ГЛАВНА СТРАНИЦА

 
БЕСПЛАТНО СЕМИНАРСКА РАБОТА - БАНКАРСТВО
 

БАНКАРСКИ ПРОИЗВОДИ

Банката е пазарен субјект организиран врз принципите на акционерско друштво. Поставениот банкарски систем подразбира дека грижата за остварените финансиски резултати, односно добивката претставува основен мотив за банката во донесувањето на сите видови одлуки поврзани со раководењето со средствата на банката.
— Банката може да работи во свое име и за своја сметка, во свое име и за сметка на други лица и од име и за сметка на други лица. Притоа, таа ги врши следниве банкарски работи, производи:
- примање на сите видови на парични депозити на правни и физички лица:
- давање и земање кредити:
- девизно-валутни работи;
- купување меници и чекови;
- емисија на хартии од вредност;
- издавање парични картички;
- чување и управување со хартии од вредност, предмети од благородни метали и други вредности;
- купување и продажба на хартии од вредност;
- издавање гаранции;
- вршење работи на платниот промет во земјата;
- вршење работи на платниот промет со странство;
- кредитни и гарантни работи со странство и други банкарски работи.

Покрај наведените работи банките можат да ги вршат и следните работи: осигурување на депозити; враќање и откуп на долгови; посредување во промет на хартии од вредност; купување и наплата на побарувања; економско-финансиски консалтинг; посредување при изнајмување на основни средства (лизинг); давање услуги при наплата на фактури, водење евиденција, финансирање на краткорочни побарувања до моментот на наплата; давање други финансиски услуги.

Развој на банкарските производи


Бројни и разновидни се производите и услугите што банките им ги нуделе на своите комитенти низ историјата. Нивното воведување и еволуирање било условено од степенот на економскиот развој, а со тоа и од степенот на развојот на банкарството, но, уште повеќе, од потребите за таквите производи и услуги што јавноста ги чувствувала.
Една од првите услуги што банките им ги понудиле на корпорациите била размената на валути. Дури, може да се каже дека, современото банкарство своето потекло го влече од менувачкото работење. Банката била спремна да тргува (разменува) една форма на валута (на пример, фунта) за друга форма на валута (на пример, долар, франак и др.). За услугата што ја направила (размена на валутите), банката добивала провизија. Таквите активности банките ги развиле со цел на патувачките трговци (а, и на патниците, како што, денес, се уште е случај) да им овозможат пристап до локалната валута на земјата во која што патувале и каде што сакале да тргуваат.
Меѓутоа, заси лените трговски активности, особено во средниот век, ја услови ле потребата некои од компаниите побрзо да дојдат до средства та за продадените производи и услуги, како би можеле да ги искористат за други стопански трансакции и на тој начин нив побрзо да ги мултипликуваат. За таа цел, компаниите почнале да се обраќаат кај банките со барање за есконтирање на комерцијалните меници. Заинтересирани својата приходност да ја зголемат со добивање соодветена провизија (дисконт) за извршената услуга, банките се поинтензивно почнале да вршат есконтирање на комерцијалните меници на компаниите, што претставува своевидно одобрување кредит на тие компании.
Засиленото одобрување кредити на компаниите предизвикало потреба од зголемување на износот на расположливи средства на банките за финансиско следење на тие кредити. Сопствените средства на банките биле далеку од потребни за да се задоволат растечките кредитни барања на компаниите. Поради тоа, банките почнале да изнаоѓаат различни начини за прибирање дополнителни средства на пазарот. врзано со претходниот вид услуга, било создавање можност компаниите да отвораат свои депозитни сметки кај банките на кои ќе ги чуваат своите слободни парични средства во форма на депозитни пари.
Во средниот век банките почнале да нудат услуги за чување во сигурносни сефови на злато, хартии од вредност и на други вредности што биле во сопственост на нивните комитенти.
Во својата двеилјадигодишна современа историја банките развивале различни видови производи со чие што нудење се обидувале да ги задоволат разните финансиски потреби на своите комитенти. Во почетокот на својата еволуција, банкарската индустрија нудела рудиментирани производи со кои се задоволувале основните потреби на клиентите (на пример, размена на валути или чување на вредносници во трезорот на банката). Со развојот на економијата низ светот, а особено со интензивниот развој на банкарските теорија и практика, богатството на производи и на услуги што банките им го нудат на комитентите, станувало се поголемо.
Под банкарска работа (производ), вообичаено, се подразбира секој вид работа што ја извршува банката без оглед дали, притоа, таа се јавува како должник или како доверител или, пак, врши работи во свое име и за туѓа сметка, односно во туѓо име и за туѓа сметка. Традиционално, основна задача на секоја банка е да се обиде да ги собере и да ја организира циркулацијата на сите слободни парични средства во регионот во кој што таа дејствува, и, преку кредитите и преку другите нејзини инвестициски производи, да ги пласира тие средства во разните сфери на економијата.
Меѓутоа, силниот развој, и, особено, глобализацијата на свет-ската економија, а во тие рамки и на банкарската индустрија, дополнети со се позасилената конкуренција на финансискиот пазар, условуваат драматични промени во арсеналот производи што банките и ги нудат на јавноста. За да остане конкурентна на пазарот и да одговори на потребите на јавноста, модерната банка мора да преземе нови улоги.
Имено, современите тенденции и современото опкружување на глобалниот финансиски пазар ги присилува банките интен зивно да размислуваат и да одлучуваат, кои видови производи и услуги ќе ги понудат, но и на кои делови од пазарот нив ќе ги нудат за продажба. Значи, во денешни услови банките треба да одредат кои елементи на своите производи ќе нудат, со цел да обезбедат што поуспешна сопствена иднина. Во таа смисла, содр жината на нивните сегашни и идни активности треба да биде насочена, главно, кон:
- собирање средства за финансирање на кредитите и на дру гите активни активности на банката. Станува збор за ангажмани на банките околу собирање депозити по што е можно пониска цена, земање поволни кредити на пазарот на пари и зголемување на сопствениот акционерски капитал, со кои средства финан сиски ќе се поддржуваат кредитните и другите активни работи на банките;
- воведување и сервисирање нови кредити. Станува збор за трансферна улога на банките, односно нивна активност за тран сформирање на собраните заштеди, депозити и на други сред ства во кредити на разни комитенти за инвестирање во објекти, опрема и во други трајни и потрошни стоки. Банките мора да имаат исклучително сериозен пристап во вршењето анализи на кредитните барања, структурирањето на кредитите и во форми рањето на нивните цени. Богатството на кредитни производи што банките го нудат, одбирањето на квалитетни кредитобарачи (ко митенти што манифестираат што е можно помала ризичност) и правилното формирање на цената на кредитите, се услови што стануваат клучен фактор за опстанокот на банките од една, и за нивната профитабилност, од друга страна;
- воведување и вршење современи некредитни трансакции, како што се трансфери на пари, услуги што се однесуваат на депозитите, процесирање на разните информации што им се по требни на комитентите итн. Станува збор за вршење разни пла ќања од сметките на комитентите, како што е вршењето на плат ниот промет и клирингот на налозите, испраќање средства преку електронскиот банкарски систем, нудење разни информации (шалтерски или електронски) за потребите на комитентите итн.;
- продавање советодавни финансиски и менаџерски услуги. Со цел да остварат поголема заработка наплатувајќи соодветни провизии, банките се повеќе се ориентираат кон нудење услуги за раководење со инвестициите на корпорациите или со нивно советување во која било сфера на нивното финансиско рабо тење;
- продавање нови производи и услуги што заземаат се позна чајно место во палетата на банкарските активности: брокерски работи, осигурување, услуги на инвестициско банкарство, формирање инвестициски фондови, нудење старателски услуги (чува ње и раководење со разни вредности на комитентите), агенциски работи итн.
- вршење улога на гарант, односно давање поддршка на коми тентите за плаќање на нивните долгови кога тие не се во состојба тоа да го направат (на пример, преку издавање гаранции, отво рање на акредитивиј; итн.
Според тоа, банките се финансиски услужни институции што произведуваат и продаваат разни финансиски и други производи и услуги и кои што вршат многу други улоги во стопанството. Нивниот успех зависи од нивната способност да ги идентификуваат финансиските производи и услуги што ги бара јавноста, да ги произведат нив и да ги продадат по конкурентска цена.

Kласични банкарски производи

Банкарските производи се обликувале во текот на повеќевековната банкарска практика Во својот еволутивен развој тие се менувале и модификувале првенствено, како резултат на се поразновидните потреби на актуелниот стопански живот. По интензивниот развој во средниот век и, особено, во времето на големата индустриска револуција, во првата половина од XX век дојде до одредено стабилизирање на бројот и на видовите на главните банкарски производи. Поради тоа, главните видови производи што банките им ги нуделе на своите комитенти во тој период можат да се одредат како класични банкарски производи.
Со одредени повремени менувања и дотерувања, веќе етаблираните основни видови на банкарски производи се користеле низ светот се до крајот на седумдесеттите години на XX век, кога, како што ќе видиме подолу, дојде до значително преструктуирање во видовите на услугите што банките им ги нудат на своите комитенти.
Најстари, најбројни и најобемни производи што банките им ги нудат на комитентите се примањето парични депозити и одобрувањето разни видови кредити. Истовремено, банките им нудат на комитентите разни други видови на услуги без чие реализирање тешко ќе биде остварувањето на депозитните и на кредитните односи меѓу двете страни. Станува збор за повеќе видови услуги што банките им ги нудат на комитентите, кои се нарекуваат неутрални банкарски работи.

- Депозитни работи

За да може непречено да ја реализира својата основна функција - одобрување на кредити, банката мора претходно да ја обезбеди (да ја мобилизира) потребната количина на парични средства. За таа цел, таа собира средства на финансискиот пазар (се задолжува), што значи другата страна (депонент, банка и др.) се јавува во улога на кредитор на банката. Во тој случај банката се наоѓа во ситуација да има обврска спрема конкретниот клиент, односно таа е во улога на должник.
Најголем дел од потребните средства за финансирање на кредитните и на другите активни работи банките собираат со нудење разни видови на депозитни услуги на комитентите.
Депозитите на претпријатијата сочинуваат 15-20 проценти од вкупна расположлива маса на средства за финансирање на пласманите на банките. Во повеќето земји во светот банките можат ла примаат депозити во домашни и во странски средства за плаќање. На депозитите банките плаќаат одредена камата, која е различна во зависност од видот на депозитот и од останатите договорни услови за отворање на депозитна сметка во полза на комитентот, а на некои депозити тие, воопшто, не плаќаат камата. Депозитите на комитентите можат да бидат краткорочни и долгорочни (орочени).

- Кредитни работи

Вториот најважен производ што банките им го нудат на претпријатијата се разните видови кредити. Во тој случај односите меѓу банката и комитентот се во обратна релација отколку кај депозитите. Во кредитните работи банката е доверител, а компанијата е должник.
Вообичаено, кредитите се групираат како краткорочни и долгорочни. Краткорочните кредити банките им ги одобруваат на компаниите за осигурување на нивната платежна способност, извршување на одредено производство или за вршење на промет. Долгорочните кредити, главно, служат за обезбедување капитал за инвестирање во опрема, објекти и за други инвестиции, како и за купување трајни вртежни средства што се потребни за подолготрајно непречено вршење на основните активности на компанијата.
Има многу видови кредити што банките им ги одобруваат на комитентите: контокорентни, есконтни, ломбардни, акцептни, рамбурсни, авални, хипотекарни, инвестициски итн. Врз основа на претходна анализа на кредитното барање на компаниите, разните видови кредити банките ги одобруваат со различни каматни стапки и со други кредитни услови.

- Неутрални и вонбилансни банкарски работи

Банките им нудат многубројни услуги на компаниите во кои ниту едните ниту другите се јавуваат во улога на должник или на доверител. Тоа се таканаречените неутрални или вонбилансни банкарски работи, кои банката ги извршува во туѓо име и за туѓа сметка, или во свое име, а за туѓа сметка.
Неутралните работи или, некаде, означени како провизиски работи, се убедливо најстарите банкарски работи. Од квалитетот, ажурноста, брзината и точноста во нивното извршување, зависат интензитетот, квалитетот и квантитетот на сите останати работи што банката ги врши за потребите на компаниите. При нудењето и при вршењето на тие услуги, банката не наплатува, нити плаќа некаква камата. За извршената услуга таа наплатува соодветна провизија, а во некои случаи, кога за тоа има оправдување (преземање на некаков ризик, трошоци за чување и сл.), банката може да наплати и посебни трошоци.
Неутралните работи за потребите на компаниите се многубројни и, најчесто, можат да се групираат во две групи: посреднички и комисионски.
Посреднички банкарски услуги се тие што банката ги врши во туѓо име и за туѓа сметка. За извршената услуга банката наплатува одреден надоместок. Меѓу позначајните посреднички работи на банките спаѓаат:
а) Работи на платен промет. Банките се најуспешните вршители на платниот промет во земјата и во странство. Таквата улога ја реализираат со извршување на платните налози на компаниите и со електронски трансфер на плаќањата. Од брзината и од точноста на извршувањето на платниот промет зависат брзината и точноста со кои компаниите ќе ги реализираат меѓусебните побарувања и обврски, а со тоа и натамошното навремено извршување на нивните професионални активности. Евентуалното затајување во извршувањето на платниот промет, ќе значи моментно блокирање на платниот систем во земјата, предизвикувајќи огромни загуби во економијата. Во оваа група на банкарски услуги спаѓа и вршењето платен промет со странство (т.н. девизни работи), односно вршењето на меѓународни плаќања;
б) "Инкасо работи". Наплатата на одредени нивни побарувања врз основа на некои хартии од вредност (обврзници, каматни купони и сл.) компаниите, многу често, им ја доверуваат на банките. Истовремено, тие ги овластуваат банките во нивно име и за нивна сметка да вршат плаќање на одредени нивни обврски (кирии, струја и сл.). Вршењето на такви услуги, денес, станува се поактуелно и пораширено, со оглед на фактот што компаниите повеќе сакаат времето и персоналот да ги користат за оперативните продуктивни цели и задачи, а опишаниот финансиски сервис во нивно име да го врши банката, која, впрочем, за тоа е специјализирана.

За разлика од посредничките услуги, комисионските услуги банката ги врши во свое име, а за туѓа сметка. Групата на такви услуги што банката ги врши за потребите на своите комитенти е многу поширока од посредничките услуги и, главно, ги опфаќа следните работи:
а) Емисија на хартии од вредност. Бидејќи ретко која компанија е целосно стручно оспособена самостојно да го подготви и да го изврши емитирањето на своите краткорочни или долгорочни хартии од вредност, таквата активност повеќето компании им ја доверуваат на банките.Банката се јавува во улога на преземач и извршувач на сите подготвителни активности за издавање на хартиите од вредност на некоја компанија, а потоа ја презема целосно и задачата за нивна реализација (продажба), обезбедувајќи и ги, притоа, на конкретната компанија потребните средства за финансирање на намераваните инвестиции;
б) Отворање на комерцијални акредитиви. Комерцијалните акредитиви, најчесто, се користат во меѓународната трговија, кога едниот партнер (извозникот) се согласува привремено да го финансира другиот партнер (увозникот) со тоа што му испорачува одредена стока, која е договорено увозникот да ја плати по истекот на одреден временски период.
в) Отворање акредитиви stand by. Тој вид акредитив е сличен на комерцијалниот акредитив, но со една многу важна разлика. Акредитивот stand by е обврска на банката да и плати на третата страна само ако комитентот на банката не ја исполни својата обврска и во означениот рок не и плати на третата страна.
г) Издавање гаранции и гарантни писма. Тоа е таква комисионска работа во која банката, за сметка на конкретната компанија, издава гаранција дека на нејзиниот корисник (продавач, извршител на градежни работи и др.) ќе му го плати означениот износ, ако тоа не го направи комитентот во утврдениот рок.
д) Депо работи. Тоа се, како што видовме, едни од најстарите услуги што банките им ги нуделе на своите комитенти низ историјата. Компаниите и доверуваат на банката разни вредносници (хартии од вредност, чекови, меници, полиси за осигурување, разни документи и драгоцености), првенствено, заради нивно чување. Понекогаш, компанијата може да побара банката и да ракува со тие вредносници;
ѓ) Купување и продавање хартии од вредност, девизи и валути. При оваа комисионска работа банката во свое име, а по налог и за сметка на својот комитент, ги купува или ги продава наведените вредности на финансискиот пазар (пазар на пари, пазар на капитал или на девизниот пазар).
е) Комисионски кредитни работи. Банката, често, на комитентите им одобрува кредитни линии, кои условно се активираат.
Најчесто, станува збор за револвинг кредитни линии, линии како поддршка на комерцијалните хартии од вредност на големите Фирми и кредити за издавање меници на претпријатијата.

- Издавање на сопствени хартии од вредност

Мобилизирањето на потребните средства банките, многу често, го вршат со издавање на краткорочни и на долгорочни сопствени хартии од вредност. Се смета дека тоа се многу добри инструменти за собирање на потребните средства. Станува збор за издавање на благајнички записи или на други краткорочни хартии од вредност, како и на обврзници што гласат на заокружени износи на парични средства. Тие хартии банките и ги продаваат на јавноста, а пред се на компаниите што имаат вишок на слободни парични средства. На тој начин, банката се обврзува означениот износ, заедно со припаѓачката камата, во договорениот рок да му го исплати на запишувачот (инвеститорот) на записите, односно на обврзниците. Со издавањето на тие хартии банката ги задоволува своите краткорочни и долгорочни финансиски потреби од постабилни извори на средства отколку што се депозитите.

Современи банкарски производи

Се до средината на седумдесеттите години на XX век комерцијалните банки имаа доминантна позиција во финансиското посредување меѓу имателите на вишок на пари (штедење) и инвестициите. Во традиционалниот модел на пазарна економија банките имаа водечко место во собирањето на депозитите на компаниите и на штедните влогови на населението, кредитирањето на стопанството и на населнието, рочната трансформација на средствата и во платниот промет.
Меѓутоа, во новиот модел на пазарна економија, кој почна засилено да се етаблира низ целиот свет во осумдесеттите и во деведесеттите години на минатиот век, дојде по потиснување на комерцијалните банки во сите позначајни активности што порано се сметаа за клучни дејности на банките.
Таквите промени на финансискиот пазар, предизвикаа значителни промени во поставеноста на банкарскиот систем низ светот. Во последните две и пол децении во банкарството преовладуваат тенденциите на глобализација и на преструктуирање, со чија помош банките се обидуваат да се приближат кон финансиските пазари. Истовремено, водени од спомнатите причини, како и од растечката меѓусебна конкуренција, банките се повеќе ги прошируваат своите дејности, воведувајќи во своето работење нови производи и услуги што им ги нудат на комитентите.
Меѓу тие производи и услуги што банките ги развиле неодамна, позначајно место им припаѓа на следните:
а) Можностите за собирање дополнителни средства банките ги прошируваат со развивање на други инвестициски алтернативи за своите комитенти. Позитивното искуство со заедничките фондови ги охрабри банките на своите комитенти да им го понудат финансискиот инструмент што е познат како ануитети. Станува збор за штедно-депозитен инструмент во кој комитентите ги вложуваат своите слободни парични средства.
б) Банките се почесто земаат учество во финансирањето на почетните трошоци на новите компании, особено при вложувањето во висока технологија. Тоа го прават со одобрување заеми за заеднички вложувања.
в) Класичната долгорочна кредитна помош на компаниите, во последните години банките ја заменуваат со агресивно нудење опција за купување опрема за потребите на нивните комитенти. Таа опрема, согласно претходно склучениот договор, ја купуваат банките, а потоа тие им ја изнајмуваат на компаниите за определен временски период. Најчесто, периодот на користење на опремата се совпаднува со периодот на нејзината амортизација, иако, понекогаш, опремата што е предмет на изнајмување може да се амортизира во подолг период од периодот на траење на договорот за изнајмување.
За користењето на опремата, компанијата и плаќа на банката закупнина. Вообичаено е, а тоа некаде и прописите го бараат, комитентите што користат услуги за изнајмување опрема да вршат плаќање на вредноста на таа опрема на рати, кои би го покриле целиот трошок за купување на изнајмената опрема, вклучувајќи ја соодветната цена (камата на влoжените средства, провизии за трошоците на трансакцијата и добивка) за услугата што ја извршила банката. Компаниите што ги користат услугите за изнајмување опрема или, како што, популарно, се нарекува, лизинг (leasing), се должни да ги покриваат трошоците за какви било поправки и за одржување на опремата, како и да ги плаќаат евентуалните даноци.
г) Банките во развиените земји, се почесто, кај себе ги собраат средствата за пензиски придонес што компаниите - комитенти на банките, ги исплаќаат за потребите на своите вработени.
д) Во текот на XX век беа присутни многу контраверзни ставови околу можноста и потребата банките да се занимаваат и со осигурителни работи. На банките во некои земји им било дозволено да издаваат осигурителни полиси за потребите на нивните комитенти.
ѓ) Банките, како и другите финансиски организации низ светот, во последните години воспоставија систем на електронска размена на податоци. Таквиот систем им овозможува на компаниите по електронски пат да ги разменуваат плаќањата и информациите. Тој сервис, значително, ги намалува трошоците на комитентите.


З А К Л У Ч О К

Банкарската индустрија произведува се повеќе разновидни производи и услуги. Измените што, денес, се случуваат во банкарското работење се толку големи и важни, што многу аналитичари тие трендови ги означуваат како банкарска револуција, која може банките на идната генерација да ги направи, речиси, непрепознатливи во однос на денешните.
Банките нудат се поразлични депозитни и кредитни услуги, ги прошируваат можностите за вршење на своите услуги преку електронското банкарство, секоја година лансираат нови услужни линии итн. Со нудењето поголем број стари и нови услуги со примена на се поатрактивните методи за нивно реализирање, банките сакаат да ги зголемат погодностите за нивните комитенти. Тоа условува денес, комитентите, речиси, сите свои финансиски услуги (банкарски, осигурителни, инвестициски) да можат да ги задоволат кај својата банка.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА


1. БАНКАРСКИ МАРКЕТИНГ, Стаменковски Алекса

2. ЦЕНИ НА БАНКАРСКИ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ, Неновски Томе

3. ПАРИ И БАНКИ, Трпески Љубе

Download СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » » 

Besplatni Seminarski Radovi - Бесплатно семинарска работа

SEMINARSKI RAD