Formiranje na plata vo firma (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Formiranje na plata vo firma (makedonski)". Rad ima 16 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


Универзитет на Југоисточна Европа
Факултет за бизнис и економија
Мастер
СЕМИНАРСКА РАБОТА
Предмет : Менџмент на човечки ресурси
Тема : ФОРМИРАЊЕ НА ПЛАТА ВО ФИРМА
Изработена од студентот : Ментор :
Тетово , 2011
СОДРЖИНА :
Вовед.........................................................................................................................3
ФОРМИРАЊЕ НА ПЛАТА ВО ФИРМА .........................................................4
Плата според Законот за работните односи ......................................................4
Основна плата..........................................................................................................5
Најниска плата........................................................................................................6
Ден и начин на исплатување плата.....................................................................6
Надоместок на плата...............................................................................................6
Одредување на плата...............................................................................................7
Индиректни материјални надоместоци................................................................9
Фактори кои го детерминираат плаќањето.......................................................10
Формирање на плата во Логин системи.............................................................11
Заклучок....................................................................................................................15
Користена литература............................................................................................16
Вовед
Доминантното местo во општиот колективен договор се однесува на цената на трудот, односно на утврдување (определување) на заработувачката на работникот. Всушност, со општ колективен договор се утврдува најниската плата, односно најниската цена на трудот за наједноставни работи и коефициенти врз основа на кои, поаѓајќи од најниската плата, се утврдува најниската - основна плата за група на работи со поголема сложеност.
Со други зборови, општиот колективен договор само ја утврдува најниската плата, а тоа значи дека нема никаква пречка на ниво на гранка или на ниво на работодавец (под услов да стопанисува со профит), да биде утврдена најниска и основна плата поголема од утврдената со општиот колективен договор.
Предното секако дека зависи, како од економската моќ на работодавецот, така и од преговарачката позиција на синдикатот. Тоа значи дека најниската плата утврдена во општиот колективен договор претставува најнизок износ на цената на трудот под кој, но само под услов на успешно стопанисување, не може или не би требало да се оди.
Треба да се има предвид и тоа дека најниската плата за определено работно место се утврдува според сложеноста и стручната подготовка која се бара за да може работите на конкретното работно место со успех да бидат извршени, а не и според стручната подготовка со која работникот номинално располага.
ФОРМИРАЊЕ НА ПЛАТА ВО ФИРМА
Што е тоа најниска плата, најниска цена на трудот или тн. "надомест доволен за живот"? Се мисли ли на најниската сума која може да се исплаќа на работниците за одржување на нивните семејства во живот, или на онаа потребна за полн и удобен живот?
Според член 3 од Конвенцијата 131 на Меѓународната организација на трудот за утврдување на минимална плата (1970) елементите кои треба да се земат предвид при утврдување на нивото на најниската плата (кој таа сигурно ќе ги опфаќа, колку е тоа можно и во склад со националната практика и услови) се следните:
(а) потребите на работниците и нивните семејства, земајќи го предвид општото ниво на платите во земјата, животните трошоци, поволностите од социјалното осигурување и соодветниот животен стандард на останатите групи;
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET