Rаkоpisnаtа strukturа nа mаkеdоnskitе crkvi i mаnаstiri (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Rаkоpisnаtа strukturа nа mаkеdоnskitе crkvi i mаnаstiri (makedonski)". Rad ima 20 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

 Семинарска работа
Ракописната структура на македонските цркви и манастири
Содржина
Вовед
За црквите и манастирите
Ракописи во црквите
Слепченската библиотека
Препишувачка дејност
Структури на ракописите
Заклучок
Вовед
Македонија е лулка на словенската писменост и култура, а ракописните споменици, создавани од IХ-от до ХVIII-от век, се најдрагоцените извори за проучување на македонската и општословенската книжевна историја, црковност, јазик и култура.
Средновековниот историски период оставил длабоки траги во македонската култура. И покрај историските бариери, и покрај најнеобичните и неповолни ситуации во кои се наоѓала Македонија низ вековите, светлите традиции што не изгаснувале, го трасирале патот на духовното, културното и книжевното живеење. Средновековните појави и пројави на одделни личности оставале траен печат врз вековното ракописно, книжевно наследство во Македонија.
Токму средновековните книжевни манастирски центри ќе го одржуваат тонот на традиционалното наследство, особено од средниот век, кога се ширело силното влијание на Охридската книжевна школа, во разни правци, допирајќи во сите словенски средини, кога се негувал и предавал духот на светите Кирил и Методиј преку словото на свети Климент и свети Наум охридските чудотворци и нивните други придружници.
Средновековната македонска книжевност, се повидливо и подоминантно, го добива своето место во рамките на македонската книжевна историја. Во последниве години објавени се завиден број студии, трудови и книги, во кои доминира средновековната проблематика. Можеме слободно да заклучиме дека средновековната книжевна проблематика евидентно се проширува и во научната, и во уметничката, а и во црковната литература.
Колку е важно делото на книжевните центри, книжевните школи и скрипториуми, се гледа од фактот дека токму тие послужиле да се зачуваат делата на златниот период на Црквата, чијашто важност е многу голема , како и делата на подоцнежните светилници на Православието. Без нивниот особен и макотрпен труд низ периодите коишто следувале, денешните проповедници, теолози, книжевници итн. навистина би се соочувале со низа тешкотии при својата работа.
За црквите и манастирите
- Македонските цркви и манастири се нешто најзначајно, највредно што може Македонија да го понуди и покаже во светот. Археологијата или римскиот период Италијанците веќе го имаат кај себе. Но, црквите, манастирите, византискиот период е тоа што им е интересно и прималиво за истражување и гледање. Кај нас имаме истражувања за периодот околу 19 век, како и за антиката, но што е со периодот измеѓу. Тој период е многу битен за нас, многу ни е близок, а малку се истражува. Со овој проект, се обидуваме да ги пополниме празнините за кои сметаме дека се на некој начин запоставени.
Затоа и не е доволно само да се регистрираат појавите и делата на св. браќа Кирил и Методиј и на нивните ученици светите Климент и Наум на овдешните простори, и натамошниот развој на духовните и културните односи да се набљудува од негативна позиција. Повеќе не е убедлив податокот дека средниот век е „темна и мрачна епоха на духовно мртвило“, затоа што во скоро сите следни десет векови имало разни поместувања во откривањата, во конкретни периоди и на конкретни места. Средновековната книжевност била одраз на единството во духовното и културното живеење во Византија, Македонија и другите јужнословенски средини. Империјата ги одржувала врските со древните духовно - философски материјали, пред сè со оние од класичниот период. Така, таа преку преводна постапка, автентично ги пренела конкретните творечки суштини на теренот, каде што живееле јужнословенските народи, меѓу кои бил и македонскиот. Но, овој процес, ние не смееме да го разбереме како византизација или како обид да се истисне сопствената традиција. Во периодот помеѓу XIII и XIV век, дошло до особено зближување на Византија со јужнословенските средини, бидејќи таа го загубила влијанието во источните провинции и токму тоа било пресудна причина подоцна, по распадот на империјата, јужнословенските средини да бидат тие кои ќе ја зачуваат византиската култура .
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET