ГЛАВНА СТРАНИЦА

БЕСПЛАТНО СЕМИНАРСКА РАБОТА - ПРАВО
ДРУГИ СЕМИНАРСКИ РАБОТИ
- ПРАВО -
 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ – СТРАНКА ВО КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА

Јавниот обвинител е субјект и странка во кривичната постапка која од името на државата дава иницијатива за започнување на кривично гонење за кривични дела кои се гонат по службена должност.
Јавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган кој ги гони сторителите на кривичните дела и на други со закон утврдени казниви дела и врши други работи утврдени со закон.
Јавното обвинителство своите функции ги врши врз основа и во рамките на Уставот на Р.М,законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.
Функцијата на јавното обвинителство ја вршат Јавниот обвинител на Р.М и јавните обвинители.
Јавниот обвинител функцијата ја врши законито,непристрасно и објективно, ги почитува и заштитува слободите и правата на човекот и граѓаните и правата на другите правни субјекти и во рамките на своите надлежности, во име на државата се грижи за ефикасноста на кривичнио-правниот систем.
Јавниот обвинител може да има еден или повеќе заменици. Собранието на Р.М утврдува критериуми за определување на бројот на заменици јавни обвинители и го определува бројот на заменици во јавните обвинителства. Собранието на Р.М по предлог на Владата на Р.М ги именува и разрешува јавниoт обвинител и заменикот јавен обвинител за време од 6 години,кои можат повторно да бидат именувани.

ОПШТО ЗА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ

Јавниот обвинител во вршењето на функцијата обезбедува еднаквост на граѓаните пред законот,независно од полот,расата, бојата на кожа.националното и социјалното потекло,политичкото и верското уверување и имотната и општествената положба.Никој не може да влијае врз самостојноста и непристрасноста на јавниот обвинител во вршењето на функцијата. Се забранува политичко организирање и дејствување во јавното обвинителство без да се ограничи правото на слобода на изразување, вероисповест,здружување и собирање.
Како орган заинтересиран за утврдување на вистината и за донесување правилна одлука, јавниот обвинител има правен интерес да превземе низа процесни дејствија во корист на обвинетиот кои поимно не влегуваат во функцијата на гонење,како на пр.да изјави жалба против пресудата во корист на обвинетиот.
Јавниот обвинител превзема и процесни дејствија со цел да се донесе правилна и законска судска одлука, а не дејствува само од аспект на интересите што ги има како процесна странка која ја врши функцијата на кривичното гонење, туку е должен со еднакво внимание да ги испитуваат и утврдуваат како фактите што го товарат обвинетиот, така и оние што му одат во прилог.Јавниот обвинител има овластувања и да присуствува на седници на жалбениот суд, да учествува во постапката за пренесување на месната надлежност, а како единствен овластен орган за заштита на законитоста овластен е да поднесува барање за заштита на законитоста во корист на обвинетиот односно осудениот односно и во случај кога со пресудата може да се утврди повреда на законот.
Јавниот обвинител може да има еден или повеќе заменици. Заменикот јавен обвинител може да врши секое од дејствијата во постапката пред судот, други органи и други правни лица за кои според законот е овластен јавниот обвинител.
Јавните обвинителства преку печатот и другите средства за информирање ја известуваат јавноста за соработката на криминалитетот и за другите појави од општо значење забележани во нивната работа.
Јавните обвинителства по прашања од значење за остварувањето на нивните функции, како и по прашања од заеднички интерес соработуваат со органите на откривање на кривични и други казниви дела и нивните сторители, судовите, другите органи и други правни лица. Повисокиот јавен обвинител има право и должност да му дава задолжителни упатства на понискиот јавен обвинител за неговата работа.Задолжителните упатства на повисокиот јавен обвинител можат да се однесуваат на преземање на одредени мерки и активности заради заштита на правата и слободите на човекот и граѓанинот, заштита на интересите на општествената заедница и на другите правни субјекти, поефикасно откривање на кривични и други казниви дела и нивните сторители, употреба на правни средства и законито утврдување на фактите и примена на правото.Повисокиот јавен обвинител може да го преземе кривичното гонење, како и вршењето на одделни работи за кои е надлежен понискиот јавен обвинител. Повисокиот јавен обвинител може да го овласти понискиот јавен обвинител да води постапка по одделни предмети или да врши определени работи од надлежност на друг јавен обвинител. Просторните услови, материјалните средства, опремата, кадрите и другите услови за работа на јавните обвинителства ги обезбедува Републиката. е забранува политичко организирање и дејствување во јавните обвинителства. Се забранува политичко организирање и дејствување во јавните обвинителства.Јавното обвинителство има печат кој ги содржи називот и седиштето на Јавното обвинителство. На зградата во која е сместено јавното обвинителство се истакнува неговиот назив.

ОРГАНИЗАЦИЈА, ПРАВА И ОВЛАСТУВАЊА


Јавното обвинителство е организирано како Јавно обвинителство на Р.М
вишо јавно обвинителство. Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и основно јавно обвинителство. Јавното обвинителство се организира според принципите на хиерархиска субординација и централизам, но почитувањето на овие принципи не смее да ја загрози самостојноста и одговорноста на секој јавен обвинител во вршењето на функцијата.
Согласно Законот за Јавното Обвинителство Јавното обвинителство се организира на три нивоа и тоа:
- Јавно обвинителство на Република Македонија (Јавен обвинител и негови заменици - 10) кои постапуваат во постапка по вонредни правни лекови пред Врховниот суд на Република Македонија. Во рамките на Јавното обвинителство на Република Македонија постојат 3 одделенија: Граѓанско, Кривично и Одделение за меѓународна соработка;
- Виши јавни обвинителства во Скопје, Штип и Битола кои постапуваат во постапка по жалба пред соодветните Апелациони судови во Скопје, Штип и Битола;
- Основни јавни обвинителства 22 на број кои постапуваат во постапка од прв степен пред соодветните Основни судови во Република Македонија.
Според централизмот како организациски принцип иако постојат повеќе видови јавни обвинители со различна организација и надлежност, сите тие претставуваат единствен орган на чие чело стои Јавниот обвинител на Р.М кому сите други јавни обвинители му се подредени.
Хиерархиската субординација како организациски принцип се огледува во потчинетоста на пониските јавни обвинители на повисоките и опфаќа:
- право и должност на повисокиот јавен обвинител да му дава задолжителни упатства на понискиот јавен обвинител за неговата работа. Јавниот обвинител на Р.М има право да има дава задолжителни општи писмени упатства на вишиот јавен обвинител, на основниот јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција и на основниот јавен обвинител.
Вишиот јавен обвинител има право да дава задолжителни општи писмени упатства на основните јавни обвинители од своетo подрачје,
- право на авокација – повисокиот јавен обвинител може да го превземе кривичното гонење, како и вршењето на одделни работи за кои е надлежен понискиот јавен обвинител,
- право на делегација – повисокиот јавен обвинител може да го овласти понискиот јавен обвинител да води постапка по одделни предмети или да превзема определени дејствија од надлежност на друг јавен обвинител.
Јавното обвинителство во остварувањето на функцијата на гонење на сторителите на кривични и други казниви дела и во вршењето на другите функции определени со закон постапува пред надлежните судови. Јавното обвинителство постапува во границите на својата стварна и месна надлежност, доколку со Законот за Јавно обвинителство не е поинаку определено. Основното јавно обвинителство постапува пред основниот суд. Вишото јавно обвинителство постапува пред вишиот суд. Јавното обвинителство на Република Македонија постапува пред Врховниот суд на Република Македонија. Јавното обвинителство постапува и пред други органи и други правни лица на своето подрачје кога за тоа е овластено со закон.
Јавното обвинителство се грижи за навремено и ефикасно откривање на кри-вични и други казниви дела и нивните сторители, поднесува барање за поведување на кривична постапка и постапка по други казниви дела и во рамките на законот презема мерки и активности заради правилно насочување на постапката, покренува и застапува обвинение, изјавува редовни и вонредни правни средства и презема и други дејствија определени со закон.
Во процесната, вонпроцесната, извршната, управната и другите постапки јавното обвинителство презема дејствија за кои е овластено со овој или друг закон. Заради остварување на функцијата на гонење јавното обвинителство во соработка со органите на откривање и со други надлежни органи и други правни лица, се грижи за преземање мерки и активности за откривање на кривични и други казниви дела и на нивните сторители. Јавното обвинителство се основа за подрчје на суд од соодветен степен, пред кој постапува Јавното обвинителство во Р.М се основа за целата територија на државата со седиште во Скопје.
Вишото јавно обвинителство се основа за подрачје на апелациониот суд. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се основа за целата територија на државата со седиште во Скопје. Основното јавно обвинителство се основа за подрачје на еден или повеќе основни судови.

Обвинителската организација е составена од:
- 22 основни јавни обвинителства (Берово, Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Дебар, Делчево, Кавадарци, Кичево, Крива Паланка, Кочани, Куманово, Охрид, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Скопје, Струга, Струмица, Тетово и Штип),
- четири виши јавни обвинителства (Битола,Гостивар,Скопје и Штип)
- Јавно обвинителство на Република Македонија.
Во јавното обвинителство со поголем обем истородни предмети, заради подобра ефикасност и специјализација во работењето на јавното обвинителство,на одделно потесно подрачје од неговата надлежност може да се формираат одделенија како внатрешни организациони единици.
Со работа на одделението раководи јавен обвинител определен според годишниот распоред за работа на јавното обвинителство.
Во Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупција и во јавно обвинителство основано за подрачје на суд со приширена надлежност се формираат спцијализирани одделенија за следење и откривање на криминалитетот со посебна стручна служба, а во јавните обвинителства основани за подрачје на суд со проширена надлежност се формираат и специјализирани одделенија за малолетници.
Јавниот обвинител на Република Македонија пред Уставниот суд на Република Македонија дава иницијатива за поведување постапка за оценување на согласноста на закон со Уставот и за согласноста на други прописи со Уставот и законите, ако прашањето за уставноста и законитоста се постави во работата на јавното обвинителство. Кога јавниот обвинител на Република Македонија ќе најде дека поради повреда на закон или на меѓународен договор постои основ да употреби правно средство против извршна судска одлука или одлука донесена во управна или друга постапка, за што е овластен со закон, може да бара да се одложи односно прекине извршувањето на таа одлука, ако со нејзиното извршување би можело да настапат неотстранливи штетни последици.
Барањето за одлагање, односно прекинување на извршувањето се поднесува до судот, односно органот надлежен за дозволување на извршувањето, а ако извршувањето е во тек, до судот, односно надлежниот орган кој го спроведува извршувањето. По барање од јавниот обвинител на Република Македонија, судот односно надлежниот орган ќе го одложи односно прекине извршувањето ако оцени дека барањето е основано. Одлагањето, односно прекинувањето на извршувањето трае до донесувањето на одлуката по правното средство на јавниот обвинител. Одлуката за одлагање, односно за прекинување на извршувањето престанува да важи ако јавниот обвинител на Република Македонија во рок од 30 дена од денот на приемот на одлуката не употреби правно средство. Основните и вишите јавни обвинителства го известуваат Јавното обвинител-ство на Република Македонија за прашањата на уставноста и законитоста поставе-ни во нивната работа.
Согласно принципите на хиерархискта субординација ЗЈО детално го регулира и прашањето за одговорност на јавниот обвинител на соодветен ранг и тоа:
- пред Собранието на Р.М одговара Јавниот обвинител на Р.М
- пред Јавниот обвинител на Р.М и Советот на јавните обвинители на Р.М одговараат јавните обвинители во Јавното Обвинителство на Р.М, Вишиот јавен обвинител и Основниот јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција,
- пред вишиот јавен одбвинител на СЈОРМ одговараат јавните обвинители во вишо јавно обвинителство,
- пред основниот јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција и СЈОРМ одговатаат јавните обвинители во основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција,
- пред вишиот јавен обвинител,Јавниот обвинител на Р.М и СЈОРМ одговара Основниот јавен обвинител, и
- пред основниот јавен обвинител и СЈОРМ одговараат јавните обвинители во основно јавно обвинителство.

ИМЕНУВАЊЕ И ИЗБОР, ПРЕСТАНОК, МИРУВАЊЕ И РАЗРЕШУВАЊЕ


Именувањето на Јавните обвинители го врши највисокото законодавно тело во државата – Собранието на Р.М, а изборот на јавните обвинители го врши посебен орган – СЈОРМ.
Надлежноста, составот и структурата на СЈОРМ, мандатот на неговите членови, како и основите и постапката за престанок и разрешување на член на СЈОРМ се уредуваат со ЗЈО. СЈОРМ е самостоен орган кој ја обезбедува и гарантира самостојноста на јавните обвинители во освршување на нивната функција. Има својство на правно лице, со седиште во Скопје.
Јавниот обвинител на Р.М како највисок во хиерархијата на јавнообвинителската организација, по предлог на Владата на Р.М ги именува Собранието на Р.М за време од шест години со право на повторно иманеување, а СЈОРМ дава мислење по предлогот на Владата за именување и разрешување на Јавниот обвинител на Р.М.
Јавните обвинители ги избира СЈОРМ без ограничување на траење на мандатот под услови и во постапка утврдени со закон.
Освен највисокиот во хиерархијата од јавните обвинители кои ги избира СЈОРМ ограничен мандат од четири години со право на повторен избор имаат:
- виш јавен обвинител на вишо јавно обвинителство,
- основен јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција,
- основен јавен обвинител за основно јавно обвинителство, и
- јавните обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
За јавен обвинител може да биде именувано, односно избрано лице кое ги исполнува следниве услови:
- да е државјанин на Р.М,
- активно да го владее македонскиот јазик,
- да е работоспособен и да има општа здравствена способност,
- има стекнато универзитетскат диплома за дипломиран правник во Р.М или нострифицирана диплома од странство и
- има положено правосуден испит во Р.М
Освен наведениве општи услови, ЗЈО пропишува и посебни услови кои се разликуваат во зависност од рангот на обвинителството односно јавнообвинителската функција за кое се именува односно бира јавниот обвинител.

Посебните услови се однесуваат на вкупен општ стаж на правни работи по положен правосуден испит, стаж како јавен обвинител со потврдени резултати во работењето, титула на универзитетски професор или успешно завршена обука на Академијата за обука на судии и јавни обвинители:
- работно искуство од најмалку 8години со потврдени резултати на правни работи по положен правосуден испит, ии редовен или вонреден универзитетски професор кој предавал повеќе од 10години правен предмет од правосудна практика
- за именуван Јавне обвинител на Р.М,
- работно искуство од најмалку 8години со потврдени резултати на правни работи по положениот правосуден испит – за јавен обвинител во Јавното обвинителство на Р.М,
- работно искуство од најмалку 5години стаж како јавен обвинител со потврдени резултати во работата – за виш јавен обвинител на вишо јавно обвинителство,
- работно искуство од најмалку 5години со потврдени резултати на правни работи по положениот правосуден испит – за јавен обвинител во вишо јавно обвинителство,
- работно искуство од најмалку 4годни стаж како јавен обвинител со потврдени резултати во работата – за јавен обвинител на и јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција,
- работно искуство од најмалку 3години стаж како јавен обвинител со потврдени резултати во работата – за основен јавен обвинител на основно јавно обвинителство,
- завршена обука во Академијата за обука на судии и јавни обвинители – за јавен обвинител во основно јавно обвинителство
Функцијата на Јавниот обвинител на Р.М како највисок во хиерархијата му престанува во следниве случаи:
- по сопствено барање,
- ако го изгуби државјанството на Р.М ,
- ако трајно ја загуби способноста за вршење на функцијата јавен обвинител,
- ако е избран или именуван на друга јавна функција,
- ако е осуден со правосилна судска одлука на казна затвор во траење од најмалку шест месеци, или на пократка казна затвор или друга кривична санкција за кривично деко кое го прави недостапен за вршење на функцијата јавен обвинител.
На останатите јавни обвинители функцијата може да им престане во следниве случаи:
- по сопствено барање,
- ако го изгуби државјанството на Р.М ,
- ако трајно ја загуби способноста за вршење на фукнцијата јавен обвинител,
- ако ги исполни условите за старосна пензија,
- ако на негово барање и со негова согласност е избран или именуван на друга јавна функција, освен кога функцијата јавен обвинител мирува под услови утврдени со закон, и
- ако е осуден со правосилна судска одлука на казна затвор во траење од најмалку шест месеци, или на пократка казна затвор или друга кривична санкција за кривично дело кое го прави недостоен за вршење на функцијата јавен обвинител.
Престанокот на функцијата го утврдува СЈОРМ.
Јавниот обвинител на Р.М се разрешува од функцијата пред истекот на мандатот во следниве случаи:
- поради незаконито,ненавремено или недоволно стручно вршење на функцијата,
- ако со своето однесување и дејствување покажува дека не е способен за извршување на функцијата,
- ако не поднесува барање за започнување на кривична постапка за случаи предвидени со закон,
- поради нарушување на угледот на функцијата
Јавен обвинител од друг ранг може да се разреши од фукцијата поради:
- потешка дисциплинска повреда што го прави недостоен за вршењето на функцијата јавен обвинител пропишана со закон – потешка повреда на јавниот ред и мир, потешка повреда на правата и непочитување на честа и достоинството на странката и на другите учесници во постапката, недостојно однесување кон поединци, државни органи или други правни лица во врска со извршувањето на функцијата или надвор од неа, повреда на начелото на недискриминација по било кој основ и оневозможување на вршење надзор над работата на јавниот обвинител од страна на повисокото јавно обвинителство,
- нестручно и несовесно вршење на функцијата јавен обвинител под услови утврдени со закон – под нестручност се подразбира недоволна професионалност и стручност што влијае на квалитетот во работењето, непознавање на законите, ратификуваните меѓународни договори и други прописи и неквалитетно изготвување јавнообвинителски одлуки и други писмена, а под несовесност се подразбира грубо повредување на нормите на Кодексот на јавните обвинители, незаконито,ненавремено или немарно вршење на функцијата јавен обвинител, пристрасен однос во постапувањето по предметите, неовластено издавање класифицирани информации, неовластено изнесување информации и податоци за обвинителски предмети и др.
Предлогот за поведување на постапката за утврдување на одговорноста на јавниот обвинител се поднесува во рок од 30дена од денот на дознавањето, но не подолго од две години од денот кога е сторена повредата.

НАДЛЕЖНОСТ НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ

Во рамките на правото и должноста на јавниот обвинител во гонењето на сторителите на кривични дела за кои се гони по слижбена должност спаѓа обврската:
• ги има овластувањата што ги имаат МВР и другите државни органи за откривање на кривични дела и нивните сторители и на прибирање на докази заради кривично гонење на сторителите на кривичните дела,
• во предистражна постапка има овластувања да издава наредби за примена на посебните истражни мерки,
• ја раководи предистражната постапка и ги има на располагање овластените службени лица во МВР, Финансиската полиција, и Царинската управа,
• може сам да го превземе секое дејствие потребно за откривање на кривичното дело и откривање и гонење на неговиот сторител за кое со закон е овластено МВР, Финансиската полиција и Царинската управа,
• одлучува за превземање или продолжување на кривичното гонење,
• поднесува и застапува обвиненија пред судовите,
• изјавува редовни или вонредни правни лекови против судски одлуки,
• поднесува барање за поведување прекршочна постапка и др.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција надлежно е да постапува:
• за кривични дела извршени од структуирана група од три или повеќе лица, која постои одреден временски период и дејствува со цел да изврши едно или повеќе кривични дела за кои е предвидена казна затвор од најмалку четири години, со намера директно или индиректно да стекне финансиска или друга корист,
• за кривични дела извршени од структуирани групи или злосторничка организација на подрачјето на Р.М или друга држаба или кога кривичното дело е подготвено или планирано во Р.М или во друга држава,
• за кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување, примање на поткуп од значителна вредност, противзаконито посредување извршени од избран или именуван функционер, службено лице или одговорно лице во правно лице и
• за кривични дела неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, перење пари и други приноси од казниво дело од поголема вредност, терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, давање поткуп од значителна вредност, незаконито влијание врз сведоци, злосторничко здружување, терористичка организација, тероризам, трговија со луѓе, криумчарење мигранти, трговија со малолетно лице и за други кривични дела против човечноста и меѓународното право од КЗ независно од бројот на сторителите.

СТРУЧНИ СОРАБОТНИЦИ, ПРИПРАВНИЦИ И ДРУГИ РАБОТНИЦИ

Во јавните обвинителства се вработуваат определен број стручни соработници, приправници и други работници за вршење на стручни, административни, технички и други работи. Стручен соработник во основно и вишо јавно обвинителство, може да биде дипломиран правник кој ги исполнува општите услови определени со закон за засновање работен однос во државен орган со положен правосуден испит, а во Јавното обвинителство на Република Македонија, покрај овие услови и да има две години практика на правни работи по полагањето на испитот. Правник може да биде дипломиран правник кој ги исполнува општите услови определени со закон за засновање на работен однос во државен орган. Приправниците се вработуваат во основните вишите јавни обвинителства и се распоредуваат на вршење на работи и задачи заради стекнување на практика во сите области на работата. По положениот правосуден испит, приправникот се распоредува на вршење на работи на стручен соработник. На приправникот кој по приправничкиот стаж од две години во текот на една година не го положи правосудниот испит му престанува својството на приправник во јавното обвинителство.
Со општиот акт за систематизација на работите и задачите се определуваат бројот на работниците, посебните услови што треба да ги исполнуваат за засновање на работен однос и работите и задачите што треба да ги извршуваат.
За вршење на одредени управни, финансиски, оперативни, манипулативни и помошни работи и задачи, јавното обвинителство во договор со други органи, може да основа заеднички служби или да определи работници кои ќе ги вршат овие заеднички работи и работни задачи.

СРЕДСТВА ЗА РАБОТА


Средствата за работа на јавните обвинителства се обезбедуваат во Републичкиот буџет. Висината на платите и на другите надоместоци на јавниот обвинител и заменикот јавен обвинител се определува со закон. Платите на стручните соработници, приправниците и другите работници се утврдуваат со општ акт во согласност со закон и колективен договор.

 

 

ЗАКЛУЧОК

Јавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган што ги гони сторителите на кривични и други со закон утврдени казниви дела и врши други работи утврдени со закон. Јавното обвинителство ги врши своите функции врз основа и во рамките на Уставот и закон. Јавниот обвинител може да има еден или повеќе заменици.
Јавните обвинителства преку печатот и другите средства за информирање ја известуваат јавноста за соработката на криминалитетот и за другите појави од општо значење забележани во нивната работа. Јавните обвинителства можат да ја информираат јавноста за одделни случаи по кои постапуваат.
Јавните обвинителства по прашања од значење за остварувањето на нивните функции, како и по прашања од заеднички интерес соработуваат со органите на откривање на кривични и други казниви дела и нивните сторители, судовите, другите органи и други правни лица.
Се забранува политичко организирање и дејствување во јавните обвинителства. Просторните услови, материјалните средства, опремата, кадрите и другите услови за работа на јавните обвинителства ги обезбедува Републиката. Јавното обвинителство се грижи за навремено и ефикасно откривање на кри-вични и други казниви дела и нивните сторители, поднесува барање за поведување на кривична постапка и постапка по други казниви дела и во рамките на законот презема мерки и активности заради правилно насочување на постапката, покренува и застапува обвинение, изјавува редовни и вонредни правни средства и презема и други дејствија определени со закон.
Во процесната, вонпроцесната, извршната, управната и другите постапки јавното обвинителство презема дејствија за кои е овластено со овој или друг закон.
Престанокот на функцијата на Јавниот обвинител на Р.М го утврдува Собранието на Р.М. а на останатите јавни обвинители престанокот на функцијата го утврдува СЈОРМ.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:

- Закон за Јавно обвинителство – Службен весник на Р.М бр 80/92
- Учебник Казнено процесно право – Никола Матовски, Гордана Лажетиќ – Бужаровска, Гордан Калајџиев – Скопје 2009година
- Интернет:
www.jorm.org.mk/zakon-JO.shtml
www.jorm.org.mk/strukt_org.shtml
www.pravda.gov.mk/zakoni/ZJO - pricini i obrazlozenie.html

Download СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » » 

Besplatni Seminarski Radovi - Бесплатно семинарска работа

SEMINARSKI RAD