Naslov:  Принципи на имплементација на Декларацијата за Транспарентност – Нулта Корупција

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

www.maturski.org

 

 

 

Вовед

Стр.1

1

Декларација “0” Толеранција на корупцијата

Стр.2

1.1

Јавен сектор

Стр.2

1.2

Политички сектор

Стр.3

1.3

Приватен сектор

Стр.3

1.4

Граѓанско општество

Стр.4

2.

Заклучоци и препораки од државните тркалезни маси и работлници

Стр.4

3

Етички кодекс

Стр.6

4.

Методологија и критериуми за избор на компанија со добро корпоративно управување

Стр.9

5.

Корпоративно социјална одоговрност и корпоративно управување

Стр.9

5.1

Концепт на Корпоративна социјална одговорност

Стр.9

5.2

Дефинирање на КСО

Стр.10

5.3

Инструменти и имплементација и потесно сфаќање на КСО

Стр.11

5.4

Кодекси за коорпоративно управување

Стр.11

5.5

Кој ги усвојува кодексите за однесување

Стр.12

5.6

Видови надзор врз примената на кодексите

Стр.13

6.

Како се манифестира корупцијата во Р.Македонија

Стр.13

 

Заклучок

Стр.16

 

Користена литература

Стр.17

 

Прилог- месечен извештај за борбата против корупцијата и криминалот во Македонија- Транспарентност Македонија

Додаток

Содржина

 


Вовед,

Во овој труд ќе се потрудиме да ги објасниме основните принципи за имплементација на декларацијата за Транспарентност- нулта корупција во Република Македонија, каде преку спроведување на активностите за имплементација на Декларацијата преку два проекти , првиот насловен како “Подобрување на корпоративното управување” за нулта толеранција на корупцијата во соработка со стопанската комора и сопствениците во Република Македонија каде што основната цел е да се поттикне борбата против корупцијата во приватниот и јавниот сектор. Крајната цел беше да се изготви Етички кодекс на основа на кои се изградени критериумите за корпоративно управување.

Вториот проект кој е во тесна врска со првиот и е насловен како “Монториниг на имплементацијата на Декларацијата за нулта корупција се реализираше паралелено и беше посветен на следење на активностите на сите четири столба од Декларацијата. Голем број од преставници од Владата , јавниот и приватниот сектор, медиумите, граѓанскиот сектор, правосудството и универзитетите, законодавниот дом и политичките партии ги анализираа достигнувањата со цел дополнување на акциониот план за натамошна имплементација на Декларацијата.

Препораките и конкретните активности се во согласност и се дополнуваат документите и ги усвоија  Државната комисија за спречување на корупција и Владата.

Ова е само уште една потврда во настојувањата да се постигне повисока цел “Нулта толеранција за корупција” како предуслов за владеење на правото и здрава економија.

Една од основите за создавање на платформа за единството во борбата против корупцијата е да се работи на нејзината имплементација и да се создадат други значајни документи како што се етичките кодекси и кодексите за корпоративно однесување.

  

 

 

 

 

 

1.      Декларација “0”Толеранција за корупција

 

Во Македонија е формирана нова невладина организација за борба против корупцијата или т.н. Нулта корупција. Потписниците на “0”Толеранција за корупција, констатираме дека и покрај постоечките промени во периодот на транзиција, одржлив развој, демократизација и владеењето на правото во Република Македонија се уште се загрозени од корупцијата. 

Целта на “0”Толеранција за корупција е стремеж кон надминување на корупцијата, достигнување на распространет општествен напредок и подигнување на националната компететивност со градење доверба меѓу членовите  од јавниот, политичкиот, приватниот и граѓанското општество.

Според донесената Декларација за нулта корупција основните начела се јасно и подеднакво образложени за сите четири столба со цел воспоставување на ефикасен систем за борба на корупцијата.

Потписниците на Декларацијата ќе ги промовираат заложбите кои се изнесени во следниве точки на начин применлив за секторот што го преставуваат. Главните учесници на Декларацијата се групирани на следниот начин:

 

1.1              Јавен сектор

Улогата  на Владата е да ги подржи напорите на јавниот и приватниот сектор  во борбата против корупцијата. Активности за поддршка и борба со корупцијата во секој сектор а со тоа се зголемува транспарентноста. 

-          Подобрување на анти-корупциските механизми –Владата, ќе воспостави ефикасен систем на мерки против корупција како јакнење на транспарентоста во јавниот сектор,  ќе примени на државна програма за превенција и репресија на корупцијата, ќе ги стимулира службите за контрола во институциите со цел ефикасно извршување на анти-корупциската политика, ќе обезбеди транспарентност во своето работење и ќе го мотивира граѓанското општество за поефикасно следење на овој процес.

-          Институционално подобрувањеВладата,  ќе треба да ги подржи и  заштити лицата кои ќе откријат случај на корупција, ќе им го гарантира на граѓаните правото на пристап до информациите, ќе ја зајакне казнената политика во случаи на корупција и незаконско богатење, ќе промовира механизми за подобрување на примената на мерит системот во јавната администрација, ќе ја зголеми транспарентноста во финансиското работење на јавната админстрација и политичките партии, ќе ја подобри регулативата со цел намалување на можностите за злоупотреба на дискреционите права.

 

 

 

Локална самоуправа -    со цел зголемување на транспарентноста локалната самоуправа треба да воспостави систем на мерки и систем на добро управување според препораките во Државната програма за превенција и репресија на корупцијата.

-          Зајакнување на етиката во јавниот сектор- Владата треба да ја зајакне етиката во јавниот сектор преку систем за превенција на конфликт на интереси, подобрување на еднаквоста, професионализмот и ефикасноста на јавниот сервис, зајакнување на етичкиот кодекс за јавните службеници и назначување на јавни службеници кои ќе се грижат за подобрување на транспарентноста.

-          Едукација за транспарентноста- Владата треба да соработува со граѓанското општество за подобрување на антикорупциска едукација во доменот на образовните програми за транспарентност, добро управување во образованието и деловното работење.   

 

1.2              Политички сектор

Треба да овозможи транспарентност во финасирањето и финансиското работење,

-          Политички фондовиПолитичкиот сектор треба да создаде статут и систем за оневозможување на влез на илегални фондови во политиката и транспарентно следење на постапката од страна на јавноста.

-          Етика на членовите на Собранието Политичкиот сектор треба најсилно да се заложи за постигнување на здрава и транспаретна политичка клима преку следните чекори:

·         Кодекс со стандарди за етика на членовите Собранието   

·         Зајакнување на механизмите за превенција на конфликт на интереси со носење закон

·         Изработка на систем со кој ќе се казнуваат прекршителите

-          Подобрување на политичкото опкружување – согласност за намалување на корупцијата во внатрешната организација и систем

-          Поттикнување и лобирањеда го институционализира чистото лобирање и да забрани лобирање и поттик кои произведува корупција

-          Подршка на Собранието на Р.Македонија- Собранието и другите партии треба да се заложат со донесување на неопходни анти-корупциски мерки и закони за подршка на анти-корупциските мерки со формирање на собраниска комисија.

 

1.3              Приватен сектор

Приватниот сектор треба да се заложи за етичко управување и подигање на квалитетот на компаниите и пазарот преку подобрување на соработката и транспарентно работење како: 

-          Прифаќање етички кодекс, почитување и следење на меѓународните деловни принципи за справување со поткупот.

-          Подобрување на својата транспарентност -преку пристап на информации

-          Инволвираност во политиката за заштита на лицата кои ќе обелоденат случаи на корупција

-          Подобрување на корпоративно управување - преку активни меѓусебни дискусии за прилагодување на законските регулативи.  

 

1.4              Граѓанско општество

Граѓанското општество треба да се води кон креирање на култура на справување со корупцијата како и да се заложи со зголемување на одговорноста преку засилени активности и партиципативност и набљудување.

-          Зајакнување на одоговорноста – преку воспоставување на етички кодекс и унапредување на транспарентноста.

-          Зајакнување на едукацијата за анти корупција и транспарентностГраѓанското општество заедно со Владата треба активно да учествува во зајакнување на едукацијата за анти-корупција и транспарентност и да ја поттикнува граѓанската свест, перцепција и проактивно учество.

-          Промовирање на граѓанското учество превземање на активност за поголема активност на гражаните со цел мониторирање и совладување на корупцијата.

 

Потписниците на Декларацијата треба да се заложат за проширување на Декларацијата преку нејзино потпишување од страна на ораганизации, асоцијации и обични граѓани.

-Еваулацијата на имплементација на Деклрацијата- треба да се одвива во соработка меѓу Владата на Р.Македонија и Транспарентост- Нулта корупција преку план за применување на вредливоста и применливоста на Декларацијата

 

2.         Заклучоци и препораки од државните тркалезни маси и работилници

 

I.          Политичкиот и граѓанскиот сектор треба да ги превземат следните активности

1. Почитување на принципот на деполитизација на јавниот сектор. Политиката како фактор во спречување против корупцијата треба да овозможи економијата да се  развива врз пазарно стопанство.

2. Граѓанскиот сектор е активен чинител во надминување на проблемот со корупцијата, поради тоа неопходни се измени во Законот за здруженија на граѓани во однос на финансирањето на граѓанскиот сектор со цел финансирање од страна на граѓаните и оние кои ги споделуваат заедничките вредности.

3. Јавна профилираност на граѓанскиот сектор преку активниот придонес   и соработка помеѓу граѓанскиот сектор и политичкиот и јавен сектор со цел секој во својот дел да ја зголеми ефикасноста за борба против корупцијата

4. Институциите од политичкиот и јавниот сектор и граѓанското општество треба да го зголемат мониторингот на изборниот процес, особено во делот на предизборните активности и изборни кампањи. Појавата на нееднаква медиумска застапеност  е последица на нееднакво презентирање на медиумските услуги. Потребно е законски регулативи со адекватни ценовници за услуги од страна на медиумите особено од Советот за радиодифузија но и превентивна улога на Државната комисија за спрешување на корупцијата.

5. Донесување на јасни законски решенија за надзор на електронските модиуми, нивната ефикаснот е поврзана не само со јасната улога на институциите туку и со ефикасноста поврзана со казнената политика во однос непочитување на законите. Нивната улога може да се намали само доколку се иницира и укине платената политичка програма и за сите се воведе задолжителна неплатена политичка програма.

6. Државната комисија за спречување со криминалот треба да ја зајакне превентивна функција преку утврдена методологија на трошење на средствата на политичките партии.     

 

II.        Јавниот и приватен сектор

 

1.      Борбата против корупција мора да изнајде уникатно решение односно долгорочна стратегија за развиено транспарентно општество , криуцијално основни критериуми и начела се задоволување на политичките критериуми по исполнување на стандардите на ЕУ и предуслов за отпочнување на преговори.

2.      Континуирана соработка на јавниот и приватниот сектор, невладините организации и воопшто со корпусот на сите чинители на државата против корупцијата.

3.      Недостаток на законска платформа или рамка за утврдување на јавното и приватното партнерство.

4.      Механизмите за меѓусебна соработка изгледа не се доволно развиени помеѓу јавниот, приватниот, политичкиот и граѓанското општество.

5.      Најважен фактор за справување против корупцијата е да се донесе Закон за јавни обвинители и детерминирање на повисоки норми и стандарди.

6.      Во делот на предистражната постапка е менувањето на надлежностите на МВР преку корпус на обуки во делот на правосудниот систем.

7.      Промена на кривичниот закон и законот за кривична постапка преку промена на одделни законски одредби а се однесуваат за Агенцијата за перење на пари, ДКСК, финансика полиција како и целокупната легислатива.

8.      Недостаток на Законот за финансирање на политичките партии  преставува извор на коруптивно однесување.

9.      Недостаток и неусогласеност на Законот за јавни набавки со европските директиви, стандардизирање на процедурите и постапките поради нееднаквиот третман на јавните набавки.

10.  Министерствата системски мора да направат анализа за превенција на корупцијата.

11.  Свеста за дискреционото право на поединецот преку стандардна процедура и разрешување на проблемот.

12.  Јакнење на позицијата, капацитетот и ефикасноста на институциите на контрола и надзор.

13.  Формулирање и донесување на етички кодекси за однесување.

 

3.      Етички кодекс

 

Кодексите на деловна етика и однесувањето е да се прикаже како компанијата го спроведува својот бизнис на  бизнис на етички и социјално одоговорен начин . Оваа политика се однесува на сите наши активности. Компанијата го смета успехот на своите клиенти за клуч кон постигнување на долгорочни и постојани деловни резултати  и раст , почитувајќи ги, како потребите на своите акционери така и интересите на своите вработени.

Затоа од сите вработени се очекува да го вложат своето професионално познавање најдобро во рамките на своите можности да работат заеднички и тимски и да им даваат одлична подршка на нашите клиенти. Интегритетот и почитување на законите и етичките начела се суштински елементи за одржување на кредибилитетот и автентичноста на компанијата.

Насоките за подетални инструкции дефинирани за одредени региони, држави,  корпоративната политика може да се усогласат според следните елементи;

 

Управа,

Човекови права -    Компанијата треба да ги почитува начелата на меѓународните човекови права,  Меѓународната декларација за човекови права и Меѓународната организација на трудот (MOT), и нема да толерира услови на работа кои се во спротивност со националното законодавство и меѓународните документи и практика.

Конфликт на интереси - Вработените во компанијата стриктно ќе се придржуваат кон сите политики на интегритет во врска со нивното вработување. Тие нема директно или индиректно да нудат , бараат или да примаат, ниту пак да склучуваат договори за мито и/или за изнудување или за незаконски интереси.

Пријавување на интереси -  Ниту еден член на персоналот на компанијата или блиски членови на неговото семејство не треба да имаат интерес во бизнисот на партнерите со коишто соработуваат, сите помошни активности мора да се одобрени од управата на компанијата.

Заштита на имотот и договор за неоткривање - Секој вработен во компанијата е одоговорен за заштита на имотот на компанијата како материјаните предмети, опремата и зградите така и интелектуалната сопственост ( деловни тајни и доверливи информации).

 

Вработени,

Здравје и безбедност на работа - Професионалното здравствено и безбедносно управување на компанијата се базира на принципите на превенција, обезбедување на нашите вработени со здрава и безбедна средина во согласност со индустриските стандарди и со соодветни закони и регулативи кои се во примена.

Мотивација за вработените -        Компанијата ги смета вработените и нивната индентификација со целите на компанијата како критичен фактор за успех. Затоа е организирана системска политка и стратегија за развоен процес, интензивни концепти за обука и системски контроли на успехот во работењето. Како принцип, аспекти како што се развој во кариерата, награди и плата.

Систем за обука -  Компанијата ги потенцира практичните програми за обука поврзани со работата, како и оние за развој и промоција на идните управувачки потенцијали со цел рапослагање на сите техничкии управувачки вештини потребни за деловниот развој на компанијата.

Слобода на здружување и право на колективно преговарање -Компанијата ги почитува правото на сите вработени да формираат или да се приклучат кон синдикати по сопствен избор и ќе ги почитува колективните договори во согласност со законите и регулативите.

Работно време -Компанијата ги почитува постојаните национални закони, индустриски стандарди и применливите колективни договори во врска со работното време и надоместокот за прекувремена работа.

Плата - Согласно важечката законска регулатива и правилниците на компанијата , компанијата. За сите вработени обезбедува транспарентен пакет за надоместоци.

Дискриминација -Компанијата нема да се вклучува или подржува каква било дискирминација при вработувње, плаќање, пристап до обука, промоција и прекинување на работен однос или пензионирање , националност, религија, пол, инвалидност, член во синдикат  и политичка припадност.

Компанијата нема да се меша во остварувањето на правата на вработените да се придржуваат до принципите или практики поврзани со раса, класна припадност, национално потекло, религија, религија, пол, инвалидност, член во синдикат  и политичка припадност.

Компанијата нема да дозволи или толерира какво било однесување, вербален напад и контакт кое што е сексуално принудувачко, заканувачко, малтретирачко или експлоатирачко и е одлучна во заштитата на своите вработениво активностите против вакво однесување.

 

Дисциплински мерки - Компанијата не практикува или подржува употреба на телесна казна, менатална или физичка принуда или вербално злоставување.

 

Клиенти -Централна ориентација на тимот од Компанијата е заложбата за безкомпромисна орентација кон задоволставта на клиентите, преку развивање на индивидуално, колективно и целно решавање на проблемите Нашите клиенти се наши партнери”  Главна цел на Компанијата е да се намалат вкупните трошоци на клиентите  преку сигурна достава, флексибилност, брза реакција во итни случаи, сервиси и консултации, дизајн, ланец на снабдување и врвна технологија.

 

Снабдувачи - Компанијата очекува од своите снабдувачи да ги следат  истите строги принципи кои го вршат својот бизнис, вклучително но не и лимитирано начинот како се третираат вработените, правила кои важат за Компанијата.

 

Заедница и Животна средина - Компанијата ги прифаќа своите одговорности како корпоративен граѓанин на зеадницата и се обврзува на отворена комуникација со сите заинтересирани групи (stakeholders), надлежни органи, социјални и јавни групи.

Заштитата на животната средина преку владеењето на индустриските стандарди се на врвот на управувачката агенда преку комбинирање на факторите за квалитет, животна средина и хумана страна. 

 

Имплементација - Прашањата околу примената и толкувањата на овој Кодекс на деловна етика и однесување  или потенцијални повреди на неговите одредби треба да се пријават кај претпоставените. Секоја практика или однесување што не е во согласнот со овој Кодекс мора да се поправи и доколку е има неповолни последици да се превземат дисциплински мерки. Нема да има неповолни последици за оние вработени што ќе пријават потенцијалните повреди на овие правила.

 

4.      Методологија и критериуми за избор на компанија со добро корпаративно управување

 

Невладината организација Трансперентност –Нулта корупција “ ,  во рамки на активности го реализира проектот за корпоративно управување. Преку ваквата листа на критериуми адекватно се прецизира еваулацијата на една компанијата.

-          Преку критериумите за еваулација компаниите треба да одговорат и достават одговор на секое од поставените прашања на кое се однесува прашалникот[1].

-          Со доставениот одговор  треба да се приложат документи или информации со кое ќе се поткрепи нивното тврдење.

-          Доколку врз база на анализата се освојат повеќе од 80% од предвидените бодови, Експертската група на Компанијата ќе им достави соодветни Сертификати за корпоративно управување. 

 

5.      Корпоративно социјална одговорност и корпоративно управување

 

Накратко, што е корупција -Корупцијата е вршење или злоупотреба на јавни овластувања или работи од јавен интерес или интерес на друго лице, или пак судир на интереси во вршење на власта или доверени јавни овластувања.

Корупцијата се јавува во нестабилни економии при непостење на соодветна законска регулатива, или пак преку нестабилна инфраструктура за контрола и надзор врз примената на законите.

Негативните ефекти од Коруптивните активности се  ерозија на демократијата, незаинтересираност на домашните и странските инвеститори, губење на јавна доберба во власта. 

 

5.1  U pravnom pak smislu korupcija se definira na različite načine i kao različita kaznena djКонцепт на Корпоративна социјална одоговорност (КСО)

 

Од корупцијата се гледа дека взаемното поврзување во повеќе дефиниции е поимот јавна. Која е поврзаноста на KKУ  и КСО со јавниот и приватниот сектор. Поради тесната врска не може да се направи остра граница помеѓу профитно и непрофитно , односно јавното и приватното партнерство. Впрочем, и јавните претпријатија и нестопанските дејности како установите од јавен интерес се повеќе се организираат како трговски друштва. Понатаму, практичното прифаќање на ставот дека меѓународните ковенции за заштита на човековите права можат да се применуваат и на правата на приватните лица и компаниите, а од тој аспект може сосема оправдано произлегува  дека тие преставуваат јавно-правни лица кои треба да го заслужат своето право на граѓанство (corporate citizenship). Се смета дека иднината им припаѓа на оние компании кои ќе бидат во состојба да се заштитат од интерните измами , корупција и криминални дејствија на своите менаџери и вработени.

Од тој аспект, значи корупцијата е веќе препознаена како еден од големите светски предизвици кое има големо влијание на приватниот сектор, бидејќи го спречува развојот на економскиот развој, ја ограничува конкуренцијата и претпоставува сериозни правни и социјалнни ризици. Корупцијата преставува пазарна појава а со тоа колку помалку корупција толку повеќе поефикасен пазар.

 

5.2  Дефинирање на КСО

 

Со цел да се одржи економски развој за своите општества од една страна,  компаниите мора да ги земат предвид не само интересите за нивниот профит туку и нивните интересенти ( доверители, вработени, потрошувачи, невладини организации и поширокото општество) , од друга страна, Државата мора да форсира и промовира вредносно поморален однос, а помалку индивидуалистички и профитно ориентиран пристап.

U posljednjih nekoliko godina na raznim razinama pokrenuta je politička akcija suzbijanja korupcije.Целта на КСО , според документот на Европската Комисија за коруптивна социјална одговорност е менување на деловната култура од краткорочно максимилизирање на бизнисот кон одговорно деловно однесување и овозможување на одржлив развој.

Најсоодветна дефиниција која би ја отсликале реалната слика на КСО  се:

 

  1. КСО е концепт според кој компаниите треба доброволно да земат учество во создавање на почиста животна средина
  2. КСО е доброволно обврзување на компаниите да го водат својот бизнис во општеството на одговорен начин.
  3. КСО е чадор, термин  под кој компаниите добороволно воведуваат надворешен мониторинг  со цел нивното дејствување е соодветно на пошироко зацртаните цели.
  4. КСО е доброволно обврзување на компаниите да го водат својот бизнис кон одржлив развој и сорабутвајќи со работниците, семејствата, локалната заедница, државата и општеството во целина со цел подобрување на квалитето на животот на заедницата.
  5. КСО во својата суштина преставува свето тројство помеѓу бизнисот, државата и цивилното општество.    

 

Се поставува прашањето зошто компаниите доброволно би се придржувале на примената на одредени кодекси на однесување. Одговорот е со воведувањето на КСО во некоја компанија од економски и социјален аспект ќе придонесе  позитивно влијание на цените на хартиите од вредност со кои тргуваат компаниите , со самата имплементација на одредени кодекси се зголемува кредибилитетот на компанијата. Но може да се случи и обратно сценарио, односно некои од најуспешните светски компании јавно одбиваат да следат одреден модел на КСО без притоа да трпат одредна пазарна штета или загуба.  Меѓутоа светските вложувачи генерално бараат одредена компанија да следи модел на кодекс на етичко однесување усвоен од некој повлијателен субјект во одредена земја.

 

5.3  Инструменти на имплементација и потесно сфаќање на обемот на КСО

 

Постојат неколку пристапи за наметнување на КСО и тоа преку:

-          Усвојување на закони со кој ќе ги натераат компаниите да почитуваат одредени правила, а со закана од примена на строги граѓански казнено-кривични закони.

-          Идентификување начини со кои КСО практиките ќе помогнат во идентификација на одредени специфични промени посебно во индустрискиот сектор.

-          Пазарен начин- преку промовирање промени во пазарното однесување кои сами по себе ќе ги натераат компаниите да ги почитуваат практиките на КСО. 

Вториот пристап  е најприменуван и се состои од практиките на КСО  ќе помогнат во идентификацијата на одредените специфични проблеми  во рамките на одредени индустриски сектори.

Според студијата на OECD од 2001 година насловена како Корпоративна одговорност- приватни иницијативи и јавни цели, како и дел од пошироките препораки насловени како Декларација на OECP – кодексите на однесување се дефинираат како : доброволни обврски создадени за компаниите, здруженијата или други ентитети кои поставуваат стандарди и начела за вршење на деловни активности на пазарот.

Потесното сфаќање на КСО во суштина лежат начелата кои се однесуваат на заштита на: 1).Правата по основа на трудови односи ; 2). Човековите права; 3). Заштита на животната околина. Според тоа КСО не треба да се меша со Корпоративното управување особено по финасиските скандали во САД и Европа

Начелата и препораките на КСО се доброволни а во својата суштина е етичка материја . КСО е насочена екстерно и настојува големите компании да ги направи одговорни членови на општеството , на пример заштита на животната средина, плаќање на даноци кон државата, редовно исплата на платите на вработените.  

 

5.4   Кодексите за корпоративно управување (ККУ)

 

Преку ККУ може да се разбере националната, политичката и правната рамка во кој се создадени овие кодекси и односот помеѓу саморегулативните инструменти и можностите за посилна легислативна интервенција.

Почетоците на KKУ не играа некоја позначајна улога, тие беа усвојувани од одреден комитет или комисија, со која претседавал некој од врвните бизнисмени во земјата. Исто така порано ККУ и потребата за нивно донесување ја наметнувал пазарот со подршка на науката. Првите начела на корпоративно управување на NASDAQ во соработка на академски експерти било само во доменот на бизнис заедницата но набргу се увидело дека треба да ја уживаат поддршката на пошироката заедница. Затоа , швајцарскиот ККУ бил изработен од правни експерти за подршка на берзата но и за пошироката заедница.      Слично се случило и во Франција преку здружението на работодавачи, Англија – ККУ изработен од Комитетот Кадбери зад кој застанале Советот за Финансиско Известување , во Германија- Кромовиот Кодекс на управување  и Холандија преку комитетот Табаксблат.

Успехот на ККУ не треба да се мери преку нивната имплементација , туку колку ККУ предизвикал или иницирал градуални промени на законите. Имено благодарение на имплементацијата и иницијативата од страна на Националните компаниски закони беа значително изменети благодарение на ККУ.

Корпоративното управување и одговорност е всушност материја што се уредува и заштитува со закон. Корпоративното управување е фокусирно внатре (internal) во компанијата, кон зголемување на вредноста на акционерските вложувања и заштита на интересите на акционерите.  

 

5.5    Кој ги усвојува кодексите за однесување

 

Според анализата, обемот и содржината кодексите треба да се разграничат според нивниот извор, бидејќи различен извор донесува различни цели.

Току поради тоа во нашата практика разликуваме кодекси издадени од самите компании; кодекси од стопански или професионални деловни организации и здруженија; кодекси поттикнати од невладиниот сектор  или синдикатите и кодекси издадени од меѓународни и меѓувладини организации.

Најпреферентни се кодексите издадени од меѓувладините организации односно Упатствата на ОЕCP за мултинационални компании и преставуваат меѓународен инструмент насочен кон создавање свест за значањето на концептот на корпоративна одговорност. Со начелата, всушност, се промовираат доброто корпоративно граѓанство во меѓународни рамки, преку упаствата кодексот за однесување и подршка на државата  се воспоставуваат нови пазарни и деловни практитки.

Посебено интересен за анализа е Глобалниот договор на Обиденитите Нации од 31. Јануари 1999 каде што генералниот секретар Кофи Анан упати апел до  бизнис лидерите да се придржуваат кон иницијативите на агенциите во правец на подршка на универзалните социјални начела за заштита на животната средина. Од неговата оперативна фаза илјадници компании му се придружија кон напорите за исполнување на мисијата а досега во Македонија околу 40 компании му пристапиле на Глобалниот договор.

 

5.6   Видови надзор врз примената на кодексите

 

Освен начелата и препораките врз примената на кодексите потребно е да се воведе обука во правец на развој на етичката култура на некои поединечни компании но и соодветен мониторинг и еваулација на таквите практики така што:

a). Кодексите , најчесто, даваат само упатства до менаџерите како да се однесуваат со бизнисот но не содржат одредби во оглед на нивната примена внатре во компанијата.

б). Формирање на Саморегулативен совет составен од преставници на деловната заедница, кои ќе ги мониторира објавените информации и доколку констатира дека не се почитуваат начелата и стандардите на кодексот ќе ја повика конкретната компанија да објасни зошто не го почитува кодексот. Но на ваков начин се поставува прашањето дали станува збор за испочитување на некој соодветен кодекс или ќе навлезе во материјално, во вториот случај се прави длабинска анализа внатре во компанијата со што ќе се цели дали информациите се доволно точни и детални, но  постои опасност поради воведување на  паралелен систем на екстерна контрола и финансиска ревизија.

в). Екстерен мониторинг врз процесот на примена на стандардите и начелата на одреден етички кодекс, кога одредена компанија подлежи на годишна ревизија. Главна слабост на ревизорот е што може да се фокусира само на финансискиот дел од извештајот опфатен со кодексот.

г). Во случај на големи акционерски друштва можен е уште еден надворешен надзор врз примената на кодексите на корпоративното управување, а станува збор за надзор на органот што врши надзор и контрола врз тргувањето со хартии од вредност (регулаторот).Поради специфичноста на неговите овластувања, праксата покажува дека треба да се најде златна средина преку која регулаторот треба да потврди дали некои стриктно дефинирани правни обврски се исполнети. Во тој случај регулаторот може да даде само препорака компанијата да се придржува до усвоениот кодекс или пак во случај на недостатоци на извештајот да бара да се порпави или дополни.   

 

6.      Како се манифестира корупцијата во Република Македонија

 

Во голем број земји постојат истражувања и оценки за корупцијата како и нејзините негативни аспекти. Просто кажано корупцијата е злоупотреба на доверената моќ за некоја материјална добивка. Голем број на автори нагласуваат дека не постои општество во кое не е присутна корупцијата и заради тоа оваа криминална појава  предизвикува голем интерес.

Многу влади и надлежни институции и агенции посветуваат значителни ресурси и енергија за борбата  против корупцијата, но и покрај тоа искуството сугерира дека сеуште нема јасни индикации за намалување на стапката на корупцијата. Со превземање на индеректен пристап и воведување на  моделот кој ги дели земјите во развој во три широки категории – висока, средна и ниска корупција, може да се даде следната констатација:   земји со висока корупција имаат низок квалитет на владеење; оние со средна корупција имаат солидно ниво на владеење и оние со ниска корупција имаат добро владеење.  

Живееме во ерата на т.н. економија на знаење ( Knowledge Economy), Според степенот на знаење учесниците во коруптивниот процес може генерално да се класифицираат во три групи:

-          Креатори – лица кои умеат да обезбедат доволно ниво на знаење  за успешно менаџирање на коруптивниот процес.

-          Извршители – оперативно тело на коруптивниот процес

-          Учесници – лица кои немаат доволно или никакво знаење за дадената проблематика.

Грижата околу корупцијата паралелено се зголемува со растечките индикации за негово негативно влијание врз напредокот. Докажано е дека корупцијата има негативен ефект :

-          Врз БДП

-          Врз корпоративното работење- акумулација на капитал

-          Врз јавната инфраструктура

-          Врз здравствените услуги

-          Го намалува квалитетот на образованието.

Во Република Македонија имаме секојдневно пуштање во употреба на најразлични грантови. Добивме донации (народно кажано просење). Наместо грантови или донации неопходни се реални домашни инвестиции, без нив, нема странски инвестиции, нема интегрирање во меѓународниот бизнис води и во европскиот дом[2].

Конкретно во 1966 година беше објавена анализа од реномираната Лондонска бизнис школа, врз основа на практичните примери на некои западни компании кои инвестирале во источна и централна Европа. Главните проблеми биле класифицирани во неколку групи , истите преставуваат основен водич за корпоративниот менаџмент и за Република Македонија. 

1.                  Висок степен на бирократија – во најдобар случај ги отежнува преговорите и одложува почетокот на инвестицијата, во најлош во целост ги елеиминира потенцијалните странски инвестиции

2.                  Неможноста на источно-европските влади да го сопре криминалот како мито- корупција –приватизација. Посебен акцент е посветен на процесот на  приватизацијата на југоисточните земји , анализата говори дека приватизацијата не е спроведена согласно законските прописи.

Друг момент преставува сивата економија според карактеристиките за Република Македонија таа преставува економија во сенка која создава милијарда долари кои не се опфатени во официјалната статистика и не се евидентирани во пресметковните книги[3]. Релацијата помеѓу сивата економија и корупцијата е силна и конзистентна односно правопропорционална. Тоа значи дека: Земјите со поголем обем на сива економија се соочуваат со поголем обим на корупција.

Со цел да се оневозможи натамошното ширење на сивата економија основна цел е да се воведе системска стратегија за нејзино елиминарање  и да се најде разграничување помеѓу јавните и приватните активности.

Генерално стимулативните фактори за сивата економија се делат на директни и индиректни, како директни фактори  во Република Македонија ги издвојуваме:

·         Регулативи – помалку развиените земји имаат нефункционална регулатива, нејаснотиите отвараат можности за повеќе различни форми на сива економија.

·         Оданочување – високо даноночно оптоварување предизвикува зголемена евазија. Избегнување на даночните обврски резултира со помал прилив на средства во буџетот.

·         Одлуки за државната потрошувачка – постапката за донесување одлуки има дискреционен карактер. Во пракса се фаворизираат определни економски субјекти од официјалниот сектор а со тоа многу често се зацвртсува монополистичката позиција.

·         Финансирање на политички партии – однесувањето на политичарите во транзиција    не е значително променето во однос на нивните колеги од социјализмот, и едните и другите ги нудат своите услуги во замена за исполнување на некои партиски цели или лични потреби и интереси.

 

Во групата на индиректните фактори постојат голем број на чинители што ја стимулираат корупцијата:

·         Квалитетот на државните службеници – пред се зависи од висината на нивните плати но и особено од алокацијата на човечките ресурси.

·         Казнената политика – нетранспарентноста на законите, неадеквата институционална контрола и структура на казнената политика, овозможува злоуотреба на функциите , најчесто преку правото на дискреционите одлуки.

·         Државното водство -  сите челни луѓе на јавните институции директно го трасираат патот на однесувањето на службениците на пониски нивоа. Врската меѓу политиката и официјалниот сектор е толку голема што постои пресија на преостанатиот дел од економијата . Во такви услови претприемачите од официјалниот сектор прибегнуваат кон сивата економија.

Отттаму , нулта толеранција  на корупцијата подразбира нулта толеранција за сивата економија.

3.                  Многу мал број на фирми ги задоволуваат стандардите што ги бараат странските компании, иако во југоситочните земји техничкото образование на  вработените е на доста високо ниво , странските компании доста време потрошиле за обука, маркетинг контрола на квалитетот итн. Секоја дополнителна обука на вработените индиректно ги зголемува трошоците   на работната сила, а со тоа не се намалува предноста што ја имаат југо-источните земји во однос на конкуренцијата.

4.                  Ниската продуктивност е заедничка карактеристика на целиот регион, како најчести примери се наведуваат: нискиот морал на вработените, лоша состојба на машините и алатите, лоша индфраструктура и проблеми со снабдувањето на енергетски горива. Странските инвеститори пред се, ги интересира калкулацијата за неопходните средства за да се зголеми продуктивноста.

Заклучок,

Пред Република Македонија стои време на т.н. втор транзиционен период, надминувањето на кризната состојба е условена од добрата воља на политичарите а во најголема мера зависи од брзината од звршувањето на процесот на стопанските реформи, како специфичен облик на општествена револуција.

Целта на “0”Толеранција за корупција е стремеж кон надминување на корупцијата, достигнување на распространет општествен напредок и подигнување на националната компететивност со градење доверба меѓу членовите  од јавниот, политичкиот, приватниот и граѓанското општество.

Корупцијата сериозно се заканува на демократијата и социјално-економскиот развој, токму поради тоа во Република Македонија треба да се превземат  мерки за организирана борба против корупцијата, а со тоа ќе се трасира патот која преку намалена политизација   ќе се ограничи дискреционата моќ на државните службеници со што би се довело до поголема конкурентност на стопанството.

Оргaнизирањето на тркалезни маси, конференции, семинари за корупција ќе придонесе во голема мера за спречување на истата.

Исто така и слободниот печат во една земја може да одигра значајна улога во борбата и спречување на корупцијата.

Во  Република Македонија во насока за борба на корупцијата на 18 април 2002 година го донесе Законот против Корупција со кој се регулираат мерките за спречување на на корупција во државните органи. 

Најновите набљудувања извршени од ICG за 2010 покажуваат дека Македонија се вбројува во редот на земјите со средно  ниво на корупција и се наоѓа на 62 место од 137 земји во светот со  индексна перцепција на корупција од 10,7%[4]

 

 

Conclusion

Republic of Macedonia stands so-called the second transition period, overcoming the crisis depends on the good will of politicians and largely depends on the speed of finishing the process of economic reform, as a specific form of social revolution.

The aim of "0" tolerance for corruption is striving to overcome corruption, achieving widespread social progress and raising the national competitive by building trust among members of the public, political, private and civil society.

Corruption seriously threatens democracy and socio-economic development, therefore the Republic of Macedonia should take appropriate measures to combat corruption, and it will trace toward the path by reducing politicization discretion in order to prevent the power of civil servants which would lead to greater competitiveness of the economy.

Organizing of round tables, conferences, seminars, the corruption will contribute greatly to prevent it.

Also, a free press in a country can play a significant role in combating and preventing corruption.
In the Republic of Macedonia in order to fight corruption on April 18, 2002 The Law passed against Corruption that regulates the measures for preventing corruption in public bodies.
Recent observations made by ICG in 2010 showed that Macedonia is among the countries with middle levels of corruption and Macedonia is at 62 place among of 137 countries in the world corruption perception index 0.7% .

Listen

Read phonetically

Dictionary - View detailed dictionary

 

Користена литература

1. Нула толеранција на корупцијата –Проект Подобрување на корпоративниот  менаџмент за Нула толеранција на корупцијата.

2.   Владо Камбовски –Меѓународна Правна рамка на борбата  против корупцијата.

3. Доц. Др. Сц. Исмаил Зејнели –Универзитет на Југоисотчна Европа- Некои карактеристики на Корупција во Македонија.

4.   Проф. Јосип Крегар извор: Финансиска пракса 1997

 

www.maturski.org

 

Dictionary - View detailed dictionary

Gotovi seminarski, maturski, maturalni i diplomski radovi iz raznih oblasti, lektire , puškice, tutorijali, referati. www.maturski.org  je specijalizovan tim za usluge visokokvalitetnog pisanja, istraživanja i obradu teksta za kompletan region Balkana.

 

Posetite nas na sajtovima ispod:

http://www.maturski.org

http://www.maturski.net

http://www.seminarskirad.org

http://www.seminarskirad.info

http://www.seminarskirad.biz

http://www.maturski.org

http://www.magistarski.com

http://www.essaysx.com

http://www.facebook.com/DiplomskiRadovi

 Takođe, na sajtu pronađite i tutorijale, referate, primere radova, prepričane lektire, vesti, čitaonicu... Na ovom sajtu ste u prilici pronaći preko 10000 radova iz raznih oblasti: ekonomija (menadzment, marketing,  finansija, elektronskog poslovanja, internet tehnologija, biznis planovi, makroekonomija, mikroekonomija,  preduzetnistvo, upravljanje ljudskim resursima, ...), informatika (internet, informacione tehnologije, softver,  hardver, operativni sistemi, baze podataka, programiranje, informacioni sistemi, računarske mreže, ...),  biologija i ekologija, filozofija, istorija, geografija, fizika, hemija, književnost, matematika, likovno,  psihologija, sociologija, ostali predmeti (politika, saobracaj, mašinstvo, sport, muzika, arhitektura, pravo,  ustav, medicina, engleski jezik, ...).

 

Uspostavljanjem ovog projekta,  zadovoljila se i veoma prisutna potreba za specijalizovanim timom, koji će na studente i omladinu pravovremeno i adekvatno delovati u edukativnom i pozitivno usmeravajućem pravcu, ali i predstavljati efikasnu podršku u pisanju sopstvenih radova.

 

U cilju pružanja što kvalitetnijeg sadržaja radova, okupljen je odabrani tim,  sastavljen od iskusnih stručnjaka iz raličitih oblasti,  čiji je cilj da autorskim pristupom i prepoznatljivim stilom izrađuju i istražuju najrazličitije oblasti i afirmišu slučajeve iz prakse.

 

Za sada posedujemo gotove radove iz oblasti prava, ekonomije, ekonomike preduzeća, javnih finansija, spoljnotrgovinskog poslovanja, informatike, programiranja, matematike, fizike, hemije, biologije, ekologije, menadžmenta, astronomije, carine, špedicije, poreskog sistema, javne uprave, računovodstva...., a uskoro ćemo se proširiti i na ostale oblasti. Inače, izrada maturskih, seminarskih, diplomskih radova po želji je naša primarna opcija. Nakon što aplicirate za određeni rad, dobićete odgovor najkasnije za 24h.

 

 

 



[1] Нула толеранција на корупцијата –Проект Подобрување на корпоративниот менаџмент за Нула толеранција на корупцијата стр.  35Прашалник - Критериуми за избор на компанија со добро корпоративно управување

 

[2]  Нула толеранција на корупцијата –Проект Подобрување на корпоративниот менаџмент за Нула толеранција на корупцијата стр.  66

[3] Нула толеранција на корупцијата –Проект Подобрување на корпоративниот менаџмент за Нула толеранција на корупцијата стр.  66

[4] www.transparency.orgcorruption perception index 2010

maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!