Paganska idolatrija i žrtvena praksa (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Paganska idolatrija i žrtvena praksa (makedonski)". Rad ima 16 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


1. Паганскиот култ кон природата
Примитивниот човек чувствува истовремено и страв и почит кон природата, значи неговото верско однесување се темели на амбиваленцијата, чувството на стравопочит кон моќта на околниот свет, којшто го надминува архаичниот човек и со кого тој физички и метафизички преговара. Примитивниот човек верува дека со светот управуваат натприродни суштества кои се раководат од импулси и мотиви слични на неговите, па оттука верува дека врз нив може да се влијае со молби, ветувања и закани (како и врз него самиот).
Тој не ги гледа границите на својата моќ на влијание врз природата и верува дека самиот има моќ да осигури убаво време или обилна жетва. Не знаејќи ја вистинската причина на појавите, примитивниот човек сметал дека е доволно да ги имитира, а малата драма што тој ја одигрувал на шумската ливада, ќе се повтори на поголема сцена. Маскирајќи се во лисја и дрва, тој вообразувал дека и помага на голата земја да се облече во зеленило. Не е воопшто чудно што помрачувањето на Сонцето и Месечината го доведувало до паника.
Од периодичните, циклични промени, смената на денот и ноќта со својата честа повторливост, не го загрижувала премногу бидејќи знаел дека денот пак ќе се роди; но годишниот циклус како еден подолг временски период за примитивниот човек кој имал кратко паметење и несовршени средства за бележење на времето, не успевал да го согледа во неговата кружна периодичност. Затоа, наесен гледајќи ги соголените дрвја не можел да биде сигурен дека тие пак ќе озеленат, дека сонцето кое паѓа се пониско пак ќе се искачи високо на небото, дека месечината која опаѓа повторно ќе се исполни. Стравувајќи за нивниот опстанок, тој правел се за да го врати ниското зимско сонце на старото место на летното небо, а цветот на оголената гранка.
Со текот на времето наизменичната смена на летото и зимата, растењето и умирањето на билките, раѓањето и смртта на живите суштества, поцивилизираните народи од Западна Азија и Египет почнуваат да го толкуваат како епизода од животот на боговите: како последица на растењето и опаѓањето на силата на божествата (боговите и божиците) кои се раѓале и умирале, чин којшто бил прославуван со драмски обреди на наизменично тажење и радување.
Ако тргнеме од фактот дека паганството е природна религија и дека верата на старите Словени е потполно природна (целиот нејзин култ произлегува од дивинизацијата на природата), јасно е дека обожувањето на природата е пред се и над се. Во народните претстави, некои елементи од природата (оган, вода, земја) имаат исклучително важна митолошка семантика и особено развиен култ, кој не може правилно да се сфати (особено обредите и обичаите околу култот на сонцето) ако не се разјасни претходно сточарско - аграрниот карактер на т.н. народен календар.
1.1. Култен / народен календар
Сметањето на времето во народниот календар (во нашиве рурални средини, дури и на прагот на XXI век) се одредува според празниците, обичаите и обредите кои тогаш се изведуваат. Паганските свечености биле прикрепени околу четири клучни точки во движењето на сонцето: пролетната (21 март) и есенската (23 септември) рамнодневица I еквинокциј - коишто ја делат годината на две полугодија: летно и зимно. Другите две точки се: летниот (21 јуни) и зимскиот (21 декември) солстициј - најдолгиот и најкраткиот ден во годината (долгодневицата и краткодневицата). Околу овие четири точки биле сконцентрирани сите пагански обредни дејствија.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET