ГЛАВНА СТРАНИЦА

 
БЕСПЛАТНО СЕМИНАРСКА РАБОТА - ТУРИЗАМ
 

Giro D’Italia

Почеток и развој на манифестацијата

Giro d’Italia (Giro = Круг), исто така познат како Кругот, е велосипедска етапна трка на долги стази. Во оваа трка учество зимаат многу познати професионални велосипедисти. Трката се одржува во мај или јуни, секоја година и трае околу три недели. Giro d’Italia е една од трките за Гран При, заедно со Tour de France и Vuelta a España.

Giro d’Italia како манифестација е формирана на 8 август 1908 година. Организирана е од Италијанскиот сспортски весник La Gazzetta dello Sport, со цел да направи пандан на трката Tour de France во Франција. Истотака сакал да му конкурира и на најголемиот ривал во издавачкиот бизнис Corriere della Sera, кој една година претходно организирал автомобилска трка низ Италија.

Како што и прилега на некоја манифестација, така Giro D’Italia морал да има некои правила и прописи. Првата трка започнала во Милано, на 13 мај 1909 година на плоштадот Лорето. Првата трка била долга 2448 километри и била поделена на осум етапи. Прв победник на Гиро ДќИталиа е Италијанецот Луиџи Гана, кој победи на 3 етапи, а што е поважно, и во генералниот пласман.


Giro D’Italia продолжува да се одржува секоја година иако имало 2 паузи поради двете Светски војни, меѓутоа опстојува се до денес. Главниот организатор секоја година постепено го проширувал обемот на растојание на манифестацијата, со одредени пресккокнувања, и така постепено зафаќала се поголем дел од Италија. Започнувајќи од Ломбардија постепено се ширела кон југ, кон Рим, Неапол, потоа на исток кон Анкона, па се до крајниот југ до Реџо ди Калабрија. Со развојот на брзиот транспорт, Гиро можел да има етапи и на Сицилија, на Сардинија, па дури и на Корзика.
Во осумдесеттите и деведесеттите па се до денес, Giro се одржува и во соседните земји како Франција, Швајцарија и Словенија. Во последните години организаторите земаат и подрастични мерки, па некои од етапите се организираат на територија на не баш соседски земји, како Белгија и Германија, кои се јавуваат како коорганизатори или пак земја промотор.

Во 1989 година, сопственикон на La Gazzetta dello Sport се откажува од функцијата неприкосновен организатор на манифестацијата, и тогаш доаѓа до ново раководство кое треба да решава за негова организација. Сепак главен спонзор и покровител, а истотака и со право на свое мислење има задржано весникот la Gazzetta.
Новото раководство со цел да се промовира повеќе и да се задржи некој континуитет, организира некои помали велосипедски манифестации, како Montepaschi во Тоскана, Tirreno Adriatico долж брегот на Јадранското море, Milano-Sanremo, Gran Piemonte, Il Lombardia. Сите овие натпреварувања му претходат или пак следат на главната трка, Giro D’Italia. Во 2011 година Giro својот старт ќе го има во Торино, но организаторите се во преговори во 2012 година стартот да биде во градот Вашингтон, Соединетите Американски Држави.


Организација

Целата на Giro D’Italia, секако, е да се победи. Победникот се прогласува рачунајќи го генералниот пласман во целата трка (собирање поени од секоја етапа). Водачот во генералниот пласман добира розова маица, (на Tour de France добиваат жолта) за да може да се распознае помеѓу натпреварувачите, а воедно розевата боја е и боја на весникот основач.
Водачот во планинските етапи, пак, добива зелена маица, класицирајќи ги според тежината на етапите кои се искачуваат. Истотака има црвена маица која ја добива победникот во класификацијата на поени, освоена по дневните етапи. Белата маица ја добиваат најдобрите млади натпреварувачи, т.е. оние кои не се над 25 години старост.
Сите овие почести се секундарни но сепак имаат особено значење и почести.

Giro D’Italia и неговото влијание врз туризмот

Како една манифестација која е првично од спортски карактер, јасно дека спортскиот туризам е главна придобивка. Милиони туристи секоја година одат да го гледаат натпреварувањето, а со тоа оставаат и одредена сума на финансии. Бидејќи Giro D’Italia е манифестација на отворено, и која се вози низ цела Италија, по големи растојанија, не е возможно да се наплати карта, бидејќи за тоа би требало да се наплаќа карта за секој кој би влегол во Италија (да не зборуваме што се одржува и во соседни земји, одредени острови, градови). Сите тие вљубеници во велосипедизмот доаѓаат во Италија, или каде и да има “гостински” етапи, и со тоа учествуваат во туристичките движења. Туристите може да бидат пасивни учесници, само да гледаат или пак да бидат активно вклучени, со тоа што после секоја етапа да го извозат истиот поминат пат самите со свои или изнајмени велосипеди. Истотака може да учествуваат и во други спортски елементи кои се поклопуваат со други форми на туризмот.

Бидејќи има многу етапи и се вози низ големо подрачја, ретко кој турист може да ги следи во чекор, иако некои вљубеници го прават и тоа. Затоа голем дел од туристите отседнуваат во некој хотел и чекаат кога велосипедистите ќе ја возата етапата во близина. Со тоа тие плаќаат за сместување, за храна, забава, сувенири и други работи финансирајќи го локалниот бизнис.

Подрачјата низ кои се одржува Giro D’Italia не секогаш се поголемите и помалите градови. Некои одредени етапи се возат на планински предели, во национални паркови, заштитени подрачја, рурални средини. Туристите кои сакаат да имаат добар преглед на случувањата и сакаат да се во првите дредови, без гужви, најчесто отседнуваат во близина на етапите кои поминуваат во споменатите подрачја, најчесто во помалите села. Таму покрај манифестацијата имаат можност да го доживеат селскиот живот на рурална Италија, да пробаат традиционални јадења и пијалоци, престој на чист воздух, прошетки во природа, дружење со домаќините и други активности. Со сето тоа туристите учествуваат во развојот на селскиот туризам, кој ако се покаже како добар (а се покажа), со сама прогресија на прераскажување на доживувања од претходниот посетител на својот пријател или роднина, секоја година се привлекуваат повеќе посетители.
Значаен е и бројот на туристи кои наместо да практикуваат селски туризам и спортски заедно, претпочитаат здравствен и спортски, така што наместо во селата се сместуваат во бањските комплекси, а со тоа неретко остануваат и подолго.

Културниот туризам истотака има придобивки од оваа манифестаија, бидејќи Giro D’Italia секогаш, неслучајно поминува крај значајни културно историски споменици а со тоа и туристите и посетителите кои ќе се најдат во близина нема да можат да одолеат а да не ги посетат истите.

Истотака Giro D’Italia со сбоето влијание придонесува за самото уживање на гледачите, вљубеници или не во овој спорт, па макар и на лучајните посетители. Така, на одредени етапи крај морето или крај познатото езеро Комо, кога е Giro во близина, има ревијални регати кои иако не се официјално организирани, и започнале самоиницијативно, се претвориле во попратни случувања на Giro.
Во поново време и младите авантуристи земаат учество, со тоа што, како што горе напоменавме дека земаат учество во возењето на етапите со свои или изнајмени велосипеди, одејќи по стапките на својот фаворит, има и посетители кои самоиницијативно си организираат маратони, посета на некои планински предели поради алпинизам, одржување на рафтинг, параглајдинг и многу други активности. Особени посетители на Giro D”Italia се оние туристи кои се со поголемо ниво на еколошка свест, па преку учество во некои акцииорганизирани од еколошките друштва или од невладиниот сектор, во позадина на манифестацијата работат за зачувување на еколошката рамнотежа на местата кај што се одржува Giro, собирајќи ги отпадоците од останатите посетители, грижејќи се за зелените површини. Еколошкиот туризам е многу сврзан со волонтерскиот туризам, бидејќи сите тие еко-туристи се дојдени да уживаат во самата манифестација а притоа немаат финансиска придобивка за останатите активности, како екологисти или пак директно вклучени волонтери (делење вода на натпреварувачите, прва помош, одржување ред и др.)

 

 

Заклучок

Од сето ова кое е споменато за оваа спортска манифестација, може да се заклучи дека од спортскиот туризам финансиските придобивки, иако значителни, не се процентуално мнозински. Од спортскиот туризам поврзан со манифестацијата има само од продажбата на маици и дресови, останати видови спортска опрема, па дури и велосипеди. Останатите видови на туризам кои индиректно се поврзани со Giro D’Italia заедно имаат поголем прилив на финансии. Тоа е поради трошоците за транспорт, за сместување, ангажирање на локални водичи, тренери, инструкртори во авантуристичкиот туризам, медицински кадар во бањите кои се сместени туристите, потрошувачка на локални производи, производи од домашно производство (во селскиот туризам), финансии од наутичкиот туризам (транспорт и такса за пловни објекти, цена за марина, одржување), посетата на музеи, локалитети, цркви, споменици и останати други значајни културно историски локации, како и ширење и едуцирање на еколошката свест преку волонтерскиот и пред се еколошкиот туризам.

Download СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » » 

Besplatni Seminarski Radovi - Бесплатно семинарска работа

SEMINARSKI RAD