Trezorski bankarski aranžmani (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Trezorski bankarski aranžmani (makedonski)". Rad ima 9 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Индивидуална семинарска работа по предметот:Управување со јавни финансиина тема: ТРЕЗОРСКИ БАНКАРСКИ АРАНЖМАНИ
Мentor: Izrabotil:
Вовед
Владата преку Трезорот е одговорна за обезбедување ефикасен финансиски менаџмент со јавните финансии, како и за обезбедување на ефикасна, рационална и транспарентна јавна потрошувачка. Со цел да ги оствари овие цели Трезорот мора да ги обезбеди, односно да ги извршува следните функции: добар процес на управување со готовината, добро финансиско планирање на приливот и одливот на готовина, добро управување со владините банкарски сметки, консолидација на сите јавни фондови, директен увид во сите приходни и платежни трансакции, како и навремено и точно известување за финансиската позиција на Владата. Сите овие функции се предуслов за носење на добри и адекватни одлуки од сферата фискалната политика, што ќе резултира со ефикасно управување со јавните финансии и транспарентно користење на јавните пари.
Основниот резон кој стои позади доброто управување со готовината и ефикасната алокација на јавните фондови се наоѓа во: минимизирање на трошоците на владино позајмување, максимизирање на профитот од владините инвестиции и навремено извршување на буџетот. За да се оствари тоа потребно е да се консолидираат сите владини фондови на едно место и да се одржува најниско одржливо готовинско салдо кое ќе овозможи навремено извршување на Буџетот без притоа да се создаваат неизмирени обврски кај Буџетските корисници. Неизмирените обврски се проблем со кој владите често се среќаваат, а лошото управување со готовината е само еден од факторите кои можат да доведат до нивно создавање.
Главен дел
ДЕФИНИЦИЈА НА ЕДИНСТВЕНАТА ТРЕЗОРСКА СМЕТКА
Консолидацијата на сите владини фондови може да се оствари со имплементацијата на концептот на "единствена трезорска сметка - ЕТС".
Единствената трезорска сметка вообичаено се дефинира како сметка или група на сметки преку кои сите јавни приходи се собираат и сите јавни расходи се процесираат. Оваа дефиниција содржи три главни елементи: сметки, сите јавни приходи и сите јавни расходи.
Важно е да се напомене дека иако единствената трезорска сметка изгледа како една сметка таа е збир на илјадници сметки кои служат за собирање на приходите и извршување на расходите. Нејзината содржина варира од држава до држава во зависност од економското окружување и имплементираните концепти. Подоцна ќе биде презентирано искуството на Македонија со имплементацијата на ЕТС.
Терминот "сите јавни приходи" ќе ги опфати даночните и неданочните приходи на Централниот буџет, но не само тие од централниот фонд. Терминот исто така треба да ги опфати и приходите собрани од буџетските корисници без разлика на изворот. Буџетските корисници покрај приходите од Централниот буџет вообичаено остваруваат и дополнителни приходи од некои дополнителни активности, добиваат донации или пак остваруваат прилив по основ на одобрен кредит како резултат на нивно учество во некој проект.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET