ГЛОБАЛНА ФИНАНСИСКА КРИЗА
Семинарска работа по предметот
Меѓународен финансиски менаџмент
С О Д Р Ж И Н А
ВОВЕД..............................................................................................................2
1.Воведување на TED SPREAD………………………………………………….3
2.Светскиот финаниски систем......................................................................4
3.Спас за одговорните за кризата..................................................................6
4.Земјите погодени од кризата.......................................................................8
5.Финансиската криза и богатите земји.........................................................9
6.Финансиската криза и земјите во развој...................................................11
8.Реформи за Меѓународното банкарство и финансии.............................15
9.Реформи за институциите на Бретон Будс..............................................17
ЗАКЛУЧОК......................................................................................................21
SUMMARY…………………………………………………………………………..22
Користена литература...................................................................................23
ВОВЕД
Глобалната финансиска криза во 2008 претставува една од најголемите кризи од Големата Депресија па до денес. Најголем замав зазеде во Септември 2008 со падот и спојувањето на неколку финансиски гиганти во Америка. Причините за кризата може да се бараат многу порано од Септември со самиот почеток на хипотекарната криза.
Со падот на големите финансиски институции во Америка, кризата евоулираше на глобално ниво резултирајќи со пад на неколку Европски банки и драстичен пад на многу индекси на берзите, големи редукции на пазарните вредности на капиталот. Кризата доведе до ликвидосен проблем и де-ливериџирање на финансиските институции во Америка и Европа, што го забрза проблемот со ликвидноста.
Глобалната финансиска криза, иако замавот го зазема од Септември 2008, всушност започна да ги покажува ефектите уште во средината на 2007 и 2008год. Наекаде низ светот берзите почнаа да опаѓаат, големи финансиски институции колабираа или беа продадени, владите на најбогатите земји мораа да произлезат со планови за спасување на нивните финансиски системи.
ВОВЕДУВАЊЕТО НА TED SPREAD
Клучните индикатори за ризик испарија во периодот за Септември 2008, фактор кој ги принуди властите во Америка да донесат акт за итна стабилизација на економијата, наречен “TED Spread”. Ted spread претставува мерки за кредитен ризик за интер-банкарско позајмување. Тоа е разлика помеѓу тромесечниот безризичен благајнички запис на Америка и тримесечниот LIBOR, кој претставува стапка по која обично банките позајмуваат меѓусебе.
Поголемата разлика значи дека банките меѓусебно се гледаат како ризични странки. Благајничкиот запис се смета за безризичен, бидејќи позади него целосно стојат властите, теоретски властите можат само да испечатат пари и да ги исплатат сите записи. “Ted spread” постигна рекордни стапки кон крајот на Септември 2008. тримесечен благајнички запис со стапка блиску до нула значи дека луѓето се спремни да заборават на камати и само да ги чуваат на сигурно три месеци нивните пари, што е висок степен на аверзија кон ризик и индикатор за ригорозно кредитирање. Главни двигатели на оваа промена беа инвеститорите движејѓи ги средствата од money market фондовите и другите форми на инвестирање кон благајничките записи.
Како дополнување, зголемувањето на LIBOR значи дека финансиските инструменти со варијабилни каматни стапки стануваат поскапи. На пример, каматните стапки за авбтомобилските кредити и кредитните картички се често врзани за LIBOR, некои проценуваат до 150 трилиони долари кредити и деривати често врзани за LIBOR. Повисоките каматни стапки донесуваат дополнителен притисок на потрошувачката, зголемувајќи го ризикот за рецесија.
СВЕТСКИОТ ФИНАНСИСКИ СИСТЕМ
После периодот на економски бум, финансискиот балон-глобален сега веќе пукна.
Колапсот на американските хипотекарни пазари и падот на пазарите со недвижности во останатите економии имаа негативен ефект низ целиот свет.
Преку тоа и останатите негативности на финансискиот систем излегоа на површина. Некои од финансиските продукти и инструменти постанаа толку комплексни и испреплетени, такашто многу нешта ја покажаа правата слика, довербата во целиот систем почна да паѓа.[1]
Обложувањето на практично се, помогна да се креираат енормни суми на пари од речиси ништо. Опсегот на проблемите беа толку големи што предизвикаа најголемите светски институции да колабираат. Останатите беа откупени од страна на нивните кнкуренти по ниски цени и во некои случаи од владите на најбогатите нации кои донесоа планови за спас на останатите големи финансиски институции и банки.
Во недела Септември 14 беше објавено дека Lehman Brothers ќе објават банкрот, откога Федералните резарви објавија дека нема да учествуваат во финансиската подршка за Lehman Brothers. Улогата на банкротот на Lehman Brothers имаа клучна улога во откривањето на многу настани. Веднаш по објавувањето на бамкрото, JP Morgan го презема брокерскиот дел од Lehman Brothers заедно со портфолиото клиенти на Lehman Brothers и клириншки партнери.
Кон крајот на Октомври, Банката на Англија изјави дека светските финансиски фирми имаа до тогаш изгубено 1.8 трилиони долари како резултат на растечката кредитна криза. Глобално даночните обврзници имаа потрошено околу 8 трилиони долари за спас на светските банки. Овие износи ќе се зголемуваат како што ќе се продлабочува кризата.[2]
СПАС НА ОДГОВОРНИТЕ ЗА КРИЗАТА
Од една страна многу луѓе се загрижени дека тие што се одговорни за финансиската криза се тие всушност што се спасувани од страна на владите, додека од друга страна домино ефектот од глобалната финансиска криза ќе влијае на животите на скоро сите во глобално поврзаните пазари. Проблемот би се одбегнал доколку идеологистите кои го подржуваат овој модел барем да ги земеле во предвид и мислењата на другите страни.
Некои од спасувањата беа придружувани од коментарите дека трошоците се социјализираат додека профитите се приватизираат. По се изгледа многу од плановите за спасување им помогнаа токму на оние кои беа најодговорни за настанувањето на финансиската криза.
Некои земји донесоа пристапи со кои се ограничува во голем дел манипулацијата на пазарите со што беа критикувани дека ја влошиле состојбата.
Други влади пристапија кон обид да ги убедат инвеститорите и штедачите дека нивните пари се сигурни. Во голем број европски земји, владите ги покачија износите на загарантираните депозити. Во други случаи, банките беа национализирани.
Додека многу мали бизниси и граѓани ретко имаа такви можности за спас кога се најдоа во криза. Се чини дека постои мала симпатија, па дури и зголемување на одбивноста кон вработените во финасискиот сектор, бидејќи на нив се гледа како на коцкари со туѓи пари, земајќи големи бонуси и зголемувања на плати. Иако грубо гледано покачувањата на платите и бонусите претставуваат минорни износи во споредба со големината на проблемот, начинот на кој се стимулирани таквите практики во минатото како и начинот на работење е тоа што ги налути многу од граѓаните.
ЗЕМЈИТЕ ПОГОДЕНИ ОД КРИЗАТА
Постои расправија дека кога големите банки покажуваат знаци на криза, не е само дека богатите страдаат, туку потенцијално сите. Во свет во кој заемноповрзаноста расте, работи како кредитна криза можат да ја уништат целата економија.
На пример, банките со мала доверба за позајмување може да издаваат кредити со поголема каматни стапки. Луѓето во такви случаи може да имаат потешкотии во враќањето на кредитите. За било кој нов сопственик на недвижност вредноста на нивните домови веројатно е да паднат во вредност оставајѓи ги со негативен капитал. Во поширока смисла во економиите, во многу сектори кредитната криза може да доведе до поголеми трошоци за задолжување и до намалување на вработеноста. Како што луѓето ќе намалуваат на потрошувачката во обид да ја пребродат оваа криза, многу бизниси ќе се обидуваат да преживеат со што би се зголемил стравот за намалување на вработеноста.
Реалните економии во многу земји веќе ги чуствуваат ефектите. Многу индустрилизирани нации се движат кон рецесија ако веќе не се навлезени во неа.
ФИНАНСИСКАТА КРИЗА И БОГАТИТЕ ЗЕМЈИ
Многумина ја обвинуваат алчноста на Вол Стрит за предизвикување на проблемот од прв план, бидејќи во Америка мнозинството од влијателните банки, институции и идеологии кои настојуваа кои настојуваа за политиките кои во глобала ги дозволија проблемите да настанат.
Кризата постана толку голема и јака, така да после пропастот и спасот на големите институции, властите понудија 700 милијарди долари план за спас на финансискиот систем.[3]
Овој сет од планови за спас беше контроверзен бидејќи беше непопуларен во јавноста, виден како план за спас на кривците, додека обичниот гражанин ќе биде оставен да плаќа за нивните грешки. Иницијално панот за спас беше отфрлен, испраќајќи негативни пораки низ целиот свет.
Планот беше донесен од втор обид. Меѓутоа поранешниот добитник на Нобелова награда за Економија, бивш директор на Светската Банка и универзитетски професор на Колумбија универзитетот, Јозеф Штиглиц, се спротивставувал на овој план, нарекувакќи го лоша сметка.
Сметам дека останува да биде лош план. Разочарувачки е но не и изненадувачки дека администрацијата донесе план кој е повторно базиран на trickle-down економии. Ако им фрлите доволно пари на Вол Стрит дел од нив ќе имаат ефект врз економијата. Тоа е како да му давата инфузија на пациент кој има внатрешно крварење и да се правдате со тоа дека е подбро нешто да се направи отколку ништо да не се превземе.[4]
Во економиите за животна средина, постои основен концепт каде што загадувачот плаќа пенали. Сосема фер е, но и ефикасно. Вол Стрит ја загади нашата економија со токсични хипотеки. Би требало да плати за расчистувањето.[5]
Во Европа почнувајќи од Британија, добар дел од нациите се одлучија да ги национализираат некои од банките кои пропаѓаа и да се обидат да ја повратат довербата. Во Америка имаше спротиставување на овој пристап во почетокот бидејќи се коси во целост со идеологијата за слободен пазар која се користи веќе неколку декади.
Но сепак властите попуштија и објавија дека сепак ќе откупуваат акции во проблематичните банки.
Ова илустрира колку сериозен овој проблем е, да сепак толку голем следбеник на идеологијата за слободен пазар се реши на тоа (иако теориите за слободен пазар оригинално не се однесувале на финансиите, кои би можеле да бидат дел од корените на самиот пазар).
ЕВРОПА И ФИНАНСИСКАТА КРИЗА
Во Европа, голем број од финансиските институции колабираа. Останатите имаа потреба од спасување.
Голем број Европски земји се обидеа со различни мерки (бидејќи јасно е дека неможеле да се договорат за заеднички договор).
На пример некои нации пристапија кон национализирање со цел да обезбедат сигурност кај населението. Ова може да вклучува гарантирање на 100% на штедните депозити или помош при брокерските зделки помеѓу банки цо цел да се осигураат.
ЕУ исто така ги разгледува можностите за зголемена потрошувачка и намалени даноци во наредните 2 години да бидат околу 200 милијарди евра. Планот е со цел да се воспостави доверба кај потрошувачите и бизнисите, да се одржи вработеноста, да се помогнат банките да издаваат кредити повторно и промоција на зелени технологии.
ФИНАНСИСКАТА КРИЗА И ЗЕМЈИТЕ ВО РАЗВОЈ
За земјите во развој, порастот на цените н ахраната како и нокаут ефектите од финансиската нестабилност и несигурност во индустријализираните нации имаат здружувачки ефекти. Високите цени на нафтата, зголемени цени на производите за потрошувачка заедно со стравувањата за глобална рецесија ги загрижуваат аналитичарите од земјите во развој.
Справување со рецесијата
Голем број економски региони се наоѓаат пред рецесија или веќе се во рецесија. Тоа ги вклучува и најразвиените земји.
Во вакви времиња владите настојуваат да ја стимулираат економијата. Стандарните макроекономски политики вклучуваат политика за да се зголеми задолжувањето, намалат каматните стапки, да се намалат даноците.
Задолжувањето во време на рецесија изгледа ризично, меѓутоа идејата е долгот да се враќа во период кога раст ќе биде остварен.
Истотака промената на каматните стапки има за цел помалку да ги потикнува луѓето да штедат. Меѓутоа како економијата почнува да ги чуствува ефектите од рецесијата, намалените каматни стапки имаат за цел да ги потикнат луѓето да замат удел во економијата.
Намалувањето на даноците енешто што многумина го посакуваат, а во услови на намален раст би се чинело дека намалувањето на даноците би резултирало со намалени јавни приходи, такашто инвестиции во здравство, образование и слично би се довеле под знак прашање. Меѓутоа, поради поголемите даноци во период на негативен раст, би значело дополнителни проблеми за многумина, порадо тоа зголемувањето на задолжувањето има за цел да го покрие делот од намалените даноци, се со цел да мо=ат полесно да ја пребродат кризата.
На пример автомобилската индустрија во Америка, чувствуваат голем притисок поради падот на продажбите на целата индустрија во светот. Автомобилските компании во Америка се обратија до властите за некаков вид на помош или асистенција. Меѓутоа јавноста во Америка во глобала е против одобрувањето помош, најмногу поради тоа што беа доделени претходно големи износи.
Како дополнување, како што Jozef Stiglitz предупредува, некои нации се обраќаат до ММФ кои препорачуваат спротивни политики.
Повеќето веќе се обраќаат до ММФ за помош. Загрижувајќи е тоа што бар во неколку случаи ММФ ќе се наврати на некои од пропаднатите рецепти: контрадикции во фискалната и монетарната политика. Додека развиените земји се вклучуваат во стабилизирање на циклусите, земјите во развој ќе бидат приморани да ги дестабилизираат политиките, избегнувајќи го капиталот кога им е најпотребен.
Jozef Stiglitz, Да ја отфрлиме книгата со правила, Bretton Woods II мора да воспостави доктрини кои ќе функционираат и во економиите во развој исто како и во висококапиталистичките земји. The Guardian, November 6,2008.
Во Исланд каде што економијата беше многу зависна од финансискиот сектор, економските проблеми ги почуствуваа многу силно. Банкарскиот систем колабираше и владата беше принудена да се задолжува од ММФ и од соседните земји со цел да се обиде да ја спаси економијата. Меѓутоа, Исланд ја покачи каматната стапка на одприлика 18%, делумно по совет на ММФ. Се чини дека тоа е случај кадешто високата каматна стапка не е соодветна. Во вакви услови поверојатно е дека потребно е да се земат во предвид пофундаментални мерки.
Реформа на финансискиот систем
Многумина бараат фундаментални измени на финасискиот систем меѓународно. Тоа вклучува меѓународно банкарство и финансии па се до реформи на Светската Банка и Меѓународниот Монетарен Фонд.
Дел од сугестиите за реформи вклучуваат поголеми права и гласови на сиромашните, кои моментално немаат големи права во глобалната економија.
Традиционално богатите земји се противат на овие тврдења дека сиромашните земји немаат доволен број гласови и права. Оваа криза доведе до тоа да одредени богати земји се двоумат да превземат мерки кои се типични за земји во развој.
РЕФОРМИ ЗА МЕЃУНАРОДНОТО БАНКАРСТВО И ФИНАНСИИ
Лидерите на Банката на Англија истотака побарале фундаментални промени на меѓународното банкарство. Заменик гувернерот на Банката на Англија сер Џон Гив, истакнал дека под фундаментална реформа се мисли на зголемени критериуми за капиталот и ликвидноста на институциите со силни лимити за зголемувањето на ризикот на портфолијата.
Некои од овие идеи се сметаат како доста значајни, како на пример зголемувањето на резервите што банките мора да ги чуваат.
Гувернерот на Банката на Англија изјавил дека малку повеќе досада нема да биде лошо за индустријата. Ова истотака се смета за доста значајно бидејќи предлага рестрикции на индустриите кои вообичаено пропагираат голема пазарна и финансиска слобода и подржуваат рапидни стапки на раст. Ова претставува дека можеби помал раст но стабилен и одржлив на долг рок е подобро одколку нагли големи растови придружувани со падови, некои од нив толку големи како сегашната криза.
Јозеф Штиглиц објаснува дека падовите на финасиските пазари настанале поради лошо дизајнирани структури, неадекватна конкуренција и неадекватна транспарентност. Дел од ова е поради големите институции биле против промените кои нормално би креирале здрава конкуренција, нешто што Адам Смит има истакната во Богаството на Нациите. Подобра регулација е потребна за да се средат финансиските пазари и да се воспостави повторно верба во системот.
Дел од проблемот се и регулаторните структури. Ако властите назначат за регулатор некој кој не верува во регулацијата, тешко е да се помисли дека истиот би вршел голема контрола.
Добро дизајнираните регулаторите можат да не штитат на краток рок и да потикнат иновации на долг рок. Многу од креативноста на финансиските пазари била насочена кон заобиколување на регулативите и даноците. Сметководството било токлу краеативно така што никој, па дури банките не биле свесни за нивните финансиски позиции. Во меѓувреме финансискиот систем се противел на многу од иновациите кои би ја зголемиле ефикасноста на економијата. Со намалувањето на дел од овие социјално непродуктивни иновации, возможно е да бидат насочени кон продуктивни цели.
Агендата на реформа на регулаторите е голема. Не е нешто што е возможно да се направи преку ноќ. Но не е возможно да се поврати довербата во системот пред да се започне со сериозни реформи.[6]
РЕФОРМИ НА ИНСТИТУЦИИТЕ НА БРЕТОН ВУДС (ММФ и Светска Банка)
Бретон Вудс системот за меѓународни финансии креиран од 44 нации после Втората Светска Војна, најмногу претставуван од ММФ и Светска Банка, бил дизајниран да помогне да се реконструира и стабилизира пост-воената светска економија.
Во 70-те целта на овие финансиски институции се насочила кон неолибералната економска агенда.
Во овој период политиките како што се структурално прилагодување биле наложувани на земјите во развој, следено од рецептот “една големина одговара за сите” начин како економиите треба да се структуирани, кои имале катастрофални последици за дел од светската популација.
Како што новинарот Џон Вандејл наведува
Од тогаш па до денес Институциите на Бретон Вудс постанале многу асиметрични организации. Богатите земји повеќе немаат потреба од Институции на Бретон Вудс, меѓутоа со повеќе од 60% од гласовите тие одлучуваат во рамките на овие институции. Земјите во развој имаат реално голема потреба од овие институции но немаат никакви права во рамките на нив.[7]
Истите препораки од Институциите на Бретон Вудс довеле и до предвидливи проблеми како:
Сепак ММФ и Светската Банка признале дека нивните политики не секогаш успевале. На пример во 2003г, тие предупредиле дека земјите во развој се соочуваат со зголемен ризик од финансиска криза со зголемувањето на глобализацијата бидејќи ефектите во еден дел од светот можат многу лесно да се пренесат и во другите поврзани земји. Финансиската интеграција е нешто на кое мора да му се пристапи многу внимателно, предупредиле тие. ММФ и Светската банка признале дека е тешко да се обезбеди јасен водич на тоа што треба да се оствари и поради тоа потребно е да се пристапи од случај на случај.
Луѓето во рамките на ММФ/Светска Банка сега јавно размислуваат за реформа на системот. Директорот на Светска Банка, Роберт Зелик изјавил дека идејата за Г7 не функционира и дека поширока група од нации е подобро.
Со ограничена улога на Институциите во кризата, се чини дека нивното значење избледува. Се помалку земји се обратија до нив како последна опција за спас и кога се обратија беа во можност да договорат многу подобри услови него во минатото. Некои земји се обратија до земји како Арапскиот блок, Кина и Русија.
Сеуште постојат грижи дека некои земји кои се обратија до ММФ може да се соочат со старите формули кои сега се критикувани. Јосеф Штиглиц истакнува дека овие институции многу бавно реагирале во минатото.
Можеби се наоѓаме пред нов Бретон Вудс во моментов. Старите институции признале дека постои потреба за реформи, но се движат со брзина на желка. Тие ништо не превземаа за да ја спречат кризата, а истотака има грижи и за нивната спора реакција.[8]
Реосмислување на економијата
За време на периодите на прав економски бум, луѓето не се заинтересирани да слушаат критики за формата на економското уредување од која тие користат бенефиции, особено кога им носи големи богаства и моќ без оглед дали е добро за сите или не.
Во време на криза како што е сега, доаѓа момент кога луѓето се запрашуваат за системот. Дури и медиумите кои доста често ја подржуваат идеологијата за неолиберална економија почнуваат да ја подржуваат идејата за реформа на економските политики и идеи.
Професорот на харвард, Стефан Марглин, на пример потенцира дека во последните декади, политичкиот спектрум и начинот на размислување на економистите се намалило, ограничувајќи ги идеите и политиките.
Некои имаат пишувано веќе подолг период дека моменталната економска идеологија е потопена, и дека се потребни само мали корекции за да се врати на прав пат повторно, по човечки капитализам но сепак капитализам. Некои сметаат дека комплетни реформи се потребни, додека други тврдат дека плановите за спас што се донесени од властите само повеќе ќе го дестабилизираат пазарот, дека е потребно уште поголема слобода на пазарот.[9]
ЗАКЛУЧОК
Глобалната финансиска криза, до најголем израз дојде во третиот квартал од 2008г, со објавувањето на банкрот од страна на банката Lehman Brothers, по што следеа низа превземања на дел од банките од страна на нивната конкуренција како и национализирање на дел од банките низ Европа. Берзанските индекси ширум светот бележеа рекордни падови, граѓаните почнаа да губат доверба во системот особено во банките, инвестициите ширум светот се намалени.
Освен финансискиот сектор и автомобиласката индустрија западна во голема криза. Најголемите светски автомобилски компании објавија намалување на продажбите, намалување на производството, а некои од нив и се соочуваат со банкрот. Финансиската криза рапидно се прошири и во останатиот дел од светот, создавајќи големи проблеми и за земјите во развој. Светот се соочува со рецесија, а дел од најразвиените земји веќе и објавија дека се навлезени во рецесија. Вонредни напори се прават од властите на сите земји погодени од кризата, да воспостават контрола над кризата, да ја вратат довербата во системот но и да осмислат начин на реформа на целокупниот систем.
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
Gotovi seminarski, maturski, maturalni i diplomski radovi iz raznih oblasti, lektire , puškice, tutorijali, referati. www.maturski.org je specijalizovan tim za usluge visokokvalitetnog pisanja, istraživanja i obradu teksta za kompletan region Balkana.
Posetite nas na sajtovima ispod:
http://www.facebook.com/DiplomskiRadovi
Takođe, na sajtu pronađite i tutorijale, referate, primere radova, prepričane lektire, vesti, čitaonicu... Na ovom sajtu ste u prilici pronaći preko 10000 radova iz raznih oblasti: ekonomija (menadzment, marketing, finansija, elektronskog poslovanja, internet tehnologija, biznis planovi, makroekonomija, mikroekonomija, preduzetnistvo, upravljanje ljudskim resursima, ...), informatika (internet, informacione tehnologije, softver, hardver, operativni sistemi, baze podataka, programiranje, informacioni sistemi, računarske mreže, ...), biologija i ekologija, filozofija, istorija, geografija, fizika, hemija, književnost, matematika, likovno, psihologija, sociologija, ostali predmeti (politika, saobracaj, mašinstvo, sport, muzika, arhitektura, pravo, ustav, medicina, engleski jezik, ...).
Uspostavljanjem ovog projekta, zadovoljila se i veoma prisutna potreba za specijalizovanim timom, koji će na studente i omladinu pravovremeno i adekvatno delovati u edukativnom i pozitivno usmeravajućem pravcu, ali i predstavljati efikasnu podršku u pisanju sopstvenih radova.
U cilju pružanja što kvalitetnijeg sadržaja radova, okupljen je odabrani tim, sastavljen od iskusnih stručnjaka iz raličitih oblasti, čiji je cilj da autorskim pristupom i prepoznatljivim stilom izrađuju i istražuju najrazličitije oblasti i afirmišu slučajeve iz prakse.
Za sada posedujemo gotove radove iz oblasti prava, ekonomije, ekonomike preduzeća, javnih finansija, spoljnotrgovinskog poslovanja, informatike, programiranja, matematike, fizike, hemije, biologije, ekologije, menadžmenta, astronomije, carine, špedicije, poreskog sistema, javne uprave, računovodstva...., a uskoro ćemo se proširiti i na ostale oblasti. Inače, izrada maturskih, seminarskih, diplomskih radova po želji je naša primarna opcija. Nakon što aplicirate za određeni rad, dobićete odgovor najkasnije za 24h.
[1] John Bird, John Fortune, Subprime Crisis, February 14,2008
[2] Kanaga Raja, Economic Outlook Gloomy, Risks to South
[3] Jozef Stiglitz, Nobel Laureate Stiglitz: Bail out Wal Street Now, Change Terms Later, Democracy Now! October 2,2008
[4] Jozef Stiglitz, Nobel Laureate Stiglitz: Bail out Wal Street Now, Change Terms Later, Democracy Now! October 2,2008
[5] Jozef Stiglitz, Good day for democracy; Now Congress must draw up a proposal in which costs are borne by those who created the problem, The Guardian, October 1,2008
[6] Joseph Stiglitz, A crisis of confidence, The Guardian, October 22,2008
[7] John Vandaele, Bretton Woods II: New Lifeline for Ailing Giants, Inter Press Service, October 28,2008
[8] Joseph Stiglitz The Guardian, November 6,2008
[9] Stephen Marglin, Rethinking Economics, May 21,2007
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!