ГЛАВНА СТРАНИЦА

 
БЕСПЛАТНО СЕМИНАРСКА РАБОТА - МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА
 

Андрија Качич-Миошиќ


Општи карактеристики на просветителството

Просветителството е духовно движење кое започнало некаде на крајот од 17 век (а официјално започнува малку подоцна - во 1715. година). Ова движење имало влијание што се чувствувало и во 19 век. Целта на просветителството, како што и самиот збор кажува, е расветлување на тајните кои отсекогаш биле догма за човештвото. Тоа навлегло во речиси сите области на културата и духот.
Носител на идеите на просветителството била граѓанската класа, која почнала да се еманципира уште во ренесансата. Токму затоа литературата во просветителството е антирелигиозна и антифеудална. Во услови кога апсолутизмот на владетелите во Европа со помошта на црквата ги потенцира класните антагонизми, граѓанската класа со својата материјална моќ и со интелектуалната супериорност се чувствувала повикана да го смени светот. Во литературата од овој период доминираат граѓански теми, додека класицизмот инсистира на литература која ќе го опише животот на дворот, односно аристократијата.
Апсолутистичките монархии (особено на Луј XIV во Франција) ги исцрпиле сопствените народи и материјално ги осиромашиле. Англија била најнапредната земја во Европа, бидејќи во 1688. година, во рамките на т.н. славна револуција, буржоазијата ја победила апсолутната монархија. Значителни промени во Франција ќе внесе (по смртта на Луј XIV) Филип Орлеански, но вистинската промена во општествениот живот на Франција ќе се случи по француската буржоаска револуција во 1789. година. Сепак, карактеристично е што просветителството го потпомагаат и некои од владетелите - Фридрих II, Марија Терезија и нејзиниот син Јосип II,Катарина II, кои докажуваат со тоа дека се вистински приврзаници на просветителскиот апсолутизам.
Еден од основните белези на просветителството е обземеноста со науката. Осумнаесеттиот век некои го нарекуваат и век на филозофијата. Во овој период се формираат многу науки:политичка економија, статистика, социологија, емпириска психологија и споредбеното проучување на културата. Меѓутоа, философијата во просветителството значи социологија,право и политикологија, а не философија во класичната смисла на зборот.
Први придвижници на просветителството се Гроциус и Спиноза од Холандија. Томас Хобс, Дејвид Хјум и Џон Лок од Англија ја развиваат емпириската философија, а Исак Њутн се појавува со своите пронајдоци во физиката. Теоријата на државата на Лок, неговото сфаќање за природниот човек, влијаеле врз повеќе писатели на просветителството. Просветителството во Франција се јавува под влијание на англиското, но тоа е многу порадикално. Претставниците на просветителството се движат во насока на материјализмот. Германското просветителство го подготвуваат Томазиус, Волф, Лесинг и Базедов.
Во областа на правниот и општествениот живот, во 17 век се развива идејата за т.н. "природно право", која бара ослободување на социјалниот живот од верските, националните и традиционалните белези. Ова отворало решение за проблемот на жестоките верски граѓански војни кои го уништувале просперитетот на Европа, поттикнувајќи ја основата за модерното меѓународно право. Просветителството во 18 век врз авторитетот на Лок ја поттикнува идејата за здравиот разум во оваа област. Философскиот дух, кој поттикнувал на договор и на разумна согласност на сите граѓани за остварување на сеопштата среќа и благосостојба, всушност може да се смета како форма нахуманистички стремеж за реализирање на достоинствен живот без насилство, без деспотизам.
Проучувачите на периодот на просветителството сметаат дека во него доминирал интересот за науките и дека интелектуалците, пред сè, биле обземени со идеите, а не со уметности. Писател во 18 век значело многу за да се обезбеди основната егзистенција. Меценството, пак, како понижувачко, било одбивано од страна на слободоумните мислители и автори.

Хрватската литература во XVII век

Протестанското движење коешто заземало се поголем замав не само во Хрватска ами и во другите краишта, придонело до се позасилено творење и печатење на побожни книги коишто биле наменете пред се за обичниот народ. Во оние делови од хрватската територија коишто никогаш не биле под турска власт (Загреб и Вараждин) почнало да се твори на еден поинаков начин, дотогаш не познат то ест на поразличен дијалект- кајкавски. Истажувачите сметаат дека уште пред појавата на протестанското движење постоеле творби напишани на овој дијалект но сепак тоа се уште не е засведочено. Сите овие творби кои настанале во овој период биле со библиски мотиви и крупни историски настани. Во XVI век посебно се истакнува теологот Антун Врамец, кој посебно е познат по својата Хроника. Ова дело е еден вид општа историја во која се опишани многу важни историски настани.
Во XVII век во Хрватска се појавиле неколку писатели кои со својот талент за пишување оставиле траен белег како во националниот така и во општествениот живот. Ќе ги спомнам: Петар Зрински, Фран Крсто Франкопан Павло Ритер Витезовиќ1. Но сепак како посебен се изделува Андрија


Животот и делото на Андрија Качиќ- Миошиќ

Andrija Kacic MiosicАнрија Качиќ-Миошиќ ( роден на 17. април 1704. година а починал на 14. декември 1760. годин) е хрватски поет. Тој бил роден во Брист близу Макарска. Тој учел во манастирите Заострог и Буда. Покрај останотото тој учел и филозогија во манастирот Заострог. Неговото најзначајно дело е Razgovor ugodni naroda slovenskog (Разговор угоден за словенските народи, 1756.) историја во стихови во која Качич Миошиќ, под влијание на идеалите на просветителството, се обидел да ја шири писменоста и модерните идеи меѓу писмените луѓе. Тоа е најпопуларното дело создадено на хрватска почва за кое се зборува до ден денес, сметајќи го и векот на неговото создавање.Исто така ова дела одигра клучна улога во стандардизирањето на хрватскиот јазик. Ова дело содржи песна за Скендербег што всушност беше основа за создавањето на трагедијата на Иван Кукуљевиќ во деветнаесетиот век. Користејќи десетто-силабичен стих на народна поезија и потпирајќи се на Мавро Орбини и Павао Ритер Витезовиќ, Качич Миошиќ раскажува и пее за историјата на словеските народи од антиката па се до неговара возраст. Тој, како и Иван Гундулиќ, ги опишува словенските народи од Јадранското до Северното Море како еден народ.
Друго негови дела се филозовската студија на латински јазик и хрониката наречена Karabjica (1760.) каде што користи извадоци од други писатели, вклучувајќи го и Витезовиќ.

Разговор угоден за народот словенски


Содржина на делото

Делото Razgovor ugodni naroda slovenskog (Разговор угоден за словенските народи, 1756.) е најпознатото и највлијателното дело на Андрија Качиќ-Миошиќ. Во него се величат многу херои од познати хрватски семејства за време на Отоманските војни. Делото вклучува и некои многу важни народни песни, а некои истражување сметаат дека ова дело на Качич-Миешиќ е народен зборник.
Razgovor ugodni naroda slovenskog (Разговор угоден за словенските народи, 1756.) е составена од повеќе содржини. За да дојдеме до заклучок за тоа, за каква книга станува збор, најпрво да се запознаеме со стуктурата на самото дело, односно да ја видиме неговата содржина.
1. Брат (štiocu)
2. Пресветол господин
3. Pripoljubljenomu štiocu.
4. Писмо до Радован и Мјелов
5. Poskočnica која може да се пее во училиштето
6. Кратко видение од стариот крал словенски, кое во минатото беше сочувано и негувано од словените, од различни книги извадено, и на светлост покажано.
7. Случувањата после Исус
8. Писмо од Павлимир
9. Писмо од кралот Тешимир
10. Писмо од кралот Владимир
11. Писмо од Радослав и Бодина
12. Писмо од Кобилича и Вук Бранковиќ
13. Писмо од Котромановиќ
14. Писмо од Остоја Крастиќ и Степан Јаблановиќ
15. Писмо од Басилија
16. Следи кратко говорење од поглаварот на хрватски
17. Писмо од Јуре Кастритиќ
18. Мурат плашливиот
19. Писмо од Кроја
20. Смртта на Јуре Кастртиотиќ 1467
21. Писмо на војводата Јанко
22. Второто писмо на војводата Јанко
23. Четврто писмо на војводата Јанко и Ивана Кипистрава, како го разбиваат царот Мехмед, неговиот син Мурад, под Белград 1456
24. Песна од Константинопол извадена од книгата на Флоријан Кампи
25. Песна од куќата на Франко
26. Песна, како Анте Лоредан, го одбрани народот од Скадар од турците во 1475
27. Писмо од кралот унгарски, наречен Луис, за да се порази на бојното поле 1526
28. Писмо од царот Зриновиќ и Сулејман трети, кои го освоија унгарскиот крал 1566
29. Писмо, како кралот Улужал, донесе во Корчула многу бродови и галии на 15 август во 1571
30. Писмо од Ципра
31. Писмо од страшната војна, што се случи на денот на св. Јустин
32. Песна од прекрасниот дубровнички господин, како ги брка Турците и Сарацените во морето во близина на градот Корчула, во 1033.
33. Песна од витешката куќа на господинот од Грабовац, прикажан од страна на господин Анте Грабовац
34. Говорење на старата и благородна куќа на Качич
35. Писмо од стариот кнез Качич
36. Писмо од градот Шибеник
37. Писмо од градот Сплит, како го освојуваат турците 1646
38. Второто писмо од градот Шибеник 1647
39. Писмо од Беча
40. Писмо со принципите на Евгениј
41. Следи првото писмо од витезот унгарски и хрватски
42. Последното писмо од славната Босна
43. Последниот разговор на старецот Милован со неговиот брат

Анализа на делото “Разговор угоден за словенските народи”

Читајќи ги насловите што ни ги нуди ова дело, можеме да се сложиме со тезата на оние истражувачи коишто го сметаат ова дело за народна книга. Во насловите често се забележува дека во одредени делови се зборува односно се величи некој хрватски херој, потоа некои писма од важни хрватски градови, писма за важни битки и слично.
“Доволно е да пробаме само една капка морска вода, за да дојдеме до заклучок дека е солена”. Па така е и во литературата. Книгите се Ќе земам неколку примери, и ќе направам анализа на истите, за да дознаеме повеќе за тежината и значењето на ова дело.

Писмо од Радован и Милован

Во оваа наративна песна станува збор за писмото што било испратено од кнезот Радован до неговиот побратив Милован. Во втората строфа Радован го моли својот побратив Милован да се пробуди, дека тоа е за доброто на сите.
Четвртата стофа е доста интересна и впечатлива. Во неа се спомнуваат сите околну држави, од Словенија па до Бугарија. Со ова можеби авторот сака да ја искаже блискоста на јужно-словенките народи, нивната взаемност поврзаност, како на културолошки така и на јазичен план.
Низ целата песна провејуваат емотивни елементи. Премногу прашање, премалку одговори. Големото величење на својот побратив е знак на неговата пријателска љубов, почит.

Писмо од Павлимира

Во оваа песна се воздигнува народот словенски. Во песната се содржани и негативностите на народот, нивната смиренот-при толку голема невоља. Во песната се спомнуваат неколку важни битки. Во нив е опишано крвопролевањето, херојството.
Самата песна зад себе остава љубов кој татковината, кон народот словенски. Имајќи предвид дека оваа песна е дел од “Разговор угоден за словенските народи” содржината се поврзува со самиот наслов на делото. Песната е прилагодена на словенскиот народ, на нивната историја.

Писмо од девојката Марула, како го ослободила градот од турската војска во 1475

Ослободувањето од турската војска, и воспевањето во народните песни е карактеристично за нашиот регион. Така е и оваа песна во којашто се зборува за ослободувањето на еден град од турската војска.
Интересно во оваа песна е тоа што ослободувачи на градот не е народот, не е некој познат херој, ами една обична девојка. Хероината успева да ослободи цел град, Како наративна песна, раскажувањето тече доста интересно и впечатливо. Во еден момент Качич-Миошиќ вели:

Да не беше девојката Марула,
Тогаш Лемно турците ќе го освоеја
.”

Ова се клучни стихови во кои се гледа важноста и значењето на девојката. Тоа се стиховте со кои девојката е највисоко крената, издигната, возвишена.


Користена литература:

Пет столјеца хрватске книзевности; Zagreb. 1967
Преглед на југословенската литература/ прирачник за средните училишта; книга I. “Просветно дело”-Скопје 1969
Kacic Miosic, Andrija; Razgovor ugodni slovinskoga. Zagreb: Liber, 1988.

Интернет референци:

http://en.wikipedia.org/wiki/Andrija_Ka%C4%8Di%C4%87_Mio%C5%A1i%C4%87
http://www.scribd.com/doc/21145354/Andrija-Kacic-Miosic-Razgovor-Ugodni-Naroda-Slovinskog
http://www.4shared.com/rar/c3hucKN9/andrija-kacic-miosic-razgovor-.html

Download СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » » 

Besplatni Seminarski Radovi - Бесплатно семинарска работа

SEMINARSKI RAD