ГЛАВНА СТРАНИЦА

БЕСПЛАТНО СЕМИНАРСКА РАБОТА - ПРАВО
ДРУГИ СЕМИНАРСКИ РАБОТИ
- ПРАВО -
 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Правни основи за наследување во Република Македонија

Во Република Македонија постојат два правни основи за наследување и тоа : законско и тестаментално наследување.Наследното право можеме да го дефинираме од три апсекта. Тие се: наследно право како дел од правниот систем на државата (објективно наследно право). наследно право како збир на права на едно или пвоеќе лица да се јават во еден конкретен случај како насленици на определен имот (субјективно наследно право) и наследно право као правна наука. Под поимот наследно право како дел од правниот систем на државата (објективно наследно право) се подразбира збир на правни норми пропишани од страна на овластени носители на нормативната дејност во државата (закнодавниот орган и органите овластени за донесување на подзаконската норамтивна рагулатива) со кои се уредуваат наследно правните односи што настануват во моментот на смртта на едно физичко лице, односно што го уредуваат пренесувањето на сопственоста на имотот едно на лице во случај на негова смрт на други лица како негови наследници. Под поимот наследно право како збир на права на едно или повеќе лица да се јават во еден конкретен случај како насленици на определен имот (субјектинво наследно право) се подразбира правото на овие лица да го наследат имотот на едно лице во случај на негова смрт и со тоа да станат негови сопственици. Овие лица правото на наследување на имотот го стекнуваат во моментот на смртта на неговиот дотогашен сопственик (оставител). До тогаш тие имале само правна надеж дека, врз основа на закон или пак врз основа на порано изјавена волја на оставителот, ќе можат во моментот на неговоата смрт да се појават како наследници на имотот што ќе го остави оставителот (оставнина) Под поимот наследно рпаво како правна наука се подразбира дел од системот на правните науки кој се занимава со изучување на наследно-правните односи. Тоа се односи што настануваат со смртта на сопственикот на одреден имот (оставителот) меѓу лицата кои го наследуваат тој имот. На македонскиве простори до нивното потпаѓање под турска власт (во 1395 година) за раправање на наследно-правните односи во основа се применувалие византиските прописи, потоа прописите на средновековна Србија.

Законско наследување


Законското наследување претставува здобивање со наследство под услови и во постапка пропишана со Законот, според видот и степенот на сродство на оставителот со наследниците. За реализација на законското наследување наследниците се групираат по наследни редови спопред степенот и видот на сродство (крвно сродство, брачно сродство сродство со посвојување). Основа на групирањето на сродниците по наследни редови во нашето наследно право е таканаречениот линеарно-парантеларен систем на групирањена крвните сродинци. Овој систем се состои во поделба на крвните сродници на оставителот во парантели (колена, редови) а потоа во поделба на сродниците во рамките на една парантела на потесни крвни групи линии односно гранки. Групирањето на сродниците во парантели се врши врз база на потеклото. Имено сите оние што водат потекло од ист односно исти родоначалници чинат една парантела. Првата парантела ја сочинуваат сите деца кои што потекнуваат од оставителот (деца, внуци, правнуци). Втората парантела ја сочинуваат таткото и мајката на оставителот, како родоначалници и сите деца кои од нив потекнуваат (браќа и сестри, внуци од браќа и сестри и т.н.). Третата парантела ја сочинуваат дедовците и бабите на осатавителот по татко и по мајка (како родоначалници - четворица) и сите лица кои од нив потекнуваат чичковци, вујковци, тетки и други сродници на оставителот. Четвртата парантела ја сочинуваат прадедовците и прабабите по дедо и баба по таткото и дедо и баба по мајката на оставителот - осмина и сите лица кои од нив потекнуваат. Петтата и понатамошните парантели се образуваат на ист начин како и претходните, се разбира меѓу подалечните сродници. Групирањето на сродниците во потесни групи (линии) на една парантела се врши врз база на нивното потекло од заеднички предок како носител на линија во рамките на парантелата. Носителите на линиите во рамките на првата парантела се првостепените потомци на оставителот (синовите и ќерките). Сите лица кои што потекнуваат од синот или од ќерката на оставителот ги чинат линијата на синот и линијата на ќерката. Носители на линии на сродници во втората парантела се таткото и мајката на оставителот. Лицата кои од нив потекнуваат ги чинат линиите на таткото и на мајката. Носители на линиите во третата парантела се дедовиците и бабите на оставителот по татко и по мајка. Поради тоа во оваа парантела има четири линии на крвни сродници. Линиите во подалечните парантели се образуваат на ист начин како и кај претходните. Линеарно-парантеларниот ситем на наследување се одликува со тоа што постои исклучивост во поглед на наследувањето меѓу одделни парантели и одделни линии во рамите на нив. Имено, не се повикуваат да земат наследство сродници од следната парантела доколку постојат лица од претходната парантела. Исто така не се повикуваат да земат наследство лица од подалечната линија во рамките на една парантела додека постојат лица од една иста линија. Тоа значи дека според линеарно-парантеларниот систем на наследство прво се повикуваат сродниците од првата парантела, потоа од втората, па од третата и понатаму со ред од останатите парантели, но само под услов да немало лица од претходната парантала кои би можеле да го наследат оставителот. Носителите на линиите во рамките на парантелата добиваат наследство на еднакви делови. Сродниците во рамките на иста линија се повикуваат на наследство според блискоста на сродството со оставителот. Така, најпрво се повикуваат сродниците од поблискиот степен на сродство, а ако тие на станат наследници од било која причина, на наследство се повикуваат сродниците од подалечен степен на сродство во рамките на истата линија. Покрај крвното средоство основ за наследување се брачното сродство и сродството со посвојување. Вонбрачното сродство во поглед на наследувањето во потполност е изедначено со брачното сродство. Што се однесува до сродството со посвојување треба да се истакне дека сродството кај потполното псовојување во поглед на наследувањето е потполно изедначено со крвното сродство. Кај непотполното посвојување на посвоеникот при засновувањењто на посвојувањето може да му биде ограничено правото на наследување или тој може во потполност да биде исклучен од наследувањето. Во таков случај посвоеникот се повикува да наследи согласно со обемот на ограничувањето или воопшто не се повиквуа да наследи дел од оставината на оставителот. Доколку на посвоеникот при непотполното посвојвуање не му е ограничено правото на наследување или не е исклучен од наследувањето тој во однос на оставителот ги има истите наследни права како да е негово родено. дете. Тој во ваков случај за разлика од посвоеникот кај потполното посвојување нема никакви наследни права во однос на неговите потомци, неговиот брачен другар, неговите роднини и останатите псовоеници. 2. Наследни редови од изложеното може да се заклучи дека наследните редови претставуваат групи на сродници кои можат да земат наследство групирани според степенот на сродство со оставителот. Овие лица го сочинуваат кругот на сродници на оставителот кои можат да се појават како потенцијални наследници. Според тоа, тој круг го сочинуваат сите негови потомци, неговите посвоеници и нивните потомци, неговиот брачен другар, неговите посвоители, неговите родители, неговите браќа и сестри и нивните потомци и неговите дедовци и баби и нивните потомци. Овие лица наследуваат според наследните редови. Законот за наследување го регулриа наследувањето меѓу сродниците од првиот, вториот и третиот наследен ред.

Првиот наследен ред го сочинуваат потомците на оставителот и неговиот брачен другар. Во врска со ова според Законот оставината на умрениот ја наследуваат пред сите, неговите деца и неговиот брачен другар. Тие наследуваат еднакви делови. Во врска со наследувањето меѓу наследницте од првиот наследен ред е и правото на претставување. Според ова право делот од оставината што би му припаднал на порано умреното дете да го надживеало оставителот го наследуваат неговите деца односно внуците на оставителот, на еднакви делови, а ако некој од внуците умрел пред оставителот, тогаш делот што би му припаднал да бил жив во моментот на смртта на оставителот го наследуваат неговите деца односно правнуците на оставителот, на еднакви делови и така редум се додека има потомци од оставителот. Во однос на наследниот дел на брачниот другар Законот прави еден исклучок во случај кога има деца на оставителот кои не потекнуваат од бракот со надживеаниот брачен другар, а имотот на овој брачен другар изнесува повеќе од делот што би му припаднал при делбата на оставината на еднакви делови. Во ваков случај на секое дете на оставителот му припаѓа двапати поголем дел отколку на брачниот другар.
Вториот наследен ред го сочинуваат родителите и брачниот другар на оставителот, како и неговите браќа и сестри. Во врска со овој наследен ред Законот пропишува дека оставината на оставителот кој не оставил потомци ја наследуваат неговите родители и неговиот брачен другар. Родителите на оставителот наследуваат една половина од оставината на еднакви делови, а втората половина ја наследува брачниот другар на умрениот. Ако по оставителот не останал брачен другар неговите родители ја наследуваат целата негова оставина на еднакви делови. Ако едниот родител на оставителот умрел пред оставителот, делот од оставината што би му припаднал да го надживеал оставителот го наследуваат неговите деца (браќата и сестрите на оставителот), неговите внуци и правнуци и неговите натамошни потомци, според правилата што важат за случај кога оставителот го наследуваат неговите деца и другите потомци. Ако двајцата родители на оставителот умреле пред оставителот, делот од оставината што би му припаднал на секој од нив да го надживеал оставителот го наследуваат потомците, како што е напред наведено.. Во сите случаи браќата и сестрите на оставителот само по таткото го наследуваат на еднакви делови татковиот дел од оставината, браќата и сестрите само по мајката го наследуваат на еднакви делови мајчиниот дел, а родените браќа и сестри го наследуваат на еднакви делови со браќата и сестрите по таткото - татковиот дел, а со браќата и сестрите по мајката - мајчиниот дел од оставината. Ако едниот родител на оставителот умрел пред оставителот, а не оставил ниеден потомок, делот на оставината што би му припаднал да го надживеал оставителот го наследува другиот родител, а ако и овој умрел пред оставителот, неговите потомци го наследуваат она што би им припаднало и на едниот и на другиот родител, како што е впрочем, понапред беше наведено. Ако пак обата родители на оставителот умреле пред оставителот, а не оставиле ниеден потомок, целата оставина ја наследува надживеаниот брачен другар на оставителот.
Третиот наследен ред го сочинуваат дедовците и бабите на оставителот со нивите потомци. Во врска со ова според Законот оставината на оставител што не оставил ниту потомци, ниту родители, ниту овие оставиле некој потомок, ниту брачен другар, ја наследуваат неговите дедовци и баби. Едната половина од оставината ја наследуваат дедото и бабата по татко, а другата половина дедото и бабата по мајка. Дедото и бабата од иста лоза наследуваат на еднакви делови. Ако некој од предците од една лоза умрел пред оставителот, делот од оставината што би му припаднал да го надживеал оставителот го наследуваат неговите деца, неговите внуци и неговите натамошни потомци, според правилата што важат за случај кога умрениот го наследуваат неговите деца и другите потомци. Во се друго за наследното право на дедото и бабата од една лоза и нивните потомци важат правилата според кои наследуваат родителите на оставителот и нивните потомци. Ако дедото и бабата од една лоза умреле пред оставителот, а не оставиле ниеден потомок, делот од оставината што би им припаднал да го надживеале оставителот го наследуваат дедото и бабата од другата лоза, нивните деца, нивните внуци и нивните натамошни потомци. Специфичности кај наследувањето на некои наследници Законот за нследување пропишува одредени специфичности во поглед на наследувањето од страна на посвоениците на оставителот, на неговиот брачен другар, неговите родители и други лица кои со него живееле во трајна заедница (чуваници и други).


Наследување врз основа на тестамент


Под поимот наследување врз основа на тестамент (тестаментално наследување) се подразбира наследување врз основа на еднострана изјава на волја (тестамент) на оставителот дадена за време на неговиот живот во форма пропишана со закон со која се одредува на кој од наследниците ќе му припадне оставината или дел од неа по неговата смрт. Давателот на тестаментот се вика завештател или тестатор. Лицата кои што наследуваат врз основа на тестамнет се викаат тестамнтални наследници. Кај ова наследување, за разлика од законското наследување, примарно значење има волјата на тестаторот како сопственик на имотот да располага со имотот согласно со неговите интереси на кои, се разбира, се заснива неговата волја да го состави тестаментот.

Поим на тестаментот


Под поимот тестамент се подразбира еднострана изјава на последанта волја на оставителот во однос на неговиот имот дадена во форма пропишана со законот 37 со кој што се уредуваат наследно-правните односи со која оставителот одредува кое лице или кои лица ќе му бидат наследници и кој дел од од оставниантта ќе му припадне на наследникот односно на наследниците по неговата смрт. Тестаментот претставува еден од основите за повикување на наследство.

Правна природа на тестаментот


Основна правна карактеристика на тестаментот е тоа што тој претставуа еднострана изјава на волја на завештателот. При неговото составување не може да стене збор за согласност на волјите на две или повеќе лица, нити пак важноста на тестаментот може да зависи од тоа. Токму поради тоа составувањето и постоењето на пример на своерарчлниот тестамент може да остане непознаница за секое друго лице се до смртта не завештателот. Тестаментот е строго личен акт на завештателот. Тој е непосреден продукт на неговата волја. Поради тоа секој кој што сака да направи тестамент мора тоа да го стори лично. Застапувањето при составувањето на тестаментот е исклучено. Едноставно него не може да го направи застапник односно полномошник на завештателот. Потоа тестаментот е отповиклива изјава на волја. Отповикливоста на тестаментот произлегива од неговата природа како едностртана и слободна изјава на волја на завештателот. Завештателот секогаш може да го отповика тестаментот се до неговата смрт.

Видови на тестамент според формата

Значењето на тестаментот како од аспект на правната сигурност, така и од аспект на интересите на граѓаните кога е во прапшање расправање на оставината, ја наметнува потребата тој да биде направен во посебна форма. Формата на тестаментот треба да обезбеди, пред се, да се спречат случаите на пренагленост во донесувањето на одлуката на последанта волја во поглед на имотот, да ја загарантира сериозноста на таа одлука, да ја зголеми јасноста во толкувањето на вољата на тестаторот, да ја намали можноста од настапување на случаи на недостатоци на вољата на тестаторот, да обезбеди доказ за последната воља во поглед на имотот на тестаторот, да го зголеми степенот на извеснот при наследувањето и да ја намали можноста од евентуално фалсификување на тестаментот. Македонското наследно право познава повеќе видови на тестамент според формата. Сите тие се пропишани со одредбите на Законот за наследување. Законот за наследување ги пропишува следните видови на тестамнет според формата:
• своерачен тестамент,
• судски тестамент,
• тестамент составен пред дипломатски или конзуларен претставник во странство (дипломатско-конзуларен тестамент),
• тестамент составен за време на воена состојба (војнички тестамент),
• меѓународен тестамент и
• устен тестамент


Содржина на тестаментот

Содржината на тестаментот опфаќа се што завештателот во него наредил односно изјавил како последна изјава на воља во однос на неговиот имот. Таа може да биде сложена и разновидна. Тоа се огледа од фактот што со тестамент се одредуваат наследниците и наследните делови од имотот, со него се конституираат оптоварувања и легати, се поставуваат услови, се простува недостојност за наследување, се исклучуваат нужни наследници од наследството, се одредува извршител на тестаментот, се признава вонбрачно татковство и сл. Определувањето на наследниците редовно е еден од елементите на содржината на тестаментот. Завештателот може да определи за наследник било кое физичко лице, без оглед на тоа дали тоа лице е негов роднина или пак не е. Тој може да определи за наследник на наговиот имот и правно лице. Дали наследник на имотот ќе биде физичко или правно лице едно или повеќе или пак физичко и правно лице односно лица, зависи исклучиво од вољата на завештателот. Се смета дека наследниците, легатарите и другите лица на кои со тестаментот им се оставени некои користи, се доволно определени ако тестаментот содржи податоци врз основа на кои може да се утврди кои се тие. Во врска со ова одредени физички лица можат да бидат означени како тестаментални наследници не само по име, туку и на друг начин, во зависност од општествената однсно роднинската врска меѓу нив и завештателот. На пример “мојот внук од сестра”, “мојата тетка”, “мојот брат” и т.н. Според Законот, наследник врз основа на тестаментот е лице кое го определил завештателот да го наследи целиот негов имот или дел од имотот. Понатаму како наследник се смета и лице на кое со тестаментот му се оставени еден или повеќе определени предмети или права, ако се утврди дека вољата на завештателот била тоа лице да му биде наследник. Определувањето на наследството може да се изврши така што едноставно ќе се каже целиот мој имот, или пак ќе се наведат деловите од имотот - куќа, ниви, дуќани и сл. Тоа може да се определи по количин односно квота во како на пример: четвртина од имотот, третина од имотот, половина од имотот, целиот имот и сл. Во случај кога завештателот определува повеќе наследници, на некои може точно да им определи што или колкав дел од имотт ќе наследат а на некои не и со тоа да остави нивните делови да се одредат во оставинската расправа.

Составување на тестаментот

Составувањето на тестаментот претставува писмено или усмено изразување на последанта волја на завештателот во однос на неговиот имот. Составувањето на тестаментот претставуа мисловно-логички и вербално комуникациски процес на завештателот низ кој тој ја формулира својата последна волја и ја ја изразува во со закона пропишана форма. Тестаментот не е полноважен ако при неговото составување не биле исполнети условите кои што Закoнот ги пропишал за негова полноважност. Меѓу нив најважни се три услови. Тие се: поседување на споособност за составување на тестамент, поседување на слободно изразена воља на завештателот во моментот на составувањето на тестементот, и составување на тестаментот во една од со закон пропишаните форми.Способноста за составување на тестамент претпоставува постоење на два факти во моментот на составувањето. Првиот е наполнета возраст од 15 години, а вториот е поседување на способноста за расудување. Се смета дека лице кое наполнилао 15 години има доволно способност за расудување за да го сфати значењето на своето постапување и за да управувза со своите постапки под услов да е душевно доволно развиено за својата возраст и да е душевно здраво. Според Законот тестаментот е ништовен ако во времето на неговото составување завештателот немал 15 години или не бил способен за расудување. Губењето на способноста за расудување што би настапило откога е направен тестаментот не влијае врз неговата полноважност.

ЗАКЛУЧОК


Во Република Македонија постојат два правни основи за наследување и тоа : законско и тестаментално наследување. Наследното право можеме да го дефинираме од три апсекта. Тие се: наследно право како дел од правниот систем на државата (објективно наследно право). наследно право како збир на права на едно или пвоеќе лица да се јават во еден конкретен случај како насленици на определен имот (субјективно наследно право) и наследно право као правна наука. Законското наследување претставува здобивање со наследство под услови и во постапка пропишана со Законот, според видот и степенот на сродство на оставителот со наследниците. За реализација на законското наследување наследниците се групираат по наследни редови спопред степенот и видот на сродство (крвно сродство, брачно сродство сродство со посвојување). Основа на групирањето на сродниците по наследни редови во нашето наследно право е таканаречениот линеарно-парантеларен систем на групирањена крвните сродинци. Овој систем се состои во поделба на крвните сродници на оставителот во парантели (колена, редови) а потоа во поделба на сродниците во рамките на една парантела на потесни крвни групи линии односно гранки. Под поимот наследување врз основа на тестамент (тестаментално наследување) се подразбира наследување врз основа на еднострана изјава на волја (тестамент) на оставителот дадена за време на неговиот живот во форма пропишана со закон со која се одредува на кој од наследниците ќе му припадне оставината или дел од неа по неговата смрт. Давателот на тестаментот се вика завештател или тестатор. Лицата кои што наследуваат врз основа на тестамнет се викаат тестамнтални наследници.


КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. Закон за наследување
2. АВТОРИЗИРАНИ ПРЕДАВАЊА ПО СЕМЕЈНО И НАСЛЕДНО ПРАВО -Проф. Д-р Темелко Ристески
3.www.wikipedia.com

 

Download СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » » 

Besplatni Seminarski Radovi - Бесплатно семинарска работа

SEMINARSKI RAD