- семинарска по предметот -
Римско право
БРАК
СОДРЖИНА
Поим на бракот
Услови за склучување брак
Брачни пречки
Свршувачка - sponsalia
Форми за склучување брак
Односи на брачните другари. Matrimonium cum manu et sine manu
Мираз и предбрачен подарок
Престан на бракот
Врски меѓу маж и жена слични на брак
Заклучок
Користена литература
Поим на бракот
Бракот е една од најстарите установи што поминала низ најразлични фази во развитокот, но секогаш служела за регулирање на половите односи меѓу мажите и жените и за прокреирање на потомството. Оваа функција ја имал бракот и во римското општество.
Генсот, конзорциумот и патријархалното семејство на агнатите под власта на pater familias претстваувале широки заедници, што во својот состав имале голем број мажи способни за женење и голем број девојки способни за мажење. Бидејќи овие заедници биле егзогамни, на мажите им било допуштено да се женат само со девојќи родени надвор од рамките на заедницата, а на девојките да се мажат за мажи само од други такви заедници. Освен тоа, при секоја женидба, при секое склучување на брак се поставувале прашања и за другите услови под кои мажите можеле да се женат, како и за условите под кои жените можеле да се мажат. Еден од основните такви услови бил женењето и мажењето да бидат засновани врз начелата на моногамија, а тоа значи дека веќе од најстарите времиња римските заедници меѓу машки и женски лица биле признавани само како заедници на еден маж и една жена. Таквите заедници, доколку биле трајни и на закон засновани, се викале брак или justae nuptiae (matrimonium justum).. Според тоа, римскиот брак од најстарото време бил сфатен како биолошка, егзогамна, моногамна, трајна или животна заедчица мегу маж и жена, доколку била заснована врз законоки одредби[1].
Ова било искажано и во дефинициите на бракот дадени во римските правни извори: naputae sunt conjucatio maris et feminae et consortium omnius vitae, divini et humani juris comunicatio, бракот е врска меѓу маж и жена, заедница на нивниот живот, поврзана со меѓусебно делење на сето она што е предвидено со божјото и со човечкото право. Во иста смисла бракот бил дефиниран и како: naptiae autem sive matrimonium est viri et mulieris conjunctio, individuam consuetudinem vitae continens – женидбата или бракот е врска меѓу маж и жена заснована врз заедничко живеење.
Услови за склучување брак
За склучување полноважен римски брак (justae nuptiae, matrimonium justum) идните брачни другари требало да исполнуваат неколку битни или конститутивни услови. Од нив се барало да имаат jus conubii, да формираат affectio maritalis, да бидат во пубертет и бракот да го склучат во форма пропишана со правото.
Римски брак можеле да склучат само лица на кои им бил признат jus conubii. Jus conubii имале само римскмте граѓани и старите латини (latini veteres). Тоа право, до lex Canuleia, им било ограничено на плебејците. а потем и на лмбертините и на припадниците на населението врзано за занимање, како и на лицата прогласени за еретици и апостати. Со оглед на тоа ограничување. припадниците на тие групи население можеле да склучуваат брак само меѓу себе, но не и со припадници на другите општествени слоеви.
Римски брак можел да биде склучен само тогаш кога заедниицата на мажот и на жената била засновувана со намера брачните другари да живеат токму во брак (affectio maritalis). Во старото право affectio maritalis или намерата да се склучи брачна заедница не морала да постои кај идните брачни другари[2]. Во тоа време било достатно оваа намера да ја изразат шефовите на соодветните семејства. Во класичното право било нужно affectio maritalis да постои и кај идните брачни другари и кај нивните шефови на семејствата, а во посткласичното време таквата намера се барала и била право релевантна само ако постоела кај лицата што стапувале во брачна заедница.
Во римски брак можеле да стапат само лица што биле способни за остварување на природните цели на бракот, а тоа значело -лицата што биле во пубертет: жени со дванаесет и мажи со четиринаесет години возраст.
За да може да ги произведе сите правни дејствија бракот требало да биде склучен во форма предвидена со закон. Формите за склучување римски брак биле: conferratio, coemptio и usus.
Во случаите кога меѓу маж и жена постоеле трајна заедница, а не бил исполнет некој од наведените конститутивни услови нужни за постоење на бракот, Римјаните сметале дека таквата заедница претставува concubinatus или природен брак што не произведува правни последици врзани за установата брак.
Брачни пречки
Според прописите на римското право, за да дојде до склучување на matrimonium justum или justae nuptiae, покрај постоењето на конститутивните услови, било потребно кај идните брачни другари да не постојат некои околности чиешто постоење би предизвикало поништување на бракот - ништовност на брачната врска. Околностите што не смееле да се остварат при склучувањето на определен брак биле наречени брачни пречки[3].
Веќе постоен брак претставувал една од основите брачни пречки, бидејќи римското право знаело само за моногамен брак. Склучувањето брак спротивно на оваа пречка доведувало не само до негово поништување, туку и до infamia.
Како брачна пречка се сметала и душевната болест, доколку му претходела на склучувањето на брачната врска. Меѓутоа, ако таа настанала по склучувањето на бракот, бракот можел да се одржи или да биде разведен. И крвното сродство, по права линија неограничено а во странична до четвртиот степен, претставувало брачна пречка. Сродството по тезбина било брачна пречка само во права линија, а граѓанското сродство, односно сродството по посвојување, во тој однос било изедначено со сродството по крв[4].
Освен наведените брачни пречки, во семејното законодавство на Август (lex Julia de maritandis ordinibus и lex Julia de adulteris) биле воведени и бројни други причини, што спречувапе правовалидно склучување на бракот. Тогаш бил забранет бракот меѓу граѓанин роден на слобода (ingenuus) и жена ослободена од ропство што имала лошо поведение, а посебно бил забранет бракот меѓу сенаторите и сите либертини, како и бракот меѓу овие лица и артистки, бидејки се претпоставувало дека се тоа жени што не му одговараат на сенаторскиот висок ранг.
Во подоцнежно време биле забранети и браковите меѓу тутор и пупила, меѓу управник на провинција и жени домицилирани во таа провинција, меѓу христијани и неверници, меѓу лица од кои барем едното положило завет за девственост, меѓу лица што за време на поранешниот брак сториле меѓусебно неверство или adulterium, додека пак на војницитe целосно им било забрането стапување во брак.
Браковите склучени спротивно на овие пречки и забрани биле ништовни или немале некои последици од правилните брачни врски.
Свршувачка - sponsalia
На склучувањето на бракот, по правило, му претходела свршувачка или заемно давање и примање ветување дека ке биде склучен брак: sponsalia sunt menito et repromissio nuptiarum futurarum, во старото право формата за склучување на свршувачката била свечена sponsio меѓу нивните patres familias, доколку биле биле alieni juris. При свршувачката било договорено склучувањето на бракот и условите за неговото склучување. Доколку свршувачката била склучувана меѓу pater familias на вереникот и pater familias на невестата, на неа можеле да присуствуваат и идните брачни другари, но нивното присуство немало правно значење. Врз основа на свршувачката во најстаро време произлегувала обврската здоговрениот брак навистина да се склучи. Кога надвладеало начелото за слобода при стапувањето во брак ваква обврска веќе не постоела (matrimonia libera esse debent). Оттогаш, врз основа на свршувачката, доколку не ќе дојдело до склучување на бракот, можело да се бара надомест на штета од лицето што без причина ја раскинало, како и враќање на подароците што ги дала невината страна[5].
Во класичното и посткласичното право свршувачката можела да биде склучена и со неформална слогодба. Тогаш можел да биде здоговоруван или даван специјален надомест за случај по свршувачката да не дојде до склучување на бракот. Тоа се правело или по пат на стипулација или по пат на капар (arra sponsalicia).
Форми за склучување брак
Правовалидните бракови морале да бидат склучени во форми пропишани со закон. Тие биле различни за одделните слоеви на населението, а и со оглед на последиците што по склучувањето на бракот требало да бидат постигнати.
Во најстарото време браковите се засновувале со еднострани дејствија на младоженците и нивните гентилни другари. Во таа смисла се споменувало грабнувањето (raptus mulierum). Споменот на овој период бил зачуван во легендата за Сабинијанките и во религиозниот обред при изборот на Весталките.
Најстар начин или најстара форма за склучување на бракот по спогодба била coempito или купување на жената во форма per aes et librum. Кај оваа форма, што најверојатно настанала во периодот кога жената навистина била купувана, pater familias на невестата во присуство на libipens и пет сведоци му ја давал невестата на шефот на семејството на младоженецот или на младоженецот лично (ако тој бил sui juris), а пак младоженецот лично или шефот на семејството ја изговарал формулата на присвојување и му ја давал здоговорената цена на шефот на семејството на невестата. По овие формалности се сметало дека е склучен правовалиден римски брак. Оеаа форма на склучување на бракот се задржала и тогаш кога жените веќе не биле навистина продавани. Таа се претворила во симболично продавање и симболично плаќање на цената. наместо цената бил предаван "nummus unus" или ситна пара што останало како спомен на минатото.
Втора со закон предвидена форма за склучување на бракот била т.н. confarreatio. Тоа била најсвечена форма што ја употребувале патрициските слоеви од римското општевство. При склучувањето брак во оваа форма морале да присуствуваат младоженците, нивните patres familias, pontifex maximus, flamen Dialis и најмалку десет возрасни римски граѓани. Сите присутни биле должни да му принесат жртва на Јупитер (panis ferreus) и да ја придружуваат невестата при одењето во куќата на младоженецот. На вратата од својата куќа младоженецот и предавал на невестата оган и вода и ја послужувал со леб, а пак невестата, примајќи ги лебот, огнот и водата, требало да изговори: ubi tu Gaius, ibi ego Gaia (каде што ќе бидеш ти, ќе бидам и јас). Оваа форма за склучување брак била позната уште во времето на Гај, бидејќи одделни свештеници можеле да бидат избирани само од редот на граѓаните што биле родени во брак склучен во форма на confarreatio.
Најчеста и наједноставна форма за склучување римски брак бил usus (засновање заеднички живот). Usus како форма за склучување брак настанал во сиромашните плебејски кругови и се состоел во просто преселување на жената во домот на младоженецот. Од обичниот конкубинат оваа брачна заедница се разликувала по т.н. affectio maritalis. Се претпоставува дека affestio maritalis постои кога во животната заедница се наоѓале маж и жена што имале иста општествена положба односно што им припаѓале на општествените слоеви меѓу кои редовно доаѓало склучување на бракови, како и тогаш кога меѓу лицата што живееле заеднички бил здоговорен мираз или donatio ante nuptias. Не само поради едноставноста, туку поради можноста во бракот склучен со usus жената да ја зачува својата слобода, таа форма за склучување бракови станала речиси единствена. Имено, се сметало дека жената мажена во форма на usus ќе влезе под manus на мажот или на шефот на неговото семејство дури по една година, и тоа доколку сето тоа време го помине во куќата на мажот. За да не се случи тоа, жените што сакале да си останат слободни, пред истекот на пропишаниот рок, поминувале три дена надвор од куќата на мажот (usurpatio trinoctii). Во тој случај тие не влегувале под manus на мажот, ниту пак под manus на шефот на неговото семејство, туку и натаму останувале sui juris, доколку пред склучувањето на бракот имале таква положба, односно останувале под patria potestas на шефот на своето поранешно семејство, доколку биле alieni juris.
Бракот склучен во форма на usus со користење на usurpatio trinoctii превладувал и во посткласичното право, иако веќе тогаш се пројавил стремежот за правовалидно склучување брак да се бара и благослов од црквата.
Односи на брачните другари. Matrimonium cum manu et sine manu
Во бракот склучен во некоја од старите форми – coemptio, confarreatio, па дури и во бракот склучен по пат на usus, доколку жената не ја користела т.н. usurpatio trinoctii - врз неа се засновувала власт или manus на старешината на семејството на мажот или на самиот маж, ако тој бил sui juris. Ваквиот брак, во кој доаѓало до т.н. conventio in manum бил познат како manus – брак или брак со manus. Наспроти тоа, кај брак склучен во форма на usus, во кој жената ползувала usurpatio trinoctii, не се засновувал manus ни мажот ниту пак шефот на неговото семејство. Во овој брак жените останувале лица sui juris, доколку биле такви пред склучувањето на бракот, односно останувале под власта на својот pater familias, доколку пред склучувањето на бракот биле лица alieni juris. Ваквиот брак бил познат како брак без manus (matrimonium sine manu).
Односите на брачните другари во бракот со manus битно се разликувале од односите во брак без manus. Токму затоа бракот со manus (matrimonium cum manu) и бракот без manus (matrimonium sine manu) претставувале два битно различни вида брачни врски[6].
а) Односите на брачните другари во брак со manus. - Бракот cum manu бил типичен брак од старото време. Во овој брак жената станувала член на семејството на мажот и потпаѓала под непосредна зависност на шефот на семејството. Со самото тоа биле прекинати сите врски на жената со нејзиниот поранешен domus. Таа станувала агнат со агнатите на мажот, а не била веќе агнат во семејството на татко си. Во новото семејство жената имала правна положба каква што имале и другите жени. Таа била filiae loco. Сиот имот на таквата жена преоѓал врз старешината на нејзиното ново семејство. Старешината на тоа семејство бил сопственик и на сето она што жената подоцна ќе го спечалела. Врз личноота на жената под manus старешината ги имал речиси сите права што ги имал и врз другите лица alieni juris, Овие права понекогаш се протегале и до jus vitae ac necis. Од друга страна, личните односи на жената спрема мажот кој не бил sui juris биле регулирани со обичајното право и на фактички начин.
Основното и единствено право на жената мажена во брак со manus било правото на наследување. Ова право било изедначено со наследните права на другите женски членови на domus.
6) Односите на брачните другари во брак без manus. -Браковите без manus биле типични во класичниот и поткласичниот развиток на римската држава. Тие надвладеале поради претворањето на семејството во заедница на потрошувачи и поради стопанското и општественото осамостојување на жената. Во браковите без manus жената не станувала агнат со агнатите на мажот. Таа останувала агнат во своето поранешно семејство, како и лица sui juris, доколку имала таква положба пред склучувањето на бракот. Според тоа, самото склучување брак без manus не влијаело ни врз правната ниту пак врз деловната способност на жената. Па, сепак бракот без manus предизвикувал определени правни последици што произлегувале од самиот факт на постоење на брачната врска: мажот и жената биле должни меѓусебно да се помагаат и да се почитуваат, како и да се воздржуваат од секој акт со кој би била доведена во прашање нивната брачна заедница. Поради тоа, тие не смееле меѓусебно да се тужат, а не морале ни да сведочат еден против друг. Жената ја добивала општествената положба и домицилот на мажот, како и правото да бара издршка од мажот. Мажот можел да бара жената да живее во неговото домаќинство, а имал право да управува со миразните добра на жената се додека миразот го користел ad onera matrimonii sustinenda. Спрема другиот имот на жената (bona parapherna) тој немал никакви права, доколку жената со посебен договор (mandatum, depositum) не го пренесла врз него чувањето и управувањето со тој имот. Имотната самостојност на жената и режимот на одделни имоти биле особено поттикнати со забраната на преземање долгови и на интерцесија или гаранција на жената во корист на мажот. Истата таа цел ја имала и забраната на давање подароци меѓу брачните другари. Таквите подароци, по oratio Antonini, можеле да бидат конвалидирани само доколку брачниот другар што го дал подарокот умрел пред неговото отповикување.
Самостојната положба на жената во бракот без manus довела до негирање на наследните права на жената во семејството на мажот, па дури и до негирање на заемните наследни права меѓу мајката и децата. Мајката и децата не се наоѓале го агнатско, туку само во когнатско сродство. Овие недостатоци на наследниот систем, засновани врз начелата на агнатското сродство, биле исправани од страна на преторите, а посебно и со прописите на ѕс. Tertulliannum и ѕс. Orphitianum. Од тоа време било овозможено заемно наследно право на брачните другари, како и наследување меѓу мајката и нејзините деца.
Мираз и предбрачен подарок
Откако римското семејство станало заедница на потрошувчи, при склучувањето брак било потребно да се утврдат и создадат средства што требало да служат за подмирување на трошоците на новонастанатата заедница меѓу мажот и жената и нивното можно потомство. Во времето кога новото потрошувачко семејстао се уште било засновано врз принципите на агнатското сродство и кога се уште постоела имотна заедница меѓу шефот на семејстеото и лицата alieni juris, обврската за внесување определено количество добра за подмирување на потребите на новонастанатата брачна заедница и за олеснување на заедничкиот живот на брачните другари го оптоварувала само семејотвото на жената. Меѓутоа во времето кога се развило когнатското семејство и кога лицата alieni juris се здобиле со помала или поголема имотна самостојност, а особено кога станало вообичаено брачните другари да основаат свое домаќинство, обврската за обезбедување средства за заеднички живот била установена и за мажите. Оттогаш имотот што им стоел на располагање на брачните другари за подмирување на трошоците на брачната заедница, бил составен од две одделни маси на добра: од миразот (dos) што го донесувала жената и од предбрачниот подарок (donatio ante nuptias) што го давал мажот.
а) Мираз (dos). - Имотот што по повод склучувањето брак жената му го давала на мажот заради олеснување на заедничкиот живот се наречувал мираз (dos): ibi dos esse debet, ubi onera matrimonii sunt. Должноста да се донесе мираз ја оптоварувала самата жена, доколку била sui juris, односно - шефот на нејзиното семејство, доколку била alieni juris. Оваа должност го оптоварувала таткото на невестата и во случај кога ќерка му била еманципирана, а по исклучок мираз требало да даде и нејзината мајка. Со оглед на потеклото на миразот, тој се делел на dos profecticia или мираз што го давал pater familias на жената и dos adventicia или мираз што произлегувал од други извори[7].
Начините на обезбедување мираз биле различни: dos aut datur aut dicitur aut promittitur. Datio dotis или предавање на миразот се вршело со секој акт што бил доведен за воспоставување владеење на мажот врз миразните добра (mancipatio, in jure cessio, traditio) или за овозможување користење со некои права (квазивладеење на право по основа на стипулација, цесија на побарувањето и слично). Promissio dotis и dictio dotis се вршеле во форма на свечено еднострано цетување, што се вбројувало во вербалните договори. Во посткласичното право покрај спомнатите начини, миразот може да биде здофоворен и со неформална спогодба наречена dotis policatito, што се вбројувала меѓу pacta legitima.Птавниот режим врз миразните добра бил различен. Во старото право важело правилото дека миразот посклучувањето на бракот пеоѓа во сопственост на мажо или на неговиот pater familias, диколку мажот бил лице alieni juris. Примениот мираз останувал трајно во сопственост на овие лица, па дури и во сличај на бракоразвод. Се применувало правилото: dotis xausa perpetua est. Според прописите на класичното право, миразот не преоѓал во сопственост на мажот или на неговиот pater familias, доколку мажот бил лице alieni juris. Примениот мирас останувал трајно во сопственост на овие лица па дури и во сличај на брако развод. Се применувало правилото dotis causa perpetua est. Според прописите на класичното право миразот не преоѓал во сопственост на мажот. Додека траел бракот мажот или неговиот pater familias имале право на управување врз миразните добра(libera admidstradio) и биле должни да ги користат за подмирување на потребите на брачната заедница ”ad onera matriminii sustinenda ”. во случај на незивршување на таа обврска можела да им биде одземена од правата на миразот. Тоа било изразено со правилото quamvis in bonis mariti dos sit mulieris tamen est. Новото сфаќање за сопственоста врз миразните добра се одразило и врз прашањето за реституција на миразот во случај кога бракот престанал. Докилку бракот престанал поради смрт на жената требало да се рестируира dos profecticia, додека dos adventicia само тогаш кога при неговото уснатовување реституцијата била иречна здоговорена (dos recepticia). При реституција на dos profecticija мажот имал право на придршка (jus retntionis) врз една петина од миразот за секое дете родено во преостанатиот брак. Придршка поради податоци и поради однесени ствари требало да се одреди до висината на вистинската вредност на предметот, а придршка поради сторени подобрувања врз миразните добра била одредувана до висината на вредноста на стореното подобрување, доколку се работело за impensae necessariae или за трошоци нужни за да се зачуваат миразните добра; доколку се работело за т.к. impensae utiles или за трошоци полезни за миразните добра, придршката била допуштена само со согласност на жената, а при impensae voluptosae или при луксузни трошоци бил допуштен jus tollendi или право да се одделат и однесат извршените подобрувања, доколку тоа било можно без повреда на миразот.
Начелата на класичното право за сопственоста врз миразните добра и за реституцијата на миразот биле усвоени и во посткласичното право. Тогаш било утврдено правилото дека мажот секогаш го враќа миразот, доколку не е наследник на жената. За враќање на миразот служеле actio ex stipulatu, создадена со обединување на actio rei uxoriae и поранешната стипулациона тужба со која се барала реституција на dos adventicia. Освен тоа, жената тогаш добила и виндикациона тужба за одделни миразни предмети, а заради обезбедување реституција на миразот била воведена и привилегираната генерална хипотека врз целиот имот на мажот.
б) Предбрачен подарок. - Во времето на императорот Константин бил раширен обичајот мажот да оддели дел од имотот во висина на миразот и да и го подари на идната жена (donatio ante naptias). Меѓутоа, средствата содржани во donatio ante naptias останувале и натаму под управа на мажот и служеле за истите цели како и миразот. Во случај на престан на бракот поради смрт на мажог donatio ante naptias им припаѓала на децата, но жената имала право на плодоуживање. Во случај на бракоразвод по вина на мажот, donatio ante naptias преоѓала во сопственост на жената. Во се друо donatio ante naptias била изедначена со миразот: ex substantia nihil distat a dote ante nuptias donatio. Името на оваа институција во кодификацијата на Јустинијан било изменето во donatio propter nuptias, бидејќи Јустинијан дозволил овој подарок да се установува и за време на бракот.
Престан на бракот
Matrimonium justum или justae nuptiae, како трајна врска меѓу маж и жена, заснована врз правно релевантни факти, можела да престане само под дејство на нови правни факти - природни настани и човечки дејствија[8].
а) Престан на бракот поради смрт и поради captis deminutio. Природната смрт на мажот, жената или обата брачни другари доведувала до престан на бракот, како што предизвикувала и општа загуба на правната способност. По смртта на едниот брачен другар отпаѓала брачната пречка - постоење брачна врска. Во тој случај мажите можеле веднаш да стапат во нов брак, додека за жените бил определен tempus lugendi. Matrimonium justum престанувал и во случај кога некој римски граѓанин или граѓанка од која и да било причина ќе претрпеле captis deminutio maxima и media, бидејќи обете овие установи, поврзани со загуби на граѓанството, биле поврзани и со загуба на jus conubii.
б) Престан на бракот со repudium и со divortium. - Во старото право само на мажот му бил допуштен repudium или раскин на бракот. Раскинот бил допуштен поради неверство, пијанство, неплодност, пометнување, правење лажни клучеви и поради секоја причина што го наведувала мажот да ја прекине постојаната брачна заедница. По "dura lex", жената го немала ова право, тоа не и го допуштала нејзината положба во семејството. Формата за раскинување на бракот била корелативна на формата за негово склучување: брак склучен во форма на conffareatio можел да биде раскинат во форма на diffareatio; брак склучен во форма на coemtio можел да биде раскинат во форма на remancipatio, а брак склучен во форма на usus бил разрешуван со прекин на брачната заедница по волја на мажот
Едностраното раскинување на бракот по волја на мажот или repudium не можело да се одржи како единствен начин за разрешување на брачната заедница во периодот кога надвладеале браковите без manus. Во овој период основното начело по прашањето за односите меѓу брачните другари гласело: libera matrimonia esse debent. Примената на споменатото начело довела до установата divortium или бракоразвод. Откако бил воведен divortium, бракот можел да престане пo волја на мажот, по волјата на жената, како и со заемна согласност на брачните другари. Од посебно оправдани причини развод на бракот можел да бара и pater familias на жената. Причините за разводот не биле одредени. До развод доаѓало и тогаш кога не постоела никаква друга причина освен желбата барем на еден од брачните другари. Вообичаена форма за развод била изјавата пред сведоци, писмен libellus repudii или фактички
престан на заедничкото живеење[9].
Во посткласичното право, поради промените во моралните сфаќања условени од христијанството, императорите донесувале ригорозни прописи за бракоразвод. Во ова време постоеле два основни вида бракоразвод: divortium cum damno и divortium sine damno, односно развод што го следеле лоши последици и развод без такви последици. Divortium sine damno се делел на divortium communi consensu или развод по заемна согласност на брачните другари и divortium bona gratia или развод по волја на еден од брачните другари но од оправдани причини какви што се: импотенција, завет на чистота, одење во манастир и слично. Divortium cum damno, исто така, се делел на два вида. repudium sine ulla causa или неправилно, еднострано раскинување на брачната заедница и repudium ex justa causa или раскинување на брачната заедница поради вина на другиот брачен другар. Причини што и давале право на невината страна да бара развод без штетни последици биле: неверство, тешко кривично дело, посегање врз животот, подведување, неморален живот и слично. Штетните последици по брачниот другар виновен за разводот cum damno биле губење на миразот, забрана да стапи во нов брак, депортација, затворање во манастир и слично.
Врски меѓу маж и жена слични на брак
Според прописите на римското право, бракот бил единствена животна законска заедница меѓу мажот и жената. Сите други заедници и сите други врски меѓу мажите и жените биле или забранети или толерирани.
lex Julia de adulteriis ги забранувала stuprum, adulterium и incestum. Stuprum настанувал со полово општење меѓу слободен маж и немажена дотогаш чесна жена; adulterium бил полово општење на лица од кои барем едно се наоѓало во брак; како incestum пак се сметало полово општење меѓу сродници на кои им било забрането да стапат во брак. Попатни и повремени полови врски со робови, робинки, блудници и други жени со сомнителен живот, по правило не се казнувале.
Се толерирале конкубинатот и contubernium.
Конкубинатот (природен брак, див брак) постаел како трајна животна заедница меѓу маж и жена што не можеле или не сакале да склучат правовалиден брак. Во конкубинатот се раѓале вонбрачни деца (liberi naturales), што не влегувале во семејството на мажот. Конкубнатот добил извесно правно значење во посткласично време, кога децата родени во конкубинатот можеле да бидат позаконети и кога им било признаено право на издршка (алиментација) и ограничено наследно право во однос на таткото.
Contubernium бил заедница меѓу роб и робинка и се ценел како фактички но правно ирелевантен однос. Во посткласичното време ваквата заедница на робовите добила и ограничено правно признание, како што била забраната на separatio dura или продавање на робовите што живееле во contubernium и нивните деца на разни страни и на различни господари. Освен тоа, тогаш било јасно дека во поглед на крвното сродство од контуберниумот произлегуваат исти последици како и од правовалиден римски брак (cognatio servilias).
ЗАКЛУЧОК
Бракот претставува заедница на две или повеќе лица од различен пол и како таква претставува основа за градење на семејство. Мажите во бракот уште се нарекуваат и сопруг, а жените сопруга.
Бракот може да биде доброволен - кога брачните партнери сами, по своја волја се решаваат да ја формираат заедницата, или договорен - по налог на други лица, најчесто родителите на брачните партнери или поширокиот семеен круг, семејниот старешина, племенскиот старешина.
Во денешно време бракот често се поистоветува со неофицијалните заедници на истополови единки, но таквите заедници неможат да се наречат брак поради биолошката спреченост да изградат семејство (заедница на родител и потомство). Бракот, освен социолошка, има и религиозна природа. Семејното право како дел од правниот систем на државата претставува подгранка на граѓанското право која ги опфаќа правните норми со кои што се регулираат општествениие односи во семејството и тоа: односите меѓу брачните другари, односите меѓу родителите и децата, односите меѓу посвоителот и посвоеникот, старателството, издржувањето меѓу блиските сродници и други односи во семејството како општествена институција.
Семејното право како правна наука претставува дел од системот на правните науки. Тоа ги изучува општествените односи во семејството и во врска со него, и тоа пред се од нормативен, правно-социолошки ааспект и социјално-политички аспект. Крајна цел на изучувањето на општествентие односи во семејството од страна на семејното право како наука е на законодавецот да му се сугерираат нормативно правни решенија со чија примена најефикасно ќе се остварат целите на државната политика во остварувањето на општествената заштита на семејството и изградба на здрави семејни односи кои ќе обезбедат правилен развој на секој член на семејството, а особено на децата.
Користена литература
1. Римско Право, Иво Пухан, Мирјана Поленак -Аќимовска
2. Авторизирани предавања по Семејно и Наследно право – Проф. Д-р Темелко Ристески
3. Закон за семејството
4. Интернет
Gotovi seminarski, maturski, maturalni i diplomski radovi iz raznih oblasti, lektire , puškice, tutorijali, referati. www.maturski.org je specijalizovan tim za usluge visokokvalitetnog pisanja, istraživanja i obradu teksta za kompletan region Balkana.
Posetite nas na sajtovima ispod:
http://www.facebook.com/DiplomskiRadovi
Takođe, na sajtu pronađite i tutorijale, referate, primere radova, prepričane lektire, vesti, čitaonicu... Na ovom sajtu ste u prilici pronaći preko 10000 radova iz raznih oblasti: ekonomija (menadzment, marketing, finansija, elektronskog poslovanja, internet tehnologija, biznis planovi, makroekonomija, mikroekonomija, preduzetnistvo, upravljanje ljudskim resursima, ...), informatika (internet, informacione tehnologije, softver, hardver, operativni sistemi, baze podataka, programiranje, informacioni sistemi, računarske mreže, ...), biologija i ekologija, filozofija, istorija, geografija, fizika, hemija, književnost, matematika, likovno, psihologija, sociologija, ostali predmeti (politika, saobracaj, mašinstvo, sport, muzika, arhitektura, pravo, ustav, medicina, engleski jezik, ...).
Uspostavljanjem ovog projekta, zadovoljila se i veoma prisutna potreba za specijalizovanim timom, koji će na studente i omladinu pravovremeno i adekvatno delovati u edukativnom i pozitivno usmeravajućem pravcu, ali i predstavljati efikasnu podršku u pisanju sopstvenih radova.
U cilju pružanja što kvalitetnijeg sadržaja radova, okupljen je odabrani tim, sastavljen od iskusnih stručnjaka iz raličitih oblasti, čiji je cilj da autorskim pristupom i prepoznatljivim stilom izrađuju i istražuju najrazličitije oblasti i afirmišu slučajeve iz prakse.
Za sada posedujemo gotove radove iz oblasti prava, ekonomije, ekonomike preduzeća, javnih finansija, spoljnotrgovinskog poslovanja, informatike, programiranja, matematike, fizike, hemije, biologije, ekologije, menadžmenta, astronomije, carine, špedicije, poreskog sistema, javne uprave, računovodstva...., a uskoro ćemo se proširiti i na ostale oblasti. Inače, izrada maturskih, seminarskih, diplomskih radova po želji je naša primarna opcija. Nakon što aplicirate za određeni rad, dobićete odgovor najkasnije za 24h.
[1] Римско Право, Иво Пухан, Мирјана Поленак -Аќимовска
[2] Авторизирани предавања по Семејно и Наследно право – Проф. Д-р Темелко Ристески
[3] Закон за семејството
[4] Римско Право, Иво Пухан, Мирјана Поленак -Аќимовска
[5] Авторизирани предавања по Семејно и Наследно право – Проф. Д-р Темелко Ристески
[6] Римско Право, Иво Пухан, Мирјана Поленак -Аќимовска
[7] Закон за семејството
[8] Римско Право, Иво Пухан, Мирјана Поленак -Аќимовска
[9] Авторизирани предавања по Семејно и Наследно право – Проф. Д-р Темелко Ристески
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!