ГЛАВНА СТРАНИЦА

 
БЕСПЛАТНО СЕМИНАРСКА РАБОТА - МЕДИЦИНА
 
ХУМАНА ГЕНЕТИКА

Генетика на рак - cancer


Многу бoлeсти, вклучувајќи го и ракот, почнуваат во гените. Од тука се гледа и поврзаноста на генетиката со развојот на туморите, што всушност е и моја тема која поопширно bи ја презентирала во мојата семинарска рaboтa. Што е рак (cancer), како тој настанува , влијанието на наследството, видови на рак? - се подглавијата за кои ќе пишувам се со цел да дојдам пobлиску до темата генетика на ракот. Мислам дека е доста важно да се истакне пред се како настанува ракот, колку има улога во тоа генетиката , кој е „виновен" за развојот на оваа boлeст која завзема се поголеми размери? Што bи можеле ние во иднина, а и сега да направиме за да се намали тој bрoj, да се пoдobри состојата на зaboлeнитe.


Генетиката и ракот

Кажав дека се започнува во гените. Генската мутација која предизвикува рак може да се наследи од родителите или може да биje променета мутација или како одговор надворешните фактори. Според истражувањата 5- 10 % од раковите се наследни. Ова генетско влијание започнува со гените кои се предаваат од родител на дете.
Гените доаѓаат во парови со една копија наследена од секој родител. Да се истражи процесот за наследување на генетска мутација, или развој на рак како резултат на генска мутација е комплицирано, bидejќи baрa познавање и рaзbирaњe на наследувањето, генетиката, и улогата на гените

Дали ракот е генетски и што значи?


Ракот е заедничко име за многу бoлeсти кои зафаќаат различни ткива вклучувајќи ја кожата и џигерот. Научниците откриле дека ракот не е традиципонално наследно генетско нарушување, туку тие утврдиле дека голема улога во развој на ракот имаат некои генетски компоненти. Некои остакнуваат дека сите ракови се наследни, тоа е bидejќи ракот настанува кога генот или група на гени со нив и клетката, функционира
неправилно што придонесува клетката да расте надвор од контрола.
Во некои поголеми случаи тој abнoрмaлeн ген не е наследен од родителите поточно променетиот ген е продукт на надворешните фактори и начинот на живеење.
Пример: хемиските продукти (цигари, ултравиолетово зрачење, и токсините во нашата храна), се сите спосо&ш да ги оштетат нашите гени.
Ова оштетување на нашата ДНА се означува како МУТАЦИЈА.
Сите фактори што предизвикуваат мутација во нашата ДНА што резултатира со рак се познати како КАРЦИНОГЕНИ. Има многу видови на мутации што настануваат во клетките но многу од нив не предизвикуваат рак.
За вда настане канцерогена клетка, мутацијата мора да содржи две карактеристики:


1. Растењето на клетката станува нерегулирано
2. Клетката мора да стане beсмртнa .


Кои гени предизвикуваат рак?

Постојат неколку видови на гени кои кога се мутирани или променрти, можат да доведат до развој на рак, но пoтрebни се пред се мутации во тие гени за да личноста развие рак. Тие гени се :


1. Онкогени
2. Туморозни потиснувачки (супресорни) гени
3. ДНА поправувачки (repair) гени

 


1.Онкогени

Онкогените се променети форми на гени познати како прото-онкогени.
Прото-онкогените се одговорни во потпомагање на растот на клетките променети или мутирани, тие стануваат онкогени и тогаш можат да го потпомагнат формирањето на туморот или растот.
Својствата на онкогените ги вклучуваат мутациите во прото-онкогени,
мутации во една од двете копии од пoсebни прото-онкогени е доволно да предизвика промени во растот на клетката или формирање на тумор.
Терминот прото- онкогени е резервиран за нормалните гени.
Терминот клеточни- онкогени ( c-onc) се однедува на мутирани
прото-онкогени со онкогени својства како v-(onc)

A. Идентификација на онкогените ( тие bmie идентификувани од два вида на цитогенетски откритија пронајдени заедно со одредени видови на леукемии и тумори. Тоа вклучува :


- идентификација на онкогените кај хромозомска транслокација ( break points)
- или во хомогените oboeни oboeни региони кај хромозомите

 

Амплификација на онкогени


„ Прото-онкогените можат да бидaт активирани и од производство на многукратни копии од гените- или тоа е познато уште како генетска
амплификација"
Таа го зголемува bрojoт на копиите од онкогените за неколку 1000 пати што доведува до поголеми количини од одговарачките онкопротеини. Амплификацијата на специфичните протоонкогени се јавува како карактеристика на одредени тумори ( на пример: N-myc е амплифициран за 30% од невробласом, но во некои случаи овој процент расте до 50% каде што генетската амплификација може да биде над 1000- набори.

Детекција на онкогените со ДНА пренесувачки студии.


Води до откривање на човечките хомологни секвенци на ras гените од HORVEY MURINE вирус на сарком. Човечкиот рас фамилијарен ген се состои од три блиски и поврзани членови : C-H-ras, C-K-ras, N-ras. Функција на онкогените - имаат улога во процесот на препишување- transduction.

Видови на онкогени


- Фактори на растење кои ги стимулираат клетките да растат преку спојување на рецепторите на факторите на растење.
Најдобро познат ген кој функционира како фактор за растење е v-sis онкогенот коју кодира дел од биолошкиот активен PDG фактор.
Продуктите на онкогените кои покажуваат хомологија на фиброблас факторите на растење (FGFs) , вклучувајќи hst и int-2 кои се амплифицирани во стомачниот рак;
Рецептори на фактоите на растење;
Интраклеточни сигнализирачки препишувачки фактори;
ДНА спојувачки нуклеински протеини, (специфични фактори кои ја регулираат генската експресија преку активација на ДНЛ секвенци) се: fos, jun и arb-A онкогени кодирачки протеини .

Туморозни потиснувачки гени

Нормално се присутни во нашите клетки. Улога : го контролираат процесот на клеточно растење и умирање-смрт, а низ овие процеси го потиснуваат развојот на туморот. Кога овие гени се мутирани тоа може да довесе до развиток на тумор.

ДНА поправувачки (repair) гени

Овие гени ги поправаат природните грешки што се случуваат во ДНЛ. Кога тие се променети или мутирани, грешките во ДНЛ остануваат. Лко такви грешки се случат во потиснувачките или во прото-онкогените, евентуално тоа може да доведе до неконтролирано растење на клетките и формирање на тумор. Својства на ДНЛ поправувачките гени се: -тоа дека мутациите во овие гени можат да се наследат од родител или га се добијат со тек на време; - ДНЛ репаир гените се „рецесивни" на ниво на клетка.

Рак ( cancer)


Ракот претставува прекумерно, неконтролирано растење на абнормални клетки
кои ги оштетуваат другите ткива
"

Ракот се развива во речиси секој орган или ткиво во организмот, но одредени видови на рак се повеќе летални од другите.
Ракот е нарушување што може да се случи во секоја клетка од нашето тело. Toa е грешка во генетскиот код кај клетката, што придонесува клетката да расте без контрола. Во 90% од случаите оваа генетска грешка не е наследена, туку се јавила поради изложеност на една или повеќе канцерогени за време на нашиот живот што предизвикуваат да се развие ракот. Но сепак наследните гените сепак играат улога во тоа колку ние сме предиспонирани да развиеме рак".


Што е спорадичен рак (cancer) ?

 

Зборот спорадичен значи „да се случи случајно или по гречка" . Фамилии кои имаат единствена личност со рак, во постара возраст често се класифицирани како „спорадични" , додека роднините немаат ризик од заболување.


Што е фамилијарен рак (cancer) ?

Toj може да се должи на комбинацијата од гени и пооделни животни фактори или од околинските изложувања. „Кога има повеќе случаи на рак во фамилијата тогаш шансата се зголемува, но карактеристикаите од наследниот рак не се присутни, тогаш се вели дека фамилијата има фамилијарен рак"

Фамилијарната хисторија може да се зголеми поради генска мутација. Генерално, со фамилијарниот рак блиските роднини имаат зголемен ризик од развивање на рак.

Што е наследен тумор (cancer) ?

 


Овие фамилии имаат поголем број членови со исти или поврзани заболувања, односно на рак. Ракот се јавува до 50 те години. Фамилиите со наследен рак често имаат рак во две или повеќе генерации по ред. Кога родителот има наследна предиспозиција за развој на рак секое дете има 50/50 шанса да ја наследи таа предиспозиција. Оние кои не ја наследуват предеиспозицијата немаат ризик од развивање на истиот. Генетското тестирање често има бенифиции да открие кој од фамилкијата има зголемен ризик од пројавување на рак.

Типови на рак

Генетиката на ракот на дебелото црево, рак на дојката и др. овозможиле понатамошни признанија во генетиката на ракот.

1. Рак на дојка

Ракот на дојка е најчест злонамерен рак кај жените кој ретко се јавува пред 20тата година, a најчесто се јавува помеѓу 50-70тата година од животот . Опасностите од појава на овој тип на рак кај жените се:

  • прва менструација пред 12тата година -менопауза пред 50тата година
  • не родиле, или родиле после 30тата година
  • кај оние кај кои на биопсија е пронајдено пореметување на нормалната структура
  • ако некој од блиски роднини имал рак на дојка


Според NCI (Nacional Cancer Institute) националниот институт за рак, ризикот во текот на животот една жена да развие рак на дојка е 12.8%.
15-20% од жените кои развиле рак на дојка имале фамилијарна историја за ова нарушување.
Од овие случаи на рак на дојка кои се наследни:

  • 20-40% се должат на мутации во BRACA1 генот
  • 10-30% се должат на мутации во BRACA2 генот
  • <1% се должи на мутации во P53 генот <1% на PTEN генот 30-70% се должат на мутација на други гени .


BRACA1 и BRACA 2 гени

Скоро 40-50% од фамилиите со ран автосомен доминантен рак на дојка имаат мутации во BRACA1 гените и имаат 80-90% ризик од развој, појава на рак. Мутациите во BRACA 2 генот има 30- 40% ризик за пројавување на рак во фамилиите. Ракот на дојка кај машките иако е редок, машките со мутации во BRACA2 генот, покажале дека постои околу 6% ризик од развиток на рак на дојка.


2. Рак на дебелото црево


Хромозомските оштетувања предизвикуваат генетски дефекти што водат до формирање на полип на дебело црево а потоа и рак на дебелото црево и ректум.
Над 85% од овој рак се аденокарциноми, додека саркомите се поретки. Toj се развива полека без видливи симптоми. Ракот на дебелото црево и ректумое е 4 по ред најчест рак во Северна Америка.

80% -од овој рак развиен спорадично кај пациенти без фамилијарна предиспозиција
20% - се со предиспозиција 5% се должат на наследните синдроми ( тоа се нарушувања каде членовите на фамилијата имаат наследни дефекти за развој на рак, од еден од двајцата родители


(БСС)Ген - Отстранетиот во ракот на дебелото црево

Овој ген (DCC) е истиснат во нормалната мукоза на цревата, но е или намален редуциран, или пак не е присутен во ракот на дебелото црево и ректумот.
Околу 70% од раковите на дебелото црево е видена загуба на алел од хромозомот 18 на краткиот крак. Мутации во овој ген се пронајдени во мали пропорции. Други гени отстранети од овој регион кај ракот на дебело црево се DPC4, JV18-1 , се мислат како други можни туморозни супресорни гени .

З. Рак на простата

Toj претставува најчест рак кај мажите, a се јавува во поголем број на случаи како спорадичен рак, што значи дека еден во фамилијата развил рак на простата, и во овој случај другите машки роднини имаат мали шанси за развој на овој тип на рак.

15% се - фамилијарни ( значи има заболен татко или брат) . Според некои студии колку е поголем бројот на членовите во фамилијата заболени, толку е и поголем ризикот.
5-10% од сите ракови на простата и 45% од случаите , кај мажи помлади од 55години може да се одликуваат со канцерогени осетливи гени што се наследени како доминантни црти-особини ( од родител на дете).
1 -од прв степен на сродство (татко, брат, син)

2 -2 до 3 пати повисок степен на ризик (од просечниот ризик во популацијата) 2 -од прв степен (татко, брат, син) - 5пати повисок ризик. 1-степен на сродство и 1-втор степен на родство имаат пати повисок ризик (од просечниот ризик во популацијата)

3 прв-степен на сродство ( татко, брат, син)- имаат II пати поголем ризик (од просечниот
популациски ризик "


4. Рак на овариуми (јајчници)

Група на фамилијарен рак на овариумот е многу редок или е отсутен. Почест е во асоцијација¬друштво со ракот на
дојка.

Скоро 5% од жените кои имаат рак на овариуми се со фамилијарна хисторија за ова нарушување, додека проценето е дека 1% од овој рак се должи на автосонен доминантен ген.
Нема сеуште
идентификувани гени кои се одговорнии ра развој на овој рак освен BRACA1 И 2 . (1)

5. Рак на цервиксот на матката

За развој на овој рак како главенетиолошки фактор или предизвикувач е Хуманиот папилома випув (HPV) , посебно типовите : 16,18, 31 и 33 .
Предиуспозицијата од ефектите од овој вирус може биде заедно и со други имунолошки дефицити, кои можат да бидат генетски или стекнати. Постои интеракција помеѓу хуманиот папилома вирус и одредени хистокомпатибилни антигени ( на пример: HLA-B7 алеа претставува имуногенетски епитоп на HPV тип 16, што покажува чести варијации.

Заштита од фамилијарниот рак

Крајна цел да се заштити индивидуата од ризикот за фамилијарен рак, би била раната превенција или детекција.

Што вклучува оваа заштита :

  • промена на животниот стил пред се( диета , терапија со лекови, операција;
  • детекција на фенотипска експресија на генотипот дијагностички тестови, барање на други клинички знаци кои се доказ за присуство или отсуство на генот.
  • Пресимптоматски тестирања ( идентификација на генот одговорен за број на предиспонирачки канцерогени синдроми, и одредување на генотипската состојба .


Кој треба да биде заштитен ?

Во сличај на ретки наследни фамилијарни канцерогени- предиспонирачки фактори како што е FAP Луѓе со фамилијарна исорија од чести ракови, како што е ракот на дојка
Во секој краен, најтежок ризик, одлуката е обично за заштита е непрекината.

Колку често и на колку години ?

Обично доколку има фамилијарна предиспозиција, таа заштита треба да почне во тинејџерските години, но повеќето програми за заштита на рак, не почнуваат пред 25та година од животот. Оние со ризик во фамилиите е пожелно да почнат 5 години пред возраста од најраниот заболен член од фамилијата.
Зависно од природната хисторија на ракот треба да се направи повторен преглед или заштита ( на пример кај ракот на дебелото црево се мисли дека 5 пати годишно е доволно).


Што друго може да се превземе , што е соодветно ?

За луѓето со ризик за некои од фамилијарните канцерогени предиспонирачки синдроми, пожелно е да се направи хируршка интервенција е прифатлива опција, потоа промени во диетата, употреба на лекови (аспирин, за луѓе со ФЛП, и анти-оестроген тамохифен, избегнување на орални контрацептивни, или хормонска заменска терапија кај жени со зголемен ризик за рак на дојка и др а исто така се прави и правење на мамографија кај жени над 35годишна возраст, како и што е најдобро и најпрактично за сите жени и секоја возраст е самопрегледот на градите пред туширање а и во друго време и редовни гинеколошки прегледи.


ЗЛКЛУЧОК:


Според сето ова можевме да заклучиме колку е важна, заштитата на лицата со зголемен ризик, кои можат да пројават појава на рак. Но пред се за да се направи таа заштита треба да се има познавање од генетиката, медицинатаи др , да се изучи се за постанокот на ракот, кој е виновен што тој се појавил, можноста за рано откривање и добра терапија , се најважните работи кои би ја отстраниле оваа појава или нарушуцање, a доколку не би можело од некои причини да се отстранат тие фактори кои предизвикуваат појава на болест како на пример доколку станува збор за наследно-тогаш се мали шансите некој да се спаси од болеста, но како утеха според сето ова горенаведеното можеме да бидиме дека сето тоа може да се ублажи со превземање на навремени и правилни мерки.


КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:

 

1. Robert f. Mueller, Ian D. Joung., Emery's elements of medical genetics., Edinburg, New York, London, Ohford Philadelphia , St Luis, Sydney ,Toronto 2001

2. David L. Rimoin., J.Michael Connor., Reed E. Pyeritz., Emery's and Rimoin's principles and practice of medical genetics (III)., new York, Edinburg, London, Madrid, Melburne, San Francisco and Tokyo, 1996


3. www. Health system. Virginia. Edu/UVA Health/hub-cancer/inherfts.cf m.

4..www.medicinenet. Com/script/main/art.a sp articlekey=18472

5. microsoft Encarta ® 99 Encyclopedia. © 1993-1998 Microsoft Corporation

Download СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » » 

Besplatni Seminarski Radovi - Бесплатно семинарска работа

SEMINARSKI RAD