секако немало да се појават во светската литература такви силни личности што го продолжуваат Пушкиновиот Онегин.

Користена литература:

• А. С. Пушкин: “Пушкин и неговиот роман Евгениј Онегин”, Ѓорѓи Сталев, Евгениј Онегин, Култура, Скопје, 1962, 208 – 224.
• Н. Поспелов, П. Шаблиовски, А. Зерчанинов: Руска књижевност од почетка до Љермонтова, Просвета, Белград, 1947, 339 – 354.
• Паскал Гилевски, раде Силјан: Прилози за наставата по литература, Матица, Скопје, 2004.

 

Download СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » » 

Besplatni Seminarski Radovi - Бесплатно семинарска работа

SEMINARSKI RAD