Vlijanieto na nastanite vo Severna Afrika vrz megjunarodnata zaednica (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Vlijanieto na nastanite vo Severna Afrika vrz megjunarodnata zaednica (makedonski)". Rad ima 10 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

Есеј по предметот Меѓународни односи и дипломатија на тема:
Влијанието на настаните во северна Африка врз меѓународните односи
Во Тунис и Египет се одвиваат настани во својство на револуција. Широките народни маси се кренаа на бунт против своите владетели кои управуваа со нив со децении. Овие бунтови освен економски и социјални имаат и свои мошне длабоки идеолошки и политички причини. Поголемиот дел од народот и на двете земји бара промена на режимот, а со цел да се изнајде решение за присутните проблеми како што се сиромаштијата, корупцијата и недоволната слобода.
Протестите во Тунис го изненадија целиот свет. Истото важи и за насилните протести за цените на храната во Алжир и за демонстрациите против зголемувањето на цените во Аман.
Ако може да се случи во туристичката дестинација Тунис, може да се случи каде било, нели? Западот ја посочуваше државата како пример за стабилноста, кога со неа управуваше Зин ел Абидин Бен Али. Французите, Германците и Британците секогаш го фалеа диктаторот како пријател на цивилизираната Европа, кој исламистите ги држи цврсто под контрола, но денес настаните излегоа од контрола, а влијанието го чувствуваат сите. Вистината е дека арапскиот свет е толку дисфункционален, склеротичен, корумпиран, понижен и суров што е целосно неспособен за каков било социјален или политички напредок. Шансите дека од хаосот на Блиски Исток ќе се појават функционални демократии се сведени на нула. Но кои се последиците за останатите меѓународни актери?
Ретко зборовите на либанскиот поет Халил Гибран звучеле толку точно: „Жалете ја нацијата што го пречекува новиот водач со труби, а го испраќа со свирежи и потоа пречекува нов водач со нови труби“. Дали можеби овие зборови се однесуваат на диктаторите во Северна Африка?
Овие случувања во суштина се внатрешно прашање на самите овие земји, меѓутоа се следат одблизу од страна на целиот свет, па дури се настојува и да се усмеруваат. Благодарение на развиената комуникациска мрежа целиот свет имаше можност одблизу да ги проследи настаните. Реакциите на светската јавност беа различни. На ниво на народи во основа беше покажана симпатија и се пружаше поддршка, на ниво на држави и официјални органи во основа се применуваше пасивна политика, односно да се почека што ќе се случи, па потоа да се дефинира државниот став. Една од најзасегнатите земји е Турција, како поради нејзината регионална местоположба, така и поради нејзината надворешна политика што ја следи во последните години.
Уште од почетокот на револуциите на Блискиот исток погледите на светот не беа свртени само кон овие револуции, туку истовремено беа свртени и кон останатите земји значајни актери во овој регион. Внимателно се следи начинот на приод на останатите земји во регионот кон настаните кои што се случуваа во Тунис, Египет, Либија, а сега и во Сирија. Постои многу голема заинтересираност особено за политиките на земјите како што се Турција, Иран и Саудиска Арабија. Земја која се појавува најмногу на преден план меѓу нив е Турција. Од тоа како ќе се одвиваат настаните во голема мера зависат и идните меѓународни односи меѓу државите, нивната натамошна соработка и координација.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET