Skocen zglob | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Skocen zglob". Rad ima 12 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Универзитет Гоце Делчев ВЗШ - ЛАБОРАНТ
СЕМИНАРСКА РАБОТА
ПО ПРЕДМЕТОТ АНАТОМИЈА
НАСЛОВ
Скочен зглоб
(articulation talocruralis)
Предметен наставник:
Елизабета Зисовска Изработилa:
Симона Крстевска,
бр. инд. 11432
[email protected]
Штип
Денември, 2009
ВОВЕД
Зглобови на стапалото (articulatio pedis)
На зглобовите на стапалото им припаѓаат скокливиот зглоб (art.talocruralis), зглобовите на коренот на стапалото или тарзус, зглобовите на метатарзусот и интерфалангеалните зглобови на прстите на ногата.
Скочниот зглоб (articulation talocruralis) ја соединува потоленицата (crus) со стапалото (pes). Тој е означен како горен скочен зглоб.
Зглобни површини на скочниот зглоб се: долната зглобна површина од долниот карј на тибјата, зглобната површина на медијалниот глужд од тибијата, зглобната површина од латералниот глужд од фибулата и горната и бочните зглобни површини на талусот. Конкавната зглобна површина е оформена од долните краишта на тибијата и фибулата, и наликува на јака и цврста коскена вилушка, а нејзиниот конкавитет го опфаќа од горе бочните страни на телото на талусот (corpus tali).
Зглобната капсла е составена од фиброзна и синовијална мембрана.
Зглобни врски: Зглобната капсула на скочниот зглоб е зајакната од латералната и медијалната страна со заеднички врски со долниот скочен зглоб.
Art. Talocruralis
( горен скочен зглоб )
Горниот скочен зглоб (art. talocruralis) го формираат тибијата, фибулата и скочната коска.
Долната страна на тибијата и зглобната површина на глуждовите ја градат „зглобната вилушка“ која налегнува на испакнатата горна страна на скочната коска.
Овој зглоб е поврзан со долниот скочен зглоб.
Тибијата на горниот крај има внатрешни и надворешни кондили (condylus medialis i condylus lateralis) преку кои се зглобува со кондилите на бутната коска, додека фибулата на горниот крај има глава (caput fibulae) која се зглобува со тибијата.
Овие две коски на долните краеви завршуваат со надворешниот глужд (malleolus lateralis) на фибулата и внатрешниот глужд на тибијата (malleolus medialis). Овие два малеолуси се зглобуваат со скочната коска и формираат горен скочен зглоб.
Долен скочен зглоб
Скочната коска, заедно со петичната и чунестата коска го градат долниот скочен зглоб. Ова е сложен зглоб кој се состои од два зглоба: субталарниот и талокалканеонавикуларниот зглоб.
Горниот и долниот скочен зглоб заедно учествуваат во движењата на стапалото високо ( дорзална флексија ) и ниско ( плантарна екстензија ). При дорзалната флексија горната страна на стапалото се приближува кон предната страна на потколеницата, а при плантарна екстензија настанува спротивно т.е. стапалото се оддалечува од предната страна на потколеницата.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET