ГЛАВНА СТРАНИЦА

БЕСПЛАТНО СЕМИНАРСКА РАБОТА - КРИМИНОЛОГИЈА

Европа како можно светско војувалиште


Иако можноста од класична војна од регионални или светски размери е се помала сепак се додека постои и најмала шанса за остварување на такво сценарио треба да се внимава и да се земат во предвид сите фактори кои можат да влијаат врз нејзиниот тек и финален исход. Едни од многубројните фактори кои би влијаеле на евентуална војна, секако, се и географските фактори разгледувани од воен аспект. Физичко-географските карактеристики на Европа се првата појдовна точка од почнува да се гради военогеографскиот поглед на Европа. Покрај физичко-географските карактеристики, Европа својата специфичност ја гради и со сложената политичо-географска и геостратегиска положба. Сите овие фактори влијаат на моментална политичка ситуација во Европа, а во случај на војна од помали или поголеми размери дефинитивно ќе влијаат и на одлуката за тоа каде и со колку сила да се дејствува. Исто така, според нив, во најголема мера се определува кој европски дел има најголем приоритет при војувањето, а кој дел ќе служи за остварување на тој приоритет.
Во овој труд се посочени во најголем дел физичко-географските карактеристики на Европа и нивното влијание врз евентуалните воени дејства, а сето тоа дополнително испреплетено со поличките и економските состојби гледани од воен аспект.

Основни географски карактеристики на Европското војувалиште

По распаѓањето на биполарниот воено-политички светски систем, на европскиот континент покрај постојаното посебно војувалиште на НАТО, се појавија поголем број посебни војувалишта кои всушност се претставени со териториите на европските држави кои беа членки на поранешниот Варшавски договор: Полска, Романија, Унгарија, Бугарија, како и новосоздадените држави кои произлегоа со фрагментација на бившите федерации СССР, СФРЈ и Чехословачка и тоа: Русија, Белорусија, Украина, Естонија, Летонија, Литванија, Чешка, Словачка, Молдавија, Словенија, Хрватска, Босна, СРЈ Југославија и Македонија. Секако овде на прво место треба да се каже дека најголемиот дел од просторот на посебното војувалиште на бившиот Варшавски договор заедно со големиот воен потенцијал сега припаѓа кон посебното војувалиште на европскиот дел од Русија.
Секој простор, заедно со сите негови ресурси, на кој се водела, се води или се подготвува да се води војна од светски размери, претставува светско (општо) војувалиште. Европа, заедно со својата акваторија, и островите, преставува најзначајно можно светско војувалиште. Военогеографското значење на европскиот континент произлегува од неговата географска положба, а потоа од политичката, економската, националната, верската и цивилизациската хетерогеност, како помеѓу одделните држави така и во внатрешната државна структурираност на споменатите фактори скоро во секоја од нив.
Комплексноста на наведените фактори дава белег на европското општо војувалиште како простор на кој, посредно или непосредно, се спротивставени интересите на голем број европски и воневропски држави и меѓународни асоцијации. Меѓу нив најзначаен е воено-политичкиот сојуз НАТО и САД како водечка членка во него заедно со Англија, потоа, Европската унија, каде преовладуваат интересите на Германија и Франција, а тука треба да се имаат предвид и интересите на Русија.
Европското војувалиште е просторот што го опфаќа севкупното европско копно, внатрешните и рабните мориња со делови од океанската акваторија заедно со островите и воздушниот простор над копното и морето.
Основни карактеристики на посебното војувалиште на НАТО сојузот би можеле да се дефинираат со следниве констатации:
- Во просторна смисла ова војувалиште покрај централниот го зафаќа западниот, јужниот и југоисточниот дел од Европа кој се карактеризира со голем број големи и мали полуострови, мориња, мореузи, заливи и острови, што поради големата развлеченост и релјефна хетерогеност се одликува со значителни оперативно-стратегиски слабости.
- Овој простор е вклештен помеѓу морињата на запад и огромното копно на исток кое припаѓа на Русија и другите посебни војувалишта на државите кои не се членки на овој воено-политички сојуз.
- Има неповолна релјефна структура, бидејќи е испресечено со голем број планински венци (Скандинавските, Пиринејските, Алпите, Шарско-пиндските, Карпатските и други планини).
- Големата развлеченост (север-југ околу 6500 км и исток-запад 3500 км) го усложнува командувањето и стратегискиот распоред на трупите, поради што северното и јужното крило се доста зависни од поморскиот транспорт кој е доста бавен.
- На голем дел од војувалиштето нема потребна длабочина која во северо-источниот дел од Грција се сведува на тактички размери, бидејќи на одделни правци изнесува само 40-50 км, во Норвешка околу 50 км итн.
- Одејќи од исток кон запад, просторот се повеќе се стеснува со што при општа офанзива од исток нагло се смалува капацитетот на фронтот за двете страни во евентуален судир, за што треба да се води сметка.
- Од наведените причини одбраната на војувалиштето со конвенционални сили е доста сложена, посебно ако се има во вид неговата голема осетливост од пресечување во деловите со мала длабочина.
- Една од негативните страни на посебното војувалиште на НАТО е доста неправилниот просторен распоред на воениот потенцијал, бидејќи главните урбано-економски и демографски ресурси се разместени во централниот дел и на доста мал простор, додека на крилата воените потенцијали се дисперзирани, со поголема концентрација во крајниот југоисточен дел.
- Во која било варијанта на светска војна (нуклеарна или класична) најосетлив дел од посебното војувалиште на НАТО е централниот дел посебно урбано-индустриските области источно од Рајна. Исто така, треба да се знае дека осетливоста на ова војувалиште ја зголемува и неговата транспортна зависност од надворешните прекуокеански логистички региони.
- Поволна страна на ова војувалиште е што ги покрива сите морски излези од Европа кон топлите мориња.
- Позитивна страна му е што може да се послужи како добар мостобран за прифаќање на големи сили кои би се доведувале од запад.
- Исто така, позитивна страна му е што во полукружен облик ги опфаќа останатите војувалишта и што на крилните простори преовладува планински терен.

Арктичко боиште

Ова боиште ги зафаќа најсеверните делови од европското копно кои се наоѓаат северно од поларниот круг, односно акваторијата со островите и полуостровите во Бело и Баренцово Море и областите од северниот пол. Тоа има периферна географска положба, но од оперативно-стратегиски аспект има значајна улога, бидејќи преку него водат најкусите воздушни, морски и телекомуникациски правци помеѓу САД и Русија како две суперсили најзаинтересирани за Европското војувалиште.
Поради стабилноста на атмосферата, овие патишта и простори се најпогодни како за воздушни така и за ракетни, потоа електронски и други дејства.
Исто така, покрај погодноста на ова општо боиште за наткривање на просторот на Европа од север, неговата улога се зголемува и со тоа што низ него води единствениот пат за излез на беломорската руска флота на Атлантскиот Океан.


Интересите на САД кон Арктикот

Како дел од зголемениот интернационален интерес во регионот, Норвешка, Русија, Данска и ЕУ ги обновија нивните регионални политика преку презентирање на стратешки документи за Арктикот во периодот од 2006 до 2009 година. САД, исто така, во 2007 почна со изработка на политички директива за Арктик. Вклучувајќи повеќе министерства и индивидуи, финалниот документ беше потпишан во јануари, 2009 година. Тоа се одрази преку зголемено внимание на САД за регионот и посистематска политика. Покрај тоа што го адресира поширокиот Арктички регион, оваа директива, исто така, има импликации и за политиката на САД кон европскиот Арктик. Овој документ адресира широк ранг на прашања за Арктикот со акцент на:
- интересите на националната и домашната безбедност;
- интернационално управување;
- континенталниот гребен и границите;
- меѓународна научна соработка;
- поморски транспорт; и
- економски прашања (вклучувајќи енергија, заштита на околината и конзервација на природните ресурси.

Од аспект на безбедносната политика е истакнато дека САД “имаат широк и фундаментален национален интерес во Арктикот и се подготвени да оперираат независно или во соработка со други држави во сферата на остварувањето на интересите”. Покрај тоа што се истакнува дека САД имаат фундаментални безбедносни интереси во регионот, се потенцира дека потенцијални дејствија во тој регион кој не се во склоп со националните интереси на САД преставуваат закана за нивната националната безбедност. Како елементи кои би допринеле кон зголемување на безбедноста во САД, а се поврзани со Арктикот се потенцираат слободата на морињата и осигурување на слободата за навигација и надлетување.
Како заклучок може да се каже дека Арктичкото боиште е доста важно за НАТО, а посебно за САД, а потоа Русија и нордиските држави. Сите наведени субјекти имаат свои интереси врз просторот на ова можно општо боиште. Посебно нордиските земји чии територии се најблизу до овој простор се чувствителни на состојбите во него, бидејќи тие директно се одразуваат врз нивната безбедност.


Северноатланско боиште


Ова боиште е поморско и периферно во однос на европското копно и во зависност од ситуацијата со својот поголем дел може да припаѓа кон Европското или кон Северноамериканското војувалиште. Тоа се простира приближно од северниот повратник до северниот поларен круг. Од копнените делови поважни се: Исланд, Португалија и атлантските приморја на северозападна Африка и Европа. Ова боиште има првенствено транзитна и кохезиона улога помеѓу посебното боиште на НАТО и Северна Америка. Може да послужи како погодна поморска стратегиска основа за собирање и насочување на сили заради дејства на европското копно од север или од југ, но и за насочување на големи сили кон Централноевропското боиште во случај на општа офанзива од запад, а исто така и во офанзива од исток може да има слична улога.
Според својот капацитет ова боиште може да ги прими главните сили на НАТО и на Русија и други европски држави кои би војувале во сојуз со неа. Главни военостратегиски објекти во зоната на ова боиште се: северноатланскиот поморски пат, атлантските брегови од Европа, Северна Америка, Исланд, Гренланд и островите Бермуди, Азори, Фарските Острови и др.


Северноевропско боиште

Ова боиште е крилно копнено боиште кои го сочинуваат Скандинавскиот Полуостров, Балтичкото Море, полуостровот Јиланд (Данска), Финска, Литванија, Естонија, Летонија и северниот европски дел на Русија и тоа северно од Петербуршкиот напоредник.
Неговото военогеографско значење е што преку него водат најкусите логистички врски меѓу централноевропското боиште и американската територија. Ова боиште ја зафаќа скоро половината должина на евентуалниот фронт кој би се формирал долж линијата што го раздвојува посебното боиште на НАТО од една и посебните боиште на останатите држави кои се граничат со земјите членки на НАТО.
Исто така. излегувањето на балтичката и делумно беломорската руска флота во водите на Атлантик е тесно поврзана со состојбите на ова боиште. Според својата положба погодно е за преземање потребни маневри кон одделни простори во централноевропското боиште. Тежиштето на борбените дејства поради релјефот и студената клима би се изразувало преку ракетни, воздухопловни и електронски дејства. Главни военогеографски објекти се: скандинавските и балтичките бази, поширокиот реон на Санкт Петерсбург, пловниот канал меѓу Финскиот залив и Бело Море, мореузите Скагерак и Категат со полуостровот Јиланд и јужниот шпиц на Скандинавскиот Полуостров.
Може да се заклучи дека овој простор уште во почетокот на поширок воен судар на европското војувалиште ќе биде простот на жестоки борбени дејства заради потреба од штитење на десната страна за силите кои ќе дејствуваат од исток или заради проширување и зацврстување на позициите на НАТО во северните европски простори.
Сепак општо гледано ова боиште има помошна улога во однос на Централноевропското боиште.

Централноевропско боиште

Ова боиште го зазема централниот појас на Европа во зафат на подолжната оска Париз - Берлин - Варшава - Москва. Се простира од гребените на Алпите и Карпатите, па до бреговите на Северно и Балтичко Море на север и понатаму кон вододелницата на европските води кои течат кон север односно југ. Во него влегуваат и британските острови, Западна Европа и евентуално Пиринејскиот Полуостров зависно од стратегиската ситуација. Ова боиште е многу издолжено во насока југозапад-североисток, а неговата широчина која во висината на Москва изнесува околу 1500 км нагло се смалува одејќи кон запад, така што тоа на линијата Краков-устие на Висла изнесува околу 500 км, а на линијата Бискајски-Лионски Залив таа изнесува само околу 350 км. Значи дејствата во зоната на ова боиште од исток кон запад би имале конвергентни насоки со што во голема мерка ќе се зголемуваат борбените потенцијали на обете страни сметано по единица површина.
Централноевропското боиште е најважниот оперативно-стратегиски простор од европското војувалиште, бидејќи во овој простор се наоѓаат најголемиот број на моќни економски, демографски, сообраќајни и административни центри од европското општо војувалиште.
Од историско политички апсект, исто така ова боиште е интересно бидејќи на тој простор се наоѓаат и четирите држави кои отсекогаш се бореле за доминација во Европа, Англија, Франција, Германија и Русија што има и одредени индиректни рефлекси и кон соседното Јужноевропско боиште во кој простор се наоѓа и Република Македонија.
Во нуклеарна смила ова боиште претставува најосетлив дел од светот поради споменатата сеопшта концентрација на воени, материјални и демографски ресурси.
Како најважни просторни објекти во ова боиште се истакнуваат Лондон, Париз, Брисел, Рурската област, Чешка, Берлин, Варшава, Москва и др. Од овие причини ситуацијата на ова боиште (посебно катастрофалните последици кои се очекуваат при евентуална употреба на нуклеарен почетен удар) би имала силно влијание врз постапките и исходот на останатите боишта.
Военогеографската положба и значењето на Централноевропското боиште упатуваат на заклучокот дека тоа е главно боиште на Европското војувалиште.
Овој заклучок се базира и на погодноста на просторните услови за употреба на сите видови и родови на ВС и на сите современи конвенционални и неконвенционални борбени средства и техники. Во однос на приоритетот за извршување на нуклеарни удари врз одделни простори ова боиште е на прво место со исклучок само на некои посебни стратегиски објекти во длабочината на територијата на САД и Русија.

Јужноевропско боиште

Република Македонија во целост припаѓа кон географскиот простор на Јужноевропското боиште кое е второ по значење во рамките на европското војувалиште т.е. веднаш после Централноевропското боиште. На ова боиште НАТО држи околу 1/3 од своите сили кои и покрај распаѓањето на Варшавскиот договор не само што не се смалени туку значително се зголемени, посебно во Италија, Средоземното и Јадранското Море.
Природна северна граница на Јужноевропското боиште е планинскиот синџир Алпи-Карпати, а на југ ова боиште се простира во Средоземното Море. На исток границата на Јужноевропското боиште оди до приближно половината на Мала Азија до реката Кизил Ирмак, а на запад до италијанско-француската граница и островот Корзика. Од составот на ова боиште не можат во военогеографски поглед да бидат изоставени Црно Море, Јадранско Море и Средоземно Море заедно со сите острови кои истовремено се составни делови на Средоземното поморско боиште. Важна особина на копното на Јужноевропското боиште е неговата расчленетост со мориња, мореузи, реки, планини, тесни проодни зони и превои. Сето тоа ги отежнува условите за брзо изведување на крупни операции со масовна употреба на борбена техника. Операциите би се изведувале издвоено во одделни операциски простории како што се: Апенинскиот Полуостров, Северноиталијанската низина, Панонската Низина, Долнодунавска Низина, Балканскиот Полуостров, Трансилванија, Јадрански, Егејски и Црноморски басен. Брзото пренесување на дејствата од една во друга операција просторија е сосема тешко поради релјефните разлики, амбиенталната некомпатибилност, физичко-географската издвоеност и дисконтинуитетот меѓу овие простории.
Како дел од јужното крило на НАТО и како простор составен од посебните војувалишта на повеќе нови држави и држави кои излегоа од Варшавскиот договор по неговото распуштање, простор на Јужноевропското боиште стана еден од најосетливите простори во Европа. Ваквата констатација се потврдува не само со крвавиот расплет на југословенската криза, туку и хронично затегнатите турско-грчки односи, албанско-српскиот спор во врска со косовскиот проблем и сеуште не изживеаните претензии кон просторот на РМ од страна на соседните држави. Осетливоста на овој простор се зголемува и поради фактот што релативно малиот простор на Јужноевропското боиште всушност преставува мозаик на различно општествено-политички определби, економски насоки, присуството на воениот сојуз НАТО, неформални билатерални и мултилатерални интересовни договори меѓу одделни држави, етнички групи на народи, етничката поделеност на одделни народи меѓу државите, себични национални интереси, влијанија и притисоци на средните и големите воени сили, различни културни и верски традиции и други спротивности, што го прави овој регион многу осетлив и нестабилен.
Јужноевропското боиште има поволна географска и операциска положба спрема виталните делови на Европското војувалиште, од што произлегува и неговата важна улога во мир и во војна.
Најважни операциски простории на Јужноевропското боиште кои заедно со воениот потенцијал попримаат и улога на стратигиски објекти се: просторот Милано – Верона – Болоња, Љубљана –Трст – Ријека – Загреб, поширокиот реон на Виена, на Будимпешта, а на Балканот тоа се реоните Белград – Сараево, Скопје – Софија – Кралево – Приштина, потоа Трансилванија, регионот на Истанбул со Босфор и Дарданели, реонот на Одеса, Долнодунавската Низина, Отрантската Врата и др.
Покрај споменатата операциска просторија Скопје – Софија – Кралево – Приштина која има значење на стратегиски објект, целиот простор на РМ се наоѓа во зоната на многу важниот стратегиски правец на дејства Украинско-егејскиот односно Егејко-украинскиот правец кој го поврзува источното средоземје со јужна Украина и со оска на правецот приближно на линијата турските мореузи – Одеса – Киев и обратно. Зоната на овој правец ја опфаќа јужна Италија – Албанија, Македонија, Грциј, Бугарија, источните делови на Србија и Романија, турските мореузи, западниот дел од Турција, егејската и црноморска акваторија и јужна Украина.
Во одредени меѓународни и военостратегиски околности можно е и активирање и на историски познатиот Малоазиско-панонски односно Панонско-малоазиски стратегиски правец кој би го опфатил егејскиот басен со Грција и турските мореузи, Република Македонија, Србија и Панонската Низина со можно продолжување кон Баварија, односно преку Мала Азија кон Блискиот Исток.
Од досега изнесеното се заклучува дека военогеографската положба на РМ во однос на Јужноевропското боиште е многу значајна. Во најголем број можни локални и регионални војни во овој простор РМ има централна и неодминлива военостратегиска положба поради што безбедноста на просторот е доста загрозена.
Во сите военогеографски и оперативно-стратегиски процени треба многу внимателно да се проучуваат географските фактори, долгорочните и моменталните интереси на големите сили, заради што пообјективна проценка на военогеографската положба, а со тоа и степенот на надворешната загрозеност на нашата земја.


Средоземно боиште

Ова боиште го зафаќа просторот на Средоземјето во потесна смисла и тоа: Средоземно море, сите острови во него, сите рабни мориња, крајбрежјата и приморијата заедно со сите поморски и воздухопловни бази. Треба да се напомене дека поради малата широчина, Апенинскиот и јужниот дел на Балканот припаѓаат истовремено кој Јужноевропското и кон Средоземното боиште. Поради многу важната геостратегиска положба, големината и значењето што го има Средоземното боиште често пати се класифицира и како засебно Средоземно поморско војувалиште.
Сепак овој простор повеќе се смета како внатрешно поморско боиште во рамките на Европското војувалиште, бидејќи во потполност влегува во европското копно. Тоа заедно со Јужноевропското боиште и силите кои се разместени во тој простор ги сочинуваат јужното крило на посебното боиште на НАТО и посебните војувалиште на државите од регионот на Средоземјето кои не се членки на овој Сојуз. Просторот на Средоземното боиште почнувајќи од најстарите цивилизации кои непрекинато се развивале и пропаѓале во овој и соседните региони, имал и сеуште има исклучително важна геостратегиска положба. Неговата значајна улога не само што е потврдувана во двете светски војни, туку и во повоениот период таа уште повеќе е зголемена. Таков заклучок се извлекува со анализа на воените стратегии на НАТО и ВД до неговото распаѓање. Русија како најголема воена сила излезена од ВД настојува да ги сочува или да ги прилагоди стекнатите позиции во просторот на ова боиште.
Друга важна карактеристика на ова боиште е неговата затвореност и длабока вовлеченост меѓу копното на Европа, Африка и Азија и постоењето на двата строго контролирани излези на отворените мориња – Гибралтарскиот Мореуз и Суецкиот Канал. Затвореноста и насоченоста на интерните поморски патишта е исто така специфична на ова боиште.
Покрај изнесеното треба да се напомене дека географската изолираност ја зголемува релјефната структура на поширокото опкружување каде доминирааат високи планински венци, но и протегањет на пустинските области во северна Африка и Среден Исток. Постојат само неколку сувоземни погодни проодни коридори низ кои водат и можните стратегиски правци на дејства и тоа во зафатот на долините на Рона, По, Вардар со Морава. Нил и други помали и тешко проодни правци.
Ова боиште има голема интербоишна интегративна улога во рамките на Европското војувалиште, бидејќи се наоѓа во непосреден контакт со најголем број од европските боишта, а со останатите има директни поморски комуникации.
Најважни просторни објекти на Средоземното поморско боиште се подрачјата на: Гибралтар, Сицилијанско-тунискиот премин, Отрантската Врата, просторот Атина – Крит- Родос, потоа мореузите Босфор и Дарданели како и просторот помеѓу делтата на Нил – Суецки Канал – Кипар.
Исто така, долж целото Средоземно море почнувајќи од Гибралтар кон Суец минува напореднички насочениот стратегиски поморски правец од кога кон север и југ низ поважните рабни мориња водат голем број операциски поморско-копнени правци чии крилни тактички правци би опфаќале дејства на воздухопловни, поморски и копнени сили, што секако има големо влијание и без безбедноста на нашиот државен простор и неговото пошироко опкружување. Во такви геостратегиски услови треба да се цени и геостратегиската положба на Република Македонија која поради изнесените констатации е доста осетлива каква што е и положбата на целото боиште.
Со влегувањето на РМ во колективните системи на безбедност осетливоста осетно се смалува од глобален геостратегиски апсект. Ако ситуацијата се проценува потесно-регионално или локално, осетливоста е доста голема што треба да се има во предвид при военогеографските и оперативно-стратегиските проценки.
Исто така, влегувањето во овие системи наметнува и обврски за учество на наши воени единици во разни мировни мисии и вежбовни активности надвор од Македонското војувалиште од што произлегува потребата од подетално изучување на други простори посебно оние со хронична воено-политичка нестабилност. Такви простори во нашето потесно и пошироко опкружување има доволно.

Република Македонија како дел од Европското војувалиште

Република Македонија има извонредна географска положба која мошне добро ја поврзува со соседните области, додека нејзината просторна сместеност овозможува пошироко географско контактирање и посредно спојување со опкружувањето.
Овој значаен просторен елемент придонесува нејзината територија да биде пристапна и комуникативна. Нејзината површина изнесува 25 713 км2, со вкупна должина на границите од 851 км.
Република Македонија се наоѓа во јужниот дел на можното европско војувалиште, односно е лоцирана во Јужноевропското боиште.
Континенталната положба на Република Македонија доколку се разгледува од аспект на воената географија, е неповолна поради можностите за разни политички, економски и воени притисоци и условувања кои би ги преземале една или повеќе соседни држави.
Република Македонија како држава не се наоѓа во зоната на дејства на главните воени сили на Европа кои се распоредени во Средноевропското боиште. Но сепак, во случај на евентуална светска војна што би се водела на европското војувалиште, Македонија би била загрозена како дел од истото, поточно како дел од јужноевропското боиште. Треба да се има во предвид фактот дека преку македонското национална (посебно) војувалиште, кон централно европското војувалиште водат поволни приоди од југ и југоисток, преку кои би се остварувало содејството на силите од составот на југоисточното крило на НАТО (Грција и Турција) со силите на НАТО лоцирани во просторот на Централна Европа. Првенствено станува збор за вардарско-моравско-подунавската долина, која низ Србија, Унгарија и Чешка се поврзува со реките Лаба, Одбра и Висла. Кон овој стратегиски правец на дејства, кој како што е веќе речено, минува и низ македонскиот простор, се надоврзува и пелагониско-косовскиот оперативен правец. Во врска со военогеографските карактеристики, важноста на положбата на Република Македонија во однос на европското војувалиште и неговото најважно боиште - централноевропското, можно е да се зголемува повеќе или помалку во зависност од активноста на вардарско-моравскиот-подунавскиот стратегиски правец. Тоа значи дека овој простор првенствено ќе има транзита маневарска улога во случај на активирање на европското војувалиште, поточно неговото главно боиште - средноевропското.
Од воен аспект, целиот простор на Република Македонија заедно со човечкиот и материјалниот потенцијал претставува стратегиска категорија и единствена целина, односно - македонско војувалиште.
Географската поставеност, како и широкиот спектар на политички, општествени, воени, историски и други фактори условуваат Република Македонија, и покрај нејзината релативно мала територија, да има сложена военогеографска положба. Варијабилниот карактер на военогеографските фактори ја наметнува потребата од постојано следење и проценување на истите, бидејќи тие своето влијание го манифестираат врз безбедноста на Република Македонија.

ЗАКЛУЧОК


Сите горенаведени фактори од различен тип иако повеќето физичко-географски водат до заклучок дека Европа и покрај на прв поглед стабилната ситуација во која се наоѓа сепак се уште нејзиното тло е испреплетено со интереси од национален, регионален и глобален карактер. Поволната географска, геополитичка и геостратегиска положба на Европа е причината зашто Европа речиси секогаш главниот интерес на секој светски конфликт. Тоа посебно се отсликува преку Централноевропското боиште кое во светски рамки претставува најважната територијална воена алка и е во интерес на сите големи сили во светот во секоја доба на современиот човеков развој. Двете најголеми војни во историјата на човештвото се започнати во Европа и се водени заради интереси кои се директно поврзани со геостратегиската важност на овој континент. Неговата централна положба во светски рамки и улогата на мост помеѓу источниот и крајниот западен свет го прави овој континент најважното тло на Земјата особено од воен аспект.
Посочените физичко-географски карактеристики разгледувани од воен аспект само научно ги потврдуваат тезите за европската неодминливост во секој значаен конфликт во историјата, но и во иднина.

БИБЛИОГРАФИЈА

• ГОЦЕВСКИ Т., Основи на системот на национална одбрана - четврто дополнето и изменето издание, Филозофски факултет - Скопје, Скопје, 2006
• НИКОДИНОВСКИ Б., “Регионална воена географија - книга втора”, Нико-трејд, Скопје, 1999
• ТАЛЕВСКИ Ј., “Воена географија”, Воена академија “Генерал Михаило Апостолски” - Скопје, Скопје, 2003
• LUNDENSTAD I., “US Security policy in the European Arctic in the Early 21st Century”, Norway, 2010
• http://www.allacademic.com/

Download СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » » 

Besplatni Seminarski Radovi - Бесплатно семинарска работа

SEMINARSKI RAD