Penzisko osiguravanje (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Penzisko osiguravanje (makedonski)". Rad ima 20 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


ПРОЕКТ
Предмет:
Тема:
Ментор : Израотил:
Скопје, 2013г.
Содржина:
Вовед…..……………………………………………………….................3
Структурата на македонскиот пензиски систем……………………4
Тековна финансиска состојба на фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (2011 година)………………………….5
Позначајни статистички податоци од спроведувањето на пензиското и инвалидското осигурување со состојба за 2011 година............................................................................................5
Проекции за идната финансиска состојба на фондот........8
3.2.1. Методологија на проектирање.....................................10
3.2.2. Демографски претпоставки......................................11
3.2.3. Економски претпоставки.........................................13
3.2.4. Измени во пензиската политика...........................15
3.2.5. Проекции за пензискиот систем............................16
4. Заклучок...............................................................................................19
5. Користена литература........................................................................20
Вовед :
Пензиското и инвалидското осигурување како важен дел од социјалното осигурување претставува рамка со која се регулира начинот на осигурување од ризиците: старост, инвалидност и смрт. Македонскиот пензиски систем постои повеќе од 60 години и со него се уредуваат односите и правата од пензиското и инвалидското осигурување.
Пензиското осигурување, како дел од социјалното осигурување е обезбедено од страна на државата и неговата првостепена функција е да им обезбеди на луѓето соодветен приход во нивната старост. Секој пензиски систем има четири главни цели:
на старите лица да им се обезбеди финансиска сигурност по пензионирањето
да се обезбеди финансиска сигурност на вработените во случај на губење на работната способност
да се обезбеди финансиска сигурност на семејството на вработен или пензионер во случај на смрт
да се исполнат претходните три услови а да не се преоптовари националната економија
Пензискиот систем во Република Македонија, како значен дел од социјалното осигурување, постои повеќе од 60 години, најпрво во рамките на поранешна Југославија, а од 1993 година како автономен систем. Важноста на пензиското и инвалидското осигурување во Република Македонија се гледа во бројот на осигурениците кои што плаќаат придонес, и бројот на корисниците на пензија кои што живеат од пензијата како и од висината на расходите за пензиско осигурување и нивното учество во бруто домашниот производ.
Структурата на македонскиот пензиски систем
Структурата на македонскиот пензиски систем би можеле да ја дефинираме на следниот начин:
Задолжително пензиско и инвалидско осигурување врз основа на генерациска солидарност (прв столб) организирано според принципот на тековно финансирање (pay-as-you-go) со дефинирани пензии, што го претставува досегашниот систем со извршена рационализација. Овој вид осигурување ќе обезбеди остварување права од пензиското и инвалидското осигурување во случај на старост, инвалидност и смрт, што значи дека ќе се исплаќа дел од старосната пензија, инвалидска и семејна пензија, како и најнизок износ на пензија.
Задолжително капитално финансирано пензиско осигурување (втор столб). Со ова осигурување ќе се обезбеди остварување право на пензиско осигурување во случај на старост, односно ќе се исплаќа останатиот дел од старосната пензија. Овој начин на осигурување е врз принцип на собирање средства преку плаќање придонеси на индивидуални (лични) сметки, кои средства понатаму се инвестираат и заедно со добивката се акумулираат на сметките. По пензионирањето ќе се добиваат акумулираните средства преку аниутет или програмирани повлекувања.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET