ГЛАВНА СТРАНИЦА

 
БЕСПЛАТНО СЕМИНАРСКА РАБОТА - ПРАВО
 
ДРУГИ СЕМИНАРСКИ РАБОТИ
- ПРАВО -
 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ДОГОВОР ЗА СКЛАДИРАЊЕ


1.Поим и значење на договорот


Со договорот за складирање се обврзува скадиштарот да прими и да чува определени стоки и да ги преземе потребните или договорени мерки и заради нивно зачувување во определена состојба,да ги предаде по барање од давачот на депозит или од друго овластено лице, а давачот се обврзува да му плати за тоа определен надомест.(чл.786 од Закон за облигациони односи).
Потребата стоката да биде сместена на определено место и чувана од определени лица во прометот настанала дури при крајот на 17 век, кога се појавиле трговци кои се специјализирале за складишни работи.Склдиштата најпрво се појавиле и се развиле во поморските пристаништа, особено во Англија, Франција, Италија и други.Меѓутоа развојот на складиштата не останал само при поморските пристаништа, туку тој се развил во целокупниот трговски промет.
Во современи услови складишните претпријатија се повеќе се специјализираат за чување и за одржување на определени стоки (на пример чување на жито во силоси, чување во определени ладилници, чување на стока во течна состојба, чување на нафта и други нафтени деривати и друго)
Скадиштата овозможуваат во релативно подол временски период да се оствари рамнотежа помеѓу понудата и побарувачката на определени производи на тој начин што кога има недостиг на определена стока на пазарот, а ја има во складиштата, се пушта во промет.
Складиштата преку издавање на складишница овозможуваат и промет на стоката, без да се врши и фактичко предавање на истата.Така таа стока може да се продава, да се купува, да се добие кредит, иако сето време стоката се наоѓа во складиштето.

2.Видови складишта

Во трговскиот промет како складишни претпијатија ке сретнеме јавни складишта:царински складишта, слободни царински сместувалишта, консигнациони складишта, а покрај нив определена улога играат слободните царински зони и слободните пристаништа.

а) Јавни складишта

Во правната теорија за основање на јавни складишта постојат три система:слободен или либерален, нормативен и систем на концесии.
Според слободен или либерален систем скалдишни претпијатија се основаат слободно, без никакви посебни услови и секое складишно претпијатие има право да издава складишница.Овој систем се применува во Англија, Соединетите Американски Држави, Белгија и во други земји чие законодавство е направено под влијание на правото на овие земји.
Според другиот таканаречен нормативен систем во законите се определуваат условите што мора да бидат исполнети при основањето на јавни складишта.Секое јавно складиште има право да издава складишници.Ваков систем постои во Италија, Унгарија и во нашата земја.
Системот на концесии кој постои во Франција, Швајцарија, Австрија и во нашата земја е таков систем кспоред кој за основање на јавни складишта се бара одобрение од соодветни државни управни органи.
Јавните складишта се посебни претпијатија чија редовна дејност е сместување и чување на стоката на оставачот(депонент).Секое јано складиште располага со определен складишен простор(магацин и др), кој мора да исполнува определени технички и санитарни услови за сместување и чување на стоката.
Покрај основната дејност, јавните складишта можат да вршат за сметка на оставачот и други споредни услуги(како на пример склучување на договор за превоз на оставената стока, за шпедиција, осигурување и друго).

б) Царински складишта

Царински складишта се основаат само во местото каде што постојат царинарници.Овие складишта во поглед на меѓународниот трговски промет имаат големо значење бидејќи во нив се чува увезена стока која сеуште не е оцаринета.
Царинските складишта можат да бидат основани само со одобрение на надлежниот царински орган.Вакви складишта обично се основаат во големите трнспортни седишта во кои нема слобидни царински зони.Во овие складишта се чува увезената неоцаринета стока, односно оцаринета стока подготвена за извоз и стока во транзит.И овие складишта вршат определени дејности на јавни складишта со тоа што мораат да обезбедат улови за вршење на царински надзор.Затоа овие скалишта се под постојана контрола на царинските органи кои по правило имаат своја просторија во самото складиште.И секоја манипулација на стоката се врши под надзор и контрола на царинските органи што се потврдува со посебен службен записник.За стоката примена во царинските складишта се плаќа провизија опредлена со тарифи слична како и кај јавните складишта.Царината се наплатува при излегувањето на странската стока од складиштето со исклучок ако повторно се враќа во странство не се наплатува.Исто така транзитната стока не се оцаринува

в) Царински сместувалишта

Царински сместувалишта основаат претпијатија кои вршат дејност увоз-извоз на стока со посебно одобрение на царинските органи. Царински сместувалишта се основаат за привремено сметување на стоката која сеуште не е оцаринета.Сместувалиштата можат да се отворат во местата кадешто постојат царинарници, а во кои нема царински складишта. Царинските сместувалишта ги основаат надворешно-трговски претпријатија за сопствената стока што ја увезуваат или што ја извезуваат.Стоката во овие сместувалишта по нашите прописи може да остане најдолго три месеца.По овој рок држателот на царнското сместувалиште е должен да ја пренесе во царински магацин или во царинско стовариште.Сопственикот на сместувалиштето мора да води уредна евиденција за внесувањето и изнесувањето на стоката од сместувалиштето.Ваквата евиденција ја заверува царинскиот орган кој по правило мора секогаш да биде присутен кога се врши внесување или изнесување на стоката.Во царинското сместувалиште се врши царинење и наплата на друготе давачки во врска со увозот.На овој начин претријатието го одбегнува плакањето на царината пред да ја продаде и испорача стоката, а во исто време не плаќа ни лежарина што би ја плаќал кога стоката би се нашла во царинските магацини.

г) Консигнациони складишта

Консигнациони складишта можат да отворат застапништва на странски фирми за привремено сместување на неоцаринета увезена стока на странски фирми што се застапувани.По правило, консигнационите складишта се основаат за држење на определена стока како на пример чување на резервни делови за машини и слично.Консигнациони складишта можат да се отворат само во местата кадешто е можен царински надзор.Во консигнационото складиште застапничкото претпријатие држи неоцаринета стока на своите странски коминтенти се додека таа не биде продадена.Стоката од консигнационото складиште се продава на купувачи кои располагаат со девизни средства и во тој момент се врши оцаринување на стоката.Наплатата на царина на продадената стока се врши еднаш на крајот во месецот и во тој слулчај царинските органи ја заверуваат исправноста во евиденцијата-книговодството.Непродадената стока консигнаторот може да му ја врати на сопственикот (странски партнер) неоцаринета.
За разлика од царинското сместувалиште кадешто по правило стоката е во сопственост на наши трговски друштва и се наоѓа во затворен простор и под контрола на царинарницата, кај консигнационото складиште стоката е во сопственост на странската фирма и се наоѓа во деловна просторија, а царинските органи само на крајот од месецот вршат контрола со преглед на книговодствената евиденција.Исто така наши претпријатија имаат свои консигнациони складишта во странство.Во тие складишта нашите претпријатија држат стока и не плаќаат царина и други давачки се до моментот на продажбата, односно на склучувањето и извршувањето на договорот.Меѓутоа нашето претпријатие пред да склучи договор за отварање консигнациони складишта во странство мора претходно да се информира за бонитетот на странската фирма и тоа преку Стопанската комора на Македонија. Стопанската комора на Македонија ги евидентира сите склучени договори за консигнациони складишта во странство од нашите претпријатија со странските фирми.

д) Слободни царински зони и слободни пристаништа

Слични правила и принципи како при консигнационите складишта се применуваат и при сместувањето на стоката во слободните царински зони и пристаништа.
Под слободна царинска зона и пристаниште се подразбира дел од македонското царинско подрачје на кое се применуваат посебните царински олеснувања.Вакви зони можат да се основаат во пристаништата што се отворени за меѓународен сообракај.Овие слободни зони и пристаништа се издвоени од царинската контрола на надлежните царински органи од земјата во која се наоѓаат.Прометот во тие пристаништа е слободен без разлика од каде стоката пристигнува и каде понатаму се испорачува.Меѓутоа царинска контрола се применува тогаш ако стоката преминува во зоната на натрешноста во земјата.Во слободните зони и во пристаништата се наоѓаат и големи јани складишта кои служат за чување и сместување на стока.Овие зони и пристаништа овозможуваат и извозниците стоката да ја упатуваат во овие зони пред нејзиното продавање и да ја депонираат таму во очекување да пронајдат купувач во земјата на седиштето на зоната или во некој друга земја.Доколку стоката не се продаде во земјата во која се наоѓа зоната и пристаништето, сопствениците можат да ја изнесат стоката од зоната без плаќање на какви било царински давачки.Овие слободните царински зони и пристаништа особено се корисни за сместување на стоката во транзит.При транзитот на стоката важат правилата во кои стоката може во зоната или пристаништето да се истовари, товари и претвори, но не може да се складира.При излегувањето на стоката од слободната зона мора да се плати определена царина.Во случај ако се крие стока и така скриено да се пренесе од зоната се предвидени строги парични казни кои, по нашите прописи одат од двоен до десет пати поголем износ на царина предвидена за таков вид стока, односно до двоен износ на вредноста на стоката ако за таква стока не е пропишана увозна царина.
Слободните царински зони и царински пристаништа не се деловни субјекти, во смисла на меѓународното трговско право бидејќи тие не се складишта, но посредно за складишните работи тие имаат големо значење.
По нашите прописи како основачи на слободните царински зони и пристаништа можат да бидат само пристанишни претпријатија, претпријатија за пристанишни претоварни услуги и заедници на пристанишните претпријатија.За основање на слободна царинска зона е потребно одобрение од Владата на Р.Македонија.
Стоката што се наоѓа во слободна зона може да биде предмет на меѓународниот трговски промет.Во неа не е дозволен само промет на стоката на мало.Во слободната царинска зона може да се врши и индустриско производство на стока.

3.Склучување договор за складирање


Договорот за складирање е реален договор, бидејќи се смета за склучен дури тогаш кога стоката е предадена на чување во складишното претпријатие и кога тоа ке издаде писмена потврда за прием на стоката на чување.Според тоа тој е реален и неформален договор зашто не се бара за него посебна писмена форма.
Меѓутоа во правната теорија и практика кај нас и во странство постојат повеќе стојалишта во врска со договорот за складирање.Според првото стојалиште Договорот за складирање е реален и формален. Спорд тоа овој договор се смета за склучен дури тогаш кога стоката е предадена на чување во складишното претпријатие и кога складишното претпријатие издало писмена потврда за прием на стоката за чување.Тоа значи дека ни проста согласност на волјите за чување на стоката не е доволна за да смета дека договорот за складирање е склучен.
Според второто гледиште договорот за складирање е реален и неформален.Се смета за склучен дури со предавање на стоката на складирање, а не се бара за него посебна писмена форма.
Според третото гледиште договорот за складирање е консенсуален договор, бидејки може да се склучи со проста согласност на волјата на договорените страни.
Во деловната практика договорот за складирање спаѓа во групата на формуларни договори, бидејќи се склучува врз основа на однапред подготвени формулари од страна на складишното претпријатие.На овие формулари обично се става клаузулата за тоа дека договорените страни се спогодиле за примена на тарифата и за општите услови за работење на складиштарот.
Како договорни странки кај договорот за складирање се јавуваат:складиштарот и лицето кое ја предава стоката на чување(депонент)


4.Правни односи од договорот за складирање

Договорот за складирање, бидејќи е двостран, товарен договор, произведува правни односи меѓу договорните странки од кои произлегуваат права и обврски и за складиштарот и за депонентот, оставителот.

4.1 Обврски на складиштарот

Како поважни обврски на складиштарот(права на депонентот) се:


а) Обврска на складиштарот да прими стока на чување

Основна обврска на складиштарот е да прими стока на чување. Складиштарот е должен да ја прими стоката секогаш кога располага со складиштен простор и кога стоката одговара на дејноста што ја врши соодветното складилиште.
Складиштарот е должен примената стока да ја чува со внимание на добар стопанственик, со внимание на стручњак и сообразно со природата на стоката.Тој е должен да ги превзема сите дејства што се потребни за да се зачува стоката во состојба во каква што е примена, како и да врши надзор над истата.
Во договорот за складирање се определува и времето за кое складиштароттреба да ја чува стоката.Меѓутоа, ако со договорот не е определен рокот, тогаш според чл.793 ст.2 рокот изнесува една година.
Давачот може во секое време да побара да му се врати складираната стока ако ги исполнил сите обврски спрема складиштарот.Ако стоката е подигната без приговори, престануваат сите побарувања спрема складиштарот.
Складиштарот е должен да ја осигура стоката примена на чување само ако е тоа договорено.Ако тоа не е договорено, складиштарот е должен да ја осигура стоката од вообичаени ризици.

б) Обрска на складиштарот за штета на стоката причинета за време на чувањето

Складиштарот е должен примената стока да ја предаде во иста положба во која ја презел заедно со нејзиниот прираст.Затоа тој е одговорен за штетата или оштетувањето што ке и се направи на стоката за времето додека таа се наоѓа во складиштето.Тој е должен да ги превземе сите дејства потребни за чување на стоката.
За штетата складиштарот одговара по принципот на претпоставена вина.Тој може да се ослободи од одговорноста само ако докаже дека штетата е предизвикана поради околностите што не можеле да се избегнат или отстранат по вина на давачот или сопственикот на стоката, како и неисправноста на амбалажата.

в) Обврска на складиштарот да издаде складишница

Под складишница се подразбира исправа што ја издава складиштарот со која потврдува дека од давачот ја примил стоката на чување која е означена во таа исправа.Според Законот за облигациони односи (член 796) издавањето на складишницата е предвидено како обврска на складиштарот.Складишницата се состои од признаница и заложница кои мораат да ги содржат истите податоци, а особено:називот, односно иемто и занимањето на давачот, неговото седиште, односно живеалиште, називот на седиштето на складиштарот, датум и број на складишницата, видот и количеството на стоката, наод за тоа дали и до кој износ стоката е осигурана, како и други податоци потребни за распознавање на стоката, а признаницата и заложницата мораат да се повикуваат една на друга.
Со цел да се олесни трговскиот промет, имателот на складишницата може да располага со стоката означена во неа на таков начин што може да ја пренесува складишницата.
Признаницата и заложницата можат да се пренесуваат со индосамент заедно или одвоено.При секој пренос мора да биде забележан датумот.Доколку имателот на складишницата сака одвоено да ги пренесува пооделните делови тој мора прво да ја пренесе заложницата и овој пренос да се констатира на признаницата и во тој момент да се назначи износот со кој се оптоварува стоката со одвоеното пренесување на заложницата.Ова е многу битно заради тоа што со заложниот износ се ограничува правото на сопственост на имателот на признаницата, а истовремено создава обврска за складиштарот да не смее да ја предаде стоката на имателот на признаницата доколку не го депонира паричниот износ означен во заложницата.Доколку заложницата не се откупи навреме имателот на истата има обврска истата да ја протестира кај надлежниот суд.Имателот на заложницата кој подигнал протест може по протек на 8 дена од втасаноста на побарувањето да бара продажба на заложената стока.Имателот на заложницата го губи правото да бара исплата од преносителот ако не побарал продажба на стоката најдоцна во рок од еден месец од подигањето на протестот.
Со преносот на заложницата без признаница му се дава на примачот право на залог над стоките.При првиот пренос на заложницата мораат да бидат забележани називот, односно името и занимањето на доверителот, неговото деловно седиште, износот на неговото побарување, каматите и датумот на стасување.
Складиштарот е одговорен за точноста на податоцитесодржани во складишницата.Лицето кое совесно со надомест прибави складишница потпирајќи се на содржината во неа има право на надомест на штетата од издавачот на складишницата, ако претрпело штета заради стоката која не одговара по описот (податоците) на стоката.
Складиштарот е должен да води уредно складишна книга и матична книга на складишници.
Во складишната книга складиштарот ги внесува сите детални податоци за оставителот, за стоката што ја примил на чување, за елементите на договорот за складирање, за рокот на чувањето на стоката и друго.
Матичната книга на складишниците ги содржи сите податоци за изадените складишници.
Покрај овие обврски складиштарот има и други посебни обврски, како што се:

г) Да ја осигури стоката што е примена во складиштето за чување.
Оваа обврска на складиштарот особено доаѓа до израз кога се работи за преземање на стоката од превезувачот, шпедитерот или осигурувачот, а стоката е примена со видливи мани.Во сите овие случаи тој е должен да се грижи и да ги превземе сите мерки за обезбедување на правата на оставителот (депонентот)
спрема тие лица (превозник, шпедитер, осигурувач) бидејќи во спротивно ке му одговара на оставителот (депонентот) за надомест на штета.

д) Складиштарот е должен, на барање од оставителот-депонентот, или од некое друго овластено лице, да ја предаде стоката што е складирана кај него. Складиштарот мора да ја предаде стоката во состојба во каква што ја примил.Таа обврска произлегува од самата правна природа на договорот за складирање.


4.2 Права на складиштарот


Како основни права на складиштарот(обврска на давачот-депонентот) се:право на награда(складишнина), право на надомест на трошоците, право на залог и придржување и право да ја продаде стоката.

а) Право на награда(складишнина)

Познато е дека договорот за складирање е товарен договор, со што складиштарот има право на награда за чување на стоката без оглед на тоа дали така е договорено или не.Во недостиг на спогодба меѓу странките наградата се определува според тарифа и според месните обичаи.Затоа е потребно тарифата да биде јавно објавена и оставителот да може да се запознае со содржината на тарифата.Доколку складиштарот ја промени тарифата поради истекување на рокот на чување на стоката, оставителот (депонентот) го обврзува онаа тарифа со која тој се запознал во момнетот на склучување на договорот, освен ако подоцна писмено не се согласил со промена на тарифата.
По правило, наградата(складишнината) се плаќа наназад, при земањето на стоката од складиштето.Но со договорот може да се предвиди и плаќање однапред или на некој поинаков начин.

б) Право на надомест на трошоците

Складиштарот од давачот(депонентот) има право да бара надомест на потребни и корисни трошоци во врска со чувањето на стоката и во врска со налозите на давачот (депонентот).Така, според Законот за облигационите односи(член 792) оставителот е обврзан да ги надомести не само трошоците за визирање и царина, туку и сите други трошоци што според околностите требало да бидат направени за стоката.

в) Право на залог и придржување(ретенција)

Со право на залог и придржување( ретенција) складиштарот ги обезбедува сите побарувања од давачот(депонентот) и тоа:за награда, надомест на трошоци и лежарина.
Според Законот за облигационите односи (член 792) складиштарот има законско заложно право на стоката што се наоѓа во негово владение или со неа може да располага врз основа на коносман или складишница.
Во однос на правото на придржување важат истите правила како и кај останатите договори во трговскиот промет.

г) Право на продавање на стоката

Складиштарот во определени случаи има право да ја продаде стоката која се наоѓа на чување во складиштето.
Кога стоката започнала да се расипува, складиштарот не само што има право, туку е негова обрска, стоката да ја продаде ако тоа го бараат интересите на оставителот, а од него не можел да добие нови налози(упатства).
Складиштарот има право на продажба на стоката во случај кога истекол договорениот рок определен за чување.Меѓутоа складиштарот е должен пред да ја изврши продажбата на стоката претходно да го предупреди оставителот и да му определи дополнителен рок од најмалку осум дена да ја подигне стоката(член 793 од ЗОО).
Стоката по правило се продава на јавна продажба.Од износот добиен од продажбата складиштарот ги наплатува своите побарувања и побарувањата на имателот на задолжницата(гарантот), а остатокот му го предава на оставителот( депонентот) на стоката.

5. Престанок на договорот за складирање

Овој договор најчесто престанува кога складиштето по истек на рокот за чување на стоката или пред тоа ја издаде вскладиштената стока на оставителот(депонентот).Ако депонентот не ја подигне стоката по истекот на договорениот рок или по истекот на една година, ако не е договорен рокот за чување, складиштарот може за сметка на депонентот да ја продаде стоката на јавна продажба (член 793 од Законот за облигационите односи).
Чест случај на престанок на договорот за складирање е и тогаш кога складиштето ја продаде стоката заради намирување на своите побарувања спрема депонентот или кога тоа го прави на барање на имателот на гарантот.
Во вакви случаи складиштето мора евентуалниот вишок добиен со продавање на стоката да го предаде на депонентот на стоката, односно депонира кај судот.


Користена литература:

1. „Трговско Право“-Д-р Александар Николовски,Д-р Снежана Плавшиќ,2005 год.-Скопје
2. „Трговско Право“-Д-р Милан Илиески

Download СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » » 

Besplatni Seminarski Radovi - Бесплатно семинарска работа

SEMINARSKI RAD