Biznis plan (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Biznis plan (makedonski)". Rad ima 19 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

СОУ.Ѓорче Петров- Прилеп
БИЗНИС ПЛАН
Изработил : Професор:
Симона Илиовска Благица Тренчевска
Прилеп 2012
Содржина
Општи податоци за претпријатието ..................................................3
Опис на проектот ...............................................................................4
Маркетинг план...................................................................................6
План на производство......................................................................11
Менаџмент........................................................................................14
Финансиски план..............................................................................15
SWOT анализа...................................................................................17
Резиме ..............................................................................................18
Баланс на успех (табела) ..................................................................20
Б и з н и с п л а н
На компанијата:Сабина
Општи податоци за претпријатието
Полно име на фирмата : ,,Сабина’’ Д.О.О Прилеп –монтажа на системи за акумулирање и користење на атмосферска вода
Адреса: Цар Самоил бб
Тел.Факс: 048 557 633
ЕМБ на фирмата :369512458975
Даночен број на фирмата: 50009861201789
Жиро сметка: 0484213319951
e-mail: [email protected]
Вовед
Нашата компанија е ,,Сабина ‘’ДОО Прилеп е во приватна сопственост. Основана е од 4 сопственици. Претставува независен бизнис, кој ќе започне со работа на 24.05.2012год. Се занимава со производство на системи за акумулирање и користење на атмосферска вода. Нашето мислење за профитабилноста на нашиот бизнис се состои во тоа што нема конкуренција и претставува новитет на пазарот.
За нашиот бизнис потребен ни е деловен простор кој ќе се состои од канцеларија со изложбен салон и магацин. Канцеларијата со изложбениот салон ќе биде во центарот на градот, поблиску до потрошувачите, магацинот ќе биде лоциран во индустриската зона во градот поради полесна достава на материјалот, а доколку се изнајде погоден простор може да се инвестира во поврзан објект каде магацинот и изложбениот простор ќе бидат една целина. Местото ќе биде лесно пристапно, има јавен превоз и добро улично осветлување.Основачи на компанијата се содружници кои основаат ДОО како најпогодна форма за отпочнување на бизнис без ризик.Најпогодно е да вложат четири содружници по 500.00 денари –средства кои можат да се обезбедат од разни извори.
Клучен персонал се монтерите и од нивната стручност зависи и квалитетот на производот.А со добар квалитет успехот е загарантиран.Четири сопственици и пет вработени лесно можат да се организираат во нашата оргазациона поставеност.Патентирањето на производот е најголем предизвик за нашиот бизнис и идна це.Доколку се патентира и заштити производот кој кај нас го нема,во иднина како иноватри би оствариле приход и од изнајмување на патентот на други компании.
Опис на проектот
2.1 Производи и услуги
Нашиот производ претставува новитет на пазарот. Има позитивни карактеристики, потенцијал и природни услови за да успее. Задоволува голем број на потреби меѓу кои и тоа што во секое време има определено количество на техничка вода кое зависи од повеќе фактори: количество на врнежи, домашна потрошувачка, големината на резервоарот и сл. Некои причини го прават овој производ уникатен: немање на исти или слични производи, лесен за монтирање и лесен за употреба. Поради тоа што претставува иновација на пазарот во Македонија ќе го заштитиме со патент. Нашиот бизнис се соочува со одредена конкуренција, не само на странскиот пазар туку и на домашниот пазар. Такви конкуренти се агенциите кои бушат бунари. Како што и ние се стремиме за квалитетот на нашиот производ, така и производите од конкуренциjата поседуваат добар квалитет кој ни претставува закана. Врз основа на нашето истражување можеме да констатираме дека патеката за развој на нашиот бизнис за во иднина е поволна.Се поголем број на домаќинства во светот се грижат за глобалното затоплување и недостигот на вода. Новите технологии имаат одредено влијание во однос на користењето на нашиот производ. Некои од нив влијаат на брзината во користењето а некои во квалитетот на финалниот производ со користењето на основниот производ. Има потреба и од човечки и од финансиски ресурси. Но постојат и одредени технички ризици. Можно е оштетување на производот при лош транспорт. Техничкиот развој на конкурентите и на пониско ниво во однос на нашиот.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET