Osnovi na menadžment (Makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Osnovi na menadžment (Makedonski)". Rad ima 12 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


Вовед
Менаџментот е процес или серија на чекори во правец на остварување напоставената цел. Тој претставува организациски пофат за поставување на обврски и односи во претпријатијата. Означува пренесување на одговорноста за корисно планирање и регулирање на операциите во едно претпријатие, претставува начин за определување на долгорочната прилагодливост на претпријатието на окружувањето (стратегиски менаџмент).
Тој е дисциплина која ги систематизира правилата, принципите и теорите за постигнување на целите, интердисциплинарна системска наука која означува примена на теории, средства и методи од многу дисциплини. Исто така се дефинира и како процес на извршување на посебни функции како што се: планирање, организирање, мотивирање, координирање и контролирање. Се дефинира и како ефикасно искористување на ресурси. Менаџментот претставува континуиран процес на донесување на одлуки, извршување и ревизија.
Во современото економско работење нема ниту еден фактор така важен како што е менаџментот. Без разлика на дејноста на претпријатието менаџментот наоѓа примена во сите деловни организации, училишта, универзитети, болници, влади.
Функцијата менаџмент во себе опфаќа повеќе функции: планирање, организирање, мотивирање, координирање и контролирање. Списокот на овие функции не е конечен. Може да бидат минимум три: планирање, организаирање и контролирање, а нивниот максимален број е многу голем т.е. покрај овие може да бидат и следните: кадри, насочување, раководење, претставување, иновирање, комуницирање, креирање, предвидување, преговарање итн. Конечноста на функциите не е дефинитивно одредена. Но, во секој случај, процесот или функциите на менаџментот се корисна рамка за делувањето на менаџментот. И покрај многуте функции главни се планирање, организирање, мотивација, координација и контрола.
Планирање
Примарна обврска на менаџерите е планирањето. Тие сметаат дека планирањето е примарна функција, а организирањето и контролирањето се секундарни.
Планирањето се фокусира на иднината: што треба да се направи и како. Во основа, планирањето како функција вклучува менаџерски активности за одредување на цели и соодветни начини за постигнување на тие цели.
Резултат на планирањето е планот, т.е. писмен документ што дава насока за
делување на фирмата.
Планирањето претставува антиципативно одлучување за тоа што, кога, зошто, како и кој да направи. Во себе вклучува дефинирање на цели, политики, планови и имплементација на плановите. За да се направи планот, прво мора да се дефинираат јасни, конкретни и мерливи цели кои треба да се остварат во иднина. Потоа, да се одреди начинот на кој ќе се остварат тие цели и со кој тим ќе се остварат. Откога ќе се дефинираат целите и начините за нивно остварување, менаџментот составува писмен документ во кој се содржани и целите и начините за нивно спроведување.
Елементи на планирањето:
Дефинирање на цели
Начела, насоки и критериуми за исполнување на целите
Ресурси
Имплементација на планот
1) Планирањето започнува со поставување на цели кои мора да ги задоволат очекувањата на многу и многу пати спротивставени групи во окружувањето. За да се оствари ова менаџерите морааат да одредат кои цели се приоритетни и во кое време која цел ќе се оствари. Временската димензија на целите е многу важна за профитабилноста и за мерење на профитабилноста. Времетраењето на целите може да биде краткорочно среднорочно и долгорочно.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET