ГЛАВНА СТРАНИЦА

 
БЕСПЛАТНО СЕМИНАРСКА РАБОТА - МЕНАЏМЕНТ
 
ДРУГИ СЕМИНАРСКИ РАБОТИ
- МЕНАЏМЕНТ -
Лидерство и менаџмент-семинарска работа
 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

КАРАКТЕРОТ НА МЕНАЏМЕНТОТ

ВОВЕД


Менаџментот е создавање и одржување на систем. Компаниите зависат од можностите на менаџерите да постават визија на организацијата и да постават клучни цели.
Менаџментот како процес со кој се обезбедува ефикасно остварување на поставените цели, претставува една од најважните човекови активности. Тој, во основа, ,овозможува да се обезбеди координиран пристап во работењето, преземање на акции со кои на секој поединец во процесот на работењето ќе му се даде прилика да го даде својот максимален придонес, а со тоа многу поуспешно да се извршат задачите на определена група или организација.
Менаџментот се однесува на мали, големи, профитни и непрофитни организации, на стопански претпријатија, нестопански институции, органи на власта, односно на секоја организациона форма во која поединците, работејќи заедно, извршуваат определени задачи и остваруваат утврдени цели.
Тој е многу важна функција во работењето и универзална активност која има соодветна содржина, принципи на примена и функции кои се остваруваат.


1. Дефиниции за менаџментот

Со оглед на ширината на примената на менаџментот, различните пристапи во гледиштата на неговите функции, принципи и содржина, а имајќи го предвид карактерот на оваа книга, од многубројните дефиниции за менаџментот, овде се изне-суваат само некои кои ќе овозможат да се сфати суштината и значењето на менаџментот како основа за неговата примена во работењето. Некои од дефинициите
кои ги изнесува Б. Шуклев , менаџментот го дефинираат:


- Менаџментот е процес, серија на постапки или насочувања на акциите во правец на остварување на дефинираната цел ;
"Менаџментот има организациона улога, поставување обврски, одговорности и односи";
"Менаџментот содржи давање на работите да бидат извршени од други";
- Менаџментот е процес на идентификација, избирање и извршување на најпрофитабилен начин, остварување на долгорочна компатибилност меѓу внатрешните искуства и ресурси и конкурентското, економското и општественото опкружување ;
- Менаџментот е дисциплина која ги систематизира правилата, принципите и теориите ;
- Менаџментот е интердисциплинарна наука која го подигнува сопственото научно ниво ;
-Менаџментот е интердисциплинарна системска наука која ги анализира проблемите, одлучувањето и примената на решенијата ;
-Менаџментот е посебен процес на планирање, организирање, поттикнување и контролирање на извршувањето на поставените цели со помош на човекот и другите ресурси ;
- Менаџментот е практична примена на знаењата и искуствата што ги имаат менаџерите ;
-Менаџментот е збир на знаења и управување. Управувањето е процес на планирање, организирање, насочување, координирање и контролирање на луѓето, методите, машините и парите ,за да се обезбеди оптимално остварување на целите ;
-Традиционално, поимот менаџмент се однесува на активностите (а често и на групи луѓе) вклучени во извршувањето на четирите општи функции: планирање, организирање на ресурсите, водење на работите и контролирање и координирање.
Слично гледање е дека менаџментот е работа која треба да се направи со помош на други, односно дека менаџментот значи поддршка на работниците во реализацијата на нивните напори да бидат продуктивни членови на организацијата и на општеството.
За многу вработени под поимот менаџмент се подразбира група луѓе
(работници - извршители или други менаџери) кои се првенствено одговорни за
донесување одлуки во организацијата .
Врз основа на изнесените дефиниции кои се многубројни и дадени од различни стојалишта , можат да се извлечат следните заедничките елементи на менаџментот :
- менаџментот преставува како универзален процес на ефективно и ефикасно извршување на работите со помош на други луѓе,
- ангажирање на ресурсите за остварување на однапред дефинираните цели.
Слична дефиниција изнесува и Грифин , кој вели дека менаџментот е збир на активности (вклучувајќи го планирањето и донесувањето одлуки, организирањето, водењето и контролата), управувањето со средствата (човечки, финансиски, физички и информатички) со цел да се остварат поставените цели на ефикасен и ефективен начин."


2. Улогата на менаџментот

Менаџментот сфатен како процес, применлив во сите средини (стопански, нестопански, владини и други ) опфаќајќи ги основните функции или примарни активности кои ги извршуваат менаџерите, овозможува секоја активност да се испланира, да се организира нејзиното извршување, да се искоординира извршувањето, да се мотивираат, односно водат извршителите и да се преземат корективни мерки доколку дојде до евентуално отстапување во извршувањето на активностите.
Со ресурсите, материјалните и човечките, менаџментот овозможува ефикасно искористување на материјалните и финансиските средства за што поуспешно остварување на поставената цел. Со координирањето на напорот на луѓето за извршу-вање на работите се обезбедува постигнување на саканиот краен резултат, односно состојба.
Целта да се постигне поголем успех, односно подобар резултат или подобро да се функционира, претпоставува предизвик кој успешно се постигнува со менаџментот.
Планирањето како една од активностите, односно функциите на менаџментот, по пра вило се димензионира, односно се ограничува како стратешко планирање за период, не подолг од пет години, тактичко за период од една до три години и оперативно до една година. Сепак временската димензија на планирањето зависи од активностите што треба да се преземат, да се подготви организацијата за остварување на процесот со кој ќе се постигнат саканите резултати.
Стратегиското планирање ги опфаќа основните одлуки за разместување и ангажирање на ресурсите, утврдување на приоритетите и преземање на неопходните акции за остварување на стратегиските цели. Стратегиското планирање, по правило, е ориентирано кон надвор и ги покрива тековните функционални подрачја.
Тактичките планови се подготвуваат со цел да се имплементира стратешкиот план и имаат за цел остварување на целите од стратешкиот план и трансформирање на стратегиските цели во специфични цели. Ова ниво на планови опфаќа искажување на неопходните средства, работна рака, финансиските извори, опремата што е неопходна за да се остварат стратешките цели.
Оперативното планирање го опфаќа најниското ниво на планирање и тоа ги има во себе временски определените операции за извршување на задачите за период не подолг од една година.
Организирањето значи менаџментот да изгради организациона структура со која треба да се реализираат плановите на секое ниво, а тоа подразбира: определување на работата, групирање на работата, утврдување на сродноста и односите меѓу одделните работи, определување на главните носители на работите, координирање на активностите меѓу работите и определување на разликите меѓу работите.
Улогата на менаџментот е да ја води работата. Менаџерите планираат, одлучуваат, контролираат, организираат, координираат и мотивираат. Менаџментот во секоја одлука мора да го има предвид ефикасното извршување на работите и активностите.


3. Видови на менаџмент

Менаџментот, без оглед на бројните пристапи за негово објаснување, може да сеподели на
а) административен и оперативен менаџмент;
б) врвен менаџмент , среден и менаџмент на пониско ниво.


Административниот менаџмент во поголема мера се занимава со
планските и организациските функции на ниво на систем или организација на мемаџментот, а помалку со останатите.
Оперативниот во поголема се бави со функциите на менаџментот кои се однесуваат на организирањето и непосредното извршување на активностите со кои треба да се остварат поставените цели.
Врвниот менаџмент се грижи за подготвувањето и ја води политиката со која се насочуваат активностите за остварување на поставените цели и одржува комуникации и контактира со надворешната околина. Активностите на врвниот менаџ-мент се насочени кон остварување успех или постигнување резултати на подолг рок, создавање клима и градење добри меѓусебни односи во средината во која работат.
Средниот менаџмент се грижи за спроведување на утврдената политика и за успешно работење на пониските организациони нивоа. На ова ниво на менаџментот се развива индивидуалната иницијатива и размислување за реализацијата на политиката и директивите на врвниот менаџмент, се врши ревизија на поставената политика, се предлага нова како и начините за остварување на дадените цели.
Менаџментот на пониско ниво се грижи за конкретното извршување на политиките и за остварување на поставените цели на организационите единици преку процедурите поставени од средниот и врвниот менаџмент. На ова ниво на менаџмент се следи извршувањето на планските задачи и се градат човек - човек односи.
Во ваквата хиерархиска поставеност на нивоата на менаџментот треба да се истакне дека со исто значење и ангажираност на носителите на акциите не се остваруваат функциите на менаџментот.

 


ЗАКЛУЧОК

Менаџментот се однесува на мали, големи, профитни и непрофитни организации, на стопански претпријатија, нестопански институции, органи на власта, односно на секоја организациона форма во која поединците, работејќи заедно , извршуваат определени задачи и остваруваат утврдени цели.
Успешниот менаџмент бара ангажирање на добро обучена работна рака која активно учествува во извршувањето на активностите за постигнување на квалитетот. Постојаното обучување и вежбање на вработените го поддржува процесот на квалитет насочен кон задоволување на потрошувачите. Вработените се охрабрени да преземаат поголема одговорност, поефикасно да комуницираат, покреативно да работат и да бидат иновативни.


РЕЗИМЕ


Менаџментот сфатен како процес, применлив во сите средини (стопански, нестопански, владини, армиски) опфаќајќи ги основните функции или примарните активности што ги извршуваат менаџерите, овозможува секоја активност да се испланира, да се организира нејзиното извршување, да се искоординира извршувањето, да се мотивираат, односно водат извршителите и да се преземат корективни мерки доколку дојде до евентуално отстапување во извршувањето на активностите.
Улогата на менаџментот е да ја води работата. Менаџерите планираат, одлучуваат, контролираат, организираат, координираат и мотивираат.
Менаџментот во секоја одлука мора да го има предвид ефикасното извршување на работите, да се грижи активностите да се извршуваат.
Со ресурсите, материјалните и човечките, менаџментот овозможува ефикасно искористување на материјалните и финансиските средства за што поуспешно остварување на поставената цел . Со кординирањето на напорот на луѓето за извршување на работите се обезбедува постигнување на саканиот краен резултат , односно состојба.
Менаџментот овозможува ефективно и ефикасно извршување на работите со помош на други луѓе и ангажирање на ресурсите за остварување на однапред дефинираните цели .
Менаџментот може да се подели :
а) административен и оперативен менаџмент ;
б) менаџмент на врвно , средно и пониско ниво .


Административниот менаџмент се занимава со планските и организациските функции на ниво на систем или организација, додека, пак, оперативниот се бави со функциите на менаџмент кои се однесуваат на организирањето и непосредното извршување на активностите со кои треба да се остварат поставените цели .
Врвниот менаџмент ја води политиката со која се насочуваат активностите, средниот менаџмент се грижи за спроведување на утврдената политика и за успешно работење на пониските организациони нивоа, а менаџментот на пониско ниво се грижи за конкретно извршување на политиките.


ЛИТЕРАТУРА

1. Carter McNamara: Contemporary Theories in Management, 2008

2. Gareth Jones& Jennifer George: Essentials of Contemporary Management, 2008

3. Stephen Robbins& Paul de Cenzo: Contemporary Management Practices, 2009

4. Мanagement, Wikipedia,2009

5. Management Skills for the 21st Century, Graziadio Business Report, 2009

6. Management 3000, 21st Century Management,2008

Download СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » » 

Besplatni Seminarski Radovi - Бесплатно семинарска работа

SEMINARSKI RAD