Menadžment (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Menadžment (makedonski)". Rad ima 16 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
СОДРЖИНА
Вовед 2
Што е менаџмент? 4
Развој на менаџментот 6
Типови менаџери 7
Клучни улоги на менаџерите 9
Меѓуперсонални улоги 10
Информативни улоги 12
Улоги на одлучување 13
Резиме 15
Користена литература 16
ВОВЕД
Бизнисот претставува трансформација на суровините, енергијата, трудот и другите ресурси во производи и услуги што се потребни на пазарот.
Некој треба да ги согледува потребите на пазарот, друг да го надгледува одвивањето на работните постапки на вработените, трет да се грижи за обезбедување и тек на парите.
Сите оние кадри коишто се занимаваат со активностите за насочување на работните задачи кон поставената цел, се именуваат како управување или менаџмент на бизнисот.
Улогата на менаџментот е да се грижи влезните ресурси што порационално да се насочат кон добивање на потребните производи, услуги и обезбедувањето профит.
Менаџментот постојано го следи работниот процес, грижејки се за стандардите на работењето. Така се донесуваат одлуки што го прават процесот порационален и тоа придонесува за поквалитетни производи и услуги, помали трошоци и задоволни вработени.
За остварување на вака сложената улога на менаџментот во малите претпријатија се грижи нивниот сопственик.
Со растот на претпријатието се врши поделба на менаџерските активности и одговорности поради што се јавуваат повеќе менаџери со различни овластувања, одговорности и функции.
Секој менаџер врши определени функции коишто го следат процесот на трансформација на влезните ресурси во производи, услуги и профит.
СТАНДАРДИ
МЕНАЏЕР
ИЗЛЕЗНИ РЕЗУЛТАТИ
ВЛЕЗНИ РЕСУРСИ
-луѓе -производи
-опрема -услуги
-материјали -пари
-енергија
-информации
-пари
улога на менаџерот во бизнис процесот
ПАЗАР
ПЛАНИРАЊЕ
ОРГАНИЗИРАЊЕ
ЕКИПИРАЊЕ
ВОДЕЊЕ
КОНТРОЛИРАЊЕ
ИЗЛЕЗНИ ПРОДУКТИ
РАЗНИ РЕСУРСИ
ТРАНСФОРМАЦИЈА
основни функции на менаџментот
ШТО Е МЕНАЏМЕНТ?
Честопати, во секојдневниот живот и во литературата, се поставува прашањето, зошто го користиме терминот менаџмент, а не управување – што произлегува од буквалниот превод на зборот.
Менаџментот е клуч за бизнисот и составно ткиво што ги држи заедно сите елементи на бизнис-организацијата. Добриот менџмент ќе овозможи бизнисот да биде успешен, а лошиот ќе предизвика негово пропаѓање.
Едноставниот одговор на прашањето што е менаџмент е дека станува збор за концепт којшто е лесно да се разбере, но малку потешко за да се прикаже.
Менаџментот е извршување на работите и остварување на некои цели преку луѓето.
-Менаџментот претставува водење на човечките и физичките ресурси во динамични организирани единици кои задоволувачки ги остваруваат нивните задачи со висок степен на морал и чувство за остварување на оние кои ја вршат службата.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET