Tehnologijata i čoveštvoto (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Tehnologijata i čoveštvoto (makedonski)". Rad ima 15 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Универзитет “Св. Кирил и Методиј” – Скопје
Филозофски факултет
Институт за социологија
Предмет:
Човек, култура, техника
С Е М И Н А Р С К А Р А Б О Т А
Технологијата и човештвото
Ментор: Студент:
Проф. д-р. Владимир Давчев Александар Китановски
Скопје, март 2012
Содржина:
Вовед – стр. 3
Човештвото и технологијата – стр. 5
Надчовечка интелигенција и човештвото – стр. 9
Заклучок – стр. 13
Користена литература – стр. 15
Вовед
Законот на Мур вели тврди дека: “Бројот на транзистори што може да се смести на интегрирано коло се дуплира секои две години.” Овој закон не останува стерилен и изолиран само во однос со процесорската моќност, како што Алвин Тофлер тврди во Future Shock и Ray Kurzweil во повеќето негови книги технологијата и комуникацијата се развиваат експоненцијално, за кое сите би се согласиле и би додале дека свеста јава заедно со нив и е длабоко поврзана.
Досега ние нуркавме во длабочините при почетокот на експоненцијалната крива каде што таа сепак изгледа како спора линеарна права линија со многу мал агол на инклинација. До пред некое време (20 или 30 години) беше тотално оправдано екстремната промена да не биде популарно очигледна, но денеска да се тврди дека нема огромна промена иницирана од технологија или дека самата не влијае би било еднакво на психосоматско растројство. Технологијата променува се, начинот на комуникација во последните години е толку рапидно скоро заменет со еден неперсонален, но ефективно брз начин такашто често луѓето тврдат дека губат контакт со луѓето иако тоа секогаш можат да го направат. Единствено нешто што ги спречува е самата ефективност на комуникацијата што е згодна, пријатна, адаптибилна и корисна. Никогаш интернетот или имејлот не предизвикал ние да не можеме да се договориме да излеземе со некој пријател или да се видиме во живо со бизнис партнерот, тоа е решение од корист и ефективност. Стравот е дека човештвото се дехуманизира, а огромната иронија лежи во тоа што самото човештво и својата уникатна положба на планетата ја должиме на развојот на технологијата или алатките и воопшто свеста која е неодделива од нив. Наивни проекции од страна на технопримитивистички писатели на научна фантастика не тераат да се плашиме од промената и го поддржуваат клишето за страшните машини што ќе дојдат и ќе не освојат.
1. Човештвото и технологијата
Самиот инстинктивен отпор кон технологијата што е поврзан со отпорот кон промена и адаптација (нагонот кон навика) и огромното количество на разгорени дискусии околу технологијата и нејзината наизглед претерана апликација докажува дека технологијата има огромно влијание врз човекот, општеството, културата, традицијата и други наизглед неповрзани гранки на човечката дејност. Воглавно во Македонија пристапот кон технологијата и нејзиниот раст е длабоко потценувачки. Кога ќе се спомене технологија, се мисли на мобилни телефони, компјутерски игрици и микробранови печки, што е наивно и ограничено само кон најочигледните првостепени промени што ги носи технологијата.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET