ГЛАВНА СТРАНИЦА

 
БЕСПЛАТНО СЕМИНАРСКА РАБОТА - МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА
 

Блаже Конески


Blaze KoneskiГолемината на човекот не е во тоа: кој е и што е, туку во неговите искрени и чисти мисли” рекол Достоевски, а јас како автор на овој есеј за Стилот на Блаже Конески, ја пронаоѓам токму таа големина во неговите искрени и чисти мисли преточена во стихови. Добрата страна (предноста) на поетскиот израз (стил) е во тоа што тој треба да биде јасен, едноставен, разбирлив. Стилот не е ништо друго туку емфатичка димензија на еден исказ, која му дава уметничка вредност. Фигурите во еден уметнички текст може да се споредува со нешто што е втисната или отпечатено, или изговорено како некој вид цртеж. Важно е да се спомне дека по секоја емфатичка единица во текстот, доаѓа нулта емфатичка единица која функционира како контекст и обратно. Всушност на тој начин ние објаснуваме една генерална карактеристика на стилот во лириката на Блаже Конески за која се употребува изразот едноставност, која и самиот поет впрочем ја дава формулата до која држи. Едноставната ќе ја претставам преку анализа на неколку песни.
Кога ја читаме поезијата на Блаже Конески брзо препознаваме семантички континуитет. Има ударна компонента - како што вели и тој. Кога зборува за својата уметничка пракса (техника) тој вели дека по обичај тргнува од некој конкретен опис, кој е во врска со нешто конкретно од овој свет. Тој врши семантичка валоризација. Односот е секогаш однос на коорднинација, секогаш имаме смисловен континуитет.
Голема е заслугата, длабока е мислата и широк е погледот- нема ограничување, нема сомнеж и колебење, има почит и воодушевување кое те крева до високите извици на моралното и доброто, до спокојот на душата и убаво напишаниот збор.
Во мене се раѓа трепет и една размисла за еден човек кој е во тесна, нераскинлива врска си развитокот на македонскиот литературен јазик и современата македонска култура воопшто, поет, раскажувач, есеист и научник- славист- големецот Блаже Конески.

Тешкото

“ О тешкото! Сурли штом диво ќе писнат,
Штом тапан ќе грмне со подземен екот-
Во градиве зашто жал лута ме стиска,
Во очиве зашто навирува река
И зошто ми иде да плачам ко дете,
Да превијам раце, да прекријам лик-
Та гризам јас усни, стегам срце клето
Да не пушти вик.”


Сурли штом диво ќе писнат- Дивото ни го означува волшебното, возвишенето. Не тера да ја пронајдеме силната моќ на сурлата. Диво ќе писнат- силно да засвират, да го воздигнат, да го развеселат или да го паднат во депресија.
Овие стихови се одраз на длабоки емоции, размисли кој го кријат кракот на судбината, пулсот на тежината која се повеќе притиска, гмечи и фрла во депресија, ствара солзи во око и срце, влева страв и растреперен поглед кон минатато.
Тоа тешко минато, тој наниз на векови во ропство и болка те прави да го почувствуваш теророт и неправдата, да сочувстуваш со мракот во кој живееле нашите предци-корените на се она македонско. Поетот е растреперен од самата помисла, во градите му се насадила жал, во очите му навира река од солзи. Стегајќи го срцето ја прегушува својата болка да не пушти вик – за тешкиот живот на македонскиот народ.
Тоа тешко оро започнува да се вее, со чекори мирни и бавни, со надеж голема со голем испокор – започнува борбата, земјата се тресе од повикот за да се фатат сите на орото. По старците, момци млади кои како млади соколи не издржуваат а да не го земат тоа што им припаѓа, слобода и мирен живот, спокој и среќна иднина, нешта кои значат хармонија и благосостојба, светлина и чистина. Соколот е храбар, издржлив, снаодлив, знае да изнајде начин за да дојде до исходиштето, до изворот на она што го одржува во животот. Летнува и пушта крик, а крилјата се раширени до бескрај – македонскиот народ се крава, се раѓа исконска сила, земјата е во жарој, орото натежнува и се раширува се повеќе:

“ И душата, чиниш, на родот мој мачен
во тешкото оро се уткала сета-
век по век што трупал се попуст и мрачен
од крвава болка, од робија клета,
век по век што нижел од корава мисла
за радосна челад, за слободен свет,
од песна- за љубов што гине во пискот
ко жерав во лет.”

Во тешкото оро се уткала сета-зборува за судбината на својот народ. Прави компарација помеѓу тешкото оро и својот народ. Робија клета-долговековното ропство на македонскиот народ е претставен преку овој дел од стихот.
И во еден миг се одеднаш е во магла, матна и сурова, се шири и лази во ридови и снаги, тела уморени, но издржливи, и како сенки една по друга во бескрајно оро фатени, излегуваат. Син по татко, по дедо – внук, млади и стари со надеж во мисли, со камен на срце. Писнува свирката- одзеваат прангите, оковите околу нозете кои оставиле длабоки траги и рани, со векови во бол и црнила, македонскиот народ претрпел времињата мрачни, времињата на недогледани страдања.

,,О времиња, што ве в мрак родот мој минал,
кој збот ќе ми најде за вашата страв?!
Кој збор ќе ми најде за ужасот зинат
Над пустож и крв?!
Кој број ќе ми каже на лутите рани,
На пламните ноќи, на пепелишта пусти...”

Понатаму реторички продира до сржта на болките, до тешките солзи во очите без надеж, до усните од кои се плука крв и клетва, клетви за прангата, непријателот, тиранијата:

“Сиnџир ти беше на робја,
Од калеши моми и невести ред,
Си врзани раце ви плен што ги почнал
Насилникот клет”

Продолжува мислата, продолжува пеењето за еден бунт, борба, за еден подвиг и жртвување. Народот, воден од јадот со векови собран, завива бунтовничкото оро се слуша повик и грмеж во чад, Македонија се бори за својата слобода, за својот спокој. По села и градови се чувствува насмев и исприжена рака кон белината на денот, се допира сјајот на бистрината на росата. Нема солзи, нема крик. Има живот и мил трепет во сечие срце.

,,Од вековно ропство, мој народе, идеш
но носиш ти в срце дар златен и пој.
Пченицата твоја триж плодна ке биде,
и животот твој?!”

Песната ,,Тешкото ‘’ е химна на непокорливиот дух на нашиот народ и на увереноста дека му претстои светла иднина. Првата строфа е емотивна слика за душевата состојба на поетот кој е растреперен од писокот на зурлите и татнежот на тапаните кога се игра Тешкото. Има голема симболика- орото асоцира на бунт и борба исполнета со крв и оган за да се урне тиранијата и ропството. Преку реторско прашање на почетокот на осмата строфа поетот го искажува ужасот и страдањето од долгогодишно ропство. Низ целата песна провејува чувство на настроение за да се заврши со оптимистичко чувство на радост и среќа заради слободата на татковината.

Везилка


Поетот со првите стихови започнува дијалог со старата и искусна везилка од која бара сопатник во потрагата за инспирација, во изнаоѓање на соодветните зборови од кои еден по еден ке го навезе она што се нарекува проста и строга македонска песна. Тој ја истакнува својата длабока вознемиреност и растрепереност и вели:

“ Везилке, кажи како да се роди,
Проста и строга македонска песна
Од ова срце што со себе води
Разговор ноќен ви тревога бесна”.

Тој го бара одговорот во прегратките на тешкото минато, во времето на големите историски настани испреплетени со маки и страдања овенчани со крв и коски, со болки и солзи за изгубената слобода, изгубените надежи, згаснатите здивови на илјадници кои го дале и последниот од својата земја, за своите чеда, за себе и за човечноста. Везилката како сведок на се она низ што поминал македонскиот народ му дава совет и насока и му вели да провлече два конца од срцевината, едниот црн а другиот црвен. Црниот буди морничави таги, а црвениот светол и стрвен копнеж. Тука веќе е исткаена таа симболичност на овие две бои, едната како боја и белег на смртта, темнината и стравот, а другата како повик за револуција, повик за борба, крик извишен во судбинската вкрвавена зора. Му вели да ги земе при себе и да живее песна од копнеж и песна од мака, стихови во чиј стожар лежи судбината, мачното, стихови кои ќе допрат до сечие срце и ќе предизвикат чувство на бунт и разгор:

“Везилке крени наведена лика,
Погледај в небо во претпладне злато:
Се шити таму и чудесно блика
Твојата везба на синото платно”.

Ја храбри дека слободата е близу, дека стравот, страдањето и болките ќе минат за миг, во оној момент кога ќе се почувствува синилото на небото, кога ќе се појави синиот конец на дебелото платно. Везилката го поттикнува и понатаму, му зборува за своите спомени помагајќи да ја доврши својата песна, својата низа од навезени зборови кои кријат радост и тага, живот и смрт, слобода и ропство, - се како еден контраст, на една неразделна целина во која едното не може без другото. Му зборува дека тие две бои, црвена и црна, тие бои на жарта се оние кои создаваат немир и страв, се оние кои будат морници и солзи, спомени и сеќавања. А поетовото око ко на трепетна срна е она што постојано бара чудесен звук, жариште на мотиви и инспирација за своја наредна песна, за свој иден стих. Останува само везилката, и понатаму опкружена со тие две бои, со тие две судбини кои пополека но сигурно го пригушуваат и гаснат секој нејзин мил спомен. Зашто таа видела слики и призор на црнило и хорор, а ние ја слушаме само вистинската приказна за едно бурно време.

“-И најмил спомен што в душа ми блесне,
Се гаси од нив ко цвеќе без боја,
Но ти што ловиш звук на чудна песна,
Ти си ја кажа судбината своја.”

Стилска фигура како реторско прашање со кое бара совет од везилката и започнува разговор со дијалошка форма на неа. Во втората строфа одговорот е јасен и има симболичко прикажување. Црната нишка го симболизира ропството, маките и страдањата на македонскиот народ, а црвената нишка, борбата и копнежот по слобода. Има контраст:

“ едниот буди морничави таги
Другиот копнеж и светол и стрвен”

И вториот дел од песната е во дијалошка форма. И повторно реторско прашање и компарација за да на крајот заврши зборувајќи за себе, за својата судбина како творец, уметник.


Марковиот манастир

За грбот, за седумнаесетте деца што
Што имреа, кога ѕидаше калето, Марко
Направи седумнаесет цркви.

Народна легенда

Инспириран од легендата која како сведовштво за нешто што е достојно за почит ствара песна која трогнува и восхитува со својата мистериорност и задлабоченост. Конески навлегува длабоко во сржта на свеста, ја отвара и почнува со приказната.Таа е прекрасна и трагична, е створена да биде како белег на едно време, како сведок на настани врежани во срцата на народот. Таа е богатство кое не смее да се изгуби или заборави, продаде или фрли во сенките на заборавот, таа треба да се чува и раскажува да се пренесува од чедо на чедо, од колено на колено.
Марко е човек со измачени и заробени мисли, грешен во душата и мозокот. Тој започнува со изградбата на калето, започнува и неговата судбина. При изградбата умираат седумдесет деца, седумдесет млади тела ги голта црната, сува земја, згаснува нивниот живот, з започнува кошмарот за Марко. За да го смири барем малку болот и немирот во својата душа тој ќе почне со градење на манастири, седумдесет по ред, секој за една убиена младост, секој за еден живот, возвишен и прерано згаснат.

“ Направив манастир на скришно место,
да стои долго самотен,
да кажува некогаш за мене.
Рушители, нема да најдете во него злато и сребро,
а само студена полутемнина
како во таговна душа.’’

Марко пополека влегува во еден од манастирите, го пречекорува прагот и почнува да чуствува како плочите под него екнуваат во бол. Навлегува се повнатре, се подлабоко и неговите уши ја доловуваат темната тишина која го обвива во целост лазејќи му низ жилите како брзи морници родени од страв. Во еден миг халуцинира и гледа двајца светци исплашени и вкочанети погледи, од двете страни на црковната врата се појавуваат си испружени раце и сакаат да го спречат да не оди понатаму да се врати назад, да го напушти светиот дом. Но Марко жедно продожува под сводовите на кубето и го пушта својот поглед, разгледува наоколу, а ѕидовите почнуваат да се раздвижуваат и брануваат. Гледа нејасни лица со израз на безумно страдање кои ги пречекуваат и му пристапуваат молчеливо и грозно. Гледа мрачни војни со ипрекрстени мечови и копја, тажачки крај мртовечкиот одар, тела прободени со стрели, згритчени во најголемата мака, децата со врбови гранчиња во раката загубени во врвицата од страдања и болки.
Неговата совест продолжува да го измачува и понатаму, чувствува како да се губи, свеста и разумното толкување на реалноста. Продолжува :

‘’ Одам, несвесно, наоколу
а целото тоа мноштво ме обиколува,
ме испреплетува со кошмарен јазол,
молчаливо ме следи и чека нешто од мене. ‘’


“ Зборнете ! – реков ‘’.


Кошмарот продолжува, а тој се труди да ја разбие тешката тишина која му создава страв. Ги прашува и моли да му забранат, но не слуша ништо, нема одговор, нема спас. Останува само сам пред привидот на својата свест, а тие – духовите бесшумно се повлекуваат и притајуваат по ѕидовите од манастирот. Запира пред олатарот со голем немир во душата, за да се помоли на бога, да ги искупи своите мрачни мисли и кошмарите. Но од сводот слуша јасно женско липање, слуша плач: тоа Рахила ги кренала ичајно рацете, крши прсти и плаче над мртвите младенци, тажи и моли.
Марко излегува од црквата и зачекорува, а во себе како да ја носи таа студена и тивка празнина на манастирот, се чувствува смирен но знае:


‘’ Темните прилики молчат во мојот мрак,
Нама бекство, нема прошка и нема оставање
Спомен.”

“Јас велам запалете кандило!-
Но моето срце е изгасено огниште, пепел по
Тланикот.”

Болен дојчин

За оваа песна Конески се инспирирал од истоимената епска народна песна во која се раскажува за јунакот Болен Дојчин. Тој по деветтгодишно боледување иако бил физички исцрпен, напуштен и изневерен од некогашните пријатели, е понесен од мислата да ја спаси честа на сестра си Анѓелика. Мислата за долгот што треба да го исполни му дава сила и излегува од мегдан со Црниот Арап. Го убива, а потоа и самиот умира. Оваа песна претставува мисловна лирска песна за цврстината на духот кој може да ги преобрази физички немоќните да им влее надеж, да им даде сила и полет да прават јуначки подвизи.

“ Кога бев преполн сила
Што пронајдува како матна речна глава,
Достоен за слава
Кога ми закрепна гласот за најдобар збор,
Раката за најтежок меч,
Ногата за најверен од-
Тогаш е сломив
Паднав ко црешово дрво од премногу род”.

Поетот во втората строфа размислува за непредвидението и неочекуваното во животот кои корените го менуваат човекот и го скршуваат кога најмалку се надева на тоа. Најподмолниот непријател на силниот човек е сомнението кое одненадеж се вовлекува во свеста и ја труе душата. Не само душата туку и телото станува жртва на разорувачката моќ на сомнениет:

“ Една потемешлива сенка ми ја издемна трагата,
Како змија во гробно камарче се вовлече во свеста,
Смеата ми ја урочи, ми ја зацрви тагата-
Да се обѕирал подозриво, да думам, да шестам,
Тогаш се сетив ситен и смешен, и долен,
Се стопи снагатам
Капнаа рацете,
Падна мечот,
Паднав болен”.

Од сомнението се боледува долго и тешко, но и тоа може да се победи. Човекот треба да верува во себе и во своите замисли, да не подлегнува и поткелнува, да ни и се предава на смртта додека не го исполни својот животен долг. Болен Дојчин тоа го сфатил и решил да не умре додека не го исполни животниот подвиг:

“ Јас копнеам гроб темен и студен-
Нема крај без мојот подвиг суден.”

Црниот Арап во песната е симбол на тешкотиите што човекот треба да ги премости и совлада во борбата за остварување на животните замисли. Смислата на човековото постоење е во делата што ги направи за доброто на другите: за мајката, жената, сестрата, народот, татковината... Од љубовта кон нив човекот црпи морална сила и се издигнува на пиедесталот на незаборавните. Подвигот е можен штом успеал да го изврши и Дојчин по деветгодишното боледување. Овде е искажано сознанието дека животот од нас бара подвизи и дела.

Со оглед на нашата поезија, делото на Блаже Конески е, досега, најквалитетно прочуено. За него се напишани безбројни интерпретации со различни намени и со променлива среќа. Некои, по својата оригиналност и исцрпност , мошне јасно укажуваат дека се работи за поезија од посебно значење и не само за нашата земја ами и за литературите на другите народи и народности во Југославија (бивша).

Опусот на Блаже Конески е процес што трае. Тој зборува оти секој контакт со неговата поезија мора нужно да се чува со исклучивост во проценката. Од друга страна неговото дело и самото знае да се чува од смртносниот заграб на дефинитивните проценки. Истовремено, таа и таква способност содржи низа благонаклони сигнали за се понови, попресни и сеопфатни контакти со него. Тоа е дело и самото се нуди: достоинствено, дискретно и директно.

Двосмислени се тие сигнали, двосмислена е понудата , а и неговата претпазливост е двосмислена. Како и славната изрека на древната гатачка од Делфи. Со оглед на песните на Блаже Конески, таа изрека ќе ја парафразираме вака: “ Ако не влезеш во нив, ќе бидеш пишман. Ако пак влезеш – ќе бидеш двапати пишман”.

Смислата на првиот дел од парафразата се состои од следново: песните на Блаже Конески говорат за овој човек, за ова време и за ова тло. Значи, говорат за работи што ги знаеме добро- повеќе или помалку, што ги гледаме секојдневно иако различно, што ги доживуваме посебно- секој на свој начин. На тие песни го гледаат и тоа што го превидува брзо и бегло око. Тие песни го слушаат и тоа што го разминува и нашето нестрпливо и невично уво. Во тие песни низа прости душевни состојби како: страста, радоста, тагата, раздразливата утеха и дарежливата неутешност стануваат сложени прашања на животот како: смислата на подвигот и на само жртвата, дволичноста на доброто разигнантната победа на “перспективниот” пораз- се разрешуваат до просто именување. Така стануваат и удел на животот. Отаде, за оној што не влегол во поезијата на Блаже Конески загубата е трајна: останале за него многу заматени глетки и многу неузнати доживувања. Таму, во песните, е светлоста што ги озострува контурите на глетките и таму се имињата на тие доживувања.

Смислата на вториот дел одд парафразата се состои во следново: при сето богатство што му го нуди на собеседникот, при сета штедра и неумислена дарежливост, при сета препазливост да не повреде ништо таа од неговата посебност, поезијата на Блаже Конески , сакале или не, го исправа него пред науметна вистина: таа го покажува и размерот на неговото сиромаштво. Зашто тој собеседник неизбежно доаѓа до мисла дека, на светов, има просто работи што се недостижни бидувајќи, едновремено, дури непреведно човечки стварни и материјални.

Download СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » » 

Besplatni Seminarski Radovi - Бесплатно семинарска работа

SEMINARSKI RAD