Menadzeri nasproti lideri (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Menadzeri nasproti lideri (makedonski)". Rad ima 11 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Абстракт
Лидерот е лице кое без принуда влијае на своите соработници и вработените во организацијата, за да на најдобар начин придонесат за ефективно работење на организацијата. Менаџер е оној човек кој ја извршува работата во организацијата ( претпријатието ) со помош на ангажирањата на други луѓе кој се директно или индиректно вклучени во процесите.
Не постои цврста поделба помеѓу лидери и менаџери односно менаџер кој има исклучиво само менаџерски карактеристики и лидер кој има само лидерски карактреристики и особини.
Ако менаџерот е истовремено и лидер, тогаш тој многу брзо ќе го обезбеди успехот на деловниот субјект во кој работи. Доколку менаџерот знае само да користи мерки и инструменти за поттикнување на квалитетот во работата, а при тоа не се повикува на емоциите и личната доверба на луѓето, многу малку ќе наликува на лидер.
Клучни зборови: менаџмент, организација, мотивација, креативност, амбициозност
С О Д Р Ж И Н А
Вовед................................................................................................................3
Што е лидер, а што менаџер?........................................................................4
Лидер-менаџер................................................................................................5
Предности и недостатоци на лидерите и менаџерите.................................7
Заклучок.........................................................................................................10
Користена литература..................................................................................11
1.В о в е д
Менаџментот може да се дефинира како множество на активности преку кои се вршат одредени функции со цел на ефикасен начин да се обезбедат, распоредат, мобилизираат и алоцираат човечките потенцијали и физичките ресурси за да се постигне некоја цел.
Лицата што ги извршуваат активностите од менаџментот се нарекуваат менаџери или лидери.
Менаџер е оној човек кој ја извршува работата во организацијата со помош на ангажирањето на други луѓе кои се директно или индиректно вклучени во процесите.
Лидерството се манифестира преку способноста на едно лице без принуда, туку со личниот пример и убедување, да влијае на вработените да на најдобар начин, преку задоволство придонесат за ефикасно остварување на целите во организацијата.
За водење на една организација најдобро ќе придонесе првиот човек во организацијата кој ќе наликува на менаџер-лидер.
2.Што е лидер, а што менаџер?
Лидерот е лице кое без принуда влијае на своите соработници и вработените во организацијата, за да на најдобар начин придонесат за ефективно работење на организацијата. Лидерот поттикнува промени и за да биде ефективен треба да биде способен своите идеи да ги пренесе на другите луѓе. Со оглед на фактот дека лидерот ги води другите без принуда, тој треба пред се да се познава самиот себе.
Лидерите се способни да ја поедностават својата порака, без разлика колку таа е комплексна, за да биде разбирлива и за оние што немаат толкаво знаење. Потребен е талент за едноставност – нештата да се кажат во неколку збора.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET