ГЛАВНА СТРАНИЦА

 
БЕСПЛАТНО СЕМИНАРСКА РАБОТА - ФИНАНСИИ
 

Факторинг и Форфетинг

 

Факторингот се појавил во САД како комисиона работа – агенти (фактори) кои истапувале во свое име, а за сметка на своите клиенти. Услугите на американските фактори најмногу ги користеле европските извозници, затоа што домашните фактори гарантирале дека купувачите во САД ќе ја платат увезената стока.
Денес во светот постојат ланци на факторинг институции: The Factor Chains Internationa,, основан 1968 година, кој работи во преку 30 земји во светот.
Форфетингот финансирањето, за разлика од факторинг аранжманите, се јавува при крупни зделки, при испорака на опрема или изградба на објекти по системот `клуч на рака`, односно значи купување обврски што достасуваат во наредниот период и потекнуваат од испорака на стоки и услуги – главно во извозот, без право на регрес на било кој поранешен сопственик на побарувањето.

Реализирање на договорот за факторинг


Пред да се склучи договорот за факторинг, постојат неколку претходни дејствија. На факторот му требаат околу две недели да ги испита договорените парични побарувања што треба да ги преземе, односно купи. Овој период се смета за оптимален за да се испита бонитетот и финансиската способност на клиентот. Но, факторот покрај бонитетот на клиентот, го испитува и бонитетот на должниците на клиентот и нивната финансиска способност за благовремено исполнување на договорни обврски за плаќање. Затоа, секогаш треба да се знае дека главниот извор на средства за плаќање на факторот кон клиентот е должникот на клиентот и неговата способност за плаќање, а не самиот клиент.
Некои фактори имаат утврдено минимум износ на парични побарувања кои клиентот треба да ги има кон трети лица за да се склучи договорот за факторинг.
Други факторинг компании, пак, утврдуваат максимум износи со кои може да се врши факторинг со едно лице во одреден временски интервал.Оттука, должникот, односно должниците на клиентот се во главниот фокус на факторот. За возврат факторот, најчесто, ќе бара да му се заложат сите побарувања на клиентот, независно од кои договори, како гаранција за обврската за клиентот кон него.Не случајно и факторингот се смета за многу добро средство за алтернативно финансирање на млади бизниси кои се толку нови што се уште немаат изградено бонитет за својата финансиска состојба. Дури по овие претходни дејствија следи одлуката на факторот да склучи договор за факторинг, односно да ја прифати понудата на клиентот.
Чекор 1. Клиентот врши испорака на својата стока или услуга и оригиналната фактура ја праќа на деловниот партнер (должник по основната правна работа). Во оригиналната фактура ќе биде содржан налог износот назначен во фактурата да се плати на факторот. Значи, на должникот уште веднаш му се открива постоењето на факторот, без оглед дали се работи за договор за факторинг со или без регрес. Копија од оригиналната фактура, клиентот му се праќа на факторот.
Чекор 2. По приемот на фактурата и други шпедитерски документи, побарувањето се презема од страна на факторот, согласно договорот за факторинг. Факторот ја обработува фактурата, обично во рок од 24-48 часа. Факторот веднаш обезбедува кредитна линија за својот клиент, вообичаено во висина од 70-90% од фактурираната вредност, од која линија клиентот може веднаш да повлече одреден износ. Овој процент од фактурата е познат како авансна исплата и го претставува првиот дел од исплатата што ја врши факторот од вкупно две исплати.Остатокот од 10-30% се става на посебна резервна сметка, со која клиентот не може да располага, туку му служи на факторот како покритие за наплата доколку се појави одговорност на клиентот во врска со постоењето (веритетот) на цедираното парично побарување.
Чекор 3. Деловниот партнер должникот на клиентот го плаќа фактурираниот износ на факторот на денот на стасаноста на побарувањето. Во случај на доцнење со исплатата, факторот покренува соодветна судска постапка за наплата на долгот и факторто е должен да ја води постапката до крај. Доколку се работи за факторинг со регрес, факторот има право на регрес од клиентот за секое побарување што не успеал да го наплати, додека кај факторингот со без регрес факторот го презема ризикот од ненаплатување на побарување кое го обезбедил факторот.
Чекор 4. На денот на целосната исплата на побарувањето, факторот ја кредитира разликата (намалена за претходната исплата и неговиот надоместок) на сметката на клиентот.

Договорни страни


Клиент


Клиент е лицето, најчесто регистрирано правно лице кое работи на профитна основа, кое со попуст ги пренесува на факторот своите нестасани договорни краткорочни парични побарувања.


Фактор


Фактор е лице кое со попуст купува долг (парично побарување) кој се должи на друг, со цел да се заработи преку наплатата на тој долг. Како фактор најчесто се јавуваат банки или специјализирани факторинг куќи. Факторот е договорната страна која ја врши карактеристичната чинидба кај овој договор, па според тоа во случај на спор кај меѓународен факторинг, меродавно би било правото на земјата на факторот и доколку договорните страни не договориле друго меродавно материјално право. Факторот се обврзува за клиентот да изврши најмалку две од наведените функции:
• да обезбеди финансиски средствa за клиентот по пат на авансни уплати;
• да води евиденција (книги) за побарувањата;
• да изврши наплата на побарувањата;
• да преземе соодветни мерки при доцнење со уплатите од должниците на клиентот.
По правило, факторот нема право на регрес од клиентот во поглед на ненаплатливоста на побарувањата.


Должник на клиентот


Тоа е лицето кое треба да ја извши исплатата на паричните побарувања врз основната правна работа т.е договорите за продажбата на стоки и услуги со клиентот.

 

Правна природа на договорот за факторинг


Кај договорот за факторинг се среќаваат елементи на следните договори:
• Цесија
• Комисион
• Емство
• Застапување
• Договор за дело
• Преддоговор врз основа на кој се склучуваат главни договори или рамковен договор врз основа на кој се склучуваат идни поединечни договори за пренос на краткорочни нестасани парични побарувања.
• Продажба на побарувања.


Како што се гледа, многу е тешко да се определи правната природа на договорот за факторинг. Се работи за договор во кој се испреплетени институти на многу други договори, па затоа се нарекува неименуван договор на автономното трговско право или, поедноставено, договор што не е уреден во закон, туку спонтано се појавил во деловната практика.


Форма на договорот


Бидејќи кај договорот за факторингот се работи за договор на автономното трговско право, нема посебни правила во поглед на формата, но вообичаено е да се склучува во писмена, ad probationem форма, поради полесно докажување на правата и обврските на договорните страни.

Надоместок на факторот

Провизијата на факторот се нарекува и дисконтна стапка и го означува износот што факторот го наплаќа за својата услуга поради употреба на сопствени фондови.
Постојат две варијабли, односно индикатори врз основа на кои се пресметува надоместокот: 1) бруто износот на фактурата и 2) во кој рок таа треба да се плати. Но, постојат и фактори кои наплаќаат точно утврден процент од бруто износот на фактурата и, се разбира, во зависност од износот на побарувањето.

Функции на факторонгот

Факторингот, по правило, остварува три основни функции:


Функција на финансирање, односно обезбедување готови пари по пат на авансна исплата


Факторот му става на клиентот на располагање одреден паричен износ и многу е важно да постои одреден, однапред познат временски интервал помеѓу денот кога факторот ќе исплати, односно ќе му стави на располагање на клиентот одреден износ, до денот кога тој – факторот ќе стекне можност, односно право да се наплати од должникот на клиентот.

Функција на обезбедување на наплата del credere функција (гаранција за обврски на трето лице)


Се работи за функција кога факторот врз себе ја презема обврската за наплата односно за платежната неспособност на должникот на клиентот. Кој ризик за наплата in concreto ќе преземе факторот зависи од самиот договор за факторинг, затоа што самото преземање на del credere обврската не значи дека факторот се согласил да ги преземе врз себе сите можни ризици за наплата на побарувањето. Но, постојат и договори за факторинг, особено во американската практика, кога факторот врз себе ја презема del credere обврската не само за финансискиот ризик, туку и политичките ризици за наплата на побарувањето, ризикот за испорака на стоката и друго.
Кога клиентот ќе изврши испорака на стоката, факторот во никој случај не може да се откаже од својата преземена обврска за del credere обврска. Клиентот има право на надомест на целиот износ на цедираното парично побарување со одбиток на провизијата на факторот, без оглед на платежната (не)способност на неговиот (на факторот) должник.

Функција на управувањето со побарувањата


Се работи за функција и услуги што не се содржани во претходните две функции. Во рамки на оваа функција, факторот:
- Ги утужува или на друг начин обезбедува наплата на побарувањата што ги купил;
- Дава консултантски совети на своите клиенти;
- Ги заштитува своите клиенти од лоши (ненаплатливи или тешко наплатливи) долгови;
- Води сметководство;
- Врши пресметка на провизија и данок; и слично.


Видови договори за факторинг

Договорите за факторинг ги делиме по повеќето критериуми:
Спрема обемот на преземање на ризикот на наплата:
Прав факторинг – преземање на целокупното побарување од страна на факторот со сите видови на ризици во врска со наплативоста на побарувањето кој е назастапен во меѓународното работење;
Квази факторинг – кога не се презема del credere ризикот за наплата на побарувањето. Значи, кај неправниот факторинг, значи, отпаѓа една од неговите основни функции – del credere функцијата;
Факторинг платив по стасаноста на побарувањето. Се работи за договор за факторинг-во кој недостасува неговата функција на финансирање. Факторот ги купува краткорочните побарувања од клиентот на денот на нивната стасаност. Не се дава никаков аванс за побарувањата како кај правниот договор за факторинг;
Факторинг со право на регрес и без право на регрес. Кај факторингот со регрес, факторот го задржува правото на регрес од својот клиент, ако не успее да го наплати долгот од должникот на својот клиент и овој вид на факторинг не се смета за прав факторинг.

Спрема територијален критериум


Согласно со овој критериум, факторинг договорите може да се поделат на домашен и меѓународен факторинг.
Кај меѓународниот факторинг се среќаваат повеќе стратегии на договорот: продавач-клиент, неговиот домашен фактор, купувач во странство (деловен партнер на клиентот) и кореспондирачки фактор во земјата на купувачот. Самата појава на меѓународниот факторинг го зголемува борјот на услугите на факторот: надворешно-трговски, девизни, даночни, царински и други. Оваа карактеристика на факторингот, всушност, ја наметнала потребата за унификација или хармонизација на оваа материја.

Поважни прашања за договорот за факторинг

Како може да се пренесат побарувањата?


• Преку граѓанско-правна цесија;
• Преку документарен акредитив, доколку таков начин е предвиден во финансиската клаузула во договорот за купопродажба;
• Преку правилата за индосирање на меницата.

Кои договорни побарувања можат да се цедираат?


Иако може да се цедираат паричните побарувања до било кој договор, најчесто во практиката се среќаваат побарувања од договори за продажба на стока или вршење на услуги. Обратно поставено, факторингот како алтернативен извор на финансирање најретко се јавува во областа на градежништвото и медицинската опрема. Вообичаено, договорот за факторинг повеќе се однесува на сите вкупни договорни парични побарувања кои ги има клиентот, отколку поединечни побарувања. Се вели дека клиентот ја продава целата своја "главна трговска книга со доворни нестасани парични побарувања" или "глобална цесија". Поради тоа факторингот се смета за перпетуален договорен однос, бидејќи во себе содржи побарувања со различен рок на стасаност и кон различни должници по основ на основната правна работа - продажба на стока или вршење на услуга.

Какви треба да бидат побарувањата?


Отстапените побарувања, по правило, треба да бидат краткорочни (краткорочни од 30-120 дена) и првенствено, но не и исклучиво, во внатрешниот промет. Значи, секогаш треба да постои одредена временска дистанца помеѓу испораката на стоката или вршењето на услугата и чинот на плаќање.

Има смисла разговор со факторот, доколку банките ја одбиле молбата за позајмица?

Да секако; некогаш е уште подобро. Факторингот е често пати многу добра алтернатива на банкарското кредитирање. Факторот посебно се интересира за финансиската состојба на вашите купувачи, не па освен за вашето прептријатие. Врз основа на целосна слика за вашето работење односно бонитетот на вашите купувачи имате многу повеќе можности за добивање на свежи средства.

Како брзо ќе ги добиеме парите?

Многу брзо! По потпишувањето на договорот за факторинг, во кој определуваме, кои побарувања ќе бидат предмет на предвремено финансирање, може врз основа на посредувана сметка и потпишани отстапни изјави да добиете пари на вашата сметка веќе следниот ден по правилно извршеното отстапување на побарувањето.

Како факторот ја врши наплата?

Наплатата се врши во согласност со упатството на отстапувачот на побарувањето. Грижливо внимаваме да не влијаеме негативно на неговите деловни односи. Ако договор со купувачот – вашиот должник не би бил можен, ги преземаме сите потребни активности во врска со исплатата.

Како ќе реагираат купувачите на отстапувањето?

Вашите односи со купувачите ќе останат непроменети; ќе ве олеснеме од задоцнените постапки за опомени и административното следење на достасаноста на побарувањето, вие па ќе можете да се концентрирате на основната дејност на вашето претпријатие (придобивање нови странки, подобрување на понудите, намалување на трошоците) .

Можат претпријатијата, кои започнуваат со работењето, да семтаат на подршка на факторот?

Факторингот е идеално решение исто така за нови и брзо растечки претпријатија, бидејќи факторот при одлучување за откуп на побарување го има во предвид бонитетот на купувачот, а не кредитната способност на продавачот – отстапувач на побарувањето.


Какви побарувања се примерни за отстапување на факторот?


За отстапување се примерни побарувања до домашни или странски купувачи, на кои платежната способност не им е премногу загрозена, а освен тоа мора да бидат исполнети и наредните услови: побарувањата не смеат сеуште да бидат достасани, услугата мора да биде правилно извршена односно стоката набавена, купувачот мора да го потврди постоењето на побарување, рокот на достасаноста на побарувањето не смее да биде подолг од 120 дена.

Форфетинг

Форфетингот финансирањето, за разлика од факторинг аранжманите, се јавува при крупни зделки, при испорака на опрема или изградба на објекти по системот `клуч на рака`, односно значи купување обврски што достасуваат во наредниот период и потекнуваат од испорака на стоки и услуги – главно во извозот, без право на регрес на било кој поранешен сопственик на побарувањето. Всушност, овде се работи за продажба на опрема или израдба на објекти врз основа на комерцијални или стоковни кредити. Доколку продавачот на опрема или изведувачот на градежни објекти нема сопствени средства да кредитира изградба на некој станбен блок во тој случај комитентот и го отстапува своето побарување, заедно со целата документација, на форфетингот фирмата. Форфетинг фирмата, најчесто банкарска организација, му исплаќа на комитентот сума намелана за провизијата и есконтната камата, а таа подоцна ќе го наплати своето побарување од корисникот на опремата или градежниот објект. На ваков начин продавачот на опремата или изведувачот на градежните работи, всушност своето побарување и го продал на банката и на тој начин брзо дошол до готови средства во помалл износ, но со можност да започне нови деловни аранжмани, а банката подоцна врши наплата на тоа побарување.
Форфетинг аранжманите најчесто се применуваат кај извозните работи и тоа при извоз на опрема, изведба на инвестициони работи во странство и сл., но тоа не значи дека овој систем на финансирање не може да се применува и во земјата. Така се овозможува побрзо да се продаде опремата, да се забрза изградбата на некои инвестициони објекти и сл. Пред да се заклучи форфетинг аарнжманот треба да постои целосна соработка меѓу комитентот, банката и корисникот на опремата или инвестиционата градба.
Поголемиот дел од многуте форфетинг обврски има форма на promissory note, која што ја издава должникот во полза на кредиторот или меница која што корисникот ја влечел на должникот и што должникот ја акцентирал. Предуслов за постоење на кредитите е отплатата во рати, ова се постигнува со серија на promissory note или меници во неколку достасувања, овично во шестмесечни интервали. Notes-ите или мениците обично, поради нивното значење, се номинираат во долари, евра, иако во принцип, е можно да се есконтираат во било која валута. Есконтирањето се врши кога форфетерот че ја прими меницата, т.е.кога договорениот износ ќе се одземе од номиналлниот износ на кој што гласат мениците за соодветните достасувања. Исклучително ретко форфетингот се врши во трансакции, кои се со променливи дисконтни стапки. Форфетингот скоро секогаш е проследен со банкарско осигурување во форма на ргаранција или авал.
Причините за појавата на форфетингот се наоѓаат во промените на светската економска структура, што се случуваа кон крајот на 50-те и почетокот на 60-те години од овој век, кога пазарот на продавачите на капитални добра постепено преоѓаше во пазар на купувачи. Дојде до значително зголемување на обемот на меѓународната трговија, што беше проследено со растечка тенденција увозниците да бараат продолжување на рокот на кредитите преку традиционалните 90 и 180 дена. Покрај тоа, во тоа време се укинаа, намалуваа трговските бариери поставени за време на Втората светска војна и во времето на студената војна.
Форфетингот е среднорочна работа во смисла на тоа што се земаат во предвид достассувањата од шест години. Меѓутоа, секој форфетер воспоставува свои лимити на рочност, што се условени со пазарните услови и се засноваат врз неговата сопствена проценка на ризикот при секоја поединечна работа. Ризиците во врска со секојдневното меѓународно финансирање по пат на форфетинг, обично се класифицираат во 4 групи:

- политички ризик. Настанува со воведување вонредни мерки на државата и на политички инциденти: војна, инвазија или цивилни немири
- ризик на транфер. Еден од најважните ризици кој се јавува со променливиот курс на домашна валута, бидејќи може да има ефект врз промена на вредноста на договорот за позначителен износ кога се конвертира во домашна валува н аизвозникот и може да доведе до загуба за сопственикот на побарувањето
- комерцијален ризик. Неспособност или неподготвеност на должникот или на гарантот да платат. Карактеристичен ризик за сите видови кредити и форфетинг.

Меѓу факторинг и форфетинг финансирањето постојат сличности. Продавачот, и во едниот и во другиот случај, брзо доаѓа до готови средства не чекајќи го рокот да ги наплати своите побарувања.
Разликите се во тоа што:

- форфетинг аранжманите ги вршат исклучиво банки, а факторинг финансирањето, во најголем дел, го извршуваат гакторинг фирмите и во помал дел банките
- кај форфетинг финансирањето банката го презема ризикот за наплата. Кај факторинг аранжманите таа не мора да го презема ризикот доколу врши наплата во име и за сметка на комитентот.
- Кај форфетинг аранжманите договорите се прават за секој деловен аранжман, додека кај факторинг аранжманите може да се договара глобална цесија или начелно за период од една година.
- Кај факторинг аранжманите секогаш се работи за краткорочни побарувањаа што не поминуваат рок од 6 месеци. Кај форфетинг аранжманите се работи за побарувања на подолг рок, во принцип и по неколку години.
- Кај факторинг аранжманите каматната стапка секогаш е пониска и е онаса што владее на пазарот на пари. Кај форфетинг работите каматната стапка е повисока и скоро е изедначена со каматната стапка што владее на пазарот на капитал.

Правна природа на договорот за форфетинг

Кај договорот з форфетинг истовремено се среќаваат институти од следниве познати, именувани и уредени трговски договори:

- купопродажба на стока
- договор за кредит
- договор за закуп или послуга
- договор за факторонг

Понатаму, постои голема сличност помеѓу договорот за форфетинг и банкарската работа позната какоменица или други облигациони – правни хартии од вредност. Разликата меѓу овие два договори е во тоа што кај есконтот на меницата не е исклуцено правото на банката на регрес, додека кај договорот за форфетингг регресот е секогаш исклучок. Затоа, договорот за есконтна меница се нарекува и како `неправ договор за форфетинг`
значи форфетингот како правна работа може да се примени и во меничното право, но секогаш под услов да се стави клаузула за исклучување на регресната одговорност кон форфетистот, кој има својство на трасант, секако, доколку е дозволена со националните закони за меница.

Заклучок

И договорот за факторинг и договорот за форфетинг имаат иста стопанска функција и цел, а тоа е да се активираат тековно замрзнати или блокирани средства во вид на нереализирани парични побарувања, со што се обезбедува побрза парична и стоковна циркулација.
И двата договори потекнуваат од американската деловна практика.
Но, сепак кај договорот за факторинг се продаваат краткорочни побарувања, додека кај договорот за форфетинг се работи за среднорочни и долгорочни побарувања. Каматната стапка кај факторингот е помала поради помалите ризици и се врзува за каматните стапки на пазарот на пари, додека кај форфетингот каматата е повисока, бидејчи и ризиците се повисоки и поради тоа се врзува за камтите кои преовладуваат на пазарот на капитал.


Користена литература:

1. Јовановси, Панче, `Финансиски менаџмент`, Скопје, 2006
2. Водич за алтернативните извори на финансирање- Др. Горан Коевски
3. http://www.fcfactoring.com/of/function/
4. http://www.prvifaktor.si/mk/faq/

Download СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » » 

Besplatni Seminarski Radovi - Бесплатно семинарска работа

SEMINARSKI RAD