ГЛАВНА СТРАНИЦА

БЕСПЛАТНО СЕМИНАРСКА РАБОТА - КРИМИНОЛОГИЈА

ДИЈАСПОРА И ТЕРОРИЗАМ


Вовед


Со проблематизирање на безбедносните последици на дијаспората за земјите домаќини, се ризикува оставање на впечаток дека дијаспорите создаваат безбедносен предизвик, дека слободните имиграции или закони за бегалци се закана за јавната безбедност, и дека посочувањето на дијаспората низ расни призми и други дискриминаторни мерки е соодветен стратегиски одговор. Во неговатанајекстремна форма, овој вид на говор ја потхранува параноидната ксенофобија на Францускиот Национален Фронт, Австриската Партија на Слободата како и други слични расистички движења. Сепак овие се екстремни мислења на кои можеме да се спротивставиме со фактот дека дијаспората неизмерно ги збогатила општествата преку хуманата историја, на културни, економски и на безброј други начини.
Во овој труд не е цел да се раскажуваат овие придонеси, туку за поголема точност на нејзиниот фокус на безбедносни последици важно е да се земе во предвид пошироката перспектива. Безбедносните импликации на дијаспората за земјите домаќини во главни црти се поврзуваат со нивните политички активности.

Поврзаност на дијаспората и тероризмот

Неопходно е да потенцираме дека поврзаноста на тероризмот и дијаспората не е современ феномен кој се однесува само на режимот за време на Студената војна, или т.н слабеење на националната држава, експанзија на еконономската и културната глобализација, проширување на комуникациските технологии или зголемување на глобалната миграција. Преку брз историски преглед може да се покаже дека феноменот на поврзаност на дијаспората и тероризмот постои веќе подолг период како и современиот тероризам.
Всушност, корисно е да се прави разлика помеѓу различните типови групи или категории на кои овие ентитети припаѓаат.
Првата група е поврзана со брзото развивање на анти^ глобализациското движење кое во последната декада докажа дека е способно да изведува како насилни така и мировни протести, демонстрации, и отпор на полициските сили^главно е составено од туристи отколку од постојано населени припадници на дијаспората. Вообичаено, по учеството во насилните или мирните активнсти како оние во Сиетл, Женева, тие се враќаат во своите земји или одат кон други земји за да изведувааат таму протести. Исто така, некои од „бучните" терористички напади започнати од страна на дијаспората се изведени од реакционерното/закоравено јадро на терористите кои живеат во други земји а доаѓаат во земјата кој е цел на нивниот напад и по завршената мисија ја напуштаат. Желбата да се превенираат овиеакти може да се препознае во воведување на радикалните промени во давање на виза и граничната контрола во многу држави .
Втората група е составена од бегалци и барачи на азил. Према Високиот Комесариат на Обединетите Нации за Бегалци (UNCHR), повеќе од дваесет милиони луѓе спаѓаат во овие категории. Ако дванаесет милиони се означени како бегалци, останатите се барачи на азил и повратници во нивните татковини зашто не биле целосно реинтегрирани во нивните општества. Исто така, мнозинството се внатрешно раселени лица, и затоа не е соодветно тие да се сметаат како дел на дијаспората. Спрема UNCHR, главните земји кои имаа бегалци се Бурунди, Судан, Сомалија, Ангола, Сиера Леоне, Еритреја, Конго, Либерија, Руанда, Либан и Јордан, тоа се земји кои неодамна доживеаја внатрешни превирања, бунтови, или тероризам.
Третата категорија ги содржи легалните и илегалните, неорганизирани, неодамна пристигнати мигранти-најчесто странски работници или студенти. Иако државите имаат податоци за бројот на легални мигранти, не постојат веродостојни бројки за илегалните мигранти. Атрактивните политички, економски и образовни услови се мотив на овие мигранти да се обидат да влезат во развиените и демократски земји, вклучувајќи ги Австралија и Јапонија. По нападите на 11 септември 2001 година во САД, поголем број од државите преземаа напори за ограничување и контрола на бранот на мигранти за да го превенираат тероризмот и влошените економски услови. И покрај тоа, најголем број од границите, посебно во Европската Унија и во Соединетите Американски Држави се порозни. Како резултат, многу терористички активности се изведени од оваа категорија на припадници во повеќе развиени демократски држави.
Четвртата група се членовите на организираната трансдржавна етнонационална дијаспора. Тие се разместени лица во различни области. Членовите на овие ентитети се од исто етничко и национално потекло, со постојан престој во земјата домаќин, интегрирани во неа но не и асимилирани. Јадрото на тие групи е организирано и одржува постојани контакти со својата татковина. Према сегашните проценки, станува збор за повеќе од триста милиони припадници во светскирамки. Некои од овие организирани дијаспори се историски, ветерански и основани. Очигледни примери се Еврејската, Ерменската, Грчката, Индијанската и Кинеската дијаспора. Некои се релативно нови и формирани во деветнаесеттиот и раниот дваесетти век, на пример, Италијанската, Ирската и Полската диаспора. Некои се во зачеток и во почетна фаза на формирање и организирање како Палестинската по 1948 година, Руската во поранешната империа на Советскиот Сојуз и Чеченската. Членовите на веќе формираните но и на дијаспорите во зачеток поддржуваат насилни и терористички активности како во нивните татковини, во земјите каде што престојуваат, или пат во трети или четврти земји. Затоа, посебно внимание треба да се обрне на овие ентитети кои припаѓаат на организираната трансдржавна етнонационална дијаспора.
За таа цел, тие ги (зло)употребуваат своите позиции да лобираат во моќните меѓународни институции, кај владите на влијателните европски и светски држави, да собираат пари за финансирање на конфликтот во сите негови фази, дури и за негово евентуално рестартирање. Тие се обидуват да го анимираат и да го придобијат меѓународното јавно мислење за поддршка и остварување на нивните цели, за оправданоста на нивните напори итн. Незадоволни од новонастанатите постконфликтни состојби, тие честопати можат да бидат порадикални и построги во своите барања при детерминирањето на условите за мир отколку претставниците на нивната етничка група која војувала и живее во конфликтното подрачје.
Последната категорија може да биде етикетирана како културни и религиозни транснационални припадници кои се дисперзирани. Како во чевртата категорија, тие се разместени групи кои живеат надвор од своите татковини. Тие ги споделуваат истите верувања, иако секој од нив има различно етничко и национално потекло. Примери се Муслиманската, Африканската и Латино дијаспората. Како резултат на терористичките активности изведени од
Ал Каеда и други дисперзирани Сунитски и Шиитски Муслимански транснационални групи и организации, аналитичарите нив ги претставуваат како хомогени дијаспори. Во реалноста, последниот бран на терористички и насилни активности беше реализиран не од високо организираната и хомогена Муслиманска или Северно Африканска дијаспора туку од посебните и автономни членови на организираните и трансдржавните етнонационални дијаспори, чија единствена заедничка карактеристика е Исламската религија.
Дијаспората која активно е вклучена уште од претконфликтната фаза (пари, набавка на оружје, мобилизирање на борци, лобирање итн.), честопати е пречка за воспоставување на мирот дури и кога локалните групи значително се подготвени за мировни преговори. Нивниот конформизам и безбедносна позиција на голема дистанца од воените зони, инсистираат исклучиво на воспоставување на мир по нивна мерка како што замислуваат дека е најдобар. А тоа може да биде нов удар врз сите напори за засидрување на конфликтот во помирни води. Сето тоа, во спрега со определени навики и расудувања на определени милитантни групи, заедно со дејствувањето на сите претходно потенцирани интерни (субјективни и објективни) фактори, претставува сериозна закана и опасност во целост да се елиминира можноста групите инволвирани во конфликтот да се оддалечат од војната и да се приближат кон тишината на мирот.

Извори на финансирање

Со исклучок на мафијата од дијаспората и криминалните групи, и на страна од сиромашните и најмногу „лишените" групи во нивните земји на престој и во татковината, чистите економски интереси или цели не служат како критична мотивациски фактори или причини за тероризам. Всушност, многу од активистите и терористите се образовани и релативно богати. Сеуште, мобилизацијата на човечка сила, фондови, и други ресурси се значајни аспекти на овој феномен. Во тој поглед, подобро образованите и богатите од дијаспората имаат подобри шанси за успех.
Повторно, ова не се нови прашања. Палестинците беа вклучени во овие активности со декади, како и турските Курди, Ерменците и Евреите. Кога финасирањето од страна на татковината престанува, или станува недостапна, важноста на ентитетите од дијаспората за мобилизирање на финансиски и други ресурси е значително подобрена.
Специфични форми на собирање средства од страна на дијаспората се:
• Закат^такса,
• Членство поради политички или квази^религиозни партии,
• Донации и
• Невладини начини на собирање на средства. Специфични форми на трансферскиот систем за пренос на
капиталот од дијаспората:
• Исламски банковни пракси^трансфер на легални фондови;
• Туристички агенции, застапници со злато и дијаманти (трансфер на илегален капитал за илегален крајна цел);
• Hawala („Авганистанско банкарство") Western Union тип на банкарство и
• Курири кои пренесуваат готовина (готови пари). Паралелната влада на Косовските Албанци во 1990 година беше финансирана со 3% такса на целиот приход во Косово и помеѓу Албаската дијаспора во странство. Неодамнешното истражување процени дека паричните пратки обезбедија 45% од Косовските годишни домашни приходи во текот на војната 1998^1999 година.
Во раните 1990, на пример, распадот на Советскиот Сојуз и прекинот на финансиско и воено спонзорство го предизвика колапсот на бројни бутовнички и терористички групи кој претходно беа зависни од Москва. Истото се однесува на сите групи кои примаат економска или друг вид на помош од Ирак за време за Садам Хусеин. Во исто време, порастот на бројот на бунтови со етнички предзнак резултираше со интензивирање на релативната значајност наетнонационалната поддршка од страна на дијаспората. Од очигледни причини, прецизни податоци за обемот на разновидните извори набавени и употребени од страна на терористичките групи се недостапни или екстремно тешко е да се добијат. Ниту терористичките организации и движења ниту релевантните влади се подготвени да обезбедат такви информации.

Причини и мотивации


Длабоките причини и непосредни мотивации кои водат етнонационалните ентитети од дијаспората да ги поддржуваат насилните и терористички аактивности не се многу променети во последните неколку декади. Ова е случај со последиците од колапсот на Советскиот Сојуз, кој го обележа крајот на ерата на Студената Војна, и неодамнешниот период на глобализација.
Една од позастапените причини и мотивации за тероризмот од дијаспората е исклучувањето на групите од нивните земји на потекло. Некои но не сите, од разновидните Палестински организации служат како примери во оваа категорија, како Абу Нидал Организацијата, која е трансдржавна организација на дијаспората која изведе терористички напади во дваесет земји убивајќи или ранувајќи околу 900 поединци и беше поддржана од индивидуи и групи од Палестинската дијаспора на Запад. Други Палестински организации создадени како реакција на истерувањето од делови на Палестина во 1948 и потоа во 1967 година се Палестинскиот Ослободителен Фронт и Популарниот Фронт за ослободување на Палестина. Важно е да се напомене, дека поради Израелската контрола над Палестинските окупирани територии, седиштата на овие и на други Палестиниски организации се надвор од Палестина, поточно во Сирија.
Друга заедничка причина е постоењето на борби за одвојување и независност во татковината. Една од најдобро познатите организации во оваа категорија е ЕТА, која е поддржувана од сегменти на Баскиската дијаспора. Палестинските организации, како ХАМАС, добиваат парични средства од Палестинските иселеници во дијаспората, од Иран, и од приватни добротвори во Саудиска Арабија и во другите Арапски држави. Некои од пропагандните активности исобирањето на фондови за ХАМАС се одвива во Западна Европа и во Северна и Јужна Америка. Исто така, Курдистанската Работничка Партија добиваше заштита/азил и скромна помош од Сирија, Ирак и Иран, како и финансиска и психолошка поддршка од Курдската дијаспора. ЛТТЕ , од друга страна, е блиско поврзана со Тамилските заедници во Северна Америка, Европа и Азија. Низ овие мрежи, од кои некои се вклучени во шверцот со наркотици, Тамилските Тигри собираат средства и ги снабдуваат нивните борци во Шри Ланка.
Понатамошна мотивација е систематската дискриминација на групата во својата татковина. Либанското радикално Шиитско движење Хезболах, на пример, постои воглавно да ги заштитува Шиитските интереси во Либан. Меѓутоа, затоа што се спротиставува на Израел и е против мировните договори со таа држава, се смета како транснационална дијаспора. Има формирано ќелии во Европа, Африка, Јужна Америка, Северна Америка и Азија, и добива значителна практична обука^тренинг, оружје, експлозиви како и финансиска, економска, политичка, дипломатска и организациска помош од Иран, Сирија, и Либанската Шиитска дијаспора. Слични динамики можат да се пронајдат во случајот на Исламското движењена Узбекистан, Египетскиот Исламски Џихад, Националната Ослободителна Армија на Иран, и Револуционите Вооружени Сили на Колумбија.
Судското и политичкото прогонување во татковината е уште една поврзана мотивација за поддршка на тероризмот. На пример, Алжирските иселеници со живеалиште во Западна Европа и посебно во Франција, обезбедуваа економска и логистичка поддршка на ГИА-Вооружена Исламска Група. Револуционерната Организација 17 Ноември наводно примаше помош од групи на Грчката дијаспора.
Други причини за вклучување на дијаспората во тероризмот се расизмот, религиозното и антирелигиозното омаловажување, како и поврзаноста со организираниот криминал.
Вклученоста на дијаспората во терористичките активности не е нов феномен, но нови трендови започнале да се појавуваат преку дејствувањето на глобалното движење џихад. Особено, а можеби и најалармантно, членовите на заедниците на дијаспората сега учествуваат во терористички напади против владите на втората татковина. Историски, заедниците на дијаспората овозможуваат поддршка на терористичките организации вклучени во конфликтите во нивната татковина. Насилството можеби се појавило во нивните втори татковини, но сепак владата и нејзините граѓани не биле основната цел на таквите напади. Западните влади често ја толерирале поддршката на насилство затоа што не се сметало за внатрешна закана, туку за туѓ проблем. Од 11 септември 2001 година, ваквото гледиште драстично се промени. Заедниците на дијаспората не само што ги поддржуваат терористичките напади кон западнитеземји; тие се директни учесници во нив преку регрутирање, собирање средства, обука, операции и снабдување.
Европската Унија се почесто го разгледува тероризмот како внатрешна закана, односно како проблем кој повеќе влијае на индивидуалните земји членки отколку на Унијата во целост. Всушност, на антитероризмот во Европа традиционално се приоѓа од легален и политички аспект. Не постои демократски признат, задолжителен, и комплетен внатрешен столб на антитерористичка стратегија на Европската Унија.
Од политички причини, врската помеѓу контратероризмот и имиграцијата се избегнува. Многу од Европските влади не прифаќаат дека имиграцијата станува трајна.
Фактот дека на 7 јули 2005 лондонските бомбаши биле муслимани родени во Велика Британија привлече големо внимание на Исламската заедница. Интервјуата со муслимани кои не се од Британија ја разбудија свеста дека муслиманите не се подготвени да се вклопат во британското општество, и овие разговори исто така го потенцираа фактот дека и Британците не се подготвени да се интегрираат со муслиманската популација. Ефектот од 7 јули резултираше со зголемена тензија и негативно се одрази на социјалната кохезија низ зголемена расна и верска деградација на односите во Велика Британија. Негативниот ефект беше социјално поразорен отколку нападите на 11 септември во САД. Медиумите се се почесто обвинувани за легализација на стереотипите и ширењето на лажни информации.
Настаните во Палестина, Ирак, Авганистан, Чеченија и на Балканот ја создадоа движечката сила за активизам и регрутирање.
Сведоци сме на нов феномен во кој заедниците на дијаспората се насочуваат против нивната втора татковина, кон владата и нејзиниот народ. Ваквата реалност е важна поради глобализацијата: обемот на сообраќај и отворените граници го прават проблемот да стане акутен. Шест критични проблеми се особено загрижувачки:
1. Изразениот страв дека заедниците навистина ќе ги нападнат нивните втори татковини;
2. Недостигот на интеграција создал регрути, кои подеднакво влијаат на асимилираните и на отуѓените. Некои од нив се вовлечени преку регрутација и авторадикализација^тие се независни учесници без претходни врски со терористички групи, но се инспирираат и мотивираат да ги извршат нивните дела како поддршка или симпатија со движењата;
3. Финансиските врски^дотокот на донации;
4. Дијаспората обезбедува снабдување со оружје;
5. Дијаспорите се корисни пропагандни платформи^новите земји дозволуваат одлевање на средства кои се забранети во матичните земји;
6. Заедниците на дијаспората може да се здружат и да се мобилизираат со цел да лобираат и влијаат врз владите во нивните втори татковини да извршат притисок против владите на нивната татковина.

Дијаспората како моќен медијатор не е нов феномен. Еврејската дијаспора во САД била мошне успешна во лобирањето во Конгресот да донесе резолуции за денунцирање-осудување на Британците во врска со Палестина. Ирско^Американската поддршка на Ирската Републиканска Армија (ИРА) била толку голема, односно, 70% од оружјето пронајдено од страна на Британските сили во Ирска било американско како и ЛТТЕ (Liberation Tigers of Tamil Eelam) започнало глобална мрежа на снабдување со оружје, поддршка и финансиски операции во странство за нејзините цели. Ослободителното движење на Тамилските тигри користело културни и политички настани за да влева заедничка цел во тамилската дијаспора за да обезбедат нивна радикализација и поддршка.
Дијаспората може да обезбеди четири категории на поддршка за терористички цели:
1. прибирање на средства (преку организиран криминал);
2. регрутирање;
3. снабдување со оружје и
4. лобирање кај владите на нивната втора татковина.

Овие заедници се успешни во прибирање на донации и приходи, доброволно или изнудено. На пример, Курдистанската Работничка Партија е вмешана во политички и активности за собирање на средства што ја „заматува" линијата помеѓу политичките и обичните цивилни активности. Всушност, една половина од буџетот на групата потекнува од Курдската дијаспора во Европа во периодот на деведесетите години.
Лобирањето исто така игра важна улога: ИРА^придружните групи во САД ја блокирале продажбата на оружје на Британците; ЛТТЕ лобирала во Јужна Африка да се стопира продажбата на оружје во Шри Ланка. Стариот модел на претежно пасивна и понекогаш активна дијаспора се променил во претежно активна дијаспора. Постои поврзаност помеѓу дијаспората и тероризмот бидејќи:
• Многу терористички мрежи и групи уживаат во материјалната, духовната, политичката поддршка од симпатизерите и добро организираните дијаспори во Западна Европа и Северна Америка;
• Терористичките мрежи и групи користат пари кои што доаѓаат од извори кои се блиски до нивните основни етнички и културни корени;
• Политички и легални ограноци даваат пари за вооружување на екстремните фракции и
• Неформални методи на трансфер за хуманитарни цели се користат за терористички спонзорства.

Радикализираната втора генерација на дијаспората содржи во себе главна потенцијална терористичка закана: „Повеќето имигранти не се терористи, но поголем број терористи се имигранти..."
Сепаратистичко^националистичките движења како LTTE, KLA , NLA (Национална Ослободителна Армија), значаен дел се развија во дијаспората. LTTE мрежата е распространета низ светот и има канцеларии^уреди во 54 земји. Понатаму, Косовската Ослободителна Армија и Националната Ослободителна Армија на Косово беа создадени во дијаспората од страна на политичките прогонети поединци од САД, Германија и Швајцарија. Курдистанската Работничка Партија има уреди стационирани во Германија и Холандија.
Со други зборови, дури и поддршката на насилството не претставува соодветна мерка ниту за одредувањето на безбедносниот предизвик ниту пак за оценување на соодветноста на активностите на дијаспората. Сложеноста на проблемот воопшто не треба да се потцени тука на Балканот. Многу групи во дијаспората биле активни во обезбедувањето на поддршка за ослободителните борби, војни и тероризам кои што следеа со распадот на Југославија. Биле основани фондови, била извршена политичка мобилизација и пропаганда, а некои дури се вратиле „дома" за да се борат. Колку од ова претставуваше безбедносна закана, било да е за земјата домаќин, за невини цивили насекаде, било да е за светскиот мир и_безбедност генерално? И колку од ова не преставуваше закана?
Овие предупредувања се особено важни за светот после 11 септември. По трагичниот терористички напад врз Њујорк и Вашингтон, се појавил вистински наплив на внимание кај јавноста, во медиумите и политиката_кон можните врски помеѓу доселените етнички групи и националните безбедносни предизвици.

Фактори кои што влијаат на безбедносниот предизвик

Голем број на фактори влијаат на степенот на безбедносниот предизвик кој што групите во дијаспората може да го наложат на земјата домаќин. Претпоставките се следни:
Првиот, и најважен од нив се поврзува со интензитетот на конфликтот во татковината, особено степенот на воениот конфликт. Онаму каде ваквиот конфликт е со голем интензитет било да е во форма на етничка дискриминација, внатрешна репресија, цивилна војна, воена окупација^поголема е веројатноста дека ќе се појават вооружени групи внатре во дијаспората, или дека вооружени лица од татковината ќе воспостават врски со населението во дијаспората.
Втора група на варијабли се поврзува со демографските карактеристики на населението во дијаспората. Оваа група вклучува:
• вкупната големина на дијаспората, а со тоа и потенцијалната моќ и сложеност на политичките организации во дијаспората;
• големината на групата на дијаспората во земјата домаќин, со поголеми заедници на дијаспората, поголема е веројатноста за опстанок на поголеми и посложени политички организации;
• географска густина на населението на дијаспората внатре во земјата домаќин. Во главно, политичките групи имаат поголема можност да мобилизираат поддршка во дијаспора со географски густо население, отколку во оние кои се раширени. Како и да е, напредокот на интернетот и други информациски и комуникациски технологии забележително ја зголеми можноста да го поврзат населението од дијаспората без разлика на географската оддалеченост ;
• социо-економскиот статус на дијаспората. Побогати и подобро образовани дијаспори имаат поголема можност да обезбедат финансиски и организациони средства за политичките групи на дијаспората, отколку посиромашните заедници. Од друга страна пак, посиромашните народи на дијаспората е поверојатно да се придружат на вооружените групи и да се вклучат во насилните активности.
Трета група на варијабли се поврзува со политичка (незадолжително и физичка) блискост и поврзаност на земјата домаќин со татковината. Од овој аспект, безбедносните предизвици се најверојатно под влијание на:
• географската блискост на дијаспората со матичната земја, соседните земји домаќини се најчувствителни на проширување на конфликтот, недефинирани политички односи, движење на бегалци, разузнавачки операции, одмазда и слична поврзаност со безбедносни последици. Ако се земе во предвид потенцијалната закана од разузнавачки активности или одмазда, значајна е моќта на матичните земји, со тоа што, помоќните матични земји налагаат поголеми потенцијални безбедносни предизвици за земјата домаќин отколку послабите.
• етничка поврзаност на дијаспората со матичната земја, зголемени последици по националната безбедност од политичка активност на дијаспората, кога големи етнички заедници во земјата домаќин имаат етничка, јазична, религиозна, или пак друга врска со други големи етнички групи во матичната земја.
• политичка поврзаност помеѓу земјата домаќин и матичната земја, последиците по националната безбедност од политичка активност на дијаспората ќе бидат најголеми кога земјата домаќин е голема сила (поранешна колонијална сила или посредник) со широка надворешна политика на поврзаност со матичната земја.
Четврта група на варијабили се поврзува со политичката врска помеѓу земјата домаќин и групата на дијаспората:
• Потенцијалните безбедносни последици од политичката активност на дијаспората се особено зголемени ако на надворешната политика на земјата домаќин се гледа како на спротивставена на интересите на народите на дијаспората, било да е од самото население или од вооружените групи. Како пример може да се наведе поддршката било да е политичка, финансиска или воена што земјата домаќин и ја пружа на репресивната влада во матичната земја или пак на спротивната страна во граѓанска војна. Од друга страна пак, безбедносниот предизвик е особено намален ако на надворешната политика на земјата домаќин се гледа како на поддршка на интересите на народите на дијаспората.
• Потенцијалните безбедносни последици од активноста на дијаспората може исто така да бидат зголемени ако навнатрешната политика на земјата домаќин се гледа како на спротиставена на интересите на народите на дијаспората. Како примери може да се наведат официјално дозволена или толерирана дискриминација на народите на дијаспората; имиграциона политика која што е неповолна за членовите на народите на дијаспората; ограничување на движењето или мерки на надгледување; или пак апсењето, осудувањето или екстрадикција на вооружените припадници на дијаспората од страна на земјата домаќин.
• Степенот на интеграција на групите на дијаспората во опшеството на земјата домаќин има особена важност за потенцијалните безбедносни предизвици. Групите со повисок степен на интеграција е помалку веројатно дека ќе поддржат вооружени организации кои за цел ќе ги имаат домашните институции, отколку групите со помал степен на интеграција и поотуѓените групи. Ваквата интеграција е подложна на голем број на фактори. Тука спаѓаат временската присутност на дијаспората (групата која што е генерациски постара подобро се интегрира), внатрешната политика на земјата домаќин (како што беше претходно изложена) и степенот на културна сличност или разлика помеѓу народите на дијаспората и земјата домаќин.
• На крај, политичкото водство во самите групи на дијаспората е од особена важност за начинот на кој заедницата комуницира со државата и со вооружените групи во нејзините граници. Безбедносните предизвици се доста намалени ако водачите на заедниците имаат силна поддршка од самата зедница, добри односи со избраните власти и извршителите на законот, и ги осудуваат екстремистите.
Од друга страна пак, безбедносните предизвици за земјата домаќин се влошени доколку водачите на дијаспората се невлијателни (или ако пак водството е поделено), односите со државните органи се слаби, вооружени дејства се толерираат или се поддржани од водачите на заедницата.

 

Заклучок

Вклученоста на дијаспората во терористичките активности не е нов феномен, но нови трендови започнаа да се појавуваат преку дејствувањето на глобалното движење џихад. Особено, а можеби и најалармантно, е дека членовите на заедниците на дијаспората сега учествуваат во терористички напади против владите на втората татковина.
Длабоките причини и непосредни мотивации кои водат етнонационалните ентитети од дијаспората да ги поддржуваат насилните и терористички аактивности не се многу променети во последните неколку декади.
Исполитизираните, радикализираните и организираните миграциски групи и заедници на дијаспората денес функционираат како мостобран за терористичките групи.
Стратегиското слабеење на терористичките групи бара разбирање на внатрешните и надворешните фактори и услови кои ја ескалираат и де-ескалираат поддршката од дијаспората за тероризам.

Литература:


1. Barbara Balaj, "Kosovo's Albanian Diaspora: Blessing or Curse on the Economy?" Transition Newsletter, The World Bank Group, January 2001.
2. Bruce Hoffman, "Radicalization, Terrorism, And Diasporas", RAND, ETH Zurich, 2007.
3. David Romano. "Modern Communications Technology in Ethnic Nationalist Hands: The Case of the Curds", Canadian Journal of Political
Science, 35, 1, 2002.
4. Gabriel Sheffer, "The Roots of Terrorism", Routledge, New York, 2006.
5. Gabriel Sheffer, Diaspora Politics: At Home Abroad, Cambridge, UK: Cambridge University Press, 2003.
6. Joell Dummers, "New wars and diasporas: suggestions for research and policy", Journal of Peace Conflict & Development Issue 11, November 2007, достапно на: www.peacestudiesjournal.org.uk
7. Lawrence Malkin and Yuval Elizur, "Terrorism's Money Trail, "World Policy Journal 18, no. 1 2001.
8. Michel Hess, "Substantiating the Nexus Between Diaspora Groups and the
Financing of Terrorism", Economics of Terrorism Study Group, NYC, New
School, 5 May 2006.
9. Митко Котовчевски, „Етиологија на вооружените конфликти", Бомат графикс, Скопје, 2007.
10. Nicholas Wood, "Albanian exiles threaten to escalate war", The Guardian,
21 May 2001.
11. Rex Brynen, "Diaspora Populations and Security Issues in Host Countries", McGill University, Montreal, Canada.
12. S.Bell, преземено од Michel Hess, "Substantiating the Nexus Between Diaspora Groups and the Financing of Terrorism", Economics of Terrorism
Study Group, NYC, New School, 5 May 2006.
13. The Radicalization of Diasporas and Terrorism", Joint conference by the RAND Corporation and the Center for Security Studies, ETH Zurich, 2007.
14. United Nations High Commissioner for Refugees, 56th General Assembly, Third Committee, November 19, 2001.
15. Walter Laquer, "Postmodern Terrorism", Foreign Affairs 75, no.5, 1996.

Download СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » » 

Besplatni Seminarski Radovi - Бесплатно семинарска работа

SEMINARSKI RAD