Pazar na akcii i obvrznici (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Pazar na akcii i obvrznici (makedonski)". Rad ima 24 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

МИТ Универзитет
Факултет за менаџмент
Стручен труд
Тема: Пазар на акции и обврзници
Предмет: Менаџмент со фиксен доход со хартии од вредност
Скопје 2014
Содржина
1. Вовед ……………………………………………………………………………………….2
2.Финансиски пазари на хартии од вредност…………………………………………….3-5
3.Акции……………………………………………………………………………………..6-7
4. Основни елементи и права кои произлегуваат од една акција…………………...…7-9
5. Дивиденда……………………………………………………………………………….....9
6.Вреднување на акциите и методи за вреднување………………………………………10
6.1Моделот на вреднување на еден период……………………………………….11
6.2.Моделот на вреднување на повеќе периоди……………………….………….11
6.3.Модел на константен растеж на дивидендите………………..……………….12
6.4Модел на вреднување базирано на коефициент цена/приход……..………....12
7. Пазарот на акции во Р.Македонија.………………………………………………..13-14
8.Обврзници……………………………………………………………………………….14
9.Видови обврзници……………………………………………………………………15-17
10. Разлики помегу приоритетните , обичните акции и обврзниците …………………18
11.Пазарот на обврзници во Р.Македонија……………………………………………19-21
12.Заклучок………………………………………………………………………………..22
13.Користена литература…………………………………………………………………23
1.Вовед
Многу луѓе се заинтересирани за можноста да заработат пари по пат на инвестирање, но не знаат како и каде да инвестираат. Некои луѓе заштедените пари ги ставаат во банка и очекуваат со каматата да го зголемат почетниот вложен износ на парите.
Сепак овој начин на штедење не може да ги обезбеди целосно нашите очекувања за голема заработка.Ова би значело чување на парите на сигурно место, со релативно ниска каматна стапка и расположивост за користење зависно од рокот на депонирање
Преку берзата се јавува нова можност за инвестирање и штедење: инвестирање и штедење во хартии од вредност (акции и обврзници). Споредено со штедењето во банка или штедилница, инвестирањето носи ризик заради можноста цените да растат или опаѓаат. Меѓутоа, од овој начин на инвестирање и штедење произлегува и можноста за поголема заработувачка.
За нормално функционирање на секој стопански субјект неопходно е да се обезбеди потребниот капитал, честопати преку извори на капитал како што се акциите, обврзниците или нивна комбинација.
Акциите преставуваат доказ за сопственост на идеален дел од основната главнина на едно акционерско друштво.Особено важно за капиталот обезбеден врз база на акции е она што тој е траен, без обврска за негово враќање.
Обврзниците пак се јавуваат поретко поради, покрај ниското ниво на развиеност на пазарот на капитал, и неинформираноста на инвеститорите за можностите што ги нуди обврзницата, како и предностите што ги има пред другите хартии од вредност.
Токму поради тоа е неопходно секој потенцијален инвеститор да се информира за тоа што претставуват акциите и обврзницате, кои се нивните основни елементи, која е гаранцијата од инвестирањето во нив, какви видови постојат и нивните пазари во Македонија.
2.Финансиски пазари на хартии од вредност
Финансискиот пазар преставува организиран простор каде на одредено место , во одредено време и под јасно дефинирани правила се среќаваат понудата и побарувачката , како основни елементи на секој пазар.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET