Bankarskiot sitem na R | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Bankarskiot sitem na R. Makedonija (makedonski)". Rad ima 14 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


УНИВЕРЗИТЕТ ГOЦЕ ДЕЛЧЕВ
ШТИП
ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ
КОЧАНИ
СЕМИНАРСКИ ТРУД ПО ПРЕДМЕТОТ
ПРИМЕНЕТА ЕКОНОМИЈА
НА ТЕМА: БАНКАРСКИОТ СИСТЕМ НА РМ
Подготвил Ментор
Студент Доцент.д-р
Кочани
Јуни, 2010
Содржина стр.
ВОВЕД 3
РАЗВОЈ НА БАНКАРСКИОТ СИСТЕМ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 3
БАНКАРСКИ ФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ 6
НЕБАНКАРСКИ ФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ 9
ЗАКЛУЧОК 11
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА 12
ВОВЕД
Сегашниот банкарски систем во РМ го претставуваат банкарските и небанкарските финансиски институции што извршуваат финансиски функции. Во банкарските институции покрај НБРМ како централна и единствена емисиона банка, спаѓаат и другите финансиски посредници како што се:
- Банките;
- Штедилниците и
- Осигурителните друштва.
Во небанкарските институции спаѓаат таквите помошни финансиски институции како што се:
-Македонската берза на долгорочни хартии од вредност;
-Пазарот на пари;
-Фондот за осигурување на депозитите;
-Централниот депозитар на хартии од вредност
-Клириншката куќа;
-Брокерски друштва.
РАЗВОЈ НА БАНКАРСКИОТ СИСТЕМ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Банкарскиот систем на РМ е дел од економскиот систем и ги прати неговите реформирања.Можат да се издвојат неколку покарактеристични фази и реформи во развојот на банкарскиот систем на Република Македонија:
- Основна карактеристика на банкарскиот систем во административниот економски систем беше тоа што во услови кога стопанството не беше пазарно ориентирано и банките не работеле врз основните пазарни, туку врз административните принципи. Тие биле претворени во административно-државни институции, државна каса преку која се остварува буџетот.
- Во самоуправниот економски систем промените во банкарскиот систем оделе многу бавно. Банките и понатаму не работеле по пазарни принципи, па покрај Народната банка на Југославија, се основале и повеќе специјализирани банки за надворешна трговија, инвестициона банка и земјоделска банка. На ниво на републиките се формирале и комунални банки кои се занимавале со сите банкарски работи.
- Најзначајни промени настанале по стопанската реформа во 1965 година, кога со се поголемата афирмација на пазарните принципи, банките добиле можност да работат врз економските принципи на рентабилност, ефикасност и ликвидност. Тие добија поголема самостојност, а меѓу стопанството и банките се воспоставиле деловни односи. Во банките, иако имаа формално право на самостојно одлучување, сепак големо било мешањето на државните и партиските органи, особено во тоа каде ќе се вложат средствата на банките.
- Со уставните промени во 70-тите години, банкарскиот капитал се подели меѓу основачите на банките (ОЗТ или организациите на здружениот труд), заради што банките беа прогласени за банки на здружениот труд. Со банките управуваа делегати од ОЗТ што беа нивни основачи. Банкарскиот апарат за определен надоместок ги вршел административно-стручните работи, но не учествувал во управувањето со банките. Во овој период Народната Банка на Југославија прераснала во систем на народни банки во чиј состав покрај НБЈ влегуваа уште и народните банки на републиките и покраините, па во 1973 година се конституира и Народната Банка на Македонија, со многу својства на централна банка, освен правото да врши емисија на пари. Кон крајот на 70-тите години, основните банки во Македонија се здружиле во една здружена банка, Стопанска Банка со 27 основни банки и повеќе експозитури.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET